Фан Клуб: Вардар

Член од
12 мај 2012
Мислења
133
Поени од реакции
218
За мене Градски е втор дом, тебе ако ти е туѓ стадион, тоа е друга работа. Да не се повторувам, Градски е направен за Вардар
Градски е направен за Вардар ама некој друг има предност да игра на него, а Вардар не се ни прашува дали тоа му одговара тоа пробувам да кажам.
Иначе ова со населбиве и автобусите не ти е добра споредбата, али ко што кажа да не забегуваме на други теми...:icon_mrgr:
 
Член од
14 април 2010
Мислења
4.677
Поени од реакции
5.925
Абе една од големината на Вардар беше и токму стадионот, најголемиот стадион за најголемиот клуб, на сите им е сон да настапат тука. А сега на кое ниво ќе паднеме на Брегалница и на Струмица ќе играме на мочано стадионче од 10 000.
Не знам како да ви објасни човек ама ова има многу поголема позадина одколку вадење дека на Вардар не м утреба толкав стадион, плус не бил негов. Врска си нема муабетот. Киријата за Градски они го плаќаат по утакмица е не повеќе од 1000-2000 евра за обичен термин и не повеќе од 10 000 за вечерен термин, се фатат ли за работа малку пајташите у клубот и успеат да повлечат публика од барем 5000 во просек епа ете ви ги парите за киријата. Плус не заборавајте соблекувалните под Јужна се во наше власништво, а пошо е државен клубов лесно можат да го избркаат Ѕинго и да ги "купи" Вардар тие простории. Ама они имаат сосема трет план и со селењето. И што па има се да бутаат у Аердром, од пазете најдобрата позиција достапна за сите од било кој крај да си во Скопјево да го однесат Вардар у Аердром, абе нека идат нека се убијат, се официјализира ли ова, не ни чекам да се префрлат на новиот стадион престанувам да го пратам Вардар, секако ќе бидеме многу малце тие а другите само за една ебена лига на шампиони што ќе ги лажат ќе продолжат да идат. И секако на полувреме на нвиот стадион ќе бидат забавувани од античките Макеоднци, пошо нели ние сме антички и мора во државав се да биде во барок и антика, а сироти ние прост народ сме ни од антика се разбираме нити па од барок и калсициазам и што ти зна мдруго.
Еве предлог пошо Градски го утнаа со фасадата барем овој новиов у Аеродром нека биде во барок стил фасадата, и онака што е битно битно Вардар да имал стадион.
А исто да ве поправам сите што пишувате дека Вардар имал сала, Вардар нема сала, туку ја има на одредено време под концесија, а тоа е голема разлика помеѓу сопственост и концесија.
Пишав и предходно ако толку сакаат да скратат од киријата а имаат толку многу пари за нов стадион, нека го земат ГРадски под концесија.
 
Член од
30 ноември 2013
Мислења
2.147
Поени од реакции
4.542
Ако клубот има европски амбиции, а според тоа што го најави Самсоненко има, која е логиката да градиш нов стадион со капацитет кој ќе биде премалку за европски натпреварувања и на тој да играш домашно првенство, а на Градски да играш европски натпревари. Ако градат нов стадион, да биде барем приближно ист капацитет како Градски па да биде целосна преселба, а не пола натпревари на новиот, пола на Градски. Секако, ако имаат амбиции за учество во европски натпреварувања. А со градење на нов стадион дефинитивно ги покажуваат истите. Тотално непотребна би била изградба на нов стадион во моментов, го имаме Градски, нека издејствуваат за сопствени простории не би требало да биде тешко, имаме помошни игралишта до Градски, ни треба само тренинг центар за младинските категории. Подобро милионите да ги вложиме на играчи отколку на тој нов стадион кој нема да биде доволен за европски натпревари..
 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
Ве читам и се чудим (иако ова ти е класична македонска работа). Кога клубот ни е дно, се молиме да дојде некој и да финансира. Е кога ќе дојде некој и сака да инвестира, сите сакаат да глумат газди со туѓи пари. У корените ни е тоа на нас Македонците.
Не знам што би ви сменило да имате нов стадион? Ако ти идеш за Вардар, што е битно дали е Градски или нов СОПСТВЕН стадион у Аеродром?
Гледам некоја традиција спомнуете. Океј, све тоа си е на место. Ама за стадион? Ја разбирам да се буниш ако сакаат да го сменат амблемот, името, боите. Ама не знам кој здрав на денешницава може да се противи на нов сопствен стадион. Бидете среќни, клубот пак ќе ви биде у Скопје. Жив пример сум е како е да ти го земат клубот и да си го присвојат у друг град, а ти немаш сила да се спротивставиш.

Ама пак ќе кажем, типично македонска работа. Ќе се молиш некој да ти помогне, и кога ќе се најде некој да ти помогне ти сакаш со негови пари да се праеш газда. Све дур не го искоренимо тоа, џабе ни е све.
 

Ернесто ЧЕ Гевара

Hasta La Victoria Siempre
Член од
21 јуни 2010
Мислења
14.134
Поени од реакции
21.047
Член од
23 ноември 2011
Мислења
1.537
Поени од реакции
3.736
Каде е економската корист на некој да фрли 15-20 милиони за изградба на стадион од 10 000 седишта, само за македонско првенство, а европските натпревари да ги игра на Градски? Од каде ќе ги врати вложените средства? Од продадени билети, фан шоп....? Пак истата мизерна бројка на публика ќе ја имаме.
Освен ако не планираат да бутнат трговски центар или нешто такво, затоа што страшно мириса на „перална“ на залижаниот.
 

Чичко Кумплунг

деца на транзицијата
Член од
3 декември 2011
Мислења
4.194
Поени од реакции
4.400
Жив пример сум е како е да ти го земат клубот и да си го присвојат у друг град, а ти немаш сила да се спротивставиш.

.
Ова ти е класична македонска работа. Цел живот кукаме како не можеме да се спротиставиме. Сами сме си криви, криви што се дозволува на стини профитери да не водат како стадо овци. Не сме солидарни, не е до силата.
Не дека го оправдувам играњето на Тетекс во Скопје, но тоа е чисто ради поефтини трошкови, не дека имааат страв да местат и да прават мучки пред Војводи во Теетово. Во Ѓорче на Копчар 150 евра по утакмица, во Тетово едно 5-6 пати минимум повеќе.


И освен Стара Гарда што извадија „Самсоненко дојди и во ФК“ и коментарите по социјалните мрежи од поединци, друго „молење“ не паметам.
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.650
Поени од реакции
9.855


Nekoj izgleda so polna parea raboti :)

p.s Komentar od nasiov forum za tie so ne se registrirani :icon_mrgr:

2.Целиот тренинг комплекс нема да биде во Аеродром туку поставеноста ќе биде ваква
Во парк на постојното ресторан со или три помали терени или еден голем и еден помал таму ќе тренираат петлиња и пионери
Во Аеродром до салата сега го реновираат таму ќе тренираат кадети и младинци
и еден терен во Хиподром каде што ќе тренира прв тим.Инаку прв тим ќе тренира во Аеродром 6-7 месеци додека не го направат во Хиподром па после се селат таму.
3.Нема никаков простор и шанси поставеноста на стадионот да не биде како што е Градски затоа што ќе иде во должина од салата кон Ново Лисиче обратно нема шанси затоа што е претесно за така.Значи Комити си остануваат на Запад.
Поздрав момци и едно ГОЛЕМО ЗА за стадионот.
 

Незапирливи 1903/87

Изгорен за Вардар
Член од
20 јули 2011
Мислења
3.496
Поени од реакции
9.988
Не знам што би ви сменило да имате нов стадион? Ако ти идеш за Вардар, што е битно дали е Градски или нов СОПСТВЕН стадион у Аеродром?
Се на што сум навиканл би ми се сменило, и стадионот е една од многуте причини зошто навивам за Вардар. И ти ако идеш за Тетекс, што ти мења ако еден ден целосно ве преселат од градскиот во Тетово? Нека ви направат и вас нов модерен стадион 3 пати помал, да речеме 3 000 седишта и кулриајте си.
Јас ако сум сакал да навивам за некое клубче надвор од центарот на градот, со некое стадионче, ќе сум си навивал за Ѓорче, Маџари.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom