Сакате да кажете дека студент на постдипломски нема скоро никакви шанси за добивање виза??
преку ворк анд тревел, шансите за добивање на 6месечна виза се никакви, пошто имаш диплома и шансите да останиш во америка нелегално ако ти дадат 6 месеци виза се големи и не им се ризикува на американците во амасадата, а посебно кога имаат уште 100 други студенти на кои можат да им дадат виза без да имаат ризик дека ќе им останат америка. Ти кога си во америка со дипломата можеш да најдеш убаво платена работа, посебно во IT секторот и да останиш нелегално таму. Види контактирај со амбасадата преку маил прво, оти ако аплицираш за ворк анд травел од агенција и не ти дадат виза од амбасада губиш околу 300 долари.
А предходно во агенција ќе те скапат убедување дека можеш да земиш виза, колку да ти ги земат парите.
Има друг вид на визи за нас, дипломираните. Канада дава визи за дипломирани студенти со дефицитарна струка, за УСА незнам баш. Види јави му се во амбасада или пиши им маил. Ќе ти вратат одма.
имаш, ама ако си на првата година, уствари така имаш најголеми шанси од сите пријавени пошто, нели најголем влог имаш, само гледај си да ти се оценките во ред, да не влечеш ништо и да со во рок.
Имаш пробано? Познаваш некој што има појдено на ворк анд травел, а да има завршено факултет? Не ги лажи децата џабе да ги полнат агенциите со пари, кога во амбасада нема да им дадат виза.
Ајде сега едно прашање од мене, да не барам назад по коментарите
Апсолвент сум, планирам до година ова време да дипломирам, имам доста висок просек, сите испити досега сум ги земал во рок. Дали воопшто да аплицирам за W&T во USA?
Ако во фебруари/март кога ќе одиш на интервју за виза имаш неположени испити имаш некакви шанси за земање на виза. Имај на ум дека ако добиеш виза тргнувањата за америка ти се на почетокот од мај, така да ќе ги пропуштиш вторите колоквиуми и јунската сесија во превод - пиши пропало на колоквиумите од последниот семестар.