- Член од
- 7 август 2011
- Мислења
- 5.000
- Поени од реакции
- 15.567
Во Анталија првично се оди заради условите, а не за пријателските. Во Македонија немаме добри терени каде што може да спроведат квалитетни припреми. Ем терените се лоши, ем навечер температурите си минусни, па терените за утринскиот тренинг се многу тврди. Тренерите, а и играчите, не сакат да тренираат на вештак бидејќи се жалат на повреди. Вака, во Анталија без проблем држат по 2 тренинзи дневно на квалитетен терен. Секако во Анталија има и голем број на клубови, менаџери и бизнисмени со кои се градат контакти и мрежа која еден ден ќе може да се искористи.
Во однос на денешната утакмица, се работи за исклучително квалитетен противник за македонски услови, кој во моментов е во подоцнежна фаза од подготовките. Веќе се спремни за првенство, додека кај нас повеќе се работеше на физичкиот дел досега. Следните натпревари се со послаби противници, па тука ќе можеме да добиеме пореална слика за тимот. Иако јас не би судел по учинокот од овие утакмици. Сепак Горазд се запознава екипата и верувам дека ќе тестира повеќе различни варијанти.