Хороскоп, хороскопски знаци (општо)

Што сте во хороскоп


  • Вкупно гласачи
    1.367
Член од
14 март 2014
Мислења
473
Поени од реакции
1.163
Иначе подобро е што не знаеш машки Близнаци, има да се крстиш, да се прашуваш со што заслужи да го делиш знакот со нив.:icon_lol:
Се согласувам.Добри се али депресија кога ќе ги удри иди расположи ги.
И плус песимисти.
Троа левички се во расположенија.
Без навреда.
:pipi:
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
.Sky. (или било кој друг, the more the merrier)

Кажи нешто за

Јарец знак
Рак подзнак
Водолија месечина

П.С Си имам веќе прочитано ама интересно ми е некој вака кога кажува :ROFLMAO:
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Прочитајте тука и погледнете дали сте љубоморни :D

Овенот е најстрастен во изливите на љубомора


Овните имаат проблем со апсолутната доверба, па знаат често да го следат секој чекор на партнерот и да го анализираат. Штом им се јави црвот на сомнежот реагираат импулсивно и моментално без оглед каде се и со кого се. Со оглед на тоа што често се искомплексирани, од нив може да очекувате сешто – од фрлање чинии до закани и лути реакции. Сепак, ако се однесувате коректно и ги демантирате нивните сомнежи, љубомората веднаш им исчезнува како ништо да не било.

Бикот е истражувач, но знае да ве задуши со љубомората

Иако припадниците на овој знак се добродушни и тежнеат кон хармонични врски, ако ја разбудите нивната љубомора и сомнежи, очекувајте голема недоверба во иднина. Не избрзуваат со заклучоци, но ќе откријат и предвреме дали имате намера да ги изневерите. Дури тогаш бидете подготвени за напад од навреди и тешки зборови, бидејќи најмногу мразат кога ќе ја изгубат контролата над ситуацијата.

Близнаците се сомневаат поради личното однесување

Иако лично не се склони кон љубоморни сцени припадниците на овој знак се сомневаат во верноста на партнерот бидејќи и самите често флертуваат. Сепак, остануваат смирени и го наведуваат партнерот сам да го открие своето неверство, доколку го има. Но, нема да бидат среќни доколку се докаже дека се во право.

Љубоморниот Рак се однесува како дете

Припадниците на овој знак целосно се предадени на љубовта, а иако не се склони на песимистички размислувања за неверство, тешко ќе ги погоди секоја закана за нивната врска. Погледи под око и игнорирање се типични реакции на љубоморниот Рак. Сепак, тие чувства брзо ќе им поминат бидејќи не сакаат со своето однесување да предизвикаат дополнително оддалечување. Ако пронајдат доказ за неверство, најтешко го поднесуваат тоа од сите знаци.



Лавот е повеќе посесивен, отколку љубоморен

Припадниците на овој знак прилично се склони на љубомора, но таа не е толку грубо изразена како кај другите знаци и често изгледа само како потврда за љубовта и нивниот интерес. Најчесто се љубоморни, поради повредената гордост, преголемите очекувања од партнерот или од страв дека не ги сака доволно. Во неверството повеќе се плашат поради ударот на нивното его, отколку предавството на љубовта.

Девиците уживаат во истражување на партнерот и неговите пропусти

Девиците, слично како и Близнаците, се сомневаат во неверството на партнерот бидејќи и самите сакаат да ги привлекуваат туѓите погледи, па претпоставуваат дека тоа го прави и нивниот партнер. Ако партнерот им даде повод за љубомора, ќе го истражат целосно неговото однесување и ќе треба голема мака за да се разубедат дека не е така и повторно да стекнат доверба.

Вагата се сомнева, но рационална е

Вагите не се склони на љубомора, но партнерот кој ја тестира нивната љубомора го очекува тешка ситуација. Ако се почувствуваат загрозени, тие рационално ќе земат предвид сè што знаат и ќе станат непредвидливи и опасни. Иако изгледаат мирни припадниците на овој знак ќе ви се осветат заради состојбата во која сте ги довеле.

Скорпијата е лидер во љубомората

Скорпиите се најљубоморен знак иако постојат исклучоци. Не се воопшто тактични кога тоа го покажуваат, не одбираат зборови и може да се чувствуваат издадено за работи на кои други и воопшто не би реагирале. Тешко ја признаваат љубомората со зборови, но таа јасно се гледа на нивното лице.



Стрелецот веднаш ја решава проблематичната ситуација

Припадниците на овој знак немаат ниту време ниту трпение да чекаат за да видат како ќе се одвива ситуацијата или да бараат начин за да го уловат партнерот. Тие веднаш реагираат и кажуваат што им смета. Така сакаат и да се заштитат, бидејќи знаат дека не можат да издржат во долги преправања и љубоморни игри.

Јарецот поради љубомора се повлекува во себе

Ретко си признаваат себе дека се љубоморни, а најважно им е личното достоинство. Ако се љубоморни стануваат ладни, затворени и пресметливи, но не избрзуваат со реакциите. Сепак, ако пронајдат конкретни докази, тогаш засекогаш ја затвораат вратата за партнерот.

Водолијата вешто ја крие љубомората

Припадниците на овој знак по својата природа имаат многу голема доверба во партнерот, најмногу поради тоа што претходно требало многу повеќе да се потруди за да ја добие нивната љубов. Ако поминал на тој тест, ретко ќе биде на мета на љубомората која Водолијата ја смета за најлошо нешто во љубопвта. Поради тоа, кога се погодени од тоа молчат и се трудат побрзо да заборават.

Рибите се повеќе несигурни, отколку љубоморни

Рибите потполно се предаваат на љубовта , а поради тоа и како партнери се многу ранливи. Ако почувствуваат љубомора, поради несигурноста причините ќе ги бараат во себе и ќе патат. Иако со сето срце се трудат да му простат на партнерот, нивната несигурност тоа не им го дозволува.[DOUBLEPOST=1398898023][/DOUBLEPOST]Реалните карактеристики на хороскопските знаци: Овенот е спонтан, Вагата љубезна, Јарецот секси

Постојат одредени фрази со кои точно и на кратко се опишуваат вистинските карактеристики на хороскопските знаци. Да не се залажуваме и да не ги украсуваме работите. Ова е вистината која треба да ја прифати секој хороскопски знак.



Овен

Отворен. Допадлив. Спонтан. Не сакате да го видите разлутен. Забавен. Одлично се бакнува. Едноставно неодолив. Сака долги врски и важно му е семејството. Познат е по дарежливоста и великодушноста. Верен. Гласен. Секогаш мора да се во право. Едни од најубавите луѓе на светот.

Бик

Агресивен. Обожава долги врски. Сака да се кара, особено за она што го сака. Знае да биде досаден, но ќе направи сè за внимание. Сака да помага, но тврдоглав е. Грижлив. Може да биде егоистичен и ако нешто сака ќе направи сè за да го добие.

Близнаци

Добри. Одлично слушаат. Љубовници се, но не и борци. Сакаат да мудруваат. Лесно се навредуваат. Лесно губат работи и многу се заборавени. Зборлести се. Лесно простуваат. Сакаат да се бакнуваат. Имаат прекрасна насмевка.

Рак

Одлично се бакнуваат. Добро изгледаат. Единствени во својата заљубеност. Романтични. Најгрижлива личност која ќе ја запознаете во животот. Повеќето се уметници или гласноговорници. Ако Ракот ви го отвори срцето и ви дозволи да влезете, ќе останете таму засекогаш.

Лав

Одлични соговорници. Атрактивни и страсни. Опуштени. Главно се среќни, а кога се несреќни стануваат детинести и мрзоволни. Неговиот проблем мора да стане сечиј проблем. Повеќето од нив се предвидливи и монотони. Сакаат долги врски. Зборлести.

Девица

Доминантна во врските. Грижлива, паметна, гласна. Сè што отсекогаш сте сакале. Лесно може да ѝ се угоди. Сака да се коцка и да ризикува.

Вага

Љубезна кон сите што ги запознава. Негува единствен изглед. Грижлива личност. Може да предизвика хаос, но ако сака може и да го спречи. Верен пријател од почеток до крај.

Скорпија

Обожува вицеви. Има одлична смисла за хумор. Сака сè да проба барем по еднаш. Сака кога некој ѝ угодува. Полна со енергија, одлично се бакнува. Секогаш го добива тоа што го сака. Привлечна. Сака долги врски.

Стрелец

Спонтан. Одлично изгледа. Сака долги врски. Дава многу љубов. Индивидуалец. Лесно го губи трпението и не поднесуваат лаги. Ако се лошо расположени, подобро да ги избегнувате.

Јарец

Сакаат да провоцираат. Дрски. Интелигентни. Секси. Повремено мрзливи и напорни. Сакаат да работат полека и без паника, а кога ќе ја пронајдат работата што ја сакаат, целосно се предаваат. Горди, полни со разбирање. Паметни.

Водолија

Доверливи. Привлечни. Одлични љубовници. Сакаат долги врски. Многу се трудат. Ги прифаќаат сите обврски. Горди се на себе. Неуредни. Миленичињата ги сакаат повеќе од семејството.

Риби

Грижливи и нежни. Паметни. Сакаат да бидат во центарот на вниманието. Многу организирани. Привлечни. Тешко можете да ги задржите. Страсни. Одлични љубовници. Понекогаш премногу веруваат во луѓето и лесно може да бидат повредени.
 
Последно уредено:

BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
Близнаците се сомневаат поради личното однесување

Иако лично не се склони кон љубоморни сцени припадниците на овој знак се сомневаат во верноста на партнерот бидејќи и самите често флертуваат. Сепак, остануваат смирени и го наведуваат партнерот сам да го открие своето неверство, доколку го има. Но, нема да бидат среќни доколку се докаже дека се во право.

Вагата се сомнева, но рационална е

Вагите не се склони на љубомора, но партнерот кој ја тестира нивната љубомора го очекува тешка ситуација. Ако се почувствуваат загрозени, тие рационално ќе земат предвид сè што знаат и ќе станат непредвидливи и опасни. Иако изгледаат мирни припадниците на овој знак ќе ви се осветат заради состојбата во која сте ги довеле.

Близнаци

Добри. Одлично слушаат. Љубовници се, но не и борци. Сакаат да мудруваат. Лесно се навредуваат. Лесно губат работи и многу се заборавени. Зборлести се. Лесно простуваат. Сакаат да се бакнуваат. Имаат прекрасна насмевка.


Вага

Љубезна кон сите што ги запознава. Негува единствен изглед. Грижлива личност. Може да предизвика хаос, но ако сака може и да го спречи. Верен пријател од почеток до крај.
Овие точни се, ама ова црвеново од збор до збор :D Особено тоа болдот црвен. Затоа и така никот ми е :icon_lol:
 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.320
Поени од реакции
17.764
Јас сум девица, во подзнак стрелец.
Тоа со девицата сувишно е да коментирам. А ова со подзнаков никако да го запамтам. Сум била на преминот измеѓу стрелец и скопија.
Ама повеќе влечело накај стрелец. И тоа на буква с и тоа на буква с. И никако да се запамтам дали сум скорпија или стрелец.
Во секој случај, не ги знам баш карактеристиките на хороскопските знаци. Освен на мојот. :ROFLMAO:
Ама и онака абер немам од спиење, ќе си најдам занимација барем. Стрелциве да ги простудирам. :icon_lol:
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Јас сум девица, во подзнак стрелец.
Тоа со девицата сувишно е да коментирам. А ова со подзнаков никако да го запамтам. Сум била на преминот измеѓу стрелец и скопија.
Ама повеќе влечело накај стрелец. И тоа на буква с и тоа на буква с. И никако да се запамтам дали сум скорпија или стрелец.
Во секој случај, не ги знам баш карактеристиките на хороскопските знаци. Освен на мојот. :ROFLMAO:
Ама и онака абер немам од спиење, ќе си најдам занимација барем. Стрелциве да ги простудирам. :icon_lol:
И најде нешто? :D

Доколку не најде тогаш јас имам дома книга во која многу добро пишува и објаснето е ќе ти напишам нешто за твојата комбинација (y)
 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.320
Поени од реакции
17.764
^^^ Па мислам дека само карактеристиките од Фемина ги прочитав. :D
Тука негде се карактеристиките, само што не сум до толку авантурист. А вистина е дека сум оптимист и дека често сум имплусивна. Дека стрелците обожаваат патувања. И она дека секогаш кога раскажуваат за тие нивните авантури малку преувеличуваат, но тоа е со цел да ги забавуваат нивните пријатели. :свиркам: Не е вистина дека секогаш сум искрена и дека ги повредувам чувствата на другите, затоа што немам храброст да кажам некои нешта, доста сум срамежлива. И овие работи ме погодија, што беа наведени во омилени работи: смеа, караоке, приказни кои инспирираат. Работи кои ги мразат: предрасуди, досада, зборовите „не можам“, сериозност. Можете да ги најдете: Како организираат шоу за таленти; како кажуваат несоодветни шеги на состанок; патувајќи низ Јужна Америка.
Ама добро би ми дошло тоа како комбинација девица и стрелец во подзнак. :D
 
H

HoT IcE

Гостин
Луѓе, дали може некој да ми даде линк за риби, општо све, карактеристика, интересни и слично. И како стојат со јарецот.:D
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
Луѓе, дали може некој да ми даде линк за риби, општо све, карактеристика, интересни и слично. И како стојат со јарецот.:D
Ljubovna kombinacija ti treba za so jarec?
 

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Да, може. И општо како фукнционираат, не само на љубовен план.
Повели за: , имаш карактеристики и љубовната комбинација лесно ќе ја најдеш а еве и за во случај да не си нашол :).
 
H

HoT IcE

Гостин

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Ако можеш за бик нешто?
И близнаци.
:X3:
На мене ли ми се обрати? :)))
Нејсе, и онака читкам нешто таму па повелеле за и Бирај што те интересира поточно :).
 

BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
Најдов нешто па викам ај да го споделам :D
Кога се работи за врска, штом има чувства, секогаш има и шанси за добра иднина. Ама астрологијата не мисли така.
Според оваа наука има знаци кои ќе бидат заедно и тоа со минимален труд и малку компромиси. Ја има и другата крајност – комбинација од знаци кои ќе останат заедно со цената на многу пролеани солзи. Проверете во кој група припаѓате!
Црвената лента е за жени, сината за мажи, и срцето каде се пресекуваат знаците е прогнозата за вашата врска. Откако ќе се пронајдете на табелата, проверете што значи знакчето во легендата подоле.

Розово срце со стрелка – Сродни души, родени еден за друг, вистинска љубов и одлична хармонија…
Црвено срце – Фантастичен пар! Вие не само што сте добри партнери, туку и добри пријатели…
Жолто срце – Или силно пријателство без страст, или силна страст без разбирање…
Зелено срце – Едниот секогаш ќе се обидува да го потчини другиот. Тешка врска…
Сино срце – Премногу се дразните еден со друг. Како да сте непријатели, а не партнери…
Виолетово срце – Премногу исти и премногу различни. Врската е речиси невозможна…
 

Kajgana Shop

На врв Bottom