Lester Freamon
A man of focus, commitment, sheer will...
- Член од
- 14 јануари 2015
- Мислења
- 16.238
- Поени од реакции
- 36.513
Ако сме реални во земји каде се почитуваат правилата и од двете страни (возачи, пешаци), не се толку чести сударите меѓу нив, поголем проблем и во двете е самото загадување и техничката исправност, отколку дали биле прегледни или не.Прво да разграничам дека не зборувам за наменски/тернски/товарни возила. Тие си имаат цел и намена. Зборувам за возила чија цел на постоење е кypч, и ете тоа што го викаш „да те заштитат“... Ти кога со СУВ ќе удриш некој, пешак или друга кола, шансите се два три пати поголеми дека ќе го убиеш/осакатиш тој што си го удрил. Ако истото се деси со нормални аута, ќе се удрат браник во браник и амортизацијата и crumpling зоните и аирбеговите/појасите ќе си ја завршат работата. Ти кога ќе удриш друга кола идеш над нив и директно им сечеш глави... И сето тоа затоа што возиш возило кое е направено да личи на џип, а терен веројатно никад нема да види (и боље да не види, пошто не го бива за на терен).
Така да од кој те штити СУВ? Од други СУВ-ови?
Гледаш конечно што е поентата на муабетов?
Автоматски споено мислење:
Aко баш мора:
Прегледај го приврзокот 405910
Автоматски споено мислење:
Поентата е што товарни камиончиња наспроти СУВ-ови, е еден према којзнае колку илјади (американски бројки). Шансите се дека попрво ќе „сретнеш“ СУВ отколку камионче/комбе... И тие камионче/комбе имаат корисна цел. За разлика од СУВ-овите.
Има сообраќајки помеѓу возила, но најчесто по автопати каде се вози со 100ка и не се држи соодветно растојание, па ако прикочи еден, се редат во низа и тие по него, низ град се најчесто по паркинзи или пак на семафори ако некој мислел дека ќе помине на жолто, а тој пред него удрил на кочница.
Она што ти го гледаш како проблем е само прегледноста, но што правиме со стартноста? Сите „спортски“ модели се барем за 50% побрзи и постартни од СУВ возилата, да седне некој и да прави статистика ти гарантирам дека БМВ ќе ти биде лидер: задна влеча (послаба контрола за почетници), упм стартни и брзи и згора на се не купува БМВ тој што вози како пензионер туку тој што сака да нагази квалитетно.
Ако земеш да споредуваш со старите возила, скоро сите подобро опремени нови возила ти се подобра варијанта. Голем дел имаат системи за автоматско кочење, системи кои ти следат твојот фокус (ако вртиш многу глава, ако зјапаш во телефон, ако задремиш - веднаш сигнализираат пораки/аларми за да се фокусираш на патот), мониторинг на мртви агли, ти асистира да се вратиш во лента, прилагодлив круз контрол и тн.
Баш викендов си играв на автопат, буквално сама возеше колата некои 8-9км, адаптив круз контрол си држеше дистанца во однос на тие пред мене, lane assistant си ја враќа цело време во лента, целосно ги имав тргнато рацете од волан и не мрдна, со старата кола имаше да излетам уште на првото закривување.