Најекономично греење и ладење

Член од
21 април 2008
Мислења
267
Поени од реакции
130
Best buy и 1000€+ не идат во иста реченица!
Освен ако за 5.5ка не правиш муабет…
Зошто да не идат заедно? Предложи му најдобрата клима од околу 60/70 илјади денари
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.831
Поени од реакции
10.720
Зошто да не идат заедно? Предложи му најдобрата клима од околу 60/70 илјади денари
Point of diminishing returns… е тоа го добиваш после 500€!
Валиден избор е и тоа… ама постерот побара бест-бај, не најдобар избор за тие пари.
Плус, не ни знаеме за што ја бара, ни колкава бара…
Нека објасни @Lu5 , па ќе му предложиме неш..
 
Lu5

Som la gent Blaugrana!
Член од
30 ноември 2011
Мислења
4.224
Поени од реакции
7.307
So ogled da ne si navel jacina/golemina na prostor i sl, da pretpostavam deka baras najcesto kupuvanata jacina na klima 3.5 odn 12-ka. Vo toj slucaj eve nekolku predlozi (cenite moze da se i poniski nekade, prebaraj sam, a ova e predlog za modelite na klimi):
https://klimatizer.mk/proizvod/mitsubishi-msz-muz-hr35vf/
Best buy и 1000€+ не идат во иста реченица!
Освен ако за 5.5ка не правиш муабет…
Да, се извинувам не наведов големина мислев де подразбира од сумата, ваљда нема логика да се зема 3.5 за тие пари.

Барам предлог за 5.5 или 7, просторот е околу 35 квадрати.
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.831
Поени од реакции
10.720
Да, се извинувам не наведов големина мислев де подразбира од сумата, ваљда нема логика да се зема 3.5 за тие пари.

Барам предлог за 5.5 или 7, просторот е околу 35 квадрати.
Па 7ца прејака би била мислам…
Освен ако немаш страшни топлотни загуби..
А за 5.5ка и 60-70 бона, уште и без монтажа… имаш избор каков сакаш!
Е сега јапанци, малку потешко… ако најдеш Дајкин ftxf50 за тие пари, одлично…
Нешто и хитачи, фуџитцу имаат за таа цена, ама шо знам дали се за препорака… :(
А од кинези имаш све! Тундра, Флексис, Греевци со еден тон модели па дури и парапетна… Вивакс Аери, Мидеа Екстрим, Хајсенс енерџи шта ти ја знам…
Шведски стол буквално… и немој да бидеш гадлив при изборот ;)
Сите се добри клими денес, и секоја од нив ќе те згрее и излади!
 
Член од
21 април 2008
Мислења
267
Поени од реакции
130
Здраво, знам дека има тука доста запознаени дечки на темава, ми треба препорака за best buy ѕиден инвертер околу 60.000-70.000 денари со фокус на греење.

Фала.
јас така разбрав, бест бај за тие пари то ест 60/70к

35 квадрати ке го грее и 5.5 и 3.5 , секој различно би избрал, мада нее наведено дали е стан,куќа со ,без изолација, може стаклена тераса од кафич
Затоа сите модели се во игра.
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.831
Поени од реакции
10.720
јас така разбрав, бест бај за тие пари то ест 60/70к

35 квадрати ке го грее и 5.5 и 3.5 , секој различно би избрал, мада нее наведено дали е стан,куќа со ,без изолација, може стаклена тераса од кафич
Затоа сите модели се во игра.
Точно, без да ги знае(ме) загубите, препораките се малку како да играш пикадо со врзани очи.
Ми се свиѓа што постерот не инсистира на модулации и други тракаташки.
Акцент на греење, сосем доволно.
 
Член од
29 ноември 2023
Мислења
58
Поени од реакции
68
Дечки имам една чудна ситуација со климата, односно некогаш климата си решава и си дува само на слаб фен и само горе стојат перките(успеав 2-3 минути после барање swing, да почне да ротира). Стискам 100% фен си останува исто. Инаку иако стојат перките горе си дува топло. Единствено во моментов што можам како логично решение да го сфатам дека би можело да биде е тоа што на климата во спецификација и пишува дека има регулација на влажност на воздух, па ова е забележано на 33% humidity кај климата или 40% на другиот крај на собата. По некое време ова се средува и си дува исто. Што мислите вие зашто би можело ова да се случува?

*не регулација на влажност, туку контрола на влажност на воздух имала (сега читнав)
 
За одвлажнување, многу е едноставно… климата работи во мод ладење, и буквално кондензира на внатрешниот изменувач.
За зголемување влажност, нема начин, освен посебен уред или лонче да врие на шпорет :)
Така да контрола на влажност нит има, нит може да има….
Дури и кај Уруру Сарара (кај што всушност и самото име значи ururu-овлажнување, sarara-одвлажнување), е само ефтин маркетиншки трик ;)
Да! Дајкин лажат буквално!
Освен да повлече воздух однадвор, неможе поинаку да зголеми влажност, а самото тоа е во најмал рака превара, оти еве зимно време влажноста надвор е ниска! Пониска од внатрешноста :D
Тоа што читаш 60-70% Rh надвор е само релативна влажност која зависи од температурата, и практично може да биде(и е) пониска отколку 30-40% Rh на внатрешни 20c

Физика :)
 
Член од
29 ноември 2023
Мислења
58
Поени од реакции
68
Klimata moze da odvlaznuva samo, ama ne da odvlaznuva i da duva toplo … taka da kojznae so e prikaznava:)
мислев контролата да не подразбира да намали со дување на фенот за да не ја намалува влажноста...

пробувам да ја зголемам сега влажноста на воздухот до кај 40 кај климата, па ќе видиме дали ќе ја испровоцирам да пукне 100% фен :icon_lol:
Автоматски споено мислење:

За одвлажнување, многу е едноставно… климата работи во мод ладење, и буквално кондензира на внатрешниот изменувач.
За зголемување влажност, нема начин, освен посебен уред или лонче да врие на шпорет :)
Така да контрола на влажност нит има, нит може да има….
Дури и кај Уруру Сарара (кај што всушност и самото име значи ururu-овлажнување, sarara-одвлажнување), е само ефтин маркетиншки трик ;)
Да! Дајкин лажат буквално!
Освен да повлече воздух однадвор, неможе поинаку да зголеми влажност, а самото тоа е во најмал рака превара, оти еве зимно време влажноста надвор е ниска! Пониска од внатрешноста :D
Тоа што читаш 60-70% Rh надвор е само релативна влажност која зависи од температурата, и практично може да биде(и е) пониска отколку 30-40% Rh на внатрешни 20c

Физика :)
Тогаш дали можеби имаш идеја на што те асоцира дека може да е причината за ова што се случува, зашто реално јас на check-от дијагностиката
во апликацијата добивам дека 117 од 117 делови си работат како што треба :)
 
Последно уредено:
Член од
14 август 2018
Мислења
4.831
Поени од реакции
10.720
мислев контролата да не подразбира да намали со дување на фенот за да не ја намалува влажноста...

пробувам да ја зголемам сега влажноста на воздухот до кај 40 кај климата, па ќе видиме дали ќе ја испровоцирам да пукне 100% фен :icon_lol:
Автоматски споено мислење:

Тогаш дали можеби имаш идеја на што те асоцира дека може да е причината за ова што се случува, зашто реално јас на check-от во апликацијата добивам дека 117 од 117 делови си работат како што треба :)
Упс… јас не реков дека нешто не е во ред со твојата клима.
Само кажав што може, а што не може да направи…
(И твојата, и било која..)

Крената перка во мод греење, обично значи две работи.
-или влегува во дефрост.
-или постигнала Т па гаси.

Е сега ти велиш вентилаторот продолжува слабо да дува, и притоа дува топло(?)
Ова не можам да го објаснам.. :toe:

Можда модулира ептен ниско место скроз да изгаси?! Можда не дува топло, а само така ти се чини?!
Имаш мерач да провериш колку троши кога работи така?
 
Член од
29 ноември 2023
Мислења
58
Поени од реакции
68
да имам, помеѓу 400w и 600w троши(на оваа температура обично <400w троши), дува топло сигурно, ја постигнува температура али гледам дека за да ја постигне температура и дека не дува со јак фен, дува доста потопло со слаб фен.

Друго објаснување ми е да не се штеди и избегнува dF, па работи така како со пола снага. Дека како еднаш после dF да ми се среди ова.

(додека го пишував) Малце ја кренав влажноста на воздухот со лонче метод и почна да дува како што знае и минатиот пат мислам дека така го решив ова. (само што минатиот пат отворив прозор наместо со лонче) :icon_lol:
 
Ете бар недоумицата што прави климата е решена…
Инаку влажноста на воздухот ама баш никако не влијае на работата на климата. Термисторот работи на отпор и зависи само и само од температурата…
Натаму е програма и бркање зададени параметри…

Само случајност во игра е лончето и влажноста. Температурата се погодила да нешто смени..
 
Член од
29 ноември 2023
Мислења
58
Поени од реакции
68
Мене искрено ми прави логика, доколку кога е пуштен на најако фенот го намалува humidity повеќе отколку кога е на послабо, можеби humidity control и е дека го намалува фенот. Јас ја начекав на 30%, ја кренав до кај 40% кога се врати на на најако дување.

Инаку влажноста на воздухот ама баш никако не влијае на работата на климата.
Не не, не мислев дека пречи туку мислев дека целта и е да овозможи конфор со тоа што не ја намалува повеќе влажноста на воздухот.

Screenshot 2024-01-31 at 23.41.05.png
 
Член од
14 август 2018
Мислења
4.831
Поени од реакции
10.720
Мене искрено ми прави логика, доколку кога е пуштен на најако фенот го намалува humidity повеќе отколку кога е на послабо, можеби humidity control и е дека го намалува фенот. Јас ја начекав на 30%, ја кренав до кај 40% кога се врати на на најако дување.

Не не, не мислев дека пречи туку мислев дека целта и е да овозможи конфор со тоа што не ја намалува повеќе влажноста на воздухот.

Прегледај го приврзокот 405481
Не се разбираме изгледа…
Што и да прави климата, дури и контрола на влажност да пуштиш, реално се е тоа маркетинг и апсолутно ништо она неможе да направи во врска со влажноста и комфорот…
Ни вентилатор ќе подеси, ни ништо!
(Освен летно време во мод за одвлажнување, ама и тогаш работи на ќоро)

Во мод греење никако не може да намали влажност дури и да сака…

Плацебо ефект добиваш само со тие опции…
Затоа и ги викам тракатанци!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom