Фан Клуб: Челзи

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.561
Поени од реакции
52.356
Каква откупна клаузула, во Шпанија тоа. Битно е да се потпише сега затоа што наредно лето ќе има уште две години од договорот и полесно би било да се притиска за трансфер. Мурињо денес потврди дека Хазард сака да продолжи да ја гради својата кариера во Челзи и прашање на време е кога ќе биде потпишан нов договор. 200к неделно, плус се спомнуваат одредени бонуси максимум до 20к е солидна плата, не е нешто премногу големо кога ќе видиш какви плати зимаат други играчи.

Исто и Кејхил изгледа ќе потпише нов договор на три години. После одличното трансфер лето, нови договори за Азпиликуета, Куртоа, Хазард, Кејхил. Одлична работа од клубот :)
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.561
Поени од реакции
52.356

Анализа на Невил за Фабрегас во првото полувреме. Никој не играше добро, ама сепак се приметува дека не би можеле Матич и Фабрегас на големи натпревари да понудат стабилност во средината. Затоа против Сити очекувам тројка од Матич, Рамирес и Фабрегас во средината, што видовме дека одлично функционираше во второто полувреме. Против послаби тимови, доволно добри се и само Фабрегас и Матич.
 
W

wicked_1

Гостин
Како мислиш у Шпанија? Со тоа што ќе потпише нов договор до 2019та со плата од 200 илјади фунти + бонуси се дига цената односно откупната клаузула за да се купи играчот, немора да биде содржана у договорот како прецизна бројка.
Реал пошо се патетики, кај и да е за некоја година ќе тргнат по Хазард.
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.561
Поени од реакции
52.356
Како мислиш у Шпанија? Со тоа што ќе потпише нов договор до 2019та со плата од 200 илјади фунти + бонуси се дига цената односно откупната клаузула за да се купи играчот, немора да биде содржана у договорот како прецизна бројка.
Реал пошо се патетики, кај и да е за некоја година ќе тргнат по Хазард.
Добро, не е во вистинска смисла откупна клаузула која се става во договорот. Само му расте цената.
 
L.A

Член од
19 јануари 2014
Мислења
1.695
Поени од реакции
1.019
Лани штом со многу послаб тим успеавме 0-1, оваа година Стоук победи 0-1, така да мора да се продолжи во иста форма и темпо и да се победи на Етихад, инаку мислам со Шалке да почни Реми, па да се смени со Дрогба, а Коста да не биди земен во тимот, за да биди фит и одморен за натпреварот со Сити
 
W

wicked_1

Гостин
Добро, не е во вистинска смисла откупна клаузула која се става во договорот. Само му расте цената.
Најбитно од се е да му ја качат платата што повеќе, така ќе биде заштитен и клубовите ќе изгубат интерес. Како што Сити направија со Туре, Монако со Фалкао, Јунајтед со Руни итн/
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.561
Поени од реакции
52.356
Најбитно од се е да му ја качат платата што повеќе, така ќе биде заштитен и клубовите ќе изгубат интерес. Како што Сити направија со Туре, Монако со Фалкао, Јунајтед со Руни итн/
Не баш. Колку и да е добар играчот, треба сепак разумно да работиш. Лошо би влијаело и на клубот и на играчите такво нешто.
 
L.A

Член од
19 јануари 2014
Мислења
1.695
Поени од реакции
1.019
Најбитно од се е да му ја качат платата што повеќе, така ќе биде заштитен и клубовите ќе изгубат интерес. Како што Сити направија со Туре, Монако со Фалкао, Јунајтед со Руни итн/
Монако со Фалкао?
Фалкао сепак во Јунајтед ојде и покрај то :)
 
W

wicked_1

Гостин
Не баш. Колку и да е добар играчот, треба сепак разумно да работиш. Лошо би влијаело и на клубот и на играчите такво нешто.
Не постои друг начин да заштитиш перспективен играч како Хазард, секако доколку остане на просек плата Реал или Барса ќе дојдат со некои откачени понуди и играчот ќе си замине. Гледајќи по највисоки плати Барса се втор/трет клуб у светот, тоа само докажува колку е потребно да имаш позиција со која ќе можеш да ги задржиш играчите.
Монако со Фалкао?
Фалкао сепак во Јунајтед ојде и покрај то :)
Фалкао имаше операција на колено, паузираше многу време и не им се исплати на Монако да продужат да му лепат чекови. Сеа е на позајмица у Јунајтед, не е купен.
 
L.A

Член од
19 јануари 2014
Мислења
1.695
Поени од реакции
1.019
Не постои друг начин да заштитиш перспективен играч како Хазард, секако доколку остане на просек плата Реал или Барса ќе дојдат со некои откачени понуди и играчот ќе си замине. Гледајќи по највисоки плати Барса се втор/трет клуб у светот, тоа само докажува колку е потребно да имаш позиција со која ќе можеш да ги задржиш играчите.

Фалкао имаше операција на колено, паузираше многу време и не им се исплати на Монако да продужат да му лепат чекови. Сеа е на позајмица у Јунајтед, не е купен.
Да ама според медиумите Фалкао позајмицата сака да ја претвори во целосен трансфер, се шпекулира дека од следната сезона можи да потпиши договор
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.561
Поени од реакции
52.356
Не постои друг начин да заштитиш перспективен играч како Хазард, секако доколку остане на просек плата Реал или Барса ќе дојдат со некои откачени понуди и играчот ќе си замине. Гледајќи по највисоки плати Барса се втор/трет клуб у светот, тоа само докажува колку е потребно да имаш позиција со која ќе можеш да ги задржиш играчите.

Фалкао имаше операција на колено, паузираше многу време и не им се исплати на Монако да продужат да му лепат чекови. Сеа е на позајмица у Јунајтед, не е купен.
Не постои никаков начин да заштитиш играч доколку он сака трансфер. Така да ако Хазард има желба понатаму во кариерата да игра во Реал/Барса, ќе отиде без разлика каков договор има тука и каков ќе му понудат.
 
Те сфаќам во ред е ова, но клубот треба да направи се за да го заштити еден од топ 3 проспектите во фудбалот. Јас само спомнав еден од најефективните начини да се задржи играч.Тешко некој да ти плати 60+ милиони и да дава плата над 200 илјади неделно. Колку проблеми имаше Торес со трансфер само поради тоа шо имаше голема плата?
Арсенал неможеа да си ги задржат играчите од наједноставна причина, не беа во можност да им понудат високи плати. Nasri - 55.000, Clichy - 50.000, Van Persie - 90.000 итн. Како што е Хазард исто и Стерлинг од Ливерпул, со неговите 40 илјади неделно може некој лесно да понуди барем 40 милиони, и ќе се исплати пошо има ептен мала плата.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
да ама со таа висока плата која ја збори Викед доаѓа и дебел бонус кој се исплаќа кога ќе направи трансфер/ќе се обнови договорот. Е сеа, интересно е што при случај да играчот посака да замине тој бонус не го добива, останува за клубот. Така да клубовите во секој случај се во добивка со вакво работење.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom