Далеку од тоа дека ја негирам теоријата на еволуција, ама таа не ни открива дека како настанал животот. Ама верувањето дека животот настанал сосем случајно во некоја праисториска „супа“ од мртва материја - аминокиселини и азотни бази кои некако се споиле да формираат прости облици на живот и по Дарвиновата еволуција т.е. „приспособување“ кон животната средина тој живот изградил толку сложен ДНК (извинете ако грешам нешто, во друго ми е поентата), толку интелегентни животни облици и цела природа во таков баланс, без интелегентен инжинеринг, е слепо верување на закоравените научници... не верувам во креационизмот воопшто меѓутоа универзумот е многу повеќе од мртва материја, владее некоја виша интелегенција во него... и најбитното, доколку се е мртва материја, тогаш феноменот на постоење на свеста кај живите суштества не би требало да постои, ние би требало да бидеме само роботи кои не доживуваат, и се што правиме би било детерминирано.