Тоа не ама има кажано не убивај , под тоа не убивај значи да не убиваш со нож , истото важи и за пиштол, атомска бомба или пошто штетно е нели тоа и ако дишеш ептен мн загаден воздух исто можеш да ја скинеш , тоа важи за тој што е негова фабриката или на било каков начин прави да дојде до тоа, тој ја сноси одговорноста, т.е тој или тие го вршат увиството така да има мн работи што ни се кажани со 2 збора само , ама ти детали сакаш
Тоа значи дека кога немаше индустрија, луѓето живееа вечно?
ете пример луѓе кои не одеа во војни седеа во манастири цел ден се молеа немаше фабрики пиеа вода од извор се хранеа здраво.... никогаш не умреа??
Во австралија абориџани умираа пред бел човек да се појави со неговите индустрии. интересен факт е дека пред 2000 години кога немаше индустрија, просечниот животен век беше неколку пати по кус од колу денес со сето загадување.
можи госпот ја сака индустријализацијата оти му помага на луѓето да живеат подолго и подобро, замисли пред 1000 години, немаш џам дома, немаш купатило, немаш пензиско, социјално, немаш здрвствена заштита, нема продавници, ВЕРО, такси, вифи, интернет, мобилни, аптеки, МП3, струја, парно, кабловска....
Па мора на - 20 со болки во стомак да трчаш надвор на студ во полско ВЦ да се избришиш со грутка снег, не знаеш од шо ти се лоши, немаш матичен доктор, си се искапил последно пред 2 месеци ко беше потопло со вода и пепел, алиштата мрсни прани само со обична вода, лежиш во зачадена просторија со уште 6 души без прозор отворен на средина огниште кое чади тука се јади, плука, секса, прди....
Никој не сека пак така да живее, без индустриски помагала, сите бараат квадрати, ПВЦ дограма, фрижидери лаптопи клима уреди.