Фан Клуб: Челзи

W

wicked_1

Гостин
Vie taka si mislite deka nema udel, retko igrac da si pobara sam transfer pogotovo od klub kako Celzi
Не е точно оваа стефи. Колкав и да е успехот на еден играч и у каков клуб да игра, доколку му е понудена или гледа можност за поголема плата, у 70% од случаите поднесуваат барања за трансфер преку агенти и слично.

Мата беше најпрост пример, со него на почеток со медиумскиот хајп изгледаше дека му беше проблем седнувањето на клупа и да биде замена, ама коа го потпиша договорот со Јунајтед немаше клаузула со гаранција за прв состав, а имаше гаранција за дупло поголема плата, и веќе не беше проблем дали ќе игра 90 или 25 минути.

Ширле е скроз различен случај, џабе се обидуваме да сведуваме се на една апсолутна причина зашо некој напушта клуб.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Нема да се случи ова никогаш.

Исто така сме се интересирале за Баба Рахман, млад лев бек од Аугсбург. Бундес стручњаци велат дека е многу добар. Најверојатно Филипе се пакува.

Калас и Кристиансен се во полуфинале на шампионатов за играчи до 21 година и двајцата играат одлично. Без претерување, особено Калас. Мислам дека е зрел и дека треба да го зачуваме, наместо да купуваме централен дефанзивец.
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.183
Поени од реакции
16.627
Погба ви побарал 10м плата минимум, а агентот негов 20% од трансфер сумата. :)
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Пуштете ги накај Интер Фелипе и Салах,многу ќе ви бидеме благодарни :D
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Пуштете ги накај Интер Фелипе и Салах,многу ќе ви бидеме благодарни :D
Луис ќе заврши во Мадрид. Ако случајно се смени во меѓувреме, може да го земете вие. Одличен бек е, криво ми е што ќе го пуштаме. Салах, слободно за дваесет и нешто милиони земајте го. Дури верувам во негова успешна кариера во Сериа А.
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
2.975
Поени од реакции
1.935
Хм а кој менаџер всушност ја кажува вистината, во глобала сите велат едно а на крај излегува трето.
Се е тоа тактика за да извлечат повеќе пари од другата стана која ја инволвирана во случајот.

Гвадрадо (му го погодив името конечно :) ) во Англија може да биде просечен играч. Најблизу што ми текнува за асоцијација на играч ми е Валенсија. Тврд работник на терен, ништо повеќе со просечна статистика во офанзивен дел.
Дадовме солидна сума за него, имаше 6 месеци да се прилагоди, во глобала како што кажа Ајс, не е ни на ниво на Академец, во Италија е проверено добар играч, значи сума од 20 мил ако имаме на маса требало би да се прифати.
Сме пробале не бива, продавај одма. Мое мислење е ова моментално, дај боже да ме демантира немам ништо против.

Шурле, Мата, Чех. Луиз се светска класа на играчи и не заслужуваат да имаат лимитирана минутажа, за Челзи го дадоа максимумот, заслужија прв тим ама ете сплет на околности им резултираше поголемиот дел од сезоната да го минат на клупа.
Сега дали самите поднеле трансфер или не, дали клубот ги продал со намера или не ( факт е дека сите заминаа за добри суми и клубот добро профитираше од нив) мене не ме засега.
За мене Чех, Мата, Лампард никогаш нема да бидат предавници иако кариерите ги наставија во директни наши ривали, заслужуваат респект, бидејќи сите го дадоа максимумот за клубот, а на некој начин клубот не испадна фер спрема нив.
Ама за мене Мурињо > од било кој играч, знам дека знае што прави, знае кој играч му треба и како да го искористи и верувам во неговиот проект и филозофија.


За Калас се слажам со Зоки, заслужува шанса пред некој друг рандум дефанзивец што треба да се купи сезонава.
Исто така давам подршка за младиот лев бек ма да искрено немам врска кој е и што е. Ама ајде ако управата рачуна на него ок, ма да сумата за негов трансфер не треба да изнесува повеќе од 10 мил.
Фелипе е исти случај како Реми сезонава, добар е максимално си ја искористи шансата ама не е светска класа на играч.
Во глобала негово отсуство од тимот може да се надомести.[DOUBLEPOST=1435120081][/DOUBLEPOST]
Пуштете ги накај Интер Фелипе и Салах,многу ќе ви бидеме благодарни :D
30-че и ваши се. :D
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Ај што повторно го згреши името на играчот(Квадрадо), ама па и моето да го згрешиш? :D
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Ќе биде интересно ако им ојбавите војна на Сити за Рахим :Д
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.594
Поени од реакции
52.421
Моментално вака стоиме со шпекулации:
  • заинтересираност за Гризман, ама нема шанси да се плати клаузулата од 43 милиони фунти. Салах плус пари би била можна опција
  • Туран сака во ПЛ, а Челзи бил во предност пред другите. Можно е да го вметнат Луис како замена. Во било кој трансфер со Атлетико уствари можно е да го искористат Луис
  • ако направат некој договор со Атлетико и го дадат Луис, како замена за лев бек се спомнува некој Баба Рахман од Аугсбург
  • сме го контактирале Раиола за Погба, и било каква понуда очекувам да вклучува и играч, ама нема шанси ова да се случи
  • Микел најверојатно оди во Дубаи
  • неговото место наместо Погба по реално е да го пополни некој од Сонг или Витсел. Јас би Витсел, ама се збори дека Милан се веќе во напредни преговори со него. Не дека не можеме да им го земеме дури и да го договорат. И Сонг е ок.
  • Реми ако одлучи да си оди, можно е да го замениме со Чарли Остин
  • размислуваат за Стерлинг. Ако прават понуда, ќе биде тоа 40 милиони фунти take it or leave it
Мислам дека не заборавив ништо. Моментално нема баш многу информации за дефанзивец.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Арда, Турчето. Убав плеј плус голем работник. Би бил засилување на Мурињо. Ми се допаѓаат трансфериве и играчите со кои се поврзуваме изминативе четири трансфер периоди. Дури верувам дека Арда ќе го направи Оскар подобар играч.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom