Донев
★★
- Член од
- 9 мај 2008
- Мислења
- 35.558
- Поени од реакции
- 52.348
Моменталниот тим
Чех/Куртоа/Шварцер
Иванович/Азпи - Кејхил/Омеруо - Тери/Зума - Луис/Бертранд
Фабрегас/Рамирес/Ван Гинкел - Матич/Микел/Ромеу
Вилиан/Салах - Оскар - Хазард/Шурле
Коста/Лукаку/Торес
Супер ни е тимот според мене и има место и некој млад играч да поигра малце. Болдираните мислам дека се најдобрите 11 кои може Мурињо да ги извади. Оставив 4-2-3-1, ама мислам дека многу често ќе гледаме и 4-3-3 сезонава. Омеруо и Бертранд очекувам да одат на позајмица, Бертранд најверојатно ќе го продадат. Не очекувам уште засилувања освен Дрогба ете ако се врати, ама секако дека може да изненадат со некој, има уште повеќе од еден месец. Во одбрана не би купувал никој затоа што може и Бане да покрива централно, Азпи и десно и лево. А централно ги имаме Омеруо и Калас кои сметам дека можат да бидат битни играчи во иднина и било каков нов играч би им ја загрозил позицијата. Голманиве се кој од кој и не верувам дека и Чех и Куртоа долго ќе останат во ист тим и можно е според мене уште во јануари едниот да не напушти. Комплицирана е ситуацијата стварно затоа што Чех има уште во него, ама па од друга страна Куртоа сум сигурен дека ќе стане најдобар, иако и сега веќе е блиску до врвот и ќе биде лошо доколку го испуштиме. Најбитно сезонава очекувам да е средината. Фабрегас и Матич ако имаат добро партнерство ќе биде одлично, ама како што реков очекувам Оскар често да им прави друштво и да се повлекува поназад за да му даде повеќе слобода на Фабрегас во текот на натпреварот. По страна Вилиан и Хазард си ги знаеме со тоа што и Салах и Шурле верувам дека ќе имаат добри сезони, па зошто да не и одреден период да им е загарантирано стартерско место. Нападот секако дека сакам конечно да проработи како што треба и имам некое чувство дека ќе го видиме тоа сезонава. Само да остане Лукаку, со Торес и Коста плус Дрогба ќе имаме доволно квалитет. Коста не сметам дека е некој којзнае колку добар напаѓач, ама Мурињо заедно со Дрогба можат да го направат уште подобар и ако игра како минатата сезона, сите ќе му се смееме на драгонски. Лукаку да си работи напорно и да се бори за своето место. Има квалитет, само да научи дека не е најдобар, не е ни блиску до тоа и дека треба цела кариера да се докажува и верувам дека ќе го биде. Торес онака, нека игра по малце, а можеби и ќе проработи сега ко што треба, со уште повеќе конкуренција околу него Иванович/Азпи - Кејхил/Омеруо - Тери/Зума - Луис/Бертранд
Фабрегас/Рамирес/Ван Гинкел - Матич/Микел/Ромеу
Вилиан/Салах - Оскар - Хазард/Шурле
Коста/Лукаку/Торес