Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Во Анталија првично се оди заради условите, а не за пријателските. Во Македонија немаме добри терени каде што може да спроведат квалитетни припреми. Ем терените се лоши, ем навечер температурите си минусни, па терените за утринскиот тренинг се многу тврди. Тренерите, а и играчите, не сакат да тренираат на вештак бидејќи се жалат на повреди. Вака, во Анталија без проблем држат по 2 тренинзи дневно на квалитетен терен. Секако во Анталија има и голем број на клубови, менаџери и бизнисмени со кои се градат контакти и мрежа која еден ден ќе може да се искористи.

Во однос на денешната утакмица, се работи за исклучително квалитетен противник за македонски услови, кој во моментов е во подоцнежна фаза од подготовките. Веќе се спремни за првенство, додека кај нас повеќе се работеше на физичкиот дел досега. Следните натпревари се со послаби противници, па тука ќе можеме да добиеме пореална слика за тимот. Иако јас не би судел по учинокот од овие утакмици. Сепак Горазд се запознава екипата и верувам дека ќе тестира повеќе различни варијанти.
 
Пак ќе кажам, за оваа наша лига пак ќе покријат некако Србинот и Ѓурковски, али везен играч ни треба итно. Пато и Дурански офанзивно се многу лоши. Акција мора да градиме напролет. Дај боже и стопер и везен да донесат.
 
Во Анталија првично се оди заради условите, а не за пријателските. Во Македонија немаме добри терени каде што може да спроведат квалитетни припреми. Ем терените се лоши, ем навечер температурите си минусни, па терените за утринскиот тренинг се многу тврди. Тренерите, а и играчите, не сакат да тренираат на вештак бидејќи се жалат на повреди. Вака, во Анталија без проблем држат по 2 тренинзи дневно на квалитетен терен. Секако во Анталија има и голем број на клубови, менаџери и бизнисмени со кои се градат контакти и мрежа која еден ден ќе може да се искористи.

Во однос на денешната утакмица, се работи за исклучително квалитетен противник за македонски услови, кој во моментов е во подоцнежна фаза од подготовките. Веќе се спремни за првенство, додека кај нас повеќе се работеше на физичкиот дел досега. Следните натпревари се со послаби противници, па тука ќе можеме да добиеме пореална слика за тимот. Иако јас не би судел по учинокот од овие утакмици. Сепак Горазд се запознава екипата и верувам дека ќе тестира повеќе различни варијанти.
Добро, има логика признавам :D

Многу галени фудбалериве, не сакале на ова да тренираат, не сакале на она, мислиш првенствово се игра на Олд Трафорд. Да не се навикнат само на убава трева, па да не им оди на нививе :D

Има логика во делот за менаџерите.
За спаринг партнериве, океј се останатите, ова денес беше тотално непотребно. Немаш никаков ќар од натпревар со 5 пати посилна екипа која 90% од времето те пика во шише, особено во почетна фаза од подготовки. Нема како да разиграш екипа, ако не дојдеш до топка цела утакмица.

И пред 2 години отидоа во Анталија, па во втора полусезона беа најутепани на светот. Не знам, некако повеќе ги креваат во облаци ваквите подготовки, отколку што има некој реален ефект.
Али, we trust the process :D
 
Во моментов најслаби карики во тимот според мене се Пато/Дурански и Глишиќ. Многу ќе шкрипи на овие позиции. Се надевам Глишиќ ќе упсее да фати некоја форма колку да не биде играч минус. Од друга страна Пато и Дурански што сакаат да прават, пак тоа им е нивото. Тука голем товар ни направи повредата на Панта кој ни е најскап играч во ростерот, а не е достапен. Пато е борбен ама само тоа, додека пак Дуро може имал некои фубдалски квалитети ама веќе е далеку од тоа ниво каде што бил. Алтернативи на овие позиции ни се Блажевски кој е играч минус, а дополнително и се повреди и нема да биде спремен најмалку до март, и Дошев кој е доста млад и неискусен. Не знам овој Мустафа дали може да покрие на една од тие позиции, пример заедно со работник како николовски, а Швајц да оди на десетка. Тоа е импровизација, ама во овој момент не знам која би била подобра опција. Дај боже Дошев да блесне, па да немаме грижи.
Млади играчи од кои најмногу очекувам се Здравковски и Дошев. Верувам дека тие ќе имаат најголема минутажа од у21 играчите.
 
Мислам дека ќе има уште нови играчи. Бидејќи и сами се свесни дека една повреда на некој од стандардните играчи може да игра клучна улога. Претходно некој спомна дека Милосавиќ не бил достапен и дека не можеле да искомуницираат со него. Знае некој што бидна и дали е отиден на припремите?
 
Не е точно дека Милосавиќ бил недостапен. Едноставно за него како странец немаше место во моменталниот состав. За секој следен странец ќе треба да платиме 5000 евра за регистрација. Во моментов проценката била дека не вреди да се даде 5000 евра, плус кирија плус плата за играч од калибарот на Милосавиќ. За засилувања сум скептик, буџетот е прилично лимитиран, се уште располагаме со убедливо најмал буџет во прва лига, така што не би очекувал многу на тој план. Сите се свесни дека ростерот е тенок, ама не верувам дека има средства со кои може истиот да се прошири.
 
Некој претходно напиша дека не бил достапен, затоа се зачудив.
 
Горазд во интервју за Гол пред некој ден кажа дека има простор за уште две засилувања.
 
Za pozadi Zosto ne go sobravte Stojan Stole Stojcevski? Navodno zaminal vo Euromilk Gorno Lisice,treta liga neznam kolku mi e verna rabotava. Prethodno bese promoviran vo nekoja kosovska ekipa.
Esenva bese standarden vo Voska,pred toa i vo Gostivar.
 
Прво, не заслужува да го носи дресот на Вардар повторно, второ, отишол во Еуромилк зошто се вработил и му треба екипа кај што нема да има секојдневно тренинзи и некој преголем интензитет, така да не верувам дека ќе заигра повторно во Прва лига...
 
Za pozadi Zosto ne go sobravte Stojan Stole Stojcevski? Navodno zaminal vo Euromilk Gorno Lisice,treta liga neznam kolku mi e verna rabotava. Prethodno bese promoviran vo nekoja kosovska ekipa.
Esenva bese standarden vo Voska,pred toa i vo Gostivar.
Не планира да игра фудбал сериозно тој, затоа и потпишал за Горно Лисиче.
И Митев и Филип Петковски ги потпишаа.
Се фрлаат големи пари во лигата од Лисиче, Куманово и пред се Шкендија Арачиново. Лисиче ги има и Зоки Тасевски и Митров што играше за Металург и Тетекс. Куманово од претходно ги има Иван Мицевски од Вардар кој дебитираше кај нас во годините кога игравме со младинци, Христијан Димов кој до лани играше прва постава во Скопје, а сега го земаа и Десниќ од Вардар.
Шкендија Арачиново го има Јасир Беќири кој како младинец беше топ стрелец во младите категории на Вардар, Димитар Иванов што во тие години ни играше во прв состав и ред други.

Туку, Брегалница донесе доста солидни засилувања.
Денес го потпишале и Ремзифаик Селмани. Овој има кариера во надолна линија, али добро ќе ни дојдеше на нас.
Го донесоа и Јанков на голот, Маневски во одбрана што ќе биде големо засилување за нив (овој го бараа повеќе екипи, ама ради фамилијарни причини се враќа во Штип), Пепи Ѓорѓиев и Донов.

Ако овие треба да ни бидат главни конкуренти за опстанок, а другите екипи уште подобро се засилија, навистина ќе имаме многу тешка работа.

Абе Панта несреќо, кај најде да се повредиш пак цела сезона...
 
Последно уредено:
Прва победа на Вардар денеска во Анталија против Металург Бекабад со 2-0 , тим од Узбекистан кој е на 10 место во својата лига, што значи се работи за послаба екипа ..

Радува првиот гол на новото засилување Ристовски (Швајц) , по мене мора да се засилиме со уште некој играч од средина на терен , бидејки Милосавич си отиде ..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom