Фан Клуб: Депортиво Ла Коруња

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.568
Депортиво-Барса Б 0-0
Разочарувачки меч во кој Васкез ја постави играта, така што игравме на нерешено. Истото и го добивме.
Се соочуваме со огромни проблеми со составот.
Точе е аут на 3-4 недели, Саломао до крај на сезона, Марчена на недела дена, Луизињо суспендиран, многу клучни играчи ни се аут во овој период.
Во меѓувреме како замена за Саломао го земавме Ирфан на позајмица.
Каква ни беше играта, сите очекувавме дека ќе почне нашиот слободен пад на табелата и на нашиот форум беше отвоено прашањето кога воопшто ќе биде нашата следна победа.
Сите го отпишаа тимот пред гостувањето кај Сарагоса, но:

Сарагоса-Депортиво 0-1 :icon_mrgr:
Со многу среќа дојдовме до победа која би можела да биде витална во борбата за прва лига и особено во кревањето на моралот на екипата.
Лукс одбрани две чисти шанси за Сарагоса, а потоа Лауре и Хуан Домингез одработија одлична акција која Лауре ја претвори во водство.
Потоа Хуан Карлос му даде добра топка на Луис Фернандез но овој проба да го мине и голманот и згреши.
После водството ја умртвевме играта, а Сарагоса направи уште една сто процентна шанса која за наша среќа не ја валоризираа.

Се враќа Марчена за нареден меч, а тој меч мора да го сдобиеме бидејќи играме дома со шесто пласираниот Тенерифе.

Во моментов сме втори со бод помалце од Еибар, а 4 повеќе од третите Хихон и Рекре.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.568
Огромен кикс во ова коло.
Депортиво-Тенерифе 1-1!
Изгубивме добиен меч, одново по вина на Васкез. Човеков испадна дека е поголем труп и од Олтра, Капарос и лоСтина заедно :facepalm:
Веќе неколку меча по ред почнува да игра со 5 дефанзивци на домашен терен, уште од старт на второ полувреме.
Депортиво имаше одслично прво полувреме, во кое по еден корнер, Лопо стрелаше за 1-0.
Луис Фернандез имаше шанса за 2-0, но не успеа да погоди.
Тенерифе немаше игра, но нормално Васкез уште на стартот од вториот дел реши да се брани и да го стави Марчена како нов дефанзивец.
Полека ги вадеше сите играчи од нападот и средината, а Марчена направи глуп пенал кога најмалку требаше.
Тенерифе израмни на 1-1, а до крајот и они се повлекоа во своја половина и мечот си заврши нерешено.

Депор го мачат нови повреди, нови на списокот се Инсуа и Алекс Бергантињос. Едно е позитивно, сега Васкез нема 5-ти денфазивец и сакал неќел мора да игра похрабро :icon_mrgr:
За слесдните мечеви се враќа Луисињо, што е голем плус.
Наредно коло гостуваме кај Кастиља и освен пораз, ништо друго не очекувам.

Има уште десет кола до крај, а табелата е:
Еибар 55
Депортиво 54
Лас Палмас 51
Хихон 49
Рекреативо 48
Тенерифе 45

До крај распоредот ни е:
Кастиља-Депор
Депор-Рекреативо
Мајорка-Депор
Депор-Понферадина
Луго-Депор
Алавес-Депор
Депор-Еибар
Нумансија-Депор
Депор-Хаен
Жирона-Депор

Последните два меча мора да се добијат, како и мечевите со Понферадина, Еибар и Рекре на домашен терен.
Од Мајорка и Кастиља очекувам порази, а шансата за пласман во Примера ја барам во мечевите со Луги, Алавес и Нумансија.
Мислам дека 6 победи со сигурност ни носат барем бараж :confused:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.568
Ауф, огромна победа кај Кастиља денеска.
Прилично неочекувано со оглед на тоа дека имавме огромни проблеми во составот, па како централен дефанзивец ни играше Мануел Пабло :pos:
За среќа како што читам и Анчелоти ги земал неколку играчи од Кастиља во прв тим, па ни ја олесни работата.
Кастиља-Депортиво 0-2!
Депортиво поведе со голот на Хуан Домингез по нафрлувањето на повратникот Луисињо.
Депор наѓаше во првото полувреме, но без шанси.
Во второ полувреме бајаги не стегнаа и воглавно се браневме. Кастиља не ги искористи шансите, вклучувајќи и една статива, па засилувањето Ирфан ја искористи грешката во одбранаа на домаќините и ги постави конечните 0-2.
Добра вест е што Лас Палмас губи на полувреме и плус имаат црвен :D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.568
Го добивме дербито со Рекреативо :vozbud:
Депортиво-Рекреативо 2-0!
Најдобриот меч сезонава на Депортиво. Се надевам примети Васкез дека играњето со еден куп сдефанзивни средњаци е сосема непотребно.
Пошто бевме лимитирани со играчи, игравме со тројца офназивни средњаци, Домингез, Хуан Карлос и Рабело.
Децата на Депортиво, Домингез и Карлос маестрално ја завршија работата со огромен преснг врз противничките дефанзивци и ја креираа оваа огромна победа.
Депортиво победи со одличен гол на Хуан Карлос кој полека се пробива во првиот тим.
Во понатамошниот тек од мечот, не ни беше досуден чист пенал...
На 2-0 зголеми Ифран, по одлична акција на Сисоко и Нуњез. Сисоко спушти топка за Нуњез, овој на нафрли на тацна до Ифран кој втор меч по ред ги тресе противничките мрежи.
Рекре добија и црвен картон во 70-та минута па сдо крај имавме и шанси за повисока победа. Најдобрата ја имаше Луисињо кој изби сам пред гол, али проба да го мине голманот и згреши.

Одбраната истотака одлична, Инсуа и Лопо не дозвоолија противникот да креира ниедна посериозна шанса.

Избиваме на прво место со 5 бода предност пред Еибар (кој има меч помалку) и 6 бода пред Лас Палмас односно 9 пред Рекре :cool:
Остануваат уште 8 кола во кои треба да ја задржиме една од двете водечки позиции за директен пласман.
Баражот мислам дека ни е загарантиран.

Мајорка-Депор
Депор-Понферадина
Луго-Депор
Алавес-Депор
Депор-Еибар
Нумансија-Депор
Депор-Хаен
Жирона-Депор

Горе-доле немаме којзнае колку тежок распоред. Да го тепаме Еибар би ни значело премногу, а мислам и дека ќе се случи тоа.
Следно коло може да кикснеме, ипак Мајорка не се наивен противник. На сите други мечеви мора да се иде на победа.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.568
Гггггооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооооолллллл Депортиво поведува во Мајорка со 0-1.
Погодок на Сисоко од пенал, откако Ифран беше исфаулиран по едно нафрлување на Луисињо.
0-1 на полувреме
Маорка беше подобар противник, имаше 2-3 шанси, ние имавме една шанса и пеналот кој го претворивме во гол.
Се игра изедначено, а нивните шанси дојдоа откако Рабело губеше важни топки во средината, пробувајќи некои лоши дриблинзи.
Многу работа има и за нашите странични бекови, ги изнатрчаа цел меч.
Добро е што поведовме, и можеме да го чуваме резултатот сега.
Лас Палмас изгубија вчера, па со евентуална победа Депортиво ќе оди на +9 од третата позиција и за сигурен пласман во Примера ќе му требаат само 4 победи во последните 7 меча и тоа под услов конкурентите да тепаат се до крај, што е практично невозможно :D[DOUBLEPOST=1397991873][/DOUBLEPOST]0-2 Луисињо, каков старт на вториот дел :vozbud:[DOUBLEPOST=1397992963][/DOUBLEPOST]Гази гииииииииииииииииииииии, 0-3 после една перфектна акција во која учестуваа повеќе играчи нововлезениот Борха ја запечатува судбината на Мајорка.
Се насмевнуа Примера :)

Мајорка-Депортиво 0-3!
Убедлива и релативно лесно издвојувана победа, особено перфектна игра после оствареното водство на полувреме.
Депортиво зголеми на стартот на вториот дел, откако имаше добро изработена акција од страна, неколку играчи ја пропуштија топката, оваа дојде до Луисињо кој непречен од никој зголеми на 0-2.
Третиот гол беше со одлична акција од Хуан Карлос, Сисоко и Борха, која Борха ја претвори во нов гол.
Дамка на победата остави повредата на Луисињо. Се надевам не е ништо сериозно...
Луисињо ни е клучниот играч во составот. Кога заработи пет меча суспензија, никаква игра немавме, откако се врати на терен ГАЗИМЕ :)

Земавме три бода во можеби најтешкиот меч до крајот на сезоната.
Како што кажав избегавме 9 бода од третата позиција на 7 кола до крај.
Како играат екипите во Сегунда, не очекувам дека Лас Палмас или Рекре ќе имаат повеќе од 5 победи во последниве 7 дуела (и ова е неверојатно), па Депортиво со уште 2-3 победи мислам дека сто посто ќе влезе во Примера.
Со оглед на противниците тоа не би требало да преставува голем проблем.
 
Последно уредено:
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.568
Ништо ново во Ла Коруња, таман успеавме да избегаме на табелата, се испосраме на два меча кои според составите требаше да ги добиеме.
Најпрвин го изигравме најлошиот меч минатата недела.
Меч на кој бевме тотално надиграни од Поферадина и загубивме со 0-3 на Риазор :tapp:

Викендов мечот го отворивме убаво.
Гостувавме кај Луго и веќе на полувреме имавме 0-2 со головите на Ифран и на Инсуа, после добро изведениот корнер на Ифран.
Но во второ полувреме видовме тотално нов Депортиво. Одново и одново Васкез се испичка и стави тројца дефанзивци и нормално Луго не притисна и успеа да земе заслужен бод од овој меч. На крај Луго-Депортиво 2-2!

Но за среќа играме во лига, во која буквално секој може секого да го победи. Иако на два меча освоивме само еден бод, сеуште сме први и сеуште имаме солидна предност пред оние кои се наоѓаат од трето место па надоле.

1. Депортиво 64
2. Еибар 62
3. Барса Б 57 (не можат да влезат во Примера)
4. Лас Палмас 57
5. Мурсија 55
6. Тенерифе 54

До крај има уште пет кола:

Алавес-Депор
Депор-Еибар
Нумансија-Депор
Депор-Хаен
Жирона-Депор

Мислам дека и само две победи да оствариме, па може и со ниедна победа да не оствариме, пак ќе влеземе во Примера.
Се опуштија некако фудбалерите, ама мора да се стегнат и да одиграат до крај. Ако го добиеме Алавез во следното коло, во голема мера ќе ја завршиме работата.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.568
Нов меч без победа.
Ако во претходниот меч испуштивме победа по водство од 0-2, овој гостински меч кај претпоследниот Алавез спасивме бод во последните минути.
Одново по вина на тренерот со оглед на тоа што излегува со најкукавички тактики на теренот.
Тие што се во добра форма ги заборава на клупа, прави некои нерезонски замени во составите итн.
Поминаа 38 кола, а ние уште немаме стабилна формација, постојано секое коло нешто менуваме.
Денес Алавес поведе во вториот дел, а голема вина за голот имаше и Лукс. Сепак нашиот голман се поправи неколку минути потоа, спасувајќи не од пораз.
По милионити пат сезонава судиите не оштетија и ни поништија гол ради НЕПОСТОЕЧКИ офсајд...

За потоа во последните минути Борха Бастон да постигне фантастичен погодок, негов десети сезонава и да не извади од калта.
Заглавивме против екипиве што се борат за опстанок, испаднаа подобри противници од останатите.
Лошото е што Лас Палмас ни се приближи на само 5 бода, доброто е што сеуште сме први и следен викенд имаме директен дуел со Еибар.

1. Депортиво 65
2. Еибар 63
3. Лас Палмас 60

До крајот:
Депортиво-Еибар
Реал Б-Лас Палмас

Еибар-Алавес
НУмансија-Депортиво
Лас Палмас-Рекреативо

Депортиво-Хаен
Мајорка-Лас Палмас
Еибар-Луго

Жирона-Депортиво
Лас Палмас-Понферадина
Нумансија-Еибар
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.568
Депортиво-Еибар 1-1!
Не го гледав мечот од оправдани причини, а од тоа што прочитав уште еден слаб меч.
Пред 27 000 гледачи на Риазор, Депортиво не ја искористил поддршката на фановите за да го добие дербито на Сегунда.
Единствено што може да се одбележи е голот на Ифран по добрата акција меѓу Сисоко и Домингез.

Васкез изиграва кловн со формациите и изоставувањето на Марчена од составот, како и неиграњето на Хуан Карлос човекот што беше во полна форма, креираше акции за гол во неколку битни победи на Депортиво и кога достигна полна форма, беше седнат на клупа :unsure:
Алекс Бергантињос добива преголема шанса иако игра преслаба сезона.

И покрај тоа што 4-ти меч по ред не победуваме, сеуште сме први и ја зголемивме предноста пред третиот Лас Палмас откако загубија кај Кастиља со 3-2.
Човече, ние до крај може и ништо да не тепаме, само да се молиме дека Палмас нема да тепа повеќе од една утакмица :icon_mrgr:
Лошо ќе биде наредно коло со оглед на тоа што имаме незгодно гостување кај Нумансија и сигурно нема да одиме на победа знаејќи го концептот на Васкез. Каква само изјава дал после мечов:
"I would have loved to clinch the victory, but the reality is that we ended with a draw."

Сериозно???

1. Депортиво 66
2. Еибар 64
3. Лас Палмас 60

До крајот:
Еибар-Алавес
Нумансија-Депортиво
Лас Палмас-Рекреативо

Депортиво-Хаен
Мајорка-Лас Палмас
Еибар-Луго

Жирона-Депортиво
Лас Палмас-Понферадина
Нумансија-Еибар
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.568
Петти меч без победа :вонзем:
Нумансија-Депортиво 2-1...
Нов катастрофално изигран меч. Не знам што се случува со тимот :вонзем:
Додуша ниту Нумансија не изигра којзнае што, но доволно за победа.
Како и во 90% од примените голови, така и денес примивме гол при прекин. Не знам што прават на тренинзи, ама не е можно толку голови да примат од прекин годинава...
Веднаш се вративме во игра, откако Сисоко додаде до Рабело, овој нафрли до Луизињо кој реализираше за 1-1.
Тоа беше резултатот со кој се замина на полувреме.
И одеднаш доаѓа на ред очајниот втор дел... Нуњез ја усра работата откако уште на стартот на вториот дел заработи втор жолт картон и ја остави екипата на цедило.
Во тие моменти можеби бевме и подобар противник на теренот, но сепак примивме наивен гол и загубивме. Лошо блокиравме во одбрана, Лукс исплива, противничкиот играч го префрли и прв до топката дојде играч на Нумансија кој лесно ја затресе празната мрежа...

Но во последните утакмици, некако НИШТО НЕ ЗАВИСИ ОД НАС :pos:
Веќе не сме први на табела откако Еибар славеше и не помина, но затоа Лас Палмас си дозволи од водство од 2-0 да загуби 2-3 од Рекреативо :vozbud:

Затоа во моментов табелата е:
1. Еибар 67
2. Депортиво 66
3. Лас Палмас 60
4. Спортинг Хихон 60

До крајот:
Депортиво-Хаен
Мајорка-Лас Палмас
Еибар-Луго
Сарагоса-Хихон

Жирона-Депортиво
Лас Палмас-Понферадина
Нумансија-Еибар
Хихон-Тенерифе

Можам да кажам дека 99% сме назад во Примера :D
Потребен ни е само еден бод за и теоретски да се вратиме во прва лига, па дури и со да порази мислам дека ќе ја оствариме целта затоа што не ми се верува дека другиве ќе тепаат се до крај.
Срамота ќе биде ако не извадиме барем бод со утепанициве, тогаш не ни заслужуваме да се вратиме во Примера :icon_mrgr:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.568
Утре е мечот на сезоната, во 19 часот играме со Реал Хаен на Риазор и ни треба само бод за да се вратиме во Примера.
Риазор е распродаден до последно место :)

Навивачите на Депортиво го добија признанието играч број 12 за оваа година од страна на Шпанската федерација и мислам дека втора година по ред го добиваат ова признание.
Тренингот пред утрешниот меч.
 
Последно уредено:
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.568

Водиме 1-0 на полувреме, 45 минути не делат од враќање во Примера :icon_mrgr:[DOUBLEPOST=1401562328][/DOUBLEPOST]Да има мерило за најдосадни утакмици, утакмиците на Депортиво сигурно би биле на прво место.
На кого му е гајле на крај краева КОГА СМЕ НАЗАД ВО ПРИМЕРА :vozbud::vozbud::vozbud:

Депортиво-Хаен 1-0!

VAMOS DEPOR VAMOOOOOSSSSSSSSSSSSS
 
Последно уредено:

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.410
Поени од реакции
42.663
Aj честито и овој пат да се зацементирате во Примера, па здравје Европа за 3-4 години. :D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.568
Долга работа не чека, всупност почнуваме од нула со скоро целосно нов тим :)
Пола играчи ни се позајмени кај нас, ќе видиме кој ќе остане, мада освен Сисоко другиве и не заслужиле да останат, така да очекувам подобри позамени играчи идна година :icon_mrgr:
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Честитки, сега добро трансфер лето, со млади и надежни играчи па да се задржите сега малце повеќе во премиера и пак на старите патеки.
 
Член од
25 мај 2010
Мислења
3.154
Поени од реакции
6.358
Марчена (y)
ќе го продолжи договорот или ќе иде негде на печалба?

честитки :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom