Повеќе работи ми се хоби, кои по некое време пробувам да ги монетизирам.
Ова е последното мое хоби: правење ракија.
Сликата е од последното (второ воопшто) варење, ова е препек на гроздова.
Првото варење беше од сливи.
Инаку, баш е хоби, а и казанот е 30 литарски, мал, хоби го викаат.
Но кога ќе земам некоја награда на натпреварите за ракија, е тогаш нема да е веќе хоби, ми се чини.
п.с. Ретко пијам ракија, со салата или мезе само, и навистина ретко ми текнува, ако се напијам алкохол, шток пијам, ама интересен ми е процесот на правење.