Фан Клуб: Депортиво Ла Коруња

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.692
Само едно полувреме глеав, после пуштив ракомет. Ако ова ви е вториот тим, немате гајле за опстанок. Инаку додека ти спремам аватар, погледај го малку твојот актуелен како танцува:



:backa:
Заслуживте барем бод. Добро игравте незнам како немате константност во играта. Тој напаѓачот Риера влегува во шанси али завршница има како Илчо Наумовски :D
Гледав хајлајтс сега, бајаги сме ве измачиле, особено во второ полувреме. Ако влезеше стативата на Боргес, сме имале шанси и да ве добиеме :icon_mrgr:
Не е дека немаме константност во играта, туку долго време ни недостасуваа некои играчи на клучни позиции, па со носењето на Риера и Боргес и опоравувањето на Лукас Перез се сменија многу работи.
Тимот во моментов игра можеби најдобро во последните 3-4 години, само цело време не бие малер со повреди и малце фали се да падне во вода.
Наредно коло очекувам победа над Селта која ќе издигне уште повеќе.
Со играта во сезонава, не заслуживме да отпаднеме од лигата...
Риера е голем работник на теренот, само му недостасува гол за да му крене мотивација до максимум.
Инаку не игравме со втор тим, ама ни недостасуваа тројца стандардни играчи од кои два во одбраната.
Ви игравме со Мануел Пабло како штопер, а на него природна позиција му е десно крило. Двајца играчи ни се повредени на таа позиција, а четвртата опција само што дојде во клубот.
Не ви игравме и со играчот кој ни значи премногу во одбраната, а и во нападот, десниот бек Хуанфран, туку играше Лауре.
За првиот гол да имаше поасален дефанзивец ќе го блокираше Иско. Мануел Пабло се наведна иако можеше да блокира со глава...
Сепак, како што читам многумина го фалат за играта, особено што се работи за фудбалер кој е при крај на кариерата (39 години има и е дел од Депортиво веќе 17 сезони) и веќе прогласи одење во пензија.
Во средината ни фали Хуан Родригез кој е одличен на последните мечеви, а против вас не настапуваше бидејќи има таква клаузула во позајмицата од кај вас...

@vidooq
Кога сме веќе кај Луке :D
:icon_mrgr:
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Еј мајна, памтам го времето на џалмиња, валерон у најдобри години, депортиво тогасш дпогураа до лига на шампиони, амма кога сенемеа пари тоа.
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Прати ми ја утакмицата ако ја имаш.
Луке тогаш пружи партија која тешко се заборава...
Нема утакмица, сем ова. Која генерација беше Депор тогаш, со Луке, Тристан, Пандиани, Фран, Валерон да не го заборавам, каков магионичар беше со топката, штета што повредите го изедоа...
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.692
Се ближи дербито со Селта Виго кое ќе се одигра во сабота од 22 часот :cool:
Да се потсетиме на двете победи во Сегунда пред 3-4 сезони :kuracc:

Ласад Нуиуиуиуиуиуи :D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.692
Депортиво-Селта 0-2 :tapp::tapp::tapp:
Пораз во најлош момент, особено начинот на кој загубивме сигурно ќе влијае очајно на моралот на играчите ќе не дотепа во борбата за опстанок :вонзем:
Премногу се залетавме од почеток на мечот и изгоревме во желбата за победа, особено ова важи за некои играчи како Лукас Перез кој цел натпревар сакаше да остави впечаток во ова Галициско дерби и на крај остави впечаток, но негативен, со местење на решавачкиот погодок на Селта...

Почнавме убаво и многу лесно можеше да биде сосема друг резултатот денеска.
Шанса на Перез, одлично се загради кога требаше да даде гол, шутна го баба и топката одвај дојде до гол.
Потоа неколку опасни слободни, во кои на неколку пати топката минуваше до стативата, се до најголемата шанса кога одработивме одличен корнер, Сиднеи имаше сто процентна ситуација, но биеше крај стативата :popce:

Од тука кога не потфатија...
Не уништија на тактички план, Нолито и Орељана душата ни ја извадија, преопасни акции ни правеа во наш шеснаесетник иако немаа ниту еден удар, сепак имаа добри шанси кои Фабрицио навремено ги кратеше.
Одбраната не ни беше на ниво, особено Хуанфран и Луизињо кои беа очајни денеска.
Лопо и Сиднеи беа преспори спрема нивните напаѓачи и тука ја загубивме битката. Колку пати само ни направија вишок :pov:
Лопо цел меч беше на раб на црвен, откако во првите пет инути загуби топка како последен играч во одбраната и го исфаулира противникот по што можеше комотно да добие црвен, но доби само жолт.

Само што почна второ полувреме Лукас Перез даде грешно додавање, по кое ни направија одлична контра и во најлош момент реализираа за 0-1.
Тука се освестивме малце и почнавме да притискаме. И се кога ќе требаше да дадеме гол, следуваше блокирање во последен момент.

Мечот беше решен во две минути.
Депортиво одработи акција во која имаше 3 огромни шанси, притоа во третата, Риера беше на метро од голот и имаше празна мрежа пред себе, но биеше над гол, откако веќе сите го прославија голот :popce::popce::popce:
Промашување на сезоната, ја прати топката во вселената :popce: Место да биде херој, испадна трагичар.
Минута подоцна, Лопо прави глуп фаул и остануваме со играч помалку...
Не се предадовме и имавме нова шанса преку Риера, доби висока топка и требаше само добар штоп и елегантна завршница, ама му избега при штопирањето и голманот на Селта дотрча и ја фати пред него :nesumjas:
И додека уште имавме шанси дури и со играч помалце, Луисињо се посрамоти...
Му изведоа аут, одеше накај Фабрицио, а Ларивеј го следеше од позадина, ни сам не знаеше што сака да направи, Ларивеј му ја зема и лесно погоди за 0-2 :popce::popce::popce:

Продавање на утакмица левел Џаро :yid:
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Лукас на интервјуто после мечот ќе заплачеше за малку. Ептен беше разочаран. :place:
Во секој случај 5-ка е детето, само штета што многу малер го бие со повредите...

amf.png

:D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.692
Неверојатно е колку шанси утнавме во првово полувреме со Алмерија, многу ме потсеќа овој меч на првиот со нив, кога бевме подобри, а на крај загубивме.
Цело време сум во исчекување на гол и само пцујам по последните удари кон голот :sick:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.692
Алелуја погодува Ориол Риера :vozbud:
Водиме против Севиља со 1-0 после 30 минути игра.
Се подобро и подобро играме, а не освојуваме бодови :вонзем:

Кратко трае радоста...
Витоло набрзина израмнува на 1-1...[DOUBLEPOST=1425744610][/DOUBLEPOST]1-2 Ние играме, напаѓаме, имаме полушанси, они одат во контри и даваат голови :bravobe:
Два пати го видоа шеснаесетникот, два гола дадоа...
Витоло два гола :tapp:
Колку е само лоша одбраната, ова беше можеби и најлошото бранење што сум го видел во Примера некогаш :popce:[DOUBLEPOST=1425745364][/DOUBLEPOST]1-3 последен гол да им биде, крвта да им ја ебам...
Го погодија еден од нашите дефанзивци во глава со удар од далеку, овој падна, судијата не ја прекина играта (иако нашиов играч просто колабрираше), си влегоа сами во шеснаесетник, Инсуа направи фаул откако не ја исфрлија топката и од пенал зголемија на 1-3.
Понезаслужен пораз амин :cuc:[DOUBLEPOST=1425745462][/DOUBLEPOST]И сега уште гаѓаме пречка од слободен хахаха
Цела несреќа на светот некој ја испратил денес на Риазор :bravobe:[DOUBLEPOST=1425745555][/DOUBLEPOST]И сега уште гаѓаме пречка од слободен хахаха
Цела несреќа на светот некој ја испратил денес на Риазор :bravobe:[DOUBLEPOST=1425745757][/DOUBLEPOST]Луисињо одлично пробива од лево, спушта во шеснаесетникот, а Риера стрела за 2-3!
Да ги искористевме сите шанси, досега ќе водевме...
Ајде има време до крај, само како сме отворени, може и 2-7 да заврши :pos:[DOUBLEPOST=1425747500][/DOUBLEPOST]Депортиво-Севиља 3-4:toe:
Се распаднавме после примениот трет погодок...
Депортиво го игра најубавиот фудбал во последните 5 години, но од друга страна не научија екипите дека имаме килава одбрана, па дури мислам дека свесно не оставаат да се отвориме и потоа не казнуваат по контри.
По една убава акција на Лукас, Кавалеиро и Риера, поведовме со 1-0 со деби голот на Риера.
Уште не сфестени, ни мавнаа јака контра по која Витоло израмни на 1-1.
Кога ни фали Лопо во одбраната, како клонови сме во дефанзивата :(
Инсуа и Сиднеи не знаат да играат заедно, многу лоша комуникација меѓу двајцата.
Депортиво беше посилен тим во првиот дел и комотно можевме да водиме 2-1 или 3-1.
Во второ полувреме истотака почнавме доста силно и цело време бевме пред голот на Севиља и само го чекав вториот погодок во нивната мрежа.
Ама, ни удрија уште една контра во која ја одигравме најлошата можна одбрана, не знаеа кај тераат дефанивците, па ни дадоа ист гол како и првиот за 1-2.
Тука уткаме две добри шанси, Лукас од раб на шеснаесетник бие крај голот, а потоа има 100% шанса во која успева да го погоди само голманот на Севиља.
И од нигде никаде, при една акција на Севиља, шутнаа од далеку, топката мислам дека го погоди Хуанфран во глава, овој падна ко покосен, топката се одби кај играчите на Севиља кои не ја исфрлија во аут, туку влегоа во шеснаесетникот крај збунетата одбрана на Депор, па на Инсуа не му остана ниѓто освен да фаулира за пенал.
Гамеиро погоди за 1-3...
Не пресече овој гол, да не се случеше глупиов пенал, сигурен сум дека ќе ја свртевме...
Потоа следеше пречка од слободен на Лукас, па Витоло утна чиста шанса за 1-4, за по еден одличен влез на Луизињо, Риера одново да погоди за 2-3.
И тука Фернандез ја реши утакмицата со очајни замени.
И онака бевме преотворени и одевме на се или ништо, и онака имавме проблеми со 4 дефанзивци, реши да го извади Хуанфран, и да стави играч од средината Родригез.
Наместо ние да напаѓаме, конечно се разигра Севиља и можеа комотно уште 3-4 гола да ни дадат во последните минути. Во последната минута Коста направи добар влез, беше фаулиран за пенал, а Лукас само намали на 3-4.

Не ми се верува дека со играта во последните 4 меча освоивме само еден бод против умрената Алмерија која требаше 0-10 да ја тепаме :popce:
Џабе играме добро, пак ќе биде држ не дај за опстанок...
 
Последно уредено:
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
@Colt Willcox што е оваа неактивност на темава :D

Зашто ги немаше ултрасите викендов?
И тие од Рајо исто не навиваа, а ако не грешам братски групи се.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.692
@Colt Willcox што е оваа неактивност на темава :D

Зашто ги немаше ултрасите викендов?
И тие од Рајо исто не навиваа, а ако не грешам братски групи се.
Затишје пред бура... :D
Загубивме од Валенсија со 2-0 во натпревар во кој цело полувреме бевме достоен противник.
Следуваат 4 мечеви во кои ако не освоиме бар 7 бода наебавме...
А едниот веќе помина, не славно за нас, играјќи само 0-0 на Риазор против Еспањол кој патем беше дојден без најдобриот играч.
Мртва утакмица, ние имавме шанса преку Риера во ситуација кога мораше да биде свирнат и пенал, за Еспањол на крајот од чиста позиција да погодат пречка...

Риазор Блуз како и многу друи групи не навиваа викендов, поради одредени мерки кои ги донесе Тебас, претседателот на ЛФП, кој себеси се претставува како фашистички настроен.
Забрането е внесување на навредливи транспаренти и пароли без разлика од која област се работи, се забранува скандирање против други клубови (пример Депортиво го казнија за скандирање Vigo NO), забрана за носење на шалови и други реквизити од групи кои не се пријавени на листата на клубот (тука спаѓаат и Пења групите), па законот оди до забрана на носење на чадор на натпреварите.
РБ не добиваат поддршка ни од челниците на клубот, па решија ова коло (а веројатно и до крај на сезоната) да не навиваат на натпреварите на Депортиво...
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.692
Катастрофални резултати, а богами и игра во најважните дуели...
За жал, одново ни се смешка Сегунда :cautious:
Имавме низа одлични натпревари во кои бевме тешки баксузи и ниеден бод не собравме, за во мечевите во кои се очекуваше и во кои моравме да собереме бодови, кикснеме на големо...

Депортиво-Еспањол 0-0
Гетафе-Депортиво 2-1
Депортиво-Кордоба 1-1
:place:

За утакмицата со Еспањол веќе искоментирав. Со Гетафе не заслуживме да загубиме и примивме два многу наивни голови поради кои останавме со прстот во уста...
Баш за тој натпревар отсуствуваше Лопо, а Инсуа не беше достојна замена. Вториот гол на Гетафе беше подарок од Инсуа, а за првиот гол толку катастрофална реакција имаше цела одбрана, што се замислив дали гледам тим од Примера или од трета македонска лига...
Гетафе освен двата гола, не покажа којзнае колку. Ние се изнапромашивме шанси, Лукас и Риера промашија шанси кои е потешко да ги утнеш отколку да ги искористиш...
Точе намали на 2-1, но после голот, не покажавме ништо. Кавалеиро и Лукас направија глупави жолти картони, поради кои го пропуштија најважниот дуел со Кородоба дома.

И на дуелот каде што моравме да победиме, одигравме најлошо.
Катастрофален меч на Депортиво, треба да бидеме пресреќни што Кордоба си постигна автогол во последните минути, инаку не ни бегаше пораз по кој официјално немаше што да бараме повеќе во лигата.
Кога нема да успееш да ги победиш Гранада, Алмерија и Кордоба на домашен терен, тогаш нема што да бараш во лигата :facepalm:

Имаме некоја среќа сите екипи да губат, ама тоа нема вечно да трае...
15. Леванте 28
16. Елче 28
17. Депортиво 27
18. Алмерија 25
19. Гранада 24
20. Кордоба 19

А нашиот распоред до крајот е:
Реал Сосиедад-Депортиво
Депортиво-Атлетико Мадрид
Малага-Депортиво
Елче-Депортиво
Депортиво-Виљареал
Атлетик Билбао-Депортиво
Депортиво-Леванте
Барселона-Депортиво
:place:

Сигурно испаѓање...

Некоја добра информација е само отказот на Виктор Фернандез...
Месијата кој треба да не спаси е екс играчот на Депортиво, десното крило од златните години, Виктор Санчез :icon_mrgr:
Се крстиме во Виктор сега :D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.692
Сосиедад-Депортиво 2-2!
Дојдовме до заслужен бод на Аноета.
Во првиот дел судијата досуди по два смешни пенали на двете страни, а нашиот најпрвин го промаши Лукас Перез, но одбиената топка ја претвори во погодок.
Депортиво изигра сосема солиден натпревар на теренот на кој паднаа речиси сите најсилни екипи во лигата. Слободно можам да кажам дека можевме да си заминеме со трите бода.
Депортиво ги имаше најдобрите шанси во вториот дел, особено шансата на Боргес кога од неколку метра мораше да шутира многу поубаво откако се најде скоро осамен пред противничкиот голман.
Сосиедад од никаде постигнаа погодок за ново водство.
Мајсторија на Чори Кастро, погодок кој ретко се гледа. Имаа нафрлување од скоро половина терен, топката леташе до нашата десна бековска позиција, а таму Кастро со прекрасен волеј од скоро мртов агол ја искина мрежата на немоќниот Фабрицио.
Додуша Хуанфран овде мораше многу подобро да реагира, особено што имаше доволно време да го покрие Кастро уште пред овој да ја распуца топката.
Тргнавме на се или ништо. Виктор Санчез на своето деби се покажа во позитивно светло. На левата бековска позиција по суспензијата на Луизињо, му даде шанса на својот колега од златните денови на Депортиво, класиката во нашиот дрес, Мануел Пабло :D
Пабло одигра одличен натпревар, се бореше за секоја топка, беше одличен во дефанзива, а имаше удел и во израмнувачкиот гол.
Виктор го уфрли и Точе во нападот покрај Риера, а Точе брзо се закани кон противничкиот гол, но биеше над пречката.
Потоа, Пабло нафрли од десно, Риера префрли до Точе кој од неколку метри со глава израмни на 2-2.
Тука веќе паднавме, и немавме сили за целосен пресврт. Играчите делуваа исцрпено, меѓутоа без некои проблеми успеаа да го задржат резултатот кој ни донесе бод кој сеуште не одржува вон последните три места.

Главната битка допрва претстои за нас. Оптилика 37 бодови би ни биле доволни за спас, а тоа значи 3 победи во наредните 7 натпревари, што со формата и распоредот изгледа како научна фантастика. Сепак, некогаш посилните противници знаат да се покажат како најлесни пречки при крај на сезона кога немаат некои цели за кои би играле откако го оствариле зацртаното.
Лесно може да се случи против Атлетико, Малага и Виљареал да поминеме полесно отколку во клучните дуели со Елче и Леванте.

Наредно коло мора да одиме на три бода против Атлетико, па што сака нека биде...
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.692
Пораз и од Атлетико Мадрид во викенд дуелот...
Депортиво-Атлетико 1-2!
Атлетико беше подобар противник, постигна два брзи гола преку Гриезман, а Депортиво само намали преку Риера, притисна за да дојде до бод, но не успеа...

Табелата вели дека за прв пат после 14-то коло се наоѓаме на позиција која води во Сегунда :(
Гледајќи го распоредот, шансите да се спасиме се минимални.

Elche
v Atletico Madrid (a)
v Depor (h)
v Malaga (a)
v Villarreal (a)
v A. Bilbao (h)
v Levante (a)

Granada
v Valencia (a)
v Espanyol (h)
v Getafe (a)
v Cordoba (h)
v Real Sociedad (a)
v A. Madrid (h)

Levante
v Getafe (a)
v Cordoba (h)
v Real Sociedad (a)
v A. Madrid (h)
v Depor (a)
v Elche (h)

Depor
v Malaga (a)
v Elche (a)
v Villarreal (h)
v A. Bilbao (a)
v Levante (h)
v Barca (a)

Almeria
v Eibar (h)
v Real Madrid (a)
v Celta (h)
v Malaga (h)
v Sevilla (a)
v Valencia (h)

Eibar
v Almeria (a)
v Sevilla (h)
v Valencia (a)
v Espanyol (h)
v Getafe (a)
v Cordoba (h)

Табела:
14. Елче 34
15. Еибар 31
16. Леванте 29
17. Алмерија 28
18. Депортиво 28
19. Гранада 25
20. Кордоба 20


Алмерија ќе ни биде директен ривал за опстанок, а со оглед на тоа што се подобри во меѓусебен дуел, тоа ќе значи дека треба да освоиме еден поен повеќе од нив. И Леванте е тука некаде, ама и двете екипи имаат полесен распоред од нас.

Имаме четири гостувања кај Елче кое мора да го добиеме, кај Малага и Атлетик Билбао, екипи кои реално немаат за што да играат повеќе и кај Барселона во последното коло.
Под претпоставка дека Барса веќе ќе ја има освоено лигата и паралелно ќе влезе во финале на ЛШ, и дека против нас ќе излезе со младинци, имаме некоја минимална шанса за бод :D

Дома играме со Виљареал кој игра очајно во последните кола, но проблемот е што водат битка за Европа и ако потфрлат, Малага може да ги стигне. Ако ние скинеме бод во Малага, тогаш Виљареал би дошле поопуштени и тука мора да освојуваме бодови.
Секако, Леванте МОРА да падне во секоја комбинација.

Мислам дека 7 бода во последните 6 кола ќе ни бидат доволни за спас, а тоа значи дека мора да ги тепаме Елче и Леванте и да скинеме бар еден бод во останатите дуели :(
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Пораз и од Атлетико Мадрид во викенд дуелот...
Депортиво-Атлетико 1-2!
Атлетико беше подобар противник, постигна два брзи гола преку Гриезман, а Депортиво само намали преку Риера, притисна за да дојде до бод, но не успеа...

Табелата вели дека за прв пат после 14-то коло се наоѓаме на позиција која води во Сегунда :(
Гледајќи го распоредот, шансите да се спасиме се минимални.

Elche
v Atletico Madrid (a)
v Depor (h)
v Malaga (a)
v Villarreal (a)
v A. Bilbao (h)
v Levante (a)

Granada
v Valencia (a)
v Espanyol (h)
v Getafe (a)
v Cordoba (h)
v Real Sociedad (a)
v A. Madrid (h)

Levante
v Getafe (a)
v Cordoba (h)
v Real Sociedad (a)
v A. Madrid (h)
v Depor (a)
v Elche (h)

Depor
v Malaga (a)
v Elche (a)
v Villarreal (h)
v A. Bilbao (a)
v Levante (h)
v Barca (a)

Almeria
v Eibar (h)
v Real Madrid (a)
v Celta (h)
v Malaga (h)
v Sevilla (a)
v Valencia (h)

Eibar
v Almeria (a)
v Sevilla (h)
v Valencia (a)
v Espanyol (h)
v Getafe (a)
v Cordoba (h)

Табела:
14. Елче 34
15. Еибар 31
16. Леванте 29
17. Алмерија 28
18. Депортиво 28
19. Гранада 25
20. Кордоба 20


Алмерија ќе ни биде директен ривал за опстанок, а со оглед на тоа што се подобри во меѓусебен дуел, тоа ќе значи дека треба да освоиме еден поен повеќе од нив. И Леванте е тука некаде, ама и двете екипи имаат полесен распоред од нас.

Имаме четири гостувања кај Елче кое мора да го добиеме, кај Малага и Атлетик Билбао, екипи кои реално немаат за што да играат повеќе и кај Барселона во последното коло.
Под претпоставка дека Барса веќе ќе ја има освоено лигата и паралелно ќе влезе во финале на ЛШ, и дека против нас ќе излезе со младинци, имаме некоја минимална шанса за бод :D

Дома играме со Виљареал кој игра очајно во последните кола, но проблемот е што водат битка за Европа и ако потфрлат, Малага може да ги стигне. Ако ние скинеме бод во Малага, тогаш Виљареал би дошле поопуштени и тука мора да освојуваме бодови.
Секако, Леванте МОРА да падне во секоја комбинација.

Мислам дека 7 бода во последните 6 кола ќе ни бидат доволни за спас, а тоа значи дека мора да ги тепаме Елче и Леванте и да скинеме бар еден бод во останатите дуели :(
Moжно е на Алмерија да и земат 3 бода, не ја знам причината.
Иначе Билбао и Малага и тоа како имаат мотиви, двете екипи се во битка за седмото место кое води во Европа. Секако ова паѓа во вода ако Билбао го освои купот, но проблемот е што финалето се игра на 30-ти мај.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.692
Им скинавме бод на Малага, 1-1 на гостинскиот дуел, откако израмнивме со голот на Риера.
Лукас имаше шанса за да го отвори резултатот, а потоа при крајот имаше шанса за носење на огромни три бода, ама голманот на Малага спаси во последен момент. Истотака Фабрицио не спаси неколку пати, па нерешениот резултат беше најреален.

Алмерија го прегази Еибар, додека Леванте славеше на гости кај Гетафе и останува битката да се води меѓу нас, Америја, а можеби и Еибар.

За 2 часа почнува најважниот меч за нас, дуел со Елче на гости кој едноставно МОРА да го добиеме.
Пораз на вечерашниов дуел ќе значи СЕГУНДА :place:[DOUBLEPOST=1430338895][/DOUBLEPOST]2-0 во 20-та минута...

Кај овие Елче се разиграа како Барса крв им ебам, овој судијава суди како во Слупчане да е, мамицата во пичка негова. На 1-0 ни крева непостоечки офсајд кога изледовме сами пред голман, потоа им дава пенал мислиш Рањо од Бутел го чека да го задави.
Каков пенал досуди, господ знае што виде за пеналот :boksix:
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom