Фан Клуб: Челзи

Член од
16 јули 2010
Мислења
2.920
Поени од реакции
1.903
Фала Донев.

Прво нешто што ми падна во очи на овие две пријателски е дека му фали кондиција на тимот.
Коста здебелен, Матич спор како желка итн. Овие двајца ми се мотаат во глава бидејќи од нив имаме големи очекувања инаку глобално целиот тим е во голем минус.
Исто и Фабрегас за Шпаниците потфрли многу.
Но позитивно е дека ако некој може да ги врати во фул кондиција тоа е Конте.

Мозес ме изненади пријатно. За овие два натпревари кои ги одигра направи повеќе спринтови од Хазард целата прошла сезона.
Босиве не се некое мерило, но има уште 4 припремни и ако продожи вака, мора да му се даде шанса.

Друга работа многу ми е криво што поради некои шалабајзери како Микел, страдаат таленти како Чалоба. Детето располага со огромно разбирање за фудбал, добар со топка и интелегентен во размислување.
Да му се даде шанса сигурен сум дека ќе биде едно 3 класи подобар од копитото.

Џилабоџи солиден, имаше 2-3 грешки ама пак имаше и добри потези.
Хектор исто така не беше лош, малку претеруваше со егзибициони додавања, но ми се свиѓа што ја има таа фудбалска дрскост да превземе одговорност а и доста е комотоен со топка.
Аина исто добар.

Мичи како за прва утакмица добар, одлично чита игра и влегува во простор.

Оскар само го мачиме нема капацитет за Челзи... подобро нека се продаде а таа минутажа да му се остави на Лофтус.
 
H

HoT IcE

Гостин
Мене па од тоа што видов сега на од хајлајциве ми се свиѓа што Лофтус е ставен како втор напаѓач. Има физикус, висина, брзина и многу добра 1 на 1 игра, брзо дрибла и не се плетка со топка, не знам зошто ама мислам дека ова ќе му биде супер позиција со оглед на тоа дека ќе може да покрива и назад кога ќе играме подефанзивно. На средина некако потрапав ми е, ми губи топки и некако бргу се ослободува од топка. Ќе видиме што како, ми се свиѓа што Конте експирементира со позиции на играчи, гледам и Оскар и Аина играле на различни позиции. Ова го немаме видено од времето на прва ера на Мурињо. (y)
Траоре пак гол, детево каков сенс има каде да се најде во гол шанса е нешто фантастично. Мичи одлична агилност и физикус, лајкче.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Не бев во можност да го гледам мечот. Некоја новина, младите, Бачуаји?

Инаку:


Ова може да значи и дефинитивно заминување на Коста. Дури и Конте на пресот не ми делуваше сигурен за неговото останување. Истото го кажа и за Квадрадо, па Ди Марцио пиша дека Челзи има намера да го продаде. Јуве, Милан и Интер биле сериозно загреани.

Доколку Коста сака да си оди, ваквиот трансфер ми изгледа логичен. Но доколку Коста остане, сметам дека трет шпиц воопшто не ни е потребен.
 
H

HoT IcE

Гостин
Освен Азпи и Вилиан све друго шпанско и бразлиско од тимов би намавал без око да ми трепне.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.533
Поени од реакции
52.307
Нема ништо ептен конкретно уште за Лукаку, освен тоа од Ди Марцио. Во секој случај не би сакал да си оди Коста, а секако ништо чудно и да сакаат уште еден напаѓач да донесат. Затоа и се збори цело време за Мората и Лукаку.
Како што видовме на двете пријателски, планира со двајца напаѓачи да игра, па да имаме четворица во тим не е на одмет. Коста, Лукаку, Мичи и Траоре би било ептен јако.
Ама доколку си отиде Коста на крај, воопшто нема да ми се свиѓа ситуацијата...
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
2.920
Поени од реакции
1.903
Не верувам дека ќе си иде, но ако замине тимот ќе загуби многу, преголемо влијание има кога е на теренот.

Лукаку за 60 мил?
Подобро да се тргне на Кејн со тие паре.

Уф што добро ќе дојдат 30-те милки од некој во Италија.
Таков играч веќе е тука (Мозес), само овие ќе ни завршат работа :)
Инвестиција која ќе се искористи во штопер.
ЕКОНОМИЈА БАЈО МОЈ :D
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.533
Поени од реакции
52.307

Уште не ми е јасно како можеа толку аматерски да постапат лани. А и си призна Мурињо дека им дале премногу одмор на играчите, се опуштиле сите по освојувањето на титулата, и повеќето се вратија здебелени и во никаква форма. Кој аматерски потег :facepalm:
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Нема ништо ептен конкретно уште за Лукаку, освен тоа од Ди Марцио. Во секој случај не би сакал да си оди Коста, а секако ништо чудно и да сакаат уште еден напаѓач да донесат. Затоа и се збори цело време за Мората и Лукаку.
Како што видовме на двете пријателски, планира со двајца напаѓачи да игра, па да имаме четворица во тим не е на одмет. Коста, Лукаку, Мичи и Траоре би било ептен јако.
Ама доколку си отиде Коста на крај, воопшто нема да ми се свиѓа ситуацијата...

40 милионски напаѓач(Бачуаји), или 60 милионски напаѓач(Лукаку) за на клупа? Непотребно луксузирање. Дури и да играме со двајца напред, нека остане Реми и ете ги Траоре, Педро, па и Хазард, кои можат да играат истурени во нападот.

Со 60-те милиони би купиле двајца дефанзивци. А тоа треба да ни е приоритет во моментов.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Паника за малце меше што пуштил Коста, требаше Руни да го земете пред 3-4 сезони да видите како е да се врати со 10 кила + и да го слабеете до средина октомври :D
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.536
Поени од реакции
14.669
јас се надевам дека матич ќе си ја врати формата, тој кога е во форма Челзи е неприкосновен а и под водство на Конте може многу полесно до целта.Канте и Матич дуото е плус Цеск е нешто што ми дава надеж за оваа сезона, само се надевам дека Конте ќе го опрај до почетокот на сезона, немора ни до почеток барем 5 то коло нека помини :)
 
Член од
16 јули 2010
Мислења
2.920
Поени од реакции
1.903
Минатата сезона добри 85% од тимот џабе земаа плата цела сезона, сега нека ги испотат и за лани. :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom