Војната на патиштата

Член од
14 април 2012
Мислења
32.679
Поени од реакции
66.761
Oва е нов пристап... Статистики и факти не се прифаќаат како аргументу во дискусија. Сега ме остави без текст. :unsure:
Пак не си разбрал. Не се статистиките проблем, туку одговараш на погрешен аргумент. Не разбираш што е тема на разговор. Сфаќаш? Ја ти упорно викам дека СУВ се далеку побезбедни возила за тие внатре во колата, ти упорно ми кажуваш како прават повеќе штета на пешаците со факти и аргументи. Сфати сега?
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.418
Јас се водам од старата добра мудрост на Аце Русевски, кога го прашале што мисли за противникот, рекол, нема ја што да мислам, он нека му ја мисли. Така да јас возам тоа што мене ми се свиѓа и ги задоволува моите потреби (психички и физички).

И дефинитивно, кога сум јас во прашање, многу е побезбедно за околината и за мене кога возам СУВ, отколку кога возам обична кола.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.100
Поени од реакции
34.560
Всушност целиот муабет беше за регулација на безбедност, од гледна точка на држава/општество.
Не вметни_поединец колку е мангуп и мангупите што сакаат да возат.

Ви текнува ли за едни куки колкава галама се дигаше, се додека скоро сите не ги исповадија/исекоа, а со аргументот дека тоа е заради безбедност и затоа што удар браник во браник прави најмалку штета. Сега со СУВ-овиве браникот им иде на (или над) хауба ама тоа као не е важно. Статистика дека убиваат луѓе не е важна. Тоа ви е муабетот. И ОК, ви го разбирам муабетот но вие не разбирате дека од аспект на држава и од аспект на безбедност тоа треба да биде стандардизирано и регулирано.

Во спротивно зошто да стандардизираме сѐ друго? Ете зошто да стандардизираме брзина на движење? Некој можеби се осеќа најбезбедно на 200км/ч... Не е безбедно? Шоима врска, важно е кој шо сака да праи.
Автоматски споено мислење:

Си пробал да тестираш нешто во животот па што нагаѓаш вака?
Без заебанција те прашувам, дали некогаш си се обидел да направиш официјално тестирање на некаква технологија и истата да биде одобрена?

Небитно е за кого го прават, тие ќе добијат пари, ние добиваме технологија, основа на напредокот, за џабе ни мама на тате не дава.
Зошто би сакал да се тестира на мене, нешто од што нема да видам корист а што предизвикува опасност (и несреќи/смрт)?
За што конкретно мислиш дека тебе ќе ти користи оваа технологија? Ќе можеш да дремеш наместо да внимаваш на пат? Фигуративно де, ако згрешиш демек ова ќе те оправи? Или буквално се надеваш (како некои од возачите на Тесла) дека ќе спиеш додека колата сама си вози? ОК, не да те вози ама ќе те спречи да направиш беља? Па зарем не е јасно дека кој ќе биде доволно упорен во правење грешки, таквиот секако ќе ги најде границите (и баговите) во технологијата. А што те учи оваа технологија - дека е ОК да згрешиш пошто некој како мало дете те чува да не паднеш. Но сети се само што им се случува на децата што се премногу пазени, во првиот момент кога ќе останат без пазач.

Навистина што конкретно мислиш дека ќе ти користи оваа технологија? Можеби тоа што ќе ги отпуштат шоферите, мислиш дека тоа ќе придонесе за поевтини продукти? Демек помалку трошоци за транспорт, па наместо да лапаат поголем профит ќе ги намалат цените? :)
 
Последно уредено:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.418
Всушност целиот муабет беше за регулација на безбедност, од гледна точка на држава/општество.
Не вметни_поединец колку е мангуп и мангупите што сакаат да возат.

Ви текнува ли за едни куки колкава галама се дигаше, се додека скоро сите не ги исповадија/исекоа, а со аргументот дека тоа е заради безбедност и затоа што удар браник во браник прави најмалку штета. Сега со СУВ-овиве браникот им иде на (или над) хауба ама тоа као не е важно. Статистика дека убиваат луѓе не е важна. Тоа ви е муабетот. И ОК, ви го разбирам муабетот но вие не разбирате дека од аспект на држава и од аспект на безбедност тоа треба да биде стандардизирано и регулирано.

Во спротивно зошто да стандардизираме сѐ друго? Ете зошто да стандардизираме брзина на движење? Некој можеби се осеќа најбезбедно на 200км/ч... Не е безбедно? Шоима врска, важно е кој шо сака да праи.
Еве јас ќе те прашам тебе лично дали ти мене од безбедносен аспект (према другите луѓе, не према мене) би ми дал да возам обична кола или СУВ? На пример, сега имам висока кола, не СУВ али да речеме крос, а претходно до пред некој месец имав обична ниска кола, али моќна да извади да речеме 0-100 за 5-6 секунди и да вози 230 ко од шала. И кросов е силен, може да оди над 200 ко ништо и можеби е постартен од претходната кола. Е сега со претходната кола а возиш 120, а возиш 180 некако исто осеќаш и воопшто не сум пазел колку возам, ниту во град ниту надвор. Скопје-Тетово автопатот од патарина до патарина го поминував за 5-6 минути, Стража ја возам како на рели, кој ме има претекнато на автопат, можам на прсти да избројам, и кога возам брзо, не возам 3-4 минути да се издувам, туку буквално од почеток до крај на патот папучата ми е до крај. Е сега одкако сум со новава кола, некако не ме тера да возам брзо, не е агресивна, не се лепи за асфалт кога ќе ја нагазам, дури и ветерот се осеќа и малце да дувне. До сега во последните 7-8 години 3 пати ми ја земале возачката, чекам уште еднаш да ми ја земат, ме фатија во Скопје на Булевар Србија со 110, а ме имаат фатено на Партизанска со 150. Кросов го имам 4 месеци веќе, никад не сум осетил адреналин да го нагазам, не ме тера, не ми е филмот тоа. И сега која кола е побезбедна за околината да ја возам? Со каква кола имаш повеќе шанси да направиш беља, со Ауди ТТ или со некој СУВ, да речеме Волво ХС90?


И зошто по дефолт мора да се лоши сувоите? Затоа што некаква си статистика на која не и знаеме контекст вика така? Прво и основно тоа е статистика во САД, од кога САД ти е релевантна?

Но нејсе, не се замарај со статистики, јас сум дете на шофер и знам дека најголемите непријатели на возењето, не се колите, туку е уморот, алкохолот, дрогата, недостаток на концентрација и незнаење. Еве ти еден пример од пред некој месец (можда и повеќе) тоа детето што усмрти пешак кај сити мол. Тоа е класично незнаење, детето ја игнорирало колата десно од него, што застанала на пешачки, затоа што не го видел пешакот (пошто нели колата му сметала), а пешакот пошто е на пешачки безазлено си продолжил да оди без да провери дали има некој гној неписмен (увек мора да проверувате кога поминувате улица). Во најголем дел од случаите во град тоа се смртните случаи, од позади автобус да ти излезе пешак, на пешачки да ти излета и така натаму. И верувај во 95% од случаите, немало никаква разлика дали е обична кола или СУВ.


А надвор од град најголем процент на смртни случаи се случуваат кога возачот ќе заспие. Тоа е тоа што треба да не интересира. Од тој аспект колите со разни помагала се доста корисни иако ти пробуваш да кажеш дека не уназадуваат во еволуцијата, но HELLO ти користиш компјутер за да го прочиташ ова и да ми одговориш на истото, зошто не ми пратиш одговор на пример по гулаб? Самото тоа што воопшто користиш кола, а не одиш пешки на патување те уназадува во еволуцијата, те праи мрзлив и поатрофиран од нашите претци. Да не продолжувам со други примери.
 
Последно уредено:

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.430
Поени од реакции
16.739
Со каква кола имаш повеќе шанси да направиш беља, со Ауди ТТ или со некој СУВ, да речеме Волво ХС90?
Со ТТ-то имаш поголеми шанси да преживееш, можеш да го прескокнеш.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.418
Со ТТ-то имаш поголеми шанси да преживееш, можеш да го прескокнеш.
Не реков да преживееш, туку да направиш беља. Мислиш некој купил ТТ да вози 30 низ град ?
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.418
Да се вратиме на коњи ако не?

Имаат auto-steer, lane-assist, emergency braking, auto-driving level 5, а и возачот e на прилично висока позиција.
Кога ќе видиш и коњите те носат во негативна еволуција... Ќе ти атрофираат нозете.
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.430
Поени од реакции
16.739
Не реков да преживееш, туку да направиш беља. Мислиш некој купил ТТ да вози 30 низ град ?
Тоа му е муабетот на Ванлок, од која кола можеш да преживееш удар.
Инаку многу добро знам што кола е ТТ и колку едноставно те "јача" истата да стискаш на педала.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.418
Тоа му е муабетот на Ванлок, од која кола можеш да преживееш удар.
Инаку многу добро знам што кола е ТТ и колку едноставно те "јача" истата да стискаш на педала.
аааа, ко неонка јас, касно палам.

Сега уште да израчунаме со веројатност, кога ќе те удри ауди ТТ колкава ќе биде веројатната брзина со која ќе те удри, а колкава би можела да биде на волвото и да видиме кој ќе преживее :)
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Всушност целиот муабет беше за регулација на безбедност, од гледна точка на држава/општество.
Не вметни_поединец колку е мангуп и мангупите што сакаат да возат.

Ви текнува ли за едни куки колкава галама се дигаше, се додека скоро сите не ги исповадија/исекоа, а со аргументот дека тоа е заради безбедност и затоа што удар браник во браник прави најмалку штета. Сега со СУВ-овиве браникот им иде на (или над) хауба ама тоа као не е важно. Статистика дека убиваат луѓе не е важна. Тоа ви е муабетот. И ОК, ви го разбирам муабетот но вие не разбирате дека од аспект на држава и од аспект на безбедност тоа треба да биде стандардизирано и регулирано.

Во спротивно зошто да стандардизираме сѐ друго? Ете зошто да стандардизираме брзина на движење? Некој можеби се осеќа најбезбедно на 200км/ч... Не е безбедно? Шоима врска, важно е кој шо сака да праи.
Автоматски споено мислење:


Зошто би сакал да се тестира на мене, нешто од што нема да видам корист а што предизвикува опасност (и несреќи/смрт)?
За што конкретно мислиш дека тебе ќе ти користи оваа технологија? Ќе можеш да дремеш наместо да внимаваш на пат? Фигуративно де, ако згрешиш демек ова ќе те оправи? Или буквално се надеваш (како некои од возачите на Тесла) дека ќе спиеш додека колата сама си вози? ОК, не да те вози ама ќе те спречи да направиш беља? Па зарем не е јасно дека кој ќе биде доволно упорен во правење грешки, таквиот секако ќе ги најде границите (и баговите) во технологијата. А што те учи оваа технологија - дека е ОК да згрешиш пошто некој како мало дете те чува да не паднеш. Но сети се само што им се случува на децата што се премногу пазени, во првиот момент кога ќе останат без пазач.

Навистина што конкретно мислиш дека ќе ти користи оваа технологија? Можеби тоа што ќе ги отпуштат шоферите, мислиш дека тоа ќе придонесе за поевтини продукти? Демек помалку трошоци за транспорт, па наместо да лапаат поголем профит ќе ги намалат цените? :)
Ако се обидуваш да пополниш време, си ме помешал за таква дискусија.
Ако ме прашуваш што ќе ми даде - слобода, да има нормален јавен превоз јас не би возел, колата ја користам оти ми дава флексибилност и предвидливост, инаку е губење време кое побрзо би го губел на гледање филм, читање, отколку на гледање во патот и држење правец.
Ваљда си свесен дека е максимално повторлив и досаден процес, не сме 18 годишни да се радуваме на возење, мене ми е преку нос, радо би дремнал за тоа време.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.577
Поени од реакции
27.418
Ако се обидуваш да пополниш време, си ме помешал за таква дискусија.
Ако ме прашуваш што ќе ми даде - слобода, да има нормален јавен превоз јас не би возел, колата ја користам оти ми дава флексибилност и предвидливост, инаку е губење време кое побрзо би го губел на гледање филм, читање, отколку на гледање во патот и држење правец.
Ваљда си свесен дека е максимално повторлив и досаден процес, не сме 18 годишни да се радуваме на возење, мене ми е преку нос, радо би дремнал за тоа време.
Си остарел Лестер. Те замислувам со пензионерско елече на закопчуавање, наочарите на врв на нос, седнат на клацкалка „гледаш“ филм пилејќи :)
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Си остарел Лестер. Те замислувам со пензионерско елече на закопчуавање, наочарите на врв на нос, седнат на клацкалка „гледаш“ филм пилејќи :)
По оваа дефиниција, стар сум од 19 :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom