Фан Клуб: Депортиво Ла Коруња

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.569
Првите трансфер шпекулации се дека Лопо ќе го продолжи договорот со Депортиво, а останува неизвесно што ќе биде со Марчена. Проблемот е што Васкез има конфликт со Марчена. Марчена јавно зборуваше за лошата тактичка поставеност на Васкез, па затоа и дел од мечевите ги преседа на клупата. Каков шупак е овој Васкез :facepalm: Му фуфка дека Марчена е лидер на теренот, па на последните мечеви токму тој ги советуваше играчите како да се постават при прекините, по кои во текот на сеоната примивме сигурно 70% од головите.

Интересно е што Дани Аранзубиа после една година мината во Атлетико Мадрид најверојатно се враќа во Депортиво. Овојпат не знам што да кажам, дали ми е мило или не, пошто веројатно тоа значи заминување на Лукс за кого се шпекулира дека биле заинтересирани некои премиерлигаши (Астон вила првенствено). Аранузбиа би требало да ни биде прв голман, а Фабрицио втор. Исо Васкез најави дека Фабрицио ќе бил стартер идна година :eek:

Како ново засилување се најавува и Рукавина од Ваљадолид. А се очекува дека и Сисоко ќе остане во Депортиво на позајмица.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.569
Ништо од Аранзубиа. Лукс го обнови договорот на нови две години што според мене е поправилен потег отколку да се вратеше Аранзубиа и да го загубевме Лукс.
Значи Лукс и Фабрицио ќе ни бидат голманите за следната сезона.

Првото официјално засилување е левиот бек на Спортинг Хихон, Роберто Кањела.
Одлично засилување според мене, беше носител на левата бековска позиција кај лутите ривали долги години. Всушност нема ни играно вон Хихон.
Нормално се работи за позајмица и тоа без опција за откупување. Долго време не можеа да се договорат двата клуба со оглед на тоа што Спортинг Хихон бараше да има и откупна клаузула по крајот на позајмицата, додека Депортиво сакаше само позајмица. Логично е да беше обратно, ама кога е Депортиво во прашање fuck logic :D

Добро е што со доаѓањето на Кањела, Луизињо ќе може да игра како лево крило.
Изненадувачки Мануел Пабло реши да игра уште една сезона :D Со 39 години ќе настапува во примера, но не верувам да добие преголема шанса.
За десната бековска позиција предност му давам на Лауре, а потоа Сеоане и на крајот Пабло кој би требало да добие некоја тренерска улога во клубот во иднината.

Ќе видиме што ќе биде со Марчена, сеуште нема ништо ново.
Лопо го обнови договорот на нови две години, па по се изгледа Лопо-Инсуа ќе ни биде одбранбениот двоец. Трет одбранбен играч немаме, така да очекувам ново име во составот или пак да се продолжи договорот на Марчена, нешто што сите го посакуваме :)

Како засилување во средината на теренот се споменува Камерунецот, Ено од Турски Анталијаспор. Камерунскиот репрезентативец е солиден играч и добро би дошол во средината на теренот. Тука уште се Алекс Бергантињос со подефанзивни задачи, Вилк, Хуан Доминхез и Хуан Карлос.

Лани по крилата, напачките позиции и на позицијата полушпиц ни играа позајмени играчи. Саломао ни беше позајмен на левата крилна позиција. Се врати во Спортинг Лисабон и не верувам одново да биде позајмен кај нас.
Ифран играше како шпиц или полушпиц. Самиот тој изрази дека сака одново да оди во Депортиво, па можно е одново да биде позајмен кај нас. Истото важи и за Рабело од Севиља.

Борха Бастон е наш играч во нападот, а тука е и Точе на кого му заврши договорот во јуни, но би требало да му биде продолжен на уште една година.

Главна борба мислам дека ќе водиме за Ибрахим Сисоко чија позајмица истотака заврши а силно сме заинтересирани да го задржиме во клубот.

Обавезно ќе ни треба десно крило... Се шпекулира дека Бруно Гама има шанси да се врати во Депортиво, што би било одлично.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.569
Сеуште немаме ново засилување освен Кањела.

Двајца играчи се договорени, останува да се средат деталите.
Едно е сигурно, нов напаѓач на Депортиво ќе биде Лукас Перез, 26 годишниот играч на Грчки ПАОК. Перез е роден во Ла Коруња, и самиот настојуваше да дојде во Депортиво. Доаѓа на едногодишна позајмица. Деновиве треба и официјално да биде потпишан договор со него.

Ејонг Ено, средњакот на Камерунската репрезентација е вториот играч со кој Депортиво има склучен договор. Проблемот тука е околу неговиот договор со Ајакс. Имено играчот има договор со Ајакс, а лани бил на позајмица во Анталијаспор. Имал откупна клаузула од 450 000 евра, а Турците платиле само 100 000 евра. Е сега они велат играчот бил нивни, ама пошто не ја имаат платено цела сума, веројатно ќе се врати во Ајакс, а од таму ќе дојде во Депортиво на позајмица.

Интересна ситуација имаме со Барселона. Барселона е заинтересирана за нашиот младинец Бичо, го сакаат за нивниот Б тим. Депортиво бара за возврат да го добијат Куенка на позајмица. Куенка се двоумеше, изјавил дека ако не е во плановите на Луис Енрике, дека сака да дојде на позајмица во Депортиво, па ќе видиме што ќе излезе на крај. Мислам дека после се ќе се оствари некој ваков договор и Куенка ќе дојде во Депортиво, нормално на позајмица.
Тоа не е целосното барање на Депортиво. Од Барселона го чекаме и најголемото засилување, Бојан Кркиќ. Значи трансфер на Бичо, за позајмица на Кркиќ и Куенка, нешто така би му дошло.
Кркиќ самиот изјавил дека се двоуми меѓу Депортиво и некој тим од Премиер лигата.

За крај останува соработката која беше склучена меѓу Манчестер сити и Депортиво. Манчестер сити ќе го праќаат Бруно Зукулини на позајмица во Примера, но има повеќе заинтересирани клубови. Покрај Депортиво, тука се и Виљареал и Малага.
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Сабја, има шанси за опстанок во новата сезона и како стои Депор со финансии сега?
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.569
Сабја, има шанси за опстанок во новата сезона и како стои Депор со финансии сега?
Скоро никакви шанси :icon_mrgr:
Депортиво нема играчи, пола тим е дојден од некаде на позајмица. Ако се погодат позајмените играчи има некоја минимална шанса да опстанеме, ама тешко е да се каже.
Еибар и Кордоба не се некои тимишта, можеме да завршиме пред нив. Се бара уште еден тим што ќе заврши под нас :icon_mrgr:

Финансиите трагични, големи се долговите затоа од голема важност е да се опстане во лигата поради парите од ТВ правата. Не е толку лоша ситуацијата како лани кога минути го делеа Депортиво од НЕПОСТОЕЊЕ, ама пак е лоша :)

Во меѓувреме претставени се дресовите за новата сезона:




 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.569
Пред некој ден стигна вест која богами позитивно ги изненади фановите на Депортиво. Имено, досегашниот тренер Васкез доби отказ кога никој не очекуваше. Иако го врати клубот во Примера сепак повеќето фанови беа незадоволни од неговото водење на клубот, а истотака и поради фактот дека постојано влегуваше во кавги со играчите кои истакнуваа дека на некои мечеви имал тотално промашена тактика.
Се набројуваат повеќе кандидати за негова замена, ќе видиме на кого ќе падне изборот.

Со оглед на тоа што немаме тренер во моментов, логично е да не правиме трансфери.
Има нови информации само околу Куенка. Имено, денеска го раскинал договорот со Барселона, што би можело да значи дека би дошол кај нас не само на позајмица, туку како наш играч...[DOUBLEPOST=1405036533][/DOUBLEPOST]И нормално покрај сите тренерски имиња кои се вртеа изборот падна на најразочарувачката опција за сите фанови на Депортиво.
Може би имале некој мал напредок во однос на претходниот тренер, но не очекувам ништо спектакуларно.
Нов тренер на Депортиво е Виктор Фернандез кој девет години бил тренер на Сарагоса, па неколку години минал во Бетис, а последен ангажман му бил во Гент.

Истотака официјално е дека Куенка е нов играч на Депортиво. Доаѓа како слободен играч и според последните информации потпишал само на една година со можност да биде продолжен договорот на плус една година. Јебига со оваа финансиска ситуација толку се можностите, или го носиш на позајмица или потпишува за една година и после бега ако има подобар ангажман :)
 
Последно уредено:
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.569
Уште двајца играчи кои играат во напаѓачките линии се на прагот да потпишат со Депортиво.

Лукас Перез од ПАОК веќе е во Ла Коруња за да го финализира договорот со Депортиво. Се работи за играч кој игра на двете крилни позиции, а истотака може да игра и како втор напаѓач.

Се споменува уште едно за нас големо засилување, а тоа е играчот на Барселона Бојан Кркиќ.
Последната вест е дека се двоуми меѓу Стоук и Депортиво. Нормално Депортиво може многу помла плата да му пружи, но иако бил на чекор да потпише за Стоук најверојатно нешто го премислило и се вртат шпекулации дека работата со Депортиво е веќе готова и треба само да се официјализира.
http://www.insidespanishfootball.com/116139/bojan-krkic-to-reportedly-join-deportivo-de-la-coruna/

Тино Фернандез најави 12-3 засилувања за овој преоден рок, а досега имаме само две официјални и едно кое е 99% официјално (на Перез).

Може да склопиме добро тимче, особено ако Кркиќ дојде во екипата.
Да можевме некако Гвардадо да си го вратиме :)

Моја желба е Колумбискиот репрезентативец Абел Агилар кој и преклани играше во Депор како позајмен играч.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
5.204
Поени од реакции
953
еве ти повеке ги пратиш Депортиво дај кажи како би можел да изгледа тимот во новата сезона и дај мислење од новиот и стариот тим ланската сезона што беше ?
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.569
еве ти повеке ги пратиш Депортиво дај кажи како би можел да изгледа тимот во новата сезона и дај мислење од новиот и стариот тим ланската сезона што беше ?
Рано е уште да се каже, сепак во наредниов период се очекуваат главни засилувања по кои ќе се прецизира јачината на клубот.

После Куенка и Кањелас, добивме уште две официјални засилувања и едно засилување кое треба уште медицинските прегледи да ги помине, па ќе го рачунам како нов играч.

Лукас Перез доаѓа на едно годишна позајмица од ПАОК, дете од Ла Коруња, игра на двете крилни позиции.
Го потпишавме по трет пат и Диего Саломао, кој по трети пат ни доаѓа на едно годишна позајмица од екипата на Спортинг Лисабон. Ланска сезона немаше среќа бидејќи веднаш по позајмицата заработи повреда. Саломао е играч кој игра примарно како лево крило, но може и како десно да покрие, па дури и како плејмејкер.

Последното засилување кое остана уште медицинските прегледи да ги помине е Хосе Родригез кој доаѓа од Реал Мадрид Б - Кастиља...
Се работи за играч кој игра во средината на теренот.

Од старт имаме проблеми со повреди. И Куенка и Лукас Перез се повредија и ги пропуштаат припремите во Колумбија кои се одвиваат во моментов.

Инаку следни на листата на засилувања треба да бидат оние засилувања кои ќе ни донесат поголем квалитет.
Сеуште трае битката за Бојан Кркиќ. Наводно Депортиво му понудиле 4 годишен договор, со плата од милион евра годишно. Не се знае каков е одговорот, но од Депортиво веќе бараат алтернатива.
Поголема трансфер цел од Кркиќ е Тео Гутиерез, напаѓачот на Колумбија...
Но и во овој трансфер има низа проблеми. Прво има компликации околку неговиот договор со Ривер Плата и некоја менаџерска компанија, второ сигурно би барал голема плата која Депортиво тешко дека би му ја овозможил.

Истотака се води битка за носење на Бруно Зукулини од Манчестер Сити на позајмица. Нема место за него во Манчестер Сити, барем не засега и сигурно ќе оди на позајмица. Кој клуб ќе го одбере, ќе видиме понатаму...
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.569
Многу лош трансфер за него според мене. Реално Кркиќ се повеќе и повеќе пропаѓаше низ годиниве и Депортиво мислам дека ќе му беше местото каде што целосно можеше да се врати во форма. Ќе имаше голем простор како единствен напаѓач, а со оглед на затвореноста на тактиката на Депор (барем такви се очекувањата) ќе имаше простор да солира колку сака. Ќе играше во за него позната лига, со дефанзивци идеални за неговата игра.
Вака отиде во тимот кој ја има НАЈАНГЛИСКАТА игра и стварно не знам како би се снашол таму.
Според низа Шпански медиуми татко му го убедил да потпише за Стоук поради поголемата плата која му ја нудат Англичаните.
Мој тип е дека ќе пропадне таму, ќе го заковаат на клупа до полусезона и ќе моли самиот за да го напушти клубот :D

Сега сите напори се вложуваат да се потпише Тео Гутиерез, но и тоа ќе биде многу тешко. Депортиво е во Богота во моментов, на турнеја во Јужна Америка, па веројатно ќе ја искористат оваа посета за директно да влијаат врз Гутиерез кој тек во понеделник треба да се приклучи на подготовките во Ривер Плата.

Од Депортиво се најавуваат уште 10-тина нови засилувања, па ќе видиме што ќе испадне :)

ЕВе го Хосе Родригез кој дојде од Реал на позајмица:


Реаловци имате збор два да кажете за момаков? :D
Изјави дека самиот Анчелоти му препорачал да оди во Депортиво и кажа дека сакал да игра како централен дефанзивец, а не малце понапред како што го форсирале во Кастиља.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592


Реаловци имате збор два да кажете за момаков? :D
Изјави дека самиот Анчелоти му препорачал да оди во Депортиво и кажа дека сакал да игра како централен дефанзивец, а не малце понапред како што го форсирале во Кастиља.
Не, не кажа дека во Кастиља го играле како офанзивен играч за врска, а тој сакал да игра како класичен средњак, а и вашиот тренер му го ветил тоа па затоа го одбрал Депор пред Еибар.

Иначе според мене заедно со Вилијан Хосе најнадежен играч од Кастиља и логично беше кога веќе отпаднаа во трета лига да оди чекор напред. Го имам гледано 2-3 пати во Кастиља и воопшто не ме разочара, а посебно ме импресионира на пријателската против ПСЖ. Беше можда и најзабележителен играч на теренот и токму тој беше зачетник на акцијата после која следеше голот. Не знам како сте со играчи во средниот ред ама убеден сум дека ако добие простор ќе ја оправда довербата.

п.с. Исто и Арбелоа како поранешен играч на Депор влијаел на неговата одлука да ја избере Галиција пред Баскија
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.569
Истото интервју сме го читале за Родригез :D

Никако не стоиме во средината, во моментов можеби и најслабата карика во составот...
Не очекувам ниту еден од сегашниве средњаци да биде стартер, иако еден од нив е и дијамантот на клубот, Хуан Домингез...
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.931
Топ играч е Хосе за неговите години. Многу потсеќа на Ди Марија во фацата а игра ко Модриќ плус е подефанзивен. :)

Искрено се надевам дека ќе остане кај вас повеќе од 1 сезона за да прерасне ко играч. Огромен потенцијал е ... против Псж пријателската им одржа лекција на Верати и компанија.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.433
Поени од реакции
68.569
Се наближува стартот на сезоната, а Депортиво сеуште не нашол соодветни засилувања...
Засега се донесени 7 играчи, и тоа Куенка, Кањелас, Хосе Родригез, Лукас Перез и Саломао кои дојдоа поодамна и веќе ги најавив на кајганава и уште две засилувања кои дојдоа во меѓувреме.
И двајцата дојдоа на позајмици (впрочем само Куенка е под договор, сите други дојдоа на позајмици). Едниот е Иван Кавалеиро, кој може да игра како десно крило и како втор напаѓач, и доаѓа на позајмица од Бенфика, а вториот истотака доаѓа од Бенфика и се работи за Луис Фариња кој игра како плејмејкер.
Фариња засега е убедливо најдобриот играч на Депортиво во пријателскиве мечеви.
Го освоивме Тераса Херера купот во конкуренција на Спортинг Лисабон. Национал Монтевидео и Спортинг Хихон, совладувајќи го Национал Монтевидео со 2-0 и Хихон во финалето со 1-0.
Фариња како што реков беше најзабележителен на овие дуели, па и на претходните пријателски кои ги одигравме.

Сите играчи кои се споменуваа во минатото повеќе не се опции за тимот.
Веќе утре Депортиво ќе го добие и осмото засилување, а тоа е Харис Медуњанин за кој неофицијално се збори дека потпишува на 2-3 години. Останува утре да ги мине лекарските прегледи и официјално да биде претставен. Со него би добиле интересно засилување во средината на теренот со што би се затворил списокот на играчи од овој дел од теренот.
Депортиво има само двајца одбранбени бекови, но затоа Алекс Бергантињос најверојатно ќе биде резервна опција за оваа позиција. Лопо не игра на потребното ниво и затоа сигурно е само дека нашиот екс младинец Инсуа кој имаше одлична сезона во Сегунда, ќе биде стартер во централната одбрана.
Како ново засилување во одбраната се споменува Хенрик Серено кој игра за Кајзериспор. Ги има договорено деталите со Депортиво, но сеуште има договор со Кајзери кој пробува да го раскине бидејќи му должат плати. Депортиво нема намера да дава пари за трансферот...

На излезот од Депортиво се неколку играчи. Виктор Фернандез најави дека за Сеоане нема место во тимот. Изјава која наиде на многу негодувања кај фановите, но тоа е тоа... Имено Депортиво му даде уште година дена договор на Мануел Пабло, повеќе од респект кон него, отколку што може квалитативно да одговори. Сеоане имаше добри подготовки, па во моментов сигурно е подобар од Мануел Пабло, а можеби е на слично ниво, ако не и подобар од првиот избор на десната бековска позиција, Лауре. Но, Фернандез најави дека нема да смета на него и дека на негови години му треба активно играње, па најверојатно ќе оди на позајмица во тим од Сегунда.
Истото важи и за Руди, за кого дефинитивно нема место во тимот.
Хуан Карлос истотака беше на праг да го напушти тимот, но на подготовките најверојатно го увери Фернандез дека треба да го задржи во составот. Така да, Фариња и Хуан Карлос ќе ни биде изборот за плејмејкерската позиција.
Истотака доста полемики се водат и за Аризменди. Клубот сака да му го раскине договорот, но нема пари да му плати оштета. И неговата иднина во клубот е неизвесна.

Последните дилеми се во нападот. Реално во моментов нападот е НИКАКОВ: Точе ни е прв и единствен избор. Борха Бастон има уште една година позајмица од Атлетико кај нас, но Депортиво најверојатно ќе го врати во Атлетико. Се зависи од тоа дали ќе се најде квалитетна опција. Ако се најде квалитетен напаѓач, Бастон ќе лета, а веројатно Аризменди ќе биде трета опција после Точе...

Сепак примарно е да се најде добар напаѓач. Желба на фановите на Депортиво е враќање на Рубен Кастро, кој кај нас беше долги години во кои остојано се даваше на позајмици, за потоа да блесне во Бетис и да растура три сезони по ред :)
Како имиња за засилувања во нападот се вртеа дури и играчи од типот на Давид Виља, што за нас е научна фантастика во моментов :icon_mrgr:

Со моменталниов играчки кадар, реално сме блиску до Сегунда, ако се донесе добар напаѓач и ако Фариња продолжи во истава форма, тогаш може да се надеваме на нешто. Исто ме радува и новиот тренер со неговото досегашно залагање...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom