Ај што повторно го згреши името на играчот(Квадрадо), ама па и моето да го згрешиш?
Никад нема да му га погоду, прекомплицирано за мој IQ.
Долго бев отсутен од форумов, па сум ги заборавил ликовите. Кој ти беше претходен јузер?
@HoT IcE Не брат не е до ракију, серија е у прашање.
Лимитиран играч е Турчинот, не е ништо подобар од Вилиан, па ајде и Квадрадо, нормално мислам ако се адаптира „просечно“ на пл.
Турчинот ме потсеќа на Малуда на времето, сличен стил на игра и успони и падови во формата.
Не гледам како би придонел и сменил нешто во играта на Челзи.
Оскар е многу јак играч само проблемот е што ја нема кондицијата на Вилиан т.с не може да изигра во сезона 50 натпревари.
Мислам дека формата му паѓа токму поради факторот кондиција. Секоја сезона ја почнува многу јако, за да во дек - јан му опадне формата, по го трефне некоја повреда и тоа е тоа.
Да има шанси да стане светска класа на играч има, плус мислам дека и физиономија му одговара за премиер лигата.
Вилиан претходно и јас самиот го критикував ама од како видов дека сезонава скоро 75% ја одигра и притоа трчање како коњ офанзива - дефанзива го сменив мислењето. Сега неможат сите да дриблаат како Хазард мора некој да ја врши и улогата на радник на теренот.
Ма да мислам дека оваа сезона значително ќе си ја подобри статистиката и ќе стигне до бројката 10 во голови и асистенции.
Се слажам со Донев за Стонс, детево има огромен потенцијал ако не и најголем од сите Англиски таленти, само уште му е рано за кај нас барем уште 1-2 сезони нека игра стандардно во Евертон, па после да си го земеме за едно 30 милиони.