Се наближува стартот на сезоната, а Депортиво сеуште не нашол соодветни засилувања...
Засега се донесени 7 играчи, и тоа Куенка, Кањелас, Хосе Родригез, Лукас Перез и Саломао кои дојдоа поодамна и веќе ги најавив на кајганава и уште две засилувања кои дојдоа во меѓувреме.
И двајцата дојдоа на позајмици (впрочем само Куенка е под договор, сите други дојдоа на позајмици). Едниот е Иван Кавалеиро, кој може да игра како десно крило и како втор напаѓач, и доаѓа на позајмица од Бенфика, а вториот истотака доаѓа од Бенфика и се работи за Луис Фариња кој игра како плејмејкер.
Фариња засега е убедливо најдобриот играч на Депортиво во пријателскиве мечеви.
Го освоивме Тераса Херера купот во конкуренција на Спортинг Лисабон. Национал Монтевидео и Спортинг Хихон, совладувајќи го Национал Монтевидео со 2-0 и Хихон во финалето со 1-0.
Фариња како што реков беше најзабележителен на овие дуели, па и на претходните пријателски кои ги одигравме.
Сите играчи кои се споменуваа во минатото повеќе не се опции за тимот.
Веќе утре Депортиво ќе го добие и осмото засилување, а тоа е Харис Медуњанин за кој неофицијално се збори дека потпишува на 2-3 години. Останува утре да ги мине лекарските прегледи и официјално да биде претставен. Со него би добиле интересно засилување во средината на теренот со што би се затворил списокот на играчи од овој дел од теренот.
Депортиво има само двајца одбранбени бекови, но затоа Алекс Бергантињос најверојатно ќе биде резервна опција за оваа позиција. Лопо не игра на потребното ниво и затоа сигурно е само дека нашиот екс младинец Инсуа кој имаше одлична сезона во Сегунда, ќе биде стартер во централната одбрана.
Како ново засилување во одбраната се споменува Хенрик Серено кој игра за Кајзериспор. Ги има договорено деталите со Депортиво, но сеуште има договор со Кајзери кој пробува да го раскине бидејќи му должат плати. Депортиво нема намера да дава пари за трансферот...
На излезот од Депортиво се неколку играчи. Виктор Фернандез најави дека за Сеоане нема место во тимот. Изјава која наиде на многу негодувања кај фановите, но тоа е тоа... Имено Депортиво му даде уште година дена договор на Мануел Пабло, повеќе од респект кон него, отколку што може квалитативно да одговори. Сеоане имаше добри подготовки, па во моментов сигурно е подобар од Мануел Пабло, а можеби е на слично ниво, ако не и подобар од првиот избор на десната бековска позиција, Лауре. Но, Фернандез најави дека нема да смета на него и дека на негови години му треба активно играње, па најверојатно ќе оди на позајмица во тим од Сегунда.
Истото важи и за Руди, за кого дефинитивно нема место во тимот.
Хуан Карлос истотака беше на праг да го напушти тимот, но на подготовките најверојатно го увери Фернандез дека треба да го задржи во составот. Така да, Фариња и Хуан Карлос ќе ни биде изборот за плејмејкерската позиција.
Истотака доста полемики се водат и за Аризменди. Клубот сака да му го раскине договорот, но нема пари да му плати оштета. И неговата иднина во клубот е неизвесна.
Последните дилеми се во нападот. Реално во моментов нападот е НИКАКОВ: Точе ни е прв и единствен избор. Борха Бастон има уште една година позајмица од Атлетико кај нас, но Депортиво најверојатно ќе го врати во Атлетико. Се зависи од тоа дали ќе се најде квалитетна опција. Ако се најде квалитетен напаѓач, Бастон ќе лета, а веројатно Аризменди ќе биде трета опција после Точе...
Сепак примарно е да се најде добар напаѓач. Желба на фановите на Депортиво е враќање на Рубен Кастро, кој кај нас беше долги години во кои остојано се даваше на позајмици, за потоа да блесне во Бетис и да растура три сезони по ред
Како имиња за засилувања во нападот се вртеа дури и играчи од типот на Давид Виља, што за нас е научна фантастика во моментов
Со моменталниов играчки кадар, реално сме блиску до Сегунда, ако се донесе добар напаѓач и ако Фариња продолжи во истава форма, тогаш може да се надеваме на нешто. Исто ме радува и новиот тренер со неговото досегашно залагање...