Фан Клуб: Челзи

Член од
3 јануари 2015
Мислења
245
Поени од реакции
509
Доаѓање на Арда нема да направи никаква разлика, работници на средината има многу. Арда е тип на фудбалер каков што сака Жозе, ама сепак мислам дека повеќе недостига техника и креативност.

Иначе за Витсел прочитав дека наводно дека Милан не успеа да се договори со Зенит.

Што се однесува до Баба, Скај пренесе изјава на спортскиот директор на Аугсбург како наводно никој немал доставено понуда за него.

Салах далеку пореално е да се пресели во Италија, каде што постои интерес од Фиорентина и Интер. Не знам од каде информациите на тие некои фан клубови дека имало понуда пари+Салах за Гризман.

И за дефанзивец, најмногу се зборува за Џон Стоунс (шпекулации) и многу би сакал да се пресели на Бриџ.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Арда нема импресивна статистика, исто како Вилиан. Ама дека не е креативен, не се сложувам воопшто. Оскар е помалку креативен, повеќе директен. Арда е баш спротивното. Ќе се надополнуват еден со друг.

Повеќе ни е потребен таков играч, отколку крилен како Гризман. Бидејќи по крила ги имаме Хазард, Вилиан, Квадрадо, па ако сакате и Траоре. А на позиција десет го имаме само неконстантниот Оскар.
 
H

HoT IcE

Гостин
Сфаќам дека го мразиш Оскар, ама Оскар е бог и батина и за Вилиан и за Арда кога се работи за креативност, читање на игра и брза пас игра.
Оскар имаше слаба сезона, и тоа со очекување колку имаше играно, плус цело лето без одмор лани и тоа си зема данок. Иначе е фантастична десетка која одлично ја чита играта и знае да креира игра, и уште подобро покрива у дефанзива.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Не мразам јас.

Ми ги потенцираш сите работи кои не се неопходни за квалитетна десетка. Читање на игра, покривање, сето тоа е океј, за било која друга позиција на теренот. Да игра поповлечено во среден ред, тогаш немаше толку да имам замерки и работиве што ги кажа ќе ги земев во предвид. Но, тој игра позади напаѓачите и на позиција која бара креативност. Затоа и беше замена за Мата, додека не му светна на Мурињо да го избрка, затоа што не покривал доволно во дефанзива, што беше глупост сама по себе.
Оскар немаше послаба сезона, Оскар три години нема добра сезона за Челзи и тука има разлика. Подобар од Вилиан не е во ниту еден сегмент во играта, единствено што е помлад па сите се надеваат дека со тек на време ќе стане добар фудбалер

Не е покреативен од Арда, Бог и батина па ич. Ги следам Атлетико многу често изминативе сезони и тврдам дека кога играа фудбал и не беа дефанзивни, целата игра им се базираше на двоецот Коке - Арда. Откако дојде Гризман, малку Турчинов падна во сенка и фокусот се префрли кај него.

Бог и батина, фантастичен, тоа да го кажеш за Оскар е тотално несфатливо. Просечен играч кој има среќа што се нашол во таков клуб и има среќа што тренерот на тој клуб е заљубен во такви играчи.
 
Последно уредено:

Dr.House

Аудиофил
Член од
18 февруари 2010
Мислења
2.546
Поени од реакции
3.845
Пола фанклуб како пишува за Оскар, мислиш Ацо Стојков е.. Дајте го и него навака ако ви смета :rolleyes:
 
H

HoT IcE

Гостин
Итекако е поквалитетен и покреативен од Вилиан и Туран заедно. А за тоа дека не игра што треба да игра десетка не си ми јасен. Што конкретно бараш кај десетка? Еве погледни ги мечевите кога Оскар игра на 10ка колку убаво проигрува со напад и Хазард. Има фантастични ации, пети и асистенции, одличен е. Плус знае да се најде во гол шанса често. Буквално Оскар за неговите години уште сега е играчиште за мене, и ќе биде грешка да се продаде. А тоа дека е млад само доволно зборува уште сега колку е добар и каков потенцијал поседува. Со Мурињо на клупа итекако ќе напредува, и во тоа сум сигурен. Ја би направил само мала корекција, а тоа е Оскар да го вратам на позиција на Фабрегас пошто овој е дупе у одбрана, а Оскар како Лампард што играше. Е тек тогаш ќе гледаме вистински партии од него. За мене Оскар е подобар у секој сегемнт од Фабрегас во фул форма кога се и двајцата. И секогаш би го играл пред Вилиан, Фабрегас или Туран у добра форма.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
И те како е подобар зошто јас велам така. Не води никаде дискусијава :)
Креативноста на Оскар е минимална, недоволна за тим како Челзи. Во Стоук би бил супер играч. Очигледно е дека гледаме фудбал односно Челзи со различни очи. Можеме да прашаме и неутралци, дали Оскар е Бог и батина за играчи кои играат во топ екипи и лиги и дали Оскар е одличен и фантастичен и дали Оскар е подобар од Вилиан и Арда, па уште и од Фабрегас. После Фабрегас малку и смешно ми е. Toj не е лош играч, просечен е. Со простор за напредок секако. Ама ако Челзи не може да го чека Квадрадо 6 месеци да се адаптира во Челзи, ако не може Луис да го чека да заигра во стара форма, ако Микел цела деценија престојуваше во клубов, тогаш не гледам зошто ние треба да го чекаме Оскар, еве веќе четврта сезона.

Не мора да се продава, нека биде squad player, нека игра против Марибори и Брадфорди, само да не го гледам во прв тим.
 
Член од
1 септември 2014
Мислења
5.148
Поени од реакции
7.850
Ацо Стојков е бог и батина за Оскар
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.578
Поени од реакции
52.391
И за дефанзивец, најмногу се зборува за Џон Стоунс (шпекулации) и многу би сакал да се пресели на Бриџ.
Еј да, го заборавив Стоунс. Ептен би сакал да дојде, само има еден проблем. Уште е млад, а не е доволно развиен. Мора да игра што повеќе за да си го исполни потенцијалот. А тоа кај нас тешко, бар сезонава. Затоа можда најдобро е да се почека уште една сезона, и ако се покаже добро да се земе наредна година.
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
2.958
Поени од реакции
1.928
Ај што повторно го згреши името на играчот(Квадрадо), ама па и моето да го згрешиш? :D
Никад нема да му га погоду, прекомплицирано за мој IQ. :D

Долго бев отсутен од форумов, па сум ги заборавил ликовите. Кој ти беше претходен јузер?

@HoT IcE Не брат не е до ракију, серија е у прашање. :)

Лимитиран играч е Турчинот, не е ништо подобар од Вилиан, па ајде и Квадрадо, нормално мислам ако се адаптира „просечно“ на пл.
Турчинот ме потсеќа на Малуда на времето, сличен стил на игра и успони и падови во формата.
Не гледам како би придонел и сменил нешто во играта на Челзи.

Оскар е многу јак играч само проблемот е што ја нема кондицијата на Вилиан т.с не може да изигра во сезона 50 натпревари.
Мислам дека формата му паѓа токму поради факторот кондиција. Секоја сезона ја почнува многу јако, за да во дек - јан му опадне формата, по го трефне некоја повреда и тоа е тоа.
Да има шанси да стане светска класа на играч има, плус мислам дека и физиономија му одговара за премиер лигата.
Вилиан претходно и јас самиот го критикував ама од како видов дека сезонава скоро 75% ја одигра и притоа трчање како коњ офанзива - дефанзива го сменив мислењето. Сега неможат сите да дриблаат како Хазард мора некој да ја врши и улогата на радник на теренот.
Ма да мислам дека оваа сезона значително ќе си ја подобри статистиката и ќе стигне до бројката 10 во голови и асистенции.

Се слажам со Донев за Стонс, детево има огромен потенцијал ако не и најголем од сите Англиски таленти, само уште му е рано за кај нас барем уште 1-2 сезони нека игра стандардно во Евертон, па после да си го земеме за едно 30 милиони.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.578
Поени од реакции
52.391
Сизн ривју. Заборавив да ви го ставам, мене само што ми се симна, ептен споро идеше.

Иначе @RATM на Оскар мора да му се даде уште една сезона според мене, а мислам дека и Мурињо го мисли истото. Од кога е дојден на 20 години нема асален одмор, игра нон стоп за Челзи и за репрезентација и мислам дека тоа ептен влијаеше на константноста која ја немаше. А кога е во форма си гази, асистенции, голови, одлични проигрувања со Хазард, Вилиан, покривање по цел терен. Летово еве за прв пат после толку години има одмор и од него очекувам следна сезона да се издигне на повисоко ниво и цела сезона да ја изигра ко што треба. Е ако не го направи тоа, после веќе може да се прекомандува во squad player и да му се преполоват минутите на терен, па и да се продаде ако стигнат добри понуди.
 
H

HoT IcE

Гостин
И сами знаете дека ја ретко бранам некој играч што не игра добро или што не е константен. Ама во случајот со Оскар има навистина многу фактори кои му ја оправдуваат ситуацијата, и уште толку фактори што ни говорат за каков играч се работи. И сезонава имаше неколку добри мечеви.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom