Шпански серии

Член од
8 јули 2015
Мислења
118
Поени од реакции
53
Не се најголема телевизиска куќа ни во Мексико, а уште помалку па во светот.

Но дефинитивно се најуспешна телевизиска куќа во Мексико со најголем број на докажани и успешни таленти.

Па имаат добри причини зошто да снимаат серии со толку брутални содржини - добар дел од злосторствата прикажани во нивните серии се реалност во САД, во Средна Америка и во Јужна Америка, а речиси сите актери и актерки во нивните серии се имигранти кои избегале од ужасите кои се случуваат во Мексико, Венецуела и Колумбија.

Не е точно дека не се прикажувале, туку ти не си ги гледал. А емитувани се Кандидат, Вртоглава љубов, Кога ќе бидеш моја и бројни други серии на Ацтека - и на националните телевизии и на локалните и регионалните телевизии.
Јас сите шпанските серии сум ги гледал на Пинк бидејќи таму порано се емитуваа одколку кај нас, а и преводот беше подобар одколку овој наш. На Пинк сите серии беа од Телевиса, а само една од Телемундо (El rostro de Analia). Од Ацтека сигурно ги давале на нашите телевизии, на Пинк не се сигурно бидејќи сите шпански серии што се емитуваа таму сум ги прател и добро памтам од кои издавачки куќи беа. Жално е што веќе никој од нашиве телевизии не емитува шпански серии, туку само турски, а би било убаво, што заради да се потсетиме на јазикот, што заради уживање во гледањето.
 
Член од
1 август 2015
Мислења
4
Поени од реакции
0

Даваат и кај нас на МТМ,на Скај Нет и на некои локални телевизии.Што се однесува до Сител,Канал 5 и Алфа,Сител ветуваше дека ќе почне да ја дава Rosa Diamante на Телемундо.Ако малку подобро се сетиш,Лицето на Аналиа не беше единствена серија на Телемундо што се даваше на Пинк,ама не е важно.Важно е дека нашите „најгледани“ телевизии лажат и дека шпанските серии се многу подобри од турските.
 
Што Сител ветува тоа никогаш нема да се исполни. Важно им е нив да ги откупат турските серии најевтини од сите и да го бомбардираат програмот па да неможе од нив и телевизорот да се вклучи. Исто важи и за Канал 5, Алфа сите од интерес ги се турските бидејќи нема што да даваат па ај ќе ги откупиме турските најевтини се и ќе го пополниме програмот. Сум погрешил, Daniela, Zoro се исто така од Телемундо сега видов на интернет. Шпанските се 100 пати подобри од турските, но ете ни останува само да ги гледаме на интернет нашите омилени серии.
 
StOrMK

Rain
Член од
24 јули 2015
Мислења
345
Поени од реакции
151
Ајде ајде, Телевиса се смилува и ги прикачува на YouTube дури и во 1080p HD резолуција, ама јас сепак сум научен на ТВ да ги гледам, некако подобро се чувствувам и поконфортно кога ги гледам на ТВ. Дај боже некое време да им текне и на националниве телевизии да почнат да емитуваат латино серии па дури и Сител може да ги пушта во HD. И Пинк веќе не емитува со тоа темпо како порано, сега само во 15:00 ја емитува Muchachita italiana viene a casarse и Reina de corazones во некој ноќен термин мислам во 01:00.
 
И јас исто многу поубаво ми е кога ги гледам на ТВ, на Youtube преводот е за никаде ништо точно нема во него затоа што го преведува Google translate. Сител дефинитвно може да ги пушта во HD резолуција, но ете изгледа повеќе ги сакаат турските. На Пинк порано сите серии беа шпански што се емитуваа, сега и таму се турски.
 
Мене преводот не ми е битен, го знам шпанскиот јазик кој го имам научено од сериите. :)
 
ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.981
Поени од реакции
6.912
Абе кој не гледал Шпански серии, поточно Латиноамерикански лаже бар на тие што се родени до 1995-1996 година.Да не си гледал Млади Бунтовници не ми се верува.
Искрено таков вид на серии не пратам бидејќи обично се премногу предвидливи,однапред знаеш што ќе се деси.Единствена серија што сум ја гледал со внинамие (не бидејќи мајка ми ја гледала на телевизор) а и сега ја гледам пак е Mi Gorda Bella, серијата е врв у секој поглед.Продукцијата е Маде ин Венецуела а приказната сосема различна од оние типичните латиноамерички, иако сепак си има и такви елементи во неа.Пред се она што паѓа у очи е тоа што е собрана одлична актерска екипа и е направено спој меѓу младоста и искуството, бидејќи поголемиот дел од актерите ова им била прва или у наjдобар случај втора-трета, збориме за младиот дел од глумците.Сите глумци кои глумиле во оваа серија благодарејќи на неа направиле фантастични кариери.За популарноста на серијата збори што и после 13 години од нејзиното премиерно емитување,таа серија се репризира постојано,и секогаш е во врвот на гледаноста.Од серијата дефинитивно омилени актери Марианела Гонзалез и Хуго Васкуез.Речиси цела актерска екипа во моментов е вклучена во борбата за слобода на Венецуела :D.
Серијата во латинска америка тие нешто како Сулуде Године (Жикина Династија) кај нас, значи вечен хит.
 
Последно уредено:

StOrMK

Rain
Член од
24 јули 2015
Мислења
345
Поени од реакции
151
Абе од теленовелите на Телевиса нема подобри. Толку се интересни што денеска 3 епизоди изгледав од Abrazame muy fuerte и Cesar Evora растура, мислам дека од него подобар негативец не постои, легенда е. Иако е снимена пред 15 години (2000год.), поинтересна е и од денешниве. Не знам дали некој го гледа римејкот "Que te perdone Dios...yo no", па нека каже споредби од двете серии.
 
Точно така од сериите на Телевиса нема подобри, во тоа се согласуваме. Но денеска толку се разочарав и изнервирав кога видов дека Телевиса ги избришала сите серии, односно целите епизоди од сериите. На официјалниот канал на Телевиса ја гледав Manana es para siempre но од денеска немам прилика да ја гледам бидејќи е избришана, а и не само таа туку сите до една останаа само тие најави за сериите ништо повеќе. За сериите Abrazame muy fuerte и Que te perdone Dios су чул но немав прилика да ги гледам знаете како е кај нас од турските да мрднеме па не. А за што се зборува во сериите?
 
Член од
18 декември 2008
Мислења
310
Поени од реакции
108
Темава изгледа не е активна, но ќе оставам коментар чисто да си го изкажам моето мислење. Јас шпанските серии ги обожавам, ретко која не сум ја гледал, тоа додека бев помал со сестра ми ќе седнеме од 4 до 7 сите серии шпански ќе ги одгледаме, а потоа ќе отидевме во маалото да си играме со децата. Едноставно не постоеше таа сентиментална поврзаност со сериите до толку да сакав да си го одземам животот затоа што таа не ме сака, туку чисто за поминување време, а и многу лесно се учеше јазикот што е најважно, нели? Иако сите серии беа снимани по иста приказна само со различни глумци, сепак беше интересно да се гледа, се прикажуваа нови кадри, нови градови, нови ликови, нови куќи (кои беа преубави) итн. Не е се лошо во шпанските серии, најважно е тоа што се учи јазикот. Од тоа што сум ги гледал сериите, денес во сеќавање ми останало 90% од јазикот и можам да кажам дека го владеам. Последна што сум ја гледам е La Gata (Дивља мачка) ја даваа на Прва Српска во главни улоги Maite Perroni и Daniel Arenas, прекрасна серија која секако заврши со среќен крај. Други серии што сум ги гледал Manana es para siempre, Fuego en la sangre, Daniela, Velo de novia, Rubi, El rostro de Analia, Sortilegio, La fea mas bella, Tormenta en el paraiso, Cuidado con en angel, Peregrina, Juro que te amo и многу други не ми текнува на сите. Моменално ја гледам Manana es para siempre на Youtube од пред некој ден ја почнав едноставно ме фати носталгија за шпанските серии. Од овие турски ми се повраќа, едноставно неможам да ги смислам почнувајќи од актерите кои се со ужасен изглед па се до нашава синхронизација. А пак за индијските да не пишувам. Добро не дека не сум ги гледал и нив, од турските само Кога лисјата паѓаат, а од индијските Бандини сум ја гледал, ништо повеќе. Сепак шпанско си е шпанско кој што сака нека рече не постои човек кој не одгледал барем една епизода од некоја шпанска серија, тоа е факт. И да порано беа погледани сериите сега имаме напад од турски серии и индијски и гледачите едноставно им е преку глава воопшто од серија било каква да е, па затоа и шпанските губат на гледаност. Би сакал групава да биде поактивна за да си размениме повеќе мислења. Salud mi amigos! :)

Се познава дека си помлад (по сериите што ги имаш гледано)... Јас кога започнав со Касандра (уште не можев да читам толку брзо, после Есмералда, Антонела, Алондра, Право на Љубов, Прегрни ме цврсто, Патишта на љубовта, Извор, Росалинда, Љубовта нема цена, Клон (мал исклучок од шпанските), Алборада, Вдовицата На Бланко, Раузан, Љубовни врски, Млади Бунтовници, Саломе, Плажата на Залезот (америчка, ама екстра беше)... Скоро сите серии што ги даваа, ги гледав...
Од 12 напладне до 10 вечер пред ТВ... 10 добри години ги поминав пред тв, со шпански серии, и сега јазикот го владеам многу добро
Прекрасни времиња беа тоа...
 
Точно така за сериите што ги напиша тука сум чул само за Касандра, Љубовни врски, Млади бунтовници и Есмералда. Не сум бил роден кога се прикажувале останатите серии затоа и незнам за нив.
 
Член од
18 декември 2008
Мислења
310
Поени од реакции
108
Еее кои времиња беа тоа... ме фаќа носталгија сега
Секој ден дружба со актерите, ги осеќав како свое семејство
Некои актери засекогаш ке ги памтам по имињата од сериите
Helena Rojo секогаш ке си остане Лусијана Дувал, Adela Noriega е Кристина, Летисија Калдерон е Есмералда, Викторија Руфо е Маќеата, Освалдо Риос е Луи Давид, Кораима Торес незаменливата Касандра...Лусеро е Марија Гвадалупе....Еухениа Каудуро е Арасели...
Леле како ми недстигаат тие времиња
Треба да пребројам колку серии имам изгледано....
ако можам на сите да се сетам
Некој си води дневник? Бројка на изгледани новели?
 
Член од
8 јули 2015
Мислења
118
Поени од реакции
53
Дали некој знае што е работа со Телевиса еве од завчера ги избришале сите серии односно сите епизоди од сериите останаа само оние најави за сериите што ги емитуваат во Америка? Да не се можеби пренесени теленовелите на некој друг канал, на друго место или што е работата??
 
StOrMK

Rain
Член од
24 јули 2015
Мислења
345
Поени од реакции
151
Точно така од сериите на Телевиса нема подобри, во тоа се согласуваме. Но денеска толку се разочарав и изнервирав кога видов дека Телевиса ги избришала сите серии, односно целите епизоди од сериите. На официјалниот канал на Телевиса ја гледав Manana es para siempre но од денеска немам прилика да ја гледам бидејќи е избришана, а и не само таа туку сите до една останаа само тие најави за сериите ништо повеќе. За сериите Abrazame muy fuerte и Que te perdone Dios су чул но немав прилика да ги гледам знаете како е кај нас од турските да мрднеме па не. А за што се зборува во сериите?

Тоа е тоа, ги ставаат како еден вид промоција и после ги бришат. Мене ми ја избришаа En nombre del amor, стигнав до 13 епизода, за други избришани не знам, иначе ја барав мануелно на Youtube и никако не ја најдов. Неколку други стојат, пребарај ги мануелно во Search, Manana es para siempre е избришана.
 
Член од
8 јули 2015
Мислења
118
Поени од реакции
53
Тоа е тоа, ги ставаат како еден вид промоција и после ги бришат. Мене ми ја избришаа En nombre del amor, стигнав до 13 епизода, за други избришани не знам, иначе ја барав мануелно на Youtube и никако не ја најдов. Неколку други стојат, пребарај ги мануелно во Search, Manana es para siempre е избришана.
Останати се неколку како на пример: Sortilegio, Cuidado con el angel, Abrazame muy fuerte, Destilando Amor, ама онаа најважната ми ја нема. Јас стигнав до 88 епизода на ден по 3-4 епизоди гледав ама она баш со мерак. Има и други корисници што ги поставуваат епизодите ама или сликата е развлечена или квалитетот на сликата не е добар или тонот не е добар. Телевиса што ги прикачуваше беше топ во се. Сега продолжив да ја гледам на balkanje.com ама ја има само до 105 епизода. Навистина не е фер ова што го прави Телевиса.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom