Work and travel USA

Член од
28 октомври 2014
Мислења
329
Поени од реакции
144
@Mario Gómez си ме изнасмеал за пичките лелелеле :))
- Да те препрашам оти ми е неверојатно, викаш дека само како спасувач ако се штеди и да не се курцаат пари на журки, на крај може да се врати со 8000 долари назад?
- Зошто би ми дале кола, нели има јавен превоз? И да не треба некоја потврда да се вади плус за МКД возачка за да важи кај нив?
- Познаваш ли некој шо не ја поминал обуката за спасувач поради физичка не спремност, бил дебел или слаб спринтер-пливач или на каков друг начин можеш да се заебеш на обуката за да не поминеш?
- Ти каде беше спасувач и дали аплицираше и за следново лето?

Ми тргна со прашањава јебига :))
 
C

cige

Гостин
Овој Марио Гомез во кафич има наслушано муабет за W&T од некој што седел на соседното сепаре, ама не дослушал.
Прв пат слушам некој да бил на W&T во голем град и да имал лично возило. Лудило.
 
Дениција

on my eighth life
Член од
17 март 2014
Мислења
241
Поени од реакции
899
Минативе години одложував, ама годинава сигурна сум дека сакам да одам и морам да одам :D
Е сега, неколку прашања. Сакам да аплицирам за работа на келнерка по нашки. 4 лета работев во пицерија, значи искуство имам. Една година живеев во САД како студент на размена, значи и јазикот го владеам на некое си advanced lvl кое се бара по огласите за тие работни места. Е сега по огласите што ги гледам има busser и server. За кое е подобро да се аплицира, т.е кој од овие двајца добива бакшиш? И дали се исплаќа да работиш како келнер? Знам дека келнер работи за бакшиш, ама знам и колку е заморно 8+ саати да си на нозе и да трчаш горе долу. Дали бакшишот би бил доволен да не мора да се работи втора работа? Пошо друго е да работиш на каса 8 сати и после да одиш на втора работа 4 сати, ама келнер 8 сати и после на втора работа да одам мислам дека е многу. Сакам да одам за да заработам пари, не за "искуство".
Сакам да ти реплицирам откога го постави прашањево затоа што и јас ги имав истиве дилеми лани, но дури сега најдов време :)

Ти препорачувам прво да си најдеш работна понуда што ти одговара, а потоа да ја одбереш таа агенција. Ова, всушност, им го препорачувам на сите - прво одберете си локација, па разгледајте ги работните понуди што секоја агенција ги нуди, и ако нешто ви се допадне - одберете ја таа агенција. Сите агенции горе-долу добро си ја вршат работата (со исклучок на Коузон, за неа имам слушано лоши коментари).

Тоа што имаш искуство тука не игра многу голема улога. Многу е тешко да добиеш позиција како келнер ако ова ти е прва година во Америка (келнер е најдобра позиција што можеш да ја добиеш како J1), барем во поголеми градови и во попопуларни ресторани. Многу е исплатливо да бидеш келнер, како келнер во Hard Rock можеш да направиш и до $300 бакшиш дневно + дневница (овој го сметам за попрестижен ресторан), а во други ресторани исто не си под $100-$150 дневно. Работата не е толку напорна, можда ќе ти биде на почеток додека го научиш менито, но потоа се навикнуваш и ја работиш на аутопилот :D Плус и дополнително си мотивиран пошто знаеш дека тоа што им угодуваш на гостите (најчесто) ти носи бакшиш. Во Америка треба да им угодуваш на муштериите на било која работна позиција, но не за сите позиции имаш добар бакшиш што некогаш ти е единствено нешто што те турка низ денот. И според мене, многу е подобро да имаш слобода на движење отколку да стоиш на каса 8 часа без да мрднеш. Проблемот не е одењето, проблемот е стоењето во место :D Генерално, не препорачувам работа на каса. Дрдориш цел ден и се обидуваш да си екстра фин и допадлив со муштериите, а најчесто нема типс или има tip jar која ја делиш со останатите касиери. Направи си ја математиката и види дали ти треба втора работа, ако имаш две работи секако ќе ти биде заморно.

Мислам дека имаш повеќе шанси за food runner или busser, и двете се tipped позиции. Food runner-от има поголема одговорност, треба да го знае менито, распоредот на масите, да има интеракција со муштерии. Тој ги носи порциите храна на гостите. Дневно прави $150-$200, во зависност од дневниот промет и бројот на келнери. Бакшишот го добива од келнерите. Многумина сметаат дека food runner-ите се преплатени затоа што истата работа + нешто повеќе ја прават и келнерите, а понекогаш се случува food runner-от да земе повеќе бакшиш од келнерот. Ова ти е многу добра позиција како за првпат затоа што ем имаш типс, ем не се замараш толку колку келнер, ем имаш интеракција со луѓе што значи можеш да им зборуваш и нема да ти биде досадно :D Busser-ите, пак, ги чистат масите откако гостите ќе си отидат. Дневно прават околу $100-$150, мислам дека беше 2% од вкупниот дневен промет. Немаш контакт со гости, подосадна работа, али не е лоша како за прва година.

*сите бројки и работни одговорности се однесуваат на Hard Rock Cafe

За крај, не велам дека немаш никакви шанси како келнер. Тука се` е среќа и можеш да се обидеш, но не се разочарувај ако не ја добиеш посакуваната работа од прва. Биди флексибилна и држи ги сите опции отворени. Good luck (y)
 
M

Mario Gómez

Гостин
Овој Марио Гомез во кафич има наслушано муабет за W&T од некој што седел на соседното сепаре, ама не дослушал.
Прв пат слушам некој да бил на W&T во голем град и да имал лично возило. Лудило.
Epa za se ima prv pat, kompanijata zema rent a car vozila za tie shto se podaleku od rabotnoto mesto, mu plakja dovolno benzin za narabota i nazad, a taa kola mozat da ja koristat site cimeri i cimerki posle rabota so toa shto dodavaat samite benzin vklucuvajki go i toj shto ja koristi za rabota. Odlicno e za groceries picking i za odenje po zabavi vecerno vreme. :) Kolite bea odlicni, Hyundai elantra, Toyota prius... etc
 
Член од
3 ноември 2014
Мислења
1
Поени од реакции
0
Zdravo decki , jas sum studentka na filozofski fakultet 2ra godina i ovaa godina sakam da odam na work and travel za prv pat. moze li da mi dadete sovet preku koja agencija e najdobro spored vase iskustvo , kade e najdobro da se odi , koja rabota da se odbere itn ? Fala mnogu
 
Клошар.

Еднаш бев 4NHK0.
Член од
6 јуни 2014
Мислења
965
Поени од реакции
850
Јас немам одено, а вака со искуства на луѓе што ги знам, најмногу оделе во Америка и тоа како готвачи. Само еден совет од мене: Каде и да одеш, што и да работиш, не се опуштај многу, бидејќи ќе плаќаат пари од дома за да ти платат карта за назад. И ако ти е повеќе за шетање, ОК е, бидејќи колку и да стискаш, колку и да штедиш, нема којзнае колку да заработиш.
(Класичен пост на еден македонски ,,форумџија'').
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
821
Поени од реакции
301

Во принцип за да ти издадат виза во амбасада ќе ти побараат резервација повратна карта, така да ова не држи баш вода.
 
Клошар.

Еднаш бев 4NHK0.
Член од
6 јуни 2014
Мислења
965
Поени од реакции
850
Во принцип за да ти издадат виза во амбасада ќе ти побараат резервација повратна карта, така да ова не држи баш вода.
Така имам разбрано, ако јас лажам и мене ме излагале.
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
821
Поени од реакции
301
Така имам разбрано, ако јас лажам и мене ме излагале.
Ма сето тоа е ОК, не велам ништо. Туку муабетот ми беше, бидејќи станува збор за Ј1 виза, најчесто бараат повратна карта, како доказ дека навистина планираш да се вратиш. Не дека не можеш да останеш ако имаш повратна:pos:
 
Клошар.

Еднаш бев 4NHK0.
Член од
6 јуни 2014
Мислења
965
Поени од реакции
850
Ма сето тоа е ОК, не велам ништо. Туку муабетот ми беше, бидејќи станува збор за Ј1 виза, најчесто бараат повратна карта, како доказ дека навистина планираш да се вратиш. Не дека не можеш да останеш ако имаш повратна:pos:
Никој паметен не би извадил во еден правец за да може да остани таму, ќе му поминат 3те месеци и ќе му ропнат 10 или колку години да неможе да ја посети таа земја...
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
821
Поени од реакции
301
Никој паметен не би извадил во еден правец за да може да остани таму, ќе му поминат 3те месеци и ќе му ропнат 10 или колку години да неможе да ја посети таа земја...
Веројатноста дека ќе ги фатат тие што останале е многу мала! Дури и да ги легитимира полиција, шансите да им се случи нешто се мали, секако доколку не направиле некаков прекршок. Има илјадници балканци што остануваат после тие 4 месеци и најчесто работат како возачи..
Некои пак се снаоѓаат на друг начин, дали ќе запишат нешто за студентска виза, дали ќе си најдат спонзор за работна.. Релативно е..
А картата во еден правец ќе ти излезе дупло поскапа од повратната, така да нема некоја логика да купи таква..кој и да оди :)
 
Клошар.

Еднаш бев 4NHK0.
Член од
6 јуни 2014
Мислења
965
Поени од реакции
850
Веројатноста дека ќе ги фатат тие што останале е многу мала! Дури и да ги легитимира полиција, шансите да им се случи нешто се мали, секако доколку не направиле некаков прекршок. Има илјадници балканци што остануваат после тие 4 месеци и најчесто работат како возачи..
Некои пак се снаоѓаат на друг начин, дали ќе запишат нешто за студентска виза, дали ќе си најдат спонзор за работна.. Релативно е..
А картата во еден правец ќе ти излезе дупло поскапа од повратната, така да нема некоја логика да купи таква..кој и да оди :)
Да, еве и ако останат, колку време ќе останат? Сигурно нема 8-9 години да останат, дали толку месеци ќе им се посреќи, не се исплаќа таа работа, за 10.000е да ризикуваш да не ја видиш таа земја повторно не вреди, што ќе направиш тука со тие пари? Ќе се исилиш на некоја кола и толку... Или пак ќе живееш година-две на малку повисоко ниво и толку. Како на тој еден од Неготино што му се паднаа 50.000е на спортска, си купи Тојота од 25-30.000е скутери од по 2.000 на синовите, си реновира нешто дома и толку, сега почнаа да му ја гасат струјата, на нула е... Не вреди да се прават глупави потези за моментално некоја пара да се спечали. А парите се гнасни, го менуваат човек за 360 степени.
 
Член од
8 октомври 2009
Мислења
821
Поени од реакции
301
Да, еве и ако останат, колку време ќе останат? Сигурно нема 8-9 години да останат, дали толку месеци ќе им се посреќи, не се исплаќа таа работа, за 10.000е да ризикуваш да не ја видиш таа земја повторно не вреди, што ќе направиш тука со тие пари? Ќе се исилиш на некоја кола и толку... Или пак ќе живееш година-две на малку повисоко ниво и толку. Како на тој еден од Неготино што му се паднаа 50.000е на спортска, си купи Тојота од 25-30.000е скутери од по 2000 на синовите, си реновира нешто дома и толку, сега почнаа да му ја гасат струјата, на нула е...
Релативна работа е што ќе правиш. Јас знам човек што остана 6 години на црно, работеше во Чикаго и заработи добра паричка (братучед ми е инаку). Зема жена русинка и си се врати во Македонија:icon_mrgr:
Друг знам што е уште подолго таму..
Кога веќе ќе останеш на црно имаш многу малку опции.
1. Ќе се обидеш на било каков начин да си го регулираш статусот, работна, студентска виза, ма било каква, макар и да се ожениш/омажиш.
2. Ќе работиш додека не собереш доволно пари за нешто пристојно во МК (и ова е релативна работа, за некого пристојно е $20.000 а за некого $50.000) и ќе си се вратиш во МК кажувајќи и бај бај ба Америка.
3. Или ќе заглавиш во :гомце: ако си крајно неснаодлив. Ама оваа третава опција ретко им се случува на македонците:icon_lol:

Инаку, знам дека има друга тема, во таа имам пишувано за моето искуство, ама еве некој отворил нова дури во туризам, очигледно дека планирале да останат....туристички:sneaky:
 
Демек ние македонците сме многу снаодливи :гик:. Море да имаме некаков ќар, се ќе направиме, нели гледаш колку има што се мажат таму само за да останат... Макар да се по 30г. помали од ,,брачниот другар'' (и сега незнам какво смајли да ставам, дали е за смеење или за плачење...). Млади моми, убави, се мажат со 60 годишни индијци за пари и поубав живот. До некаде ги оправдувам, ама барем со 10г. да се разлика :D.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom