Фан Клуб: Депортиво Ла Коруња

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.030
Абе оваа сезона највеќе заслуживме да опстанеме во споредба со претходните два пати кога испаѓавме :D
Иако освоивме многу малку бодови, игравме доста подобро и заслуживме да бидеме пред тоа мртвите екипи како Гетафе, Леванте, Еибар, Гранада итн.
Претходните два пати кога испаѓавме после неколку години се дознаваше дека противниците ги испонаместиле сите последни мечеви. Гранада се утепа местејќи на крај, Еибар денес си имаше сигурни три бода, па ме заболе ако на нас Барса ни дала бод :icon_mrgr::цицки:

Останувањето во Примера ќе значи многу за нас, затоа што после којзнае колку време ќе можеме да задржиме некој играч, да ја појачаме екипата и конечно да почнеме да играме нешто и да не се тресеме за опстанок до последно коло.
Од друга страна, нормално играње во Примера ни носи и многу повисоки приходи.
Ние последниве 3 сезони немаме тим, играме со позајмени играчи и годинава конечно почна да се менува нешто, ако отпадневме толку ќе беше од нас.

ДЕПОРТИВО АЛЕ АЛЕ АЛЕ АЛЕЕЕЕ :vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Браво, многу ми е мило за Депор, повеќе од заслужено. Екипа која има толку голема традиција во шпанскиот фудбал, не заслужи да испадне на сметка на мртви екипи како Еибар и Алмерија. Телевизорот ми беше пуштен и паралелно програмирав, ама кога намалија на 2-1 баталив и учење и се. :D Пак и тоа чичето на трибини кога го дадоа Депор кога изедначи, во којзнае колкаво бунило беше, плачеше, слушалките си ги местеше на уво, си реков оваа екипа мора да се спаси. :D Пак ќе речам, баш ми е мило, и уште помило ми е ова што го читам од Коњаникот дека од в година и ќе се стабилизираат на финансиски план.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.030
Буџетот за плати од минатата сезона е кренат скоро двојно :D
Од околу 8-9 милиони, покачен е на 15 милиони евра.

Почнувајќи од минатата сезона, осум сезони по ред треба да се враќаат по 8 милиони на трезорот на Шпанија. Отприлика клубот оперира со средства од околу 27 милиони за наредната сезона, а кога ќе се распоредат 8 милиони за долгот и неколку милиони за останати работи, останува за плати сумата од 15 милиони евра.

Засега се јасни неколку работи. Хуанфран еден од подобрите играчи во минатата сезона дефинитивно нема да се врати во клубот. Играч е на Ватфорд кој беше позајмен кај нас, а сега си се враќа во Премиерлигата и за него има други заинтересирани клубови од Англија.
Отпаѓа и можноста за нова позајмица на Кавалеиро, бидејќи некој од клубовите од Португалија биле цврсто заинтересирани да го откупат и веќе испратиле понуда за него.

Клубот интензивно води преговори за нова позајмица на Сиднеи и целосно откупување на Лукас Перез. Бајаги се гриза за Лукас Перез, но покрај договорот со ПАОК има и некој договор со Карпати кој истотака претставува проблем.
Се очекува разврска на ситуацијата на Ориол Риера кој беше позајмен од Виган, клубот кој отпадна во трета Англиска лига. Лично, се надевам дека Риера ќе успее да го раскине договорот со Виган и да продолжи како играч на Депортиво.

Неизвесна е ситуацијата за нова позајмица на Саломао иако клубот ќе се обиде и тука да издејствува нешто. Не знам зошто го тупат толку од Спортинг Лисабон кога и онака не рачунаат на него со години веќе :вонзем:

Играчи чии договори нема да се продолжат или пак нема да се побара нова позајмица се Кавалеиро (се враќа во Бенфика), Хуанфран (се враќа во ватфорд), Вилк (крај на договорот), Хуан Родригез (се враќа во Кастиља), Куенка (крај на договорот), Фариња (се враќа во Бенфика), Хелдер Коста (се враќа во Бенфика), Кањела (се враќа во Хихон), Точе (крај на договорот) и Борха Лопез (се враќа во Монако).

Играчи за кои ќе се обиде Депортиво да издејствува нова позајмица или пак целосен трансфер се Лукас Перез (ПАОК), Ориол Риера (Виган), Сиднеи (Бенфика) и Саломао (Спортинг Лисабон).

Нов тригодишен договор доби Хуан Домингез. Клубот интензивно се обидува да го продолжи договорот на Фабрицио, човекот за кој објавија дека ни под разно не планираат да го продадат иако има голема заинтересираност.

Засега играчи на клубот се: Фабрицио и Лукс (голмани), Лауре и Сеоане (десни бекови), Луисињо (лев бек), Лопо, Пабло Инсуа (централни дефанзивци), Хуан Домингез, Келсо Боргес, Алекс Бергантињос, Медуњанин, Телес и Саул (средина), Луис Фернандез (напад).

Со оглед на тоа што Сеоане, Телес, Саул и Луис Фернандез се вратија од позајмици и не знам колку сериозно ќе се рачуна на нив, тимот во моментов реално има 10 фудбалери :D
Од стартиерите од минатата сезона тука се Фабрицио, Лопо, Луисињо, Боргес и Бергантињос, а доста минути доби и Лауре на крајот, па и Домингез и Медуњанин.

Околу засилувањата...
Прв на листата на шпекулации е нашиот екс играч Адриан кој стигна до финалето на ЛШ со Атлетико пред две сезони, освои Примера со Атлетико, но потоа беше позајмен во Порто каде што воопшто не се снајде. Се шпекулира за позајмица на една година. Напад со Адриан, Риера и младиот Луис Фернандез би бил одличен.
Втор на листата е Педро Москвера од Елче, екс играч на Реал, роден во Ла Коруња. Депортиво долго време се обидува да го потпише, а доколу Елче биде испратен во Сегунда, се надевам дека конечно ќе го земеме.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.030
Од мојот последен пост на темава, купивме тројца играчи, а скоро ниту еден од нив не беше очекувано да биде купен. За разлика од претходните години, сега имаме играчи кои потпишаа долгорочни договори, а не позајмици како досега.

Најпрвин во клубот допатува Саул Гарсија, младиот играч кој го имавме попишано уште во минатата сезона. Се работи за лев бек, кој лани го носеше дресот на Сантандер. Најверојатно, ќе биде позајмен некаде во оваа сезона.

Листата на засилувања започнува со минатогодишниот капитен на Севиља, Фернандо Наваро. Покрај Саул, ова е уште едно засилување на левата бековска позиција. Наваро има богато искуство во Примера, носејќи го дресот на Севиља во минатите 7 сезони. Од таборот на Севиља не сметаа повеќе на него, па откако го раскинаа договорот, Депортиво го потпиша за наредните 2 години, со можност да продолжи уште една година. Во моментов има 32 години. Ќе имаме добро покриена лева страна, па Луисињо ќе може да игра и како лево крило.

Второто засилување доаѓа од истиот клуб. Севиља го раскина договорот со дефанзивецот Алехандро Арибас, а Депортиво го потпиша за наредните 3 години, со можност да продолжи уште една година. Играчот кој има 26 години, лани беше дел од Севиља, а претходно ги носеше дресовите на Рајо Ваљекано и Осасуна. Тој ќе биде едно од виталните засилувања на централната дефанзивна позиција. Клубот прави напори да го доведе и Сиднеи на целосен договор, па дефанзивната четворка да ни биде, Лопо, Сиднеи, Арибас и Инсуа. После долги години ќе може да се пофалиме со достоен дефанзивен ред.

Притоа, Лопо кој имаше договор до крајот на следната сезона, го продолжи истиот до крајот на сезоната 2016/17. Мануел Пабло се реши да игра уште една сезона, а нов договор потпиша и Хуан Домингез.

Третото засилување е целосното потпишување на еден од играчите кои беа позајмени во ланската сезона. Се работи за Ориол Риера, досегашен напаѓач на Виган, кој минатата полусезона ја мина во Депортиво. Целосниот договор ќе биде обелоденет денеска, а се шпекулира дека потпиша за наредните 3 години, а Депортиво за него платил оштета од 700.000 евра. Риера беше играч за кој помалку се очекуваше дека Депортиво ќе успее да го откупи договорот, меѓутоа испаѓањето на Виган во трета лига, ја олесни работата.

Сеуште трае сагата околу Саломао, Сиднеи и особено Лукас Перез.
Саломао беше пред портите на Депортиво и веројатно сеуште се чека да се раскине неговиот договор со Спортинг Лисабон. Слична е ситуацијата и со Сиднеи...
Лукас Перез најверојатно нема да се врати во Депортиво...
Депортиво има откупна клаузула од 2.5 милиони која истекува во петок, ама со оглед на тоа што нема шанси да се исплати толкава сума на ПАОК, најверојатно ќе се оди на нови преговори. Лукас Перез веќе се збогува со фановите на Депор и се врати во редовите на Грчкиот прволигаш.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.030
Луис Алберто од Ливерпул доаѓа на позајмица во Депортиво :D Ова е четвртото засилување во новата сезона.
Искрено немам некое поголемо инфо за него, освен дека може да игра како напаѓач, полушпиц или крило...
@Peja989 фрли некое инфо ако воопшто заиграл за Ливерпул некогаш :icon_mrgr:

Кај нас треба да дојде како кец на десетка :icon_mrgr:
 
Член од
22 јули 2010
Мислења
32.528
Поени од реакции
81.968
Луис Алберто од Ливерпул доаѓа на позајмица во Депортиво :D Ова е четвртото засилување во новата сезона.
Искрено немам некое поголемо инфо за него, освен дека може да игра како напаѓач, полушпиц или крило...
@Peja989 фрли некое инфо ако воопшто заиграл за Ливерпул некогаш :icon_mrgr:

Кај нас треба да дојде како кец на десетка :icon_mrgr:
Кај „нас“ беше една сезона и од тоа што го „изигра“ се гледа дека дечкото има визија и може да игра како централен играч во средина и понапред, како десетка.

Јас искрено се надевав дека ќе остане кај нас и сезонава или ако е позајмуван ќе биде позајмен во Англија. Ова според мене значи дека дефинитивно ќе се ослободуваат од него. Мислам дека за тим како Ла Коруња (не дека гледам со потценување, туку дека ете, се бореше тимот до последно коло да обезбеди опстанок), добивате солиден играч.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.030
FIRST ROUND
23/Aug/2015: Deportivo v Real Sociedad (matchday 01)
30/Aug/2015: Valencia CF v Deportivo (matchday 02)
13/Sep/2015: Rayo Vallecano v Deportivo (matchday 03)
20/Sep/2015: Deportivo v Sporting Gijón (matchday 04)
23/Sep/2015: Real Betis v Deportivo (matchday 05)
27/Sep/2015: Deportivo v RCD Espanyol (matchday 06)
04/Oct/2015: Granada CF v Deportivo (matchday 07)
18/Oct/2015: Deportivo v Athletic Club (matchday 08)
25/Oct/2015: Málaga CF v Deportivo (matchday 09)
28/Oct/2015: Deportivo v Atlético Madrid (matchday 10)
01/Nov/2015: Levante UD v Deportivo (matchday 11)
15/Nov/2015: Deportivo v RC Celta (matchday 12)
22/Nov/2015: UD Las Palmas v Deportivo (matchday 13)
29/Nov/2015: Deportivo v Sevilla CF (matchday 14)
06/Dec/2015: FC Barcelona v Deportivo (matchday 15)
13/Dec/2015: Deportivo v SD Eibar (matchday 16)
20/Dec/2015: Getafe CF v Deportivo (matchday 17)
03/Jan/2016: Deportivo v Villarreal CF (matchday 18)
10/Jan/2016: Real Madrid v Deportivo (matchday 19)

SECOND ROUND
17/Jan/2016: Real Sociedad v Deportivo (matchday 20)
24/Jan/2016: Deportivo v Valencia CF (matchday 21)
31/Jan/2016: Deportivo v Rayo Vallecano (matchday 22)
07/Feb/2016: Sporting Gijón v Deportivo (matchday 23)
14/Feb/2016: Deportivo v Real Betis (matchday 24)
21/Feb/2016: RCD Espanyol v Deportivo (matchday 25)
28/Feb/2016: Deportivo v Granada CF (matchday 26)
02/Mar/2016: Athletic Club v Deportivo (matchday 27)
06/Mar/2016: Deportivo v Málaga CF (matchday 28)
13/Mar/2016: Atlético Madrid v Deportivo (matchday 29)
20/Mar/2016: Deportivo v Levante UD (matchday 30)
03/Apr/2016: RC Celta v Deportivo (matchday 31)
10/Apr/2016: Deportivo v UD Las Palmas (matchday 32)
17/Apr/2016: Sevilla CF v Deportivo (matchday 33)
20/Apr/2016: Deportivo v Barcelona (matchday 34)
24/Apr/2016: SD Eibar v Deportivo (matchday 35)
01/May/2016: Deportivo v Getafe (matchday 36)
08/May/2016: Villarreal CF v Deportivo (matchday 37)
15/May/2016: Deportivo v Real Madrid (matchday 38)

@ElNinho ќе ја губите титулата на Риазор, јебига... :icon_mrgr:

Лош распоред имаме во крајните кола, така да опстанокот ќе мора да се обезбеди многу порано.

После долги преговори се очекува утре или задутре за Депортиво официјално да потпише и Сиднеи кој лани како позајмен играч го носеше нашиот дрес. Во меѓувреме стигнала понуда за Фабрицио, 2 милиони плус напаѓачот Тиеви Бифума за кој Депортиво изрази желба да го донесе во своите редови. Ваков трансфер би значел дека покрај Бифума, Депортиво ќе може да го откупи и Лукас од ПАОК, но сепак јас не би го дал Фабрицио за никакви пари :D
 

MkDon

Valencianista
Член од
22 септември 2008
Мислења
1.580
Поени од реакции
3.007
Играте со противниците кои ние ги оставаме.
 
Последно уредено:
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.030
Уште еден повратник во старото јато. Сосема неочекувано, Хуанфран Морено десниот бек на Ватфорд одново ќе биде позајмен во Депортиво на една година. Одлична позајмица на играч кој нема потреба да се адаптира и има што да покаже по десната страна. Браво.
Се надевам дека ќе го откупиме целосно во иднина :D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.030
Сиднеи ја комплетираше својата позајмица во Депортиво. Доаѓа како позајмен играч од Бенфика на една година.

Цани од Виљареал истотака ќе биде ново засилување на Депортиво. Го раскина договорот со жолтата подморница и треба уште да ги мине медицинските прегледи во Ла Коруња. Се шпекулира дека искусниот 33 годишен офанзивен играч од средината ќе потпише двегодишен договор со Депортиво.

Депортиво испратил понуда за Педро Москера, играчот кој е роден во Ла Коруња, играше во младите категории на Депортиво, па премина во Реал, со години играше во нивниот Б и Ц тим, а дел од кариерата мина и во Гетафе и во Елче минатата сезона. Сега како 27 годишен играч, најверојатно на позајмица ќе дојде во Депортиво, како засилување во дефанзивната средина.

Депортиво ги обновиле преговорите за Лукас со ПАОК, се преговара за носење на Феде Катабриа од Валенсија на позајмица и секако сеуште се чека да се стави крај на сагата меѓу Саломао и Спортинг Лисабон и Португалецот официјално да потпише за Депортиво.

Лека полека градиме солиден тим, ќе видиме што ќе донесе иднината :D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.030
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom