А каде тоа ние промовираме промискуитет? Ако жената излезе без својот маж не значи дека е развратна и промискуитетна личност побогу. Значи има разлика меѓу имање сериозна врска и опивање и дружба со непознати луѓе и излегување на пијачка, вечера, муабет или whatever со твоето друштво, со твоите пријатели. Во првиот случај да, треба да си ставите прст на глава и да се запрашате со кој сте во врска, а во вториот случај да бидете благодарни што целиот нејзин свет не се врти околу вас (затоа што по извесно време и вас ќе почне да ве гуши тоа, верувај).
Се се сведува на тоа дали веруваш или не веруваш во партнерот. Ако не веруваш, џабе е. Затварањето дома нема да го превоспита.
никаде не реков дека вие промовирате промискуитет.
не реков дека жената е развратна или промискуитентна доколку излегува без партнерот (поготово не денски, чат-пат на кафе со долгогодишни пријателки), но излегување со другарки (кои повторно ќе кажам, у мнозинство случаеви поголемиот број од нив се сингл скоро секогаш) по ноќни клубови, дискотеки во касни саати без сопствениот партнер се ситуации кои што се карактерни за врска или брак во распаѓање, поготово кога тоа е ептен честа појава, каде што се приоритизира дружба со пријателки по такви места, наместо квалитетно проведено време со партнерот.
од друга страна, излегување со друштво, со мои пријатели не е никаква гаранција дека нема непријатни ситуации да се случат, речи нема ситуации каде што личности вараат, флертуваат со други луѓе пред сопствените пријатели или пријателки, дури и сингл пријатели и пријателки многу често се поттикнувачи на такви однесувања, што од љубомора, што од несогледување на перспективата на другарот и другарот и намерно минимализирање на важноста на врската во очите на тој што е во романтична врска или брак.
за да ти ја доловам мислата, мислиш дека нешто мењава тоа што нема да излезам со некои рандом луѓе и ќе излезам со мои долгогодишни пријатели во стриптиз бар или бордел? не игра клучна улога со кого си (иако е важно), колку што игра улога каде си и кога си таму.
точно, голема улога игра довербата во партнерот, но постапки од тој калибар се оние кои што ја рушат таа доверба спрема партнерот и ствараат сомнежи во една врска, не можеш ти со твоите постапки да ствараш сомнеж кај партнерот, а потоа кога истиот ќе ти го укаже тоа да тврдиш дека бил љубоморен, бил посесивен, бил контролирачки диктатор.
ако твојот партнер после работа отиде кај колешката од работа дома и истиот ти тврди дека ништо не се случувало, дека не флертувале или пак можеби имале сексуални односи, дали нема да имаш сомнеж во него и во самата ситуација? нема ли истото да го сметаш за неправилно, или пак ,,ако сака да вара ќе вара" и нема врска тоа што заузет тип отишол дома кај колешка од работа каде што многу работи би можело да се случат, од која скоро никоја не е апсолутно позитивна, исто како што е случајот со ноќни клубови, дискотеки, кажи ми една позитивна работа за таа постапка и за партнерот, и за врската?
не е во затворање дома, ако е работата дојдена да мораш да се понашаш микроменаџирачки и да ја држиш на ланци истата, тогаш значи дека одамна е време за раскинување, затоа што зрела личност и зрел партнер кој што те сака и почитува нема да се доведува во ситуации кои што би ти стварале било какви сомнежи за неговата лојалност, и на тој начин да ја наруши состојбата и довербата во врската.
едноставно однесувањето вон врска и во врска треба да се скроз различни, однесување без да си во врска исто како да си, или пак однесување во врска како да не си во врска е скроз погрешно и рецепт за немање на романтична врска, или пак за распад на врска/брак, нарушена доверба, екстремна љубомора, посесивност, и останати карактеристики кои што се резултат најчесто на такви однесувања, затоа што е ептен ретко некој да стане екстремно љубоморен или посесивен доколку личноста од другата страна не направила постапки кои што укажуваат на ,,потреба" од истото.