Не ја прочитав целата изјава после натпреварот вчера, ама негде прочитав демек спомнал дека после комплетирањто на трансферот на Канте, сега се фокусирани на купување дефанзивец. Што реално остана единствената позиција која мора да се засили. После тоа се е бонус.
Јас дури и би купил двајца за позади, еден централен и еден бек. Најдобро би било да му се одреди една позиција на Азпи, и да се купи бек за спротивната страна. Иванович веќе не може да е стартер цело време.
Ако претпоставиме дека би играл најчесто со 4-3-3 како вчера, ова ни е моменталниот состав:
Куртоа/Бегович/Блекмен
Иванович/Аина - Кејхил/Зума/Џилобоџи - Тери/Миазга/Хектор - Азпиликуета/Баба
Фабрегас/Оскар - Канте/Микел - Матич/Лофтус
Вилиан/Квадрадо/Мозес - Коста/Мичи/Траоре/Реми - Хазард/Кенеди/Атсу
Џилобоџи, Хектор, Мозес, Реми и Атсу може слободно да се продадат. Да се донесе централен дефанзивец и можда бек, и готово. Оскар го ставив кај Фабрегас затоа што во ваква формација многу повеќе би му одговарала таа позиција наместо крило, а и имаме зборено дека може доста добро да се снајде и поназад.
Вака доста добро изгледа тимот и доколку успее Конте да ја наметне својата игра, и да добие целосна доверба од играчите, верувам дека би можеле да постигнат успех.