Човештво, теории на настанувањето

Член од
5 ноември 2010
Мислења
4.841
Поени од реакции
3.873
Бог е оној кој го создал светот, космосот..., некој ќе си рече науката не вели така, се започнало со мешање на атоми, честици....., но многу е погрешно тоа што науката го кажува. Зошто и да дошло со мешање на честици, атоми... сепак постоел некој кој ги создал нив :)
А кој го создал Бог?
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Според една теорија, денешниот универзум има вкупна енергија еднаква на 0. Енергијата на материјата се поништува со гравитационата енергија. Бидејќи овие енергии се дифузно распоредени насекаде, го имаме универзумот во денешната форма. Во моментот 0, енергиите биле на купче, па се поништиле меѓу себе. На тој начин, во моментот 0 немало ништо, а уствари се било таму. Е сега, прашање е што довело до одвојувањето? Одговорот ќе се добие некогаш само ако се тргнеме од Бог. Тој е кочница за сознавањето. Верувањето во интелигентен дизајн без обид за давање научна основа е слепо верување.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.648
Поени од реакции
13.112
Поголемо тролање не сум видел од времето кога Фараон пишуваше во ДК.

И ова не се важи за авторот на темата.
 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
Многу ми е интересно кога размислувам за ова. Како е создаден, светот, космосот... Нели едите викат Господ создал сè, други Биг Бенгот е виновен. Ама од што настанал Биг Бенгот, од што настанало пак тоа... Милион прашања кои најверојатно никогаш нема да бидат одговорени и баш ми е интересно тоа.
Незнам дали има друга тема ваква. :D
Земе гледај Spirit Science пиши на youtube од прва епизода до крај имаат добра теорија .
 

Limbo

maybe an alien
Член од
26 декември 2007
Мислења
831
Поени од реакции
1.457
Според една теорија, денешниот универзум има вкупна енергија еднаква на 0. Енергијата на материјата се поништува со гравитационата енергија. Бидејќи овие енергии се дифузно распоредени насекаде, го имаме универзумот во денешната форма. Во моментот 0, енергиите биле на купче, па се поништиле меѓу себе. На тој начин, во моментот 0 немало ништо, а уствари се било таму. Е сега, прашање е што довело до одвојувањето?
Сум размислувал за ова... изгледа „логично“ на прв поглед.. ќе собереме се ќе одземеме и ќе се добие 0, заклучок: се почнало од 0, ништо хмм. Арно ама, „ништото“ се разделило? :cautious: Мене далеку пологично ми е дека „сештото“ отсекогаш постоело. А што е „сештото“? Дали е интелегентно по себе... Да поделиш ништо на нешто макар позитивно и негативно е рамно на контрадикција. Се тоа се наши наивни претпоставки и аналогии за нешто многу поголемо од нас самите, нешто не можеме да го ко концептуализираме, не можеме ни да го претпоставиме па бараме некои навидум елегантни решенија. А за тоа што е бог немаме баш некакво унифицирано значење, консенсзус... секој си го интерпретира различно, воедно и теорија за некаков „интелегентен дизајн“ не мислам дека е наивна само затоа што одредени религии даваат смешно објаснување за истото.
Според кои факти пак некој би го претпоставил спротивното, односно сведување се на случајност, а истите да се поголеми квалитативно или квантитативно од оние на интелегентен инжиниеринг? Ако би бил малце поинаков универзумот или физичките закони би потонал во непостоење...добро, туку има и брутфорс теории на мултиверзуми и тн, значи не го прејудицирам едното или другото, само сакам да кажам дека се претерува кога се иде до таму да се оспоруваат или дури исмеваат одредени претпоставки со контрааргументи кои укажуваат референци на библијата, куранот или било која света книга ко тие да го држат екслузивното право на метафизичко толкување и мора да веруваш во некои од нивните толкувања ако веруваш во некаква не-случајна или интелегентна креација. Значи, не зборам тука за рај пекол милозлив антропоморфен бог или сл, зборам за Богот на Спиноза, или богот што ја трансцендира својата креација, за интелегенција како некакво вишо својства на природата во нејзиното себе-создадание.
 

Чичко Кумплунг

деца на транзицијата
Член од
3 декември 2011
Мислења
4.194
Поени од реакции
4.400
Бог е оној кој го создал светот, космосот..., некој ќе си рече науката не вели така, се започнало со мешање на атоми, честици....., но многу е погрешно тоа што науката го кажува. Зошто и да дошло со мешање на честици, атоми... сепак постоел некој кој ги создал нив :)
драг Бобче, шо е постаро, Кокошката или јајцето?
 

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.544
Поени од реакции
5.855
Темава беше прочистена од оф-топици. Разбирам дека човештвото и неговото настанување само по себе носи некои религиозни елементи, но имаше и некои несоодветни постови.

Продолжете со дискусија. :)
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Сум размислувал за ова... изгледа „логично“ на прв поглед.. ќе собереме се ќе одземеме и ќе се добие 0, заклучок: се почнало од 0, ништо хмм. Арно ама, „ништото“ се разделило? :cautious: Мене далеку пологично ми е дека „сештото“ отсекогаш постоело. А што е „сештото“? Дали е интелегентно по себе... Да поделиш ништо на нешто макар позитивно и негативно е рамно на контрадикција. Се тоа се наши наивни претпоставки и аналогии за нешто многу поголемо од нас самите, нешто не можеме да го ко концептуализираме, не можеме ни да го претпоставиме па бараме некои навидум елегантни решенија.
Оваа теорија до некаде е логично да е точна. Само тоа што го викаш сешто, односно ништото од кое настанало се се споредува со принципот на црните топки, односно апсолутна гравитација и тело со најголема густина. Црните топки изгледаат како да ги голтаат телата низ универзумот и ги носат на некој си паралелен универзим, следувајќи дека постојат мултиуниверзуми што ти знам. Могуче, али ја мислам не. Црните дупки не се никакви телепортери туку неурамнотежени полиња на енергија кои имаат огромна густина а со тоа и огромна гравитација. Со приближување на било што, дури и светлина, тие го впиваат во себе и се хранат. Бидејќи ја впиваат и светлината и се нарекуваат црни топки, дури и апсолутно црно тело ама ретко се спомуваат како такви. Обично сонцето е прикажано како такво. Друг муабет е тоа. Црните дупки се шират и патуваат низ унуверзумот според некои истажувања побрзо од што самиот универзум се шири. Според тоа, некогаш ќе дојде време, се ќе биде впиено во црните дупки и повторно ќе дојде до таа ситуација каде ништо не постои, ќе следува нов биг бенг и се ќе се случи одново. Резултатот дека постои интелентен живот во универзумот се сведува на случајноста и моментално погодените физички закони. Предтоставувам дека со други физички закони ќе имало друг вид на интелегентен живот, можеби некаде и има.. who knows..
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Квиксилвер - оф топици може да се сметаат и други постови. Темата е теории за настанувањето на човештвото, луѓево забегаа во космогенеза.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504

Limbo

maybe an alien
Член од
26 декември 2007
Мислења
831
Поени од реакции
1.457
Квиксилвер - оф топици може да се сметаат и други постови. Темата е теории за настанувањето на човештвото, луѓево забегаа во космогенеза.
Темата беше „како настанало се`“ па отпосле беше споена со оваа...
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Темата беше „како настанало се`“ па отпосле беше споена со оваа...

Работата е што на макро ниво, почетоците и настанувањето си имаат своја тема, нема потреба од повеќе такви теми. А за човештвото, мислам дека оваа е единствена. Би требало да се вратиме ко второто, бидејќи тоа и е насловот сега како што гледам, со причина некој го оставил така.
 

Limbo

maybe an alien
Член од
26 декември 2007
Мислења
831
Поени од реакции
1.457
Работата е што на макро ниво, почетоците и настанувањето си имаат своја тема, нема потреба од повеќе такви теми. А за човештвото, мислам дека оваа е единствена. Би требало да се вратиме ко второто, бидејќи тоа и е насловот сега како што гледам, со причина некој го оставил така.
тогаш грешката барај ја во модераторот што ја споил со оваа тема, тие што пишувале во претходната не можеле да предвидат во која тема ќе завршат нивните постови...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom