Фан Клуб: Депортиво Ла Коруња

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
Елче-Депортиво 4-0!
Што да се каже освен дека се враќаме во Сегунда, нема повеќе надеж...
На најважниот натпревар одигравме најлошо. Елче почна фуриозно, дозволивме да заспие цела одбрана, еден играч да го наниже цел тим, мислиш Меси е во нападот, и да погодат домаќините уште на стартот од мечот.
Потоа судијата дигна непостоечки офсајд кога Кавалеиро и Лукас излегоа сами пред голман, за неколку минути подоцна да досуди смешен пенал за Елче и тука да се заврши приказната.
Елче играше како Барселона, буквално не растурија вчера. Имавме тук-таму некоја шанса, особено Кавалеиро и Риера можеа да погодат, но место да намалиме на 2-1, дозволивме ноншалантно Елче да зголеми на 3-0.
Излегоа сами со Фабриицо, овој одбрани, но топката летна преку него, а Лопо не се ни обиде да ја избаци туку си остави да ни ја забијат во мрежата за 3-0.
Партали ни беше одбраната, да не е Фабрицио на голот досега ќе бевме ЗАКОПАНИ НА ДНОТО.

Јебига, барем во Сегунда ќе успееме и да победиме некого :place:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
Моменталната ситуација е:
16. Еибар 31
17. Алмерија 31
18. Депортиво 29
19. Гранада 25

Granada
v Getafe (a)
v Cordoba (h)
v Real Sociedad (a)
v A. Madrid (h)

Depor
v Villarreal (h)
v A. Bilbao (a)
v Levante (h)
v Barca (a)

Almeria
v Celta (h)
v Malaga (h)
v Sevilla (a)
v Valencia (h)

Eibar
v Valencia (a)
v Espanyol (h)
v Getafe (a)
v Cordoba (h)

Уште имам некои надежи откако Гранада загуби дома од Еспањол.
Ах да се случи сите противници да загубат до крај маме му ебам :D

Леванте некако треба да се докопа до бодови против Сосиедад и во претпоследно коло да дојде без никаква амбиција кај нас, па убаво да си ги плеснеме.
За Барса се знае, дотогаш освојува лига, игра финале со Јуве во ЛШ и против нас искача со младинци и ги тепаме :D

Со Виљареал е најбитна утакмица, они ни играат без цел прв тим, 100 играчи им фалат, ама познавајќи како играме ние на домашен терен, тешко до победа. Да се биде или не е овој дуел за нас, го тепаме ли Виљареал, се враќаме во игра за опстанокот.

Ако го тепаме Виљареал, Билбао сто посто паѓа.

Со други зборови одиме на скор 12/12 :icon_mrgr:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
Десетина кола чекаме победа, додека другите екипи буквално ни даваат шанса до последно коло. Еибар и Алмерија се шинаа губејќи лесни натпревари, само скапаната Гранада го тепаше мизерното Гетафе (од кое ние изгубивме два пати) и ни ги замрси сметките.

Депортиво-Виљареал 1-1
Атлетик Билбао-Депортиво 1-1

Гол на Лопо во 94-тата минута, гол на надеж.
Играчите играа лавовски, беа насекаде на теренот и може е пристрасно ама мислам дека сезонава не заслуживме да испаднеме со оглед на игрите кои ги прикажуваме против посилните противници. Проблемот е што против послабите сме дрва, додека посилните среќни ни се вадат...
Атлетик Билбсо почна фуриозно, напаѓаа, дадоа гол преку Адуриц и застанаа.
Депортиво цело време притискаше, Луисињо промаши сто процентна шанса, а потоа дадовме ЧИСТ ГОЛ кој Манзано го поништи поради фаул :confused:
Ситуацијата е од 1:40 на видеото.
Поништениот гол дополнително ни даде крила и постојано притискавме, но без некоја шанса.
Напротив Билбао ги користеше контрите, но ние го имавме Фабрицио за одново да не спаси и да го одложи нашето испаѓање во Сегунда. Дечкото брани феноменално сезонава :aplauz: Убедливо нај најдобар играч.
Виктор фрли се на една карта, го стави и Постига, а токму Португалецот утна две солидни шанси. Додуша во првата имавме шанса во која противникот чистеше од гол линија, али Постига спиеше и ако реагираше порано можеше да погоди.
И кога сите мислеа дека е крај, бапппп :D
Ова со судискиве одлуки на клучни мечеви ни се повторува секоја сезона во Примера, аман веќе...

Во моментов сме надвор од зоната за испаѓање, а притоа сеуште не е јасно дали Алмерија ќе има казна од три бода или не.
Нас ни следува дуел со Леванте кој мора да се добие. Победа против Леванте ќе ни ги отвори вратите на спасот, ама фер е да се признае дека не зависи се од нас...

Моменталната ситуација е:
16. Алмерија 32
17. Депортиво 31
18. Гранада 31
19. Еибар 31

Во триото Депор-Гранада-Еибар сме најдобри, но конкретно против Гранада сме полоши :D

Granada
v Real Sociedad (a)
v A. Madrid (h)

Depor
v Levante (h)
v Barca (a)

Almeria
v Sevilla (a)
v Valencia (h)

Eibar
v Getafe (a)
v Cordoba (h)

Наредното коло е клучно за нас.
Со победа над Леванте и пораз на Гранада и Еибар кај Сосиедад односно Гетафе би значело сигурен спас, доколку претпоставиме дека Еибар ќе ја добие Кордоба во последното коло.

Од друга страна и Алмерија има лош распоред, па би можеле и пред нив да завршиме дури и со само една победа. Валенсија барем еднаш во животов треба да одигра за нас :kuracc:
Мртвото Гетафе ме плаши највеќе, обезбедија опстанок и во моментов и од Врапчиште може да загубат...
 
Член од
25 мај 2010
Мислења
3.154
Поени од реакции
6.358

ако тепа Валенсија против Селта (и ако не се штрајкува) утакмицата со Алмерија нема да и значи ништо на Валенсија. :D
иначе на Алмерија и ги вратија 3те бода. :P
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
ако тепа Валенсија против Селта (и ако не се штрајкува) утакмицата со Алмерија нема да и значи ништо на Валенсија. :D
иначе на Алмерија и ги вратија 3те бода. :P
Барса ќе го тепа Атлетико и ќе добиете шанса да бидете трети на крај ако ја тепате Алмерија :D
Подобро да влезете директно во ЛШ отколку да ризикувате да испаднете во квалификации :D

Не сум изненаден ако играте против нас, нема да биде прв пат :icon_mrgr::цицки:
Кога и да испаднеме, после некоја година се дознава дека другите клубови си ги наместиле крајните утакмици за спас, само со Депортиво никој не сака да мести :icon_mrgr:

Да тепаме прво со Леванте, после ќе му ја мислиме :icon_mrgr:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
Распродаден е Риазор за дуелот со Леванте. Што и да се случи, Леванте мора да падне!!!
Еуфорија ме тресе уште од сега, штрајкот е прекинат и одиме на трите бода против Леванте во недела:pipi:
Вамос Депооооооооооооооооооооооорррррр :icon_mrgr:
http://www.canalplus.es/el-dia-despues/videos/20150511plucanftb_13
Моментите на возбуда од дуелот со Атлетик Билбао.
Цело маало го кренав во воздух по голот на Лопо :icon_mrgr:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
ГОООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛ

Алберто Лопоооооооооооооооооооооо :vozbud::vozbud::vozbud:[DOUBLEPOST=1431887769][/DOUBLEPOST]ГОООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛ
2-0 Хуанфран
Готови се Леванте, ама со оглед на тоа какви се другите резултати, готови сме и ние :([DOUBLEPOST=1431889612][/DOUBLEPOST]Депортиво-Леванте 2-0
Депортиво не одигра спектакуларно, но доволно за победа.
Најпрво по еден слободен удар Лопо погоди за 1-0, а потоа по една акција во вториот дел Хуанфран мајсторски погоди со пласирана топка која прво мавна во стативата, па заврши во мрежата.
Леванте немаше ниту една шанса, а ние можевме да дадеме уште некој гол, но не запнувавме.
Еден резултат недостасуваше за викендот да биде совршен. Еибар освои поен кај Гетафе и тоа практично зависи збогум Примера за нас :(

16. Гранада 34
17. Депортиво 34
18. Алмерија 32
19. Еибар 32

Барселона-Депортиво
Гранада-Атлетико Мадрид
Еибар-Кордоба
Алмерија-Валенсија

Гранада има подобар меѓусебен дуел со нас...

Еибар сигурно ја добива Кордоба (мртвата Кордоба која ние не успеавме ниеднаш да ја совладаме), додека Валенсија не смее да си дозволи пораз кај Алмерија бидејќи може да го изгуби местото во ЛШ од Севиља. Верувам дека Валенсија нема да загуби и сметам дека Алмерија со сигурност ќе заврши зад нас.

Тука постои уште една опција, а тоа е ние да стигнеме до бодови во Барселона
Барселона е шампион, нема за што да игра, ги очекуваат дуели од финалето на Копа Дел Реј и дуелот за титулата во ЛШ. Ваљда ќе се смилуваат и ќе им дадат шанса на второтимците и ќе ги одмараат Меси, Нејмар и Суарез. Мада и во таков случај не знам колку би изиграле барем 0-0 :confused:
 
Последно уредено:
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
Головите на Ривалдо во дресот на Депортиво :D
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
Дај бе не ме јеби, ни стартуваат со напаѓачка линија Меси, Нејмар и Педро, на дуел кој ништо не им значи :вонзем: На недела пред финалето од куп на Шпанија и две недели од финалето на ЛШ :blablab:
Толку е од нашите шанси, Меси сам може да го победи Депортиво.

Сите погледи се свртени кон Еибар сега, под претпоставка дека Валенсија нема да си дозволи дебакл и да загуби во Алмерија (што истотака не би ме чудело од нашите вечни душмани :kuracc:).
Кордоба сакале да одат на самиот ден на утакмицата против Еибар и да поминат 800 килиметри со автобус, по тоа се гледа со какви амбиции ќе настапат денес...
По жалбата на Гранада и Депортиво, на крајот сепак отпатувале ден пред мечот.

Господ нека ни е напомош :duel::oeoeoe:

Ни господ не не спасува, Кордоба со втор тим отишле во Еибар :pos::pos::pos:
Као многу им е јак првиот тим, па дај со вториот ќе играме. Којзнае колку пари си лапнале за да ја изгубат :вонзем:[DOUBLEPOST=1432399169][/DOUBLEPOST]Меси-Депортиво 1-0
Еибар-Кордоба 1-0

Веќе сме во Сегунда :place:
 
Последно уредено:

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.931
Наредната Депор фаворит за влез во Примера :kruna:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
ГООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛ
за последен пат во Примера :(

2-1 Лукас Перез

Остануваат уште 20 минути надеж дека Барселона ќе ни дозволи да си заминеме со бод, нешто што зависи исклучиво од нив.[DOUBLEPOST=1432403759][/DOUBLEPOST]Медуњанин стрела во пречката од слободен :eek:
 
ADP

Член од
5 јули 2012
Мислења
3.495
Поени од реакции
2.304
GOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOOLLLLL

Ajdeeeeeeeeeeee segaaaaaaaaa bunker.. FORZA DEPORRRRRRRRRRR
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
ГОООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛЛ
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.029
АЈДЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom