Фан Клуб: Депортиво Ла Коруња

Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Oгормен проблем е одбраната, која има примено убедливо најмногу голови во Лигата.
Сиднеи-Лопо е солиден стоперски тандем, само проблемот е што средината слабо работи во одбрана т.е. Домингез, Медуњанин, Хосе воопшто не се трудат да покријат кога ќе го изгубат поседот.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.451
Поени од реакции
68.695
Лопо не е ни земен во тимот за мечот со Валенсија. Не знам што размислува Фернандез :confused:
Колку и да е просечен играч, сепак е најдобар дефанзивец во нашиот тим. Очекувам Инсуа да биде едниот стартер, а другиот ќе се бара меѓу Диаките и Сиднеи. Диаките се бунел за малата минутажа, ништо чудно да биде стартер утре.
Лукас Перез ќе ги добие првите минути, дали како стартер или ќе влезе од клупата ќе видиме...
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.451
Поени од реакции
68.695
ГООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛ


Аууу каков меч играме, водство против Валенсија од 1-0 со автогол постигнат по наш корнер.
Корнерот дојде откако Медуњанин имаше феноменален слободен, во кој гостинскиот голман и стативата ја спасија Валенсија.
Фариња и Кавалеиро имаат одличен меч во нападот.
Бајаги е сменета стартната постава и тоа засега вродува со плод.[DOUBLEPOST=1413733514][/DOUBLEPOST]АААААААААААААААААААААААААА БУШИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИ 2222222222222222222222222-00000000000000

Лукас Перез, каков гол :vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:[DOUBLEPOST=1413738426][/DOUBLEPOST]Кој беа дечкиве што излегоа во дресовите на Депортиво денеска? :icon_mrgr:
Ова ли беше дуелот меѓу последниот тим на табелата и досега непоразената екипа во Примера? :icon_mrgr:
Проклетството конечно е скршено, после 10 сезони Депортиво го совлада противникот кој највеќе болка ни зададе во блиското минато!
Депортиво-Валенсија 3-0!
Не знам што да кажам. Цела недела се шпекулираше дека Фернандез ќе искочи со видно изменет состав од претходните мечеви.
И би така...
Лопо како столб на одбраната не беше ни повикан, а младиот Инсуа, играч од Депортиво Б не само што беше стартер, туку ја носеше и капитенската лента.
Одлично изигран меч, се надевам ќе му влијае на самодовербата и допрва ќе го видиме најдоброто од него.
На голот после катастрофалните мечеви конечно беше заменет Лукс и на негово место застана Фабрицио.
Свое деби имаше Лукас Перез, играчот од кој очекувавме многу, но досега беше повреден.
Имаше сили за само едно полувреме и постигна еден погодок.

Фабрицио

Хуанфран Инсуа Сиднеи Луизињо

Вилк Медуњанин

Куенка Фариња Перез

Кавалеиро

Вилк беше изненадувањето на мечот. Пољакот буквално изгази денес, можеби најдобар беше на теренот. За нашите момчиња немаше загубена топка, гинеа на секоја педа од теренот :cuc:
Дали Валенсија не потцени, но како што кажав пред две недели, после репрезентативната пауза го очекувам бумот на Депор.
Фариња и Кавалеиро ги правеа решето противниците во првите минути, но Кавалеиро не успеваше да ги реализира шансите.
Погодивме статива од слободен преку Медуњанин, а по корнерот гостите си дадоа автогол за водство на Депортиво. Тактички им ја отстапивме топкаа и од една брза контра, Перез од скоро мртов агол маестрално биеше за 0-2:drk::drk::drk:
Депортиво воглавно немаше сили за две полувремиња годинава, но денес видовме некои нови момци.
Во игра место Перез влезе Хуан Карлос кој истотака го забележа дебитантскиот настап, Точе влезе место Кавалеиро, а Хуан Родригез место Куенка. Токму Хуан Родригез маестрално асистираше до Точе кој биеше за огромни 3-0.
Валенсија имаа две добри шанси, еднаш утнаа од неколку метри, вториот пат погодија статива.

@Atso требаше да ти кажам дека уште не сум изгубил кладба за аватари на кајгана :D
Всушност кладба направив за да ја скршам традицијата од 10 години без победа против вас на Риазор. Имено во времето кога бев средно, имаше другар фан на Валенсија, со кој се кладев кој ќе го добие мечот Депортиво-Валенсија кој се играше тогаш. Депортиво загуби со 1-5 и тука почна серијата од 10 години без победа. Реков да се кладам пак, па може ќе тепаме. И би така :icon_mrgr:

Добро ќе ти стои аватаров?
 
Последно уредено:
Член од
25 мај 2010
Мислења
3.154
Поени од реакции
6.358
ГООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛ


Аууу каков меч играме, водство против Валенсија од 1-0 со автогол постигнат по наш корнер.
Корнерот дојде откако Медуњанин имаше феноменален слободен, во кој гостинскиот голман и стативата ја спасија Валенсија.
Фариња и Кавалеиро имаат одличен меч во нападот.
Бајаги е сменета стартната постава и тоа засега вродува со плод.[DOUBLEPOST=1413733514][/DOUBLEPOST]АААААААААААААААААААААААААА БУШИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИИ 2222222222222222222222222-00000000000000

Лукас Перез, каков гол :vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:[DOUBLEPOST=1413738426][/DOUBLEPOST]Кој беа дечкиве што излегоа во дресовите на Депортиво денеска? :icon_mrgr:
Ова ли беше дуелот меѓу последниот тим на табелата и досега непоразената екипа во Примера? :icon_mrgr:
Проклетството конечно е скршено, после 10 сезони Депортиво го совлада противникот кој највеќе болка ни зададе во блиското минато!
Депортиво-Валенсија 3-0!
Не знам што да кажам. Цела недела се шпекулираше дека Фернандез ќе искочи со видно изменет состав од претходните мечеви.
И би така...
Лопо како столб на одбраната не беше ни повикан, а младиот Инсуа, играч од Депортиво Б не само што беше стартер, туку ја носеше и капитенската лента.
Одлично изигран меч, се надевам ќе му влијае на самодовербата и допрва ќе го видиме најдоброто од него.
На голот после катастрофалните мечеви конечно беше заменет Лукс и на негово место застана Фабрицио.
Свое деби имаше Лукас Перез, играчот од кој очекувавме многу, но досега беше повреден.
Имаше сили за само едно полувреме и постигна еден погодок.

Фабрицио

Хуанфран Инсуа Сиднеи Луизињо

Вилк Медуњанин

Куенка Фариња Перез

Кавалеиро

Вилк беше изненадувањето на мечот. Пољакот буквално изгази денес, можеби најдобар беше на теренот. За нашите момчиња немаше загубена топка, гинеа на секоја педа од теренот :cuc:
Дали Валенсија не потцени, но како што кажав пред две недели, после репрезентативната пауза го очекувам бумот на Депор.
Фариња и Кавалеиро ги правеа решето противниците во првите минути, но Кавалеиро не успеваше да ги реализира шансите.
Погодивме статива од слободен преку Медуњанин, а по корнерот гостите си дадоа автогол за водство на Депортиво. Тактички им ја отстапивме топкаа и од една брза контра, Перез од скоро мртов агол маестрално биеше за 0-2:drk::drk::drk:
Депортиво воглавно немаше сили за две полувремиња годинава, но денес видовме некои нови момци.
Во игра место Перез влезе Хуан Карлос кој истотака го забележа дебитантскиот настап, Точе влезе место Кавалеиро, а Хуан Родригез место Куенка. Токму Хуан Родригез маестрално асистираше до Точе кој биеше за огромни 3-0.
Валенсија имаа две добри шанси, еднаш утнаа од неколку метри, вториот пат погодија статива.

@Atso требаше да ти кажам дека уште не сум изгубил кладба за аватари на кајгана :D
Всушност кладба направив за да ја скршам традицијата од 10 години без победа против вас на Риазор. Имено во времето кога бев средно, имаше другар фан на Валенсија, со кој се кладев кој ќе го добие мечот Депортиво-Валенсија кој се играше тогаш. Депортиво загуби со 1-5 и тука почна серијата од 10 години без победа. Реков да се кладам пак, па може ќе тепаме. И би така :icon_mrgr:

Добро ќе ти стои аватаров?
добар е играчов за на аватар, ама дресот не :P
да не заборавиме последен пат Валенсија кога изгубила на Риазор (2003) .... биле шампиони :D

честито победа (y)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.451
Поени од реакции
68.695
Го додадовме и осмиот бод на контото добиен во тешкото гостување кај Еспањол.
Еспањол-Депортиво 0-0!

Фер е да се признае дека од овој меч не заслуживме апсолутно ништо. Дојдовме да ги браниме почетните 0-0 и имавме среќа што не примивме гол, еден гол да примевме, сигурно го губевме овој меч.
Немавме НИЕДНА шанса, тоа говори колку слаб меч одигра Депортиво, можеби најлош годинава, заедно со мечот со Севиља...

Во одбрана малце ја зацврстивме играта, а тука голема улога одигра и Фабрицио кој беше одличен денеска. Домаќините имаа дузина добри шанси, погодена пречка, утнати зицери и со право може да жалат што освоија само еден бод од овој дуел.

Со овој бод успеавме да останеме над зоната за испаѓање, па дури и да ја зголиме на три бода разликата од последните три екипи.

Следува домашен меч со Гетафе, гостување кај Кордоба и домашен меч со Сосиедад, ова се мечевите во кои мораме да освојуваме бодови.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.451
Поени од реакции
68.695
Доста лоши реултати имаме остварено од последниот мој пост во темава.
Само 2 освоени бодови од можни 12 на последните 4 меча.
Денеска загубивме од Атлетико, доста очекувано, со 2-0.
Катастрофален пристап во играта, мада и толкави ни се и квалитетите. Игравме дефанзивно, со никаква идеја да тргнеме во напад. Се браневме добро 40-тина минути, но пред крајот на полувремето одново примивме гол по слободен удар.
Имаа домаќините нафрлување од страна во нашиот шеснаесетник, Манџукиќ ја продолжи топката до Нигез (или како и да се чита) кој лесно погоди со глава во празната мрежа...
Одма на стартот од вториот дел, една одбиена топка се одби до Туран, кој шутна од 18 метри, Диаките ја допре, доволно за да го измами Фабрицио и да зголеми на 2-0.
Од овде до крај, видовме безидејна игра, едноставно чекање да заврши мечот. НИЕДНА ШАНСА НЕМАВМЕ...

Во претходните три средби:
Депортиво-Гетафе 1-2
Бевме подобар противник се дури не примивме гол, после тоа се распадна се. На овој меч, голот првенец го постигна Постига.
Колку е само очаен човече, а допре топка, задолжително оди да одглуми фаул, и судиите веќе почнаа да му судат контра фаули цело време...

Следуваа два меча кои завршија нерешено без голови.
Кордоба-Депортиво 0-0
Депортиво-Реал Сосиедад 0-0

И на двата меча ние бевме тие кои се бранеа.
Постига направи пенал против Кордоба, но Фабрицио за среќа успеа да одбрани. Тогаш судијата се искурнази и му даде не заслужен втор жолт на Постига, иако еден домашните играчи му направи остар фаул, а Постига тргна да бара жолт картон, по што судијата подели жолти и на двајцата.
Останавме со играч помалку од 35-та минута, што значеше дека мора да се браниме.
Да игравме во полн состав, можеби и ќе победевме...

Денешниот ден за жал го одбележаа случувањата пред мечот Атлетико-Депор.
Имено имало масовна тепачка меѓу навивачите на двата тима пред почетокот на мечот, по која има 11-тина повредени, меѓу кои некои прободени со нож. Еден од навивачите на Депор доживеал инфаркт во тепачката, а притоа бил фрлен и во некоја река... Дечкото се наоѓа во клиничка смрт, и докторите водат голема борба за да му го спасат животот...
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.451
Поени од реакции
68.695
Освоени три поени од можни шест на последните два меча одиграни на Риазор.

Депортиво-Малага 0-1
Срце ме стега како ја загубивме утакмицава. Малага со ништо не заслужи да победи, да не промашевме неколку 100% шанси сигурно ќе дојдевме до трите бода од овој меч :( Имавме инцијатива на стартот од мечот и неколку промашени чисти шанси, а потоа како и во текот на целата сезона примивме гол по слободен удар...

Депортиво-Елче 1-0
Победа над конкурентот Елче за излегување од опасната зона. Со 13 поени сега сме два бода над 18-то пласираната Кордоба. И на овој дуел ќе загубевме добиен меч. Малце среќа да имавме во некои мечеви, сигурно ќе имавме бар 16-7 бодови сега :toe:
Колку што е добра победава, толку е и лоша со оглед на тоа што ако загубевме Фернандез ќе добиеше отказ. Многумина го обвинуваат за форсирањето на Постига во нападот, особено што Точе иако генерално е тежок просек, изигра одлично во последните мечеви во кои доби шанса. Највеќе на удар беше неговото непотребно играње со 5 дефанзивци, тактика која буквално не утепа во напаѓачка смисла. Осамени и неефективни напаѓачи, потпирање на соло продори на Кавалеиро или Медуњанин, малку шанси, некреативна средина итн.
За овој меч конечно во игра се врати Фариња кој и го постигна ако не се лажам својот деби гол во оваа сезона, за многу важни 3 бодови.
Немавме среќа на два пати после тоа откако изигравме одлична акција, Точе имаше празен гол но топката смени правец од калта пред голот и отиде шансата...
Потоа Медуњанин имаше одличен удар кој практично ја разнесе пречката на противникот.
Имавме доста простор за напад, а особено се истакна Хуан Родригез кој може да се каже дека е моторот на екипата и дека многу се труди на теренот. Домингез засега е само негова сенка иако сите очекуваа повеќе од него.
Кавалеиро е одличен со топката, ама некако го нема завршниот удар. Сепак има што да покаже дечкото, ако се вратат Саломао и Лукас во игра после повредите, би биле доста посилни.
Елче на крајот имаше 2 сто процентни шанси во кои само Фабрицио е виновен зошто нашата мрежа остана незатресена :oleee:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.451
Поени од реакции
68.695

Саул Гарсија, 20 годишниот лев бек на Расинг Сантандер првото засилување на Депортиво. Ќе им биде отстапен на Расинг до крај на сезоната, а потпише 4 и пол годишен договор. Одлична зделка, колку и да е ризична, добро е што добиваме играч за кој пројавуваа интерес и некои подобри тимови како Виљареал на пример.

Диаките го напушти Депортиво и официјално.

Деновиве се преговара со Костариканскиот репрезентативец, Келсо Боргес кој игра во АИК. Најверојатно тој ќе биде второто засилување во нашиот состав, првото кое ќе има право на настап во следната полусезона.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.451
Поени од реакции
68.695
Ништо од Келсо Боргес :angel:

Наредна мета е напаѓачот на Виган, Ориол Ривера, кој го бараме на 6 месечна позајмица. Риера кој лани настапуваше за Осасуна и постигна 13 голови во сезоната, е цел на повеќе клубови, а самиот изјавил дека Депортиво му е приоритет на листата. Ќе видиме што ќе испадне...
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.451
Поени од реакции
68.695
ДЕПОРТИВО-Атлетик Билбао 1-0 :oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe:

Најубавиот подарок за нова година :pijanco:

Целосно заслужена победа според мене, па да не беа себични Куенка и Постига и да знаеше да смири топка Хуан Домингез, ќе победевме и поубедливо. Првото полувреме не го гледав целосно, тук-таму имав можност да погледнам нешто. Како што сфатив ни бил поништен гол на Точе, а на Билбао им бил кренат некој непостоечки офсајд при гол ситуација.
Кавалеиро го постигна решавачкиот погодок уште во првиот дел откако одлично искористи еден отпадок, прекрасно смири една висока топка, го сецна голманот и погоди за 1-0 :pistoldz:
Вешто игравме до крајот на мечот. Ги остававме да ја чуваат топката, но навреме успевавме да ја остраниме секоја опасност. Хуан Родригез, Хуанфран и Луизињо изиграа маестрален меч.
Фариња правеше доста проблеми во противничката одбрана и само штета е што се повреди во 35-та минута. Не знам што малер ќе бевме, не можеме да не собереме во целосен состав.
Мора да има некое логично објаснување, ти ебам среќата да ти ебам :toe:
Фариња цело време се повредува, а повремени повреди имаат и еден куп други играчи, додека Лукас Перез го видовме само еднаш на теренот, кога за 30-тина минути против Валенсија постигна еден гол и изигра одлично :toe:
Родригез упати една одлична топка до Домингез во второ полувреме, ама овој иако го имаше цело време на светот да ја штопира топката и да даде гол крај истрчаниот Ираизоз, се реши од прва да бие и се испосра.
Домингез имаше шанса и во првиот дел кога Хуанфран мина 3-4 играчи по десно, му врати во пеналтикот, ама овој шутираше над гол.
Билбао имаа 100% шанса во 80 и некоја минута, кога одново лошо покривме по слободен удар, но Вилијамс биеше над пречката. Потоа Фабрицио со парада одлично одбрани еден солиден шут, за Постига и Куенка на два пати да бидат себични и да не додадат за сигурен втор гол во многу изгледни шанси.

Дојдовме до 16-тиот поен и 4-тата победа која не носи на 15-то место.
Мулињана Малага загубија дома од Алмерија, а баш мислев ќе им избегаме на Алмерија.
Утре се игра важен натпревар за нас меѓу Кордоба и Гранада. Победа на Кордоба или нерешено, одлично ќе ни дојде :motorce:
Наредна утакмица играме со Леванте, па одиме кај Барселона, па дома со Гранада.
Од Барселона којзнае колку комада ќе примиме, ама другиве два меча можат клучни да ни бидат.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.451
Поени од реакции
68.695
Ориол Риера е првото засилување за оваа сезона.
Се работи за 28 годишен напаѓач кој доаѓа на 6-месечна позајмица од Виган. Не се познати сите детали од договорот, ама има шанси ако опстане Депортиво, целосно да биде откупен неговиот договор. Риера лани во Осасуна постигна 13 погодоци, но сезонава не се снајде во Виган и на 13 мечеви постигна само еден погодок. Дете е на Барселона и во моментов мислам дека е подобра опција од Точе и Постига кој е во очајна форма.

Според Виктор Фернандез, ќе сме опстанеле три кола пред крајот на сезоната :LOL:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.451
Поени од реакции
68.695
Резултатски критичен викенд за нас :D
Леванте-Депортиво 0-0...
Можеме да жалиме што не стигнавме до трите бода. Одново бевме безидејни во нападот, сто контра напади имавме, ама пред се Куенка со себичноста ги уништуваше. Лоша завршница на нападите поради која може да кажеме дека загубивме два бода, а не дека освоивме еден.
Леванте беше можеби најслабиот противник кој сме го имале во оваа сезона.
А добро ќе ни дојдеше победа во дуел, пред се што беше гостување кај директен противник. Кордоба фати залет, две победи по ред :place:
Во моментов табелата изгледа вака:
14. Гетафе 17
15. Кордоба 17
16. Депортиво 17
17. Алмерија 16
18. Леванте 16
19. Елче 14
20. Гранада 14

Фативме и ние малце залет, играме се подобро и подобро и штета што следниот дуел ни е со Барселона...
После тоа не очекува меч во кој мора да победиме по секоја цена, а тоа е домашниот натпревар со Гранада.
Риера имаше солидно деби во минутите кои ги доби против Леванте. Ако е доволно фит, треба да му се даде шанса од старт на мечот против Барса.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.451
Поени од реакции
68.695

Еден од подобрите играчи на Коста Рика на СП во Бразил, Келсо Боргес, од денес е нов играч на Депортиво. Неговото име се поврзуваше во трансферите на Депортиво и пред неколку недели, но тогаш наводно не беше постигнат договор. Се работи за 26 годишен играч од средината, делот од теренот на кој реално имаме и највеќе играчи. Ова најверојатно би значело дека Хуан Домингез нема да го продолжи договорот и можеби уште сега ќе премине во друг тим.
Тука се Вилк и Алекс Бергантињос како подефанзивни средњаци, при што Бергантињос по заминувањето на Диаките ќе се смета повеќе како четврт дефанзивец. Медуњанин истотака има подефанзивни улоги, а Хуан Родригез и Хуан Домингез имаат плејмејкерска улога.

На Депортиво највеќе му требаат крилни играчи со оглед на тоа што Лукас Перез и Саломао се вечно повредени и тешко дека би заиграле...
Последните информации говорат дека Депортиво е заинтересиран за Миралем Сулејмани, крилото на Бенфика. Кога веќе се зборува за позајмица на играчи на Бенфика, повеќе сум за Пици кој преклани имаше одлични партии во нашиот дрес, но годинава скоро ништо нема изиграно во Португалија...
Тино Фернендез во стилот на Лендоиро најави огромно засилување во последните денови од трансфер сезоната :D

За потписот на Боргес мораше да се ослободи место со тоа што Сеоане беше пратен на позамица во Луго. За нови засилувања ќе мора да летне уште некој. Најголем кандидат за позајмица е Хуан Карлос...
Мада попрво јас сум за раскин за некои позајмици на играчи кои се повредени цела полусезона :вонзем:
 
Член од
26 јануари 2010
Мислења
184
Поени од реакции
22
Имам добар осеќај за Боргес, а Домингез што се однесува до мене може слободно да замине. Дечкото има 25 години, игра од 18 во Депортиво, учеше од Валерон и никако да покаже дека нешто научил. За втора лига е добар.
А може и Перез да го земе во пакет. Па и Куенка себичњакот.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.451
Поени од реакции
68.695
Куенка највеќе ме разочара досега. Убаво почна ама од тогаш само се обидува да се истакне и е себичен во клучни моменти кога треба да дадеме гол.
Сепак има квалитет и не би го ослободил толку лесно.
Саломао и Перез почнале со редовни тренинзи, така да веројатно нема да бидат отпуштени откако цела прва полусезона ја пропуштија поради повреди (Перез одигра 45 минути против Валенсија во кои беше одличен и постигна погодок).
Фариња и Постига истотака се повредени, Фариња има полесни тренинзи и ќе се врати за 2-3 кола. Постига веројатно цел месец ќе отсуствува, со што се отвора шанса за Риера да биде стартер во составот.

Од сите засилувања на крај испадна дека Родригез кој е на позајмица од Реал Б е најдобар досега. Дечкото во последниот период остава душа на терен. Секако, овде е и Кавалеиро, а сосема солидни се и Хуанфран и Сиднеи во дефанзивата, како и Фабрицио на голот.

Верувам дека да ги имавме овие играчи година или две во составот, во моментов ќе се боревме за Европа.
Да ги имавме и Гама и Пици како крила, за ЛШ ќе се боревме :P
 

Kajgana Shop

На врв Bottom