Фан Клуб: Беласица

  • Креатор на темата Soprano
  • Време на започнување
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.692
А кој ќе игра против Академијата го чека дебакл, имат контрола на терен, страшно уиграна екипа, појаки се од цела втора лига, и од пола прва лига.Догодина влеват у прва лига, ама џабе ка нема да може да играт у Струмица, дур не изградат нивните терени.
Абе што да ти кажам. Затоа без местенки не можеа да бидат први на полусезона во ТРЕТА лига.
 

RomanistaRIM

ASR1927
Член од
6 октомври 2014
Мислења
1.380
Поени од реакции
1.776
Абе што да ти кажам. Затоа без местенки не можеа да бидат први на полусезона во ТРЕТА лига.
Од екипата што им беше во првиот дел на сезоната имат само 2ца играчи, сите други им се нови.А шо има местенки во првиот дел на сезоната, ги има многу, ама пак у Македонија кој играа фер, ка ќе гледаш од друга страна .
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.450
Поени од реакции
68.692
Од екипата што им беше во првиот дел на сезоната имат само 2ца играчи, сите други им се нови.А шо има местенки во првиот дел на сезоната, ги има многу, ама пак у Македонија кој играа фер, ка ќе гледаш од друга страна .
Ти се чини дека се којзнае колку уиграни, пошто играат во трета лига. Екипите од втора лига се пет пати физички поспремни од оние во трета лига. За прва лига да не правиме муабет. Само со трчање ќе ги шинат. Со Кемо Аломеровиќ со 114 години и Деспотовски кој по партиска линија го земаа, тешко дека се подобри од ПОЛА ПРВА лига. Прашање е дали ќе завршеа пред Плачковица ако беше фер лигата и не им ги заебеа амбициите на полусезона по што Радовишани се откажаа, а камоли па да бидат подобри од екипи од прва или втора лига.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.967
Поени од реакции
35.596
На Пинда единствено нешто шо му вреде сега за сега е шо не му дава на Пандев да игре на Младост. :D
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.980
Поени од реакции
6.899
Абе колко Пинда не дава, ама и толко они не сакат да играт на Младост.Немат потреба, и така живо пиле не оде на нивните утакмици за сениорите, за младите категории пак имаа некоја посетеност, ама пак од кога го направија тава игралиштето на општината, речиси сите екипи играт тама, Беласица,Тиверија,ЖФК Тиверија и Академијата.Исто шо Сашко е зет на Орцето, и Пандевци инвестират у Хоризонт Турново, и тама играт за без пари.Догодина втора лига ќе играт тама, а амбициите им се прва лига.Дали Турново ќе отпаѓе а Академијата да влезe, или ќе се борат двете екипи да им играт прва лига, е клучното прашање на кое немам одговор :D:D.

Најава за утакмицата во Недела, во Радово
 
Последно уредено:

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.980
Поени од реакции
6.899
Сакав тука да напишам пост, на фејсбук ми е скурчено од разни душегрижници кои последната утакмица на Беласица им била пред 5 години.
Клубот стана жртва на суети и на личности болни да бидат во прв план, и борејќи се самите меѓу себе, ја уништија Беласица.Пинда нити е бил, нити ќе биде достоинствен сопственик на Беласица.ФК Беласица е на Струмица, а во превод тоа значи или здружение на граѓани(забрането по новиот закон,кој го уништи спортот) или АД, но со доминантна сопственост на општина Струмица.Поради тотална негрижа на луѓето кои беа дел од клубот, тој тонеше и тонеше и дојде таму каде што е под самото дно.Тие кои благодарејќи на Беласица станаа тоа што се , денес се нејзините гробари.Копат и ја копат јамата, во која мојот клуб пропаѓа.Останавме малце што се бориме против тоа, но сме премалце за да победиме или да го спасиме клубот да пропаѓа во таа јама, ама сме доволно силни да не дозволиме клубот целосно да згасне.Во ова лудило кое се случува наречено Струмички фудбал, губат сите, а не добива ама тотално никој.ФК Беласица изгуби уште една сезона, отидена напразно, 2 клубa од Струмица влегуват во 2ра лига(времето кога Беласица е во 3та), додека Беласица си тапка у 3та.А најжално е што како ни стои и догодина џабе ширење на лига, пак ќе си останеме во 3та, жално но вистинито.Освен за правање селфиња, и менувања лога, за друго не ги бива.УО кој е направен, немал е ниту еден ебен состанок после неговото основање.Како функционира клубот, ама тотално никој нема појма.Важно ако падне критика против газдата, право се дурле.Ах бе Беласица, кој дојде да те воде.
Во екот на цела ситуација почна како печурки после дожд, да никнуват скриени профили на Ајдуци, што ги има повеќе од што има Ајдуци на трибина.Ама тава не е битно, еден слеп го поддржува Пинда а удара против Пандев, друг го моли Пандев да ја превземе Беласица (правите Ајдуци никогаш повеќе нема да го молат јудата) други одат контра сите.Убаво е што бар многу валкани работи у Беласица, излезее на виделина.Ама што аир кога тоа не ги помрднува работите напред.
Од 2011 кога беше протестот, до сега , ништо не е сменето на позитивно, се оде на доле и на доле, 4 сезони сме 3та, а сигурно веќе влеваме и во 5та сезона во тоа мачење по селата, дека што има смеене до солзи, но нема никакви услови за прав фудбал.Кој бил на тие турнеи знае.Супер е да бидеш некоја сезона во тие ниските лиги, да га осеташ нивната магија, но што е доста, доста е.А Ајдуци приказна сама за себе, бевме во принцип топло ладно, останааме 30 најтврдокорни, имаме УО што не функционира исто како на ФК Беласица, а срцевината на групата е составена од 4 души.Како одат времињата за групата, тешко дека ќе се издига, и га има иста судбина на Беласица, да тоне и тоне, и кога мислаш допрено е дното, ќе се случе нешто што ќе ти покаже дека си грешка, тие што можат нешто да сменат на подобро куро ги боле, а тие што останааме се трудаме да га живуркаме групата, одеме на гости, одеме дома, чисто да постоо тава име, ама повеќе и така не оде.Последен реквизит групата има извадено повеќе од година дена, па што е многу , многу е.Баш поради ваквите работи не прославивме роденден ние од УС, 5 години постоење, 5 години основен темел на групата.Групата едноставно и да не постои.
Колку и да пишаш џабе е, како и да е срцето ме боле и ми се кине кога гледам што се случува со 2те работи кои најмногу ги сакам во мојот живот, ФК Беласица и НГ Ајдуци.Целата моја младост ја оставив на клубот и групата, многу важни моменти во мојот живот се поврзени со овие две нешта, многу работи сум пропуштил поради нив, и не ми е сеедно кога гледам како тонат, и одат во заборав.Се чувствувам како Дон Кихот, се борам против некоја ветерница, и секогаш губитникот сум јас.
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.980
Поени од реакции
6.899
Клубот кога мислиш неможе да има поголема дамка, ќе те демантират бе.Абе овие ќе ја уништат цела традиција градена 94 години.Се што се случува у Беласица е срамно, штета Ајдуци и не постојат на тоа ниво што треба за да го бранат клубот.
За играчите секоја чест, за сите што гинат за клубот како Манго, Јоцо, Сколс, Славето, Жути и останатите дечки што играт од срце за клубот.Штета.
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.980
Поени од реакции
6.899
Сега го гледам видеото и се газам.Еј се трудат и навиачки песни да смислат :pos::pos::pos:.Овие се тотално болни и се полуделе, озбилно мислат ќе ја надминат Беласица :pos:.
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.980
Поени од реакции
6.899
Има ли нешто ново во ФК Беласица, слушам дека наводно сите играчи го напуштиле клубот.Има ли вистина , или само се чаршииски маабете ??
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.980
Поени од реакции
6.899
ФК БЕЛАСИЦА им честита на ФК АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ влез во втора лига со уште поголеми успеси во неа. Да го вратиме заедно фудбалот во градот, со заедни сили да се достигне сјајот на спортскиот фудбалски дух во Струмица.
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.495
Поени од реакции
4.058
И? На почетоко шо се ветуваа работите, дека се? Некој да преземе одговорност за смешната сезона? Некој прес за крај на сезоонта, за какви се плановто за наредната сезона?
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.980
Поени од реакции
6.899
И? На почетоко шо се ветуваа работите, дека се? Некој да преземе одговорност за смешната сезона? Некој прес за крај на сезоонта, за какви се плановто за наредната сезона?
Каков прес, какви бакрачи :pos::pos:.Баш сакаах тава да пишам, ама шо знаат тие од прес.Ветија нешто, не исполнија ништо (оствари шо пишам множина ка Пинда е соло).За да имаш прес треба да имаш состаноци на УО, а тај УО немал е еден ебен состанок.Шо повеќе да се расправа на таа тема, сичко е ојдено у курац.Битно направија селфиња тон со тава трофејчето наречено, шампион во трета лига југо-исток за пионери.Само кај Беласица ти стоо слика од газдата на профилна на официална страна шо повеќе.Златно лого со кенгуро смени, најдобро у Македонија.Ако ме пите мене некој, за Пинда имам само едно :bance:, и да го снема од клубо.А Пандевци редно е да излезат и они со став за Беласица, не да се криит како пички.Ако ветуваш оти ќе га дадеш цела школа на Беласица ако има услови, кажи кој се тие услови.За Пинда ако е проблем, за 10 дена ќе си оде од клубо преку сила, ако решеме сите навивачи на Беласица, бар него е лесно да го испадаш (освен ако стварно не стоо некој играч голем позади него).

Битно направи си теретана, фрли пара тама, а за играчи ништо, губаш од кој стигнаш, клубо ми го брукат дека стигнат.

п.с. И еве знам читат луѓе кои се блиски до нив, еве Пандев нека побара состанок со Ајдуци.Иако речиси повеќето од пола група, го мрази поради ова што го направи, никогаш групата официално нити скандирала против него, ниту напишала соопштение или на било кој начин против Пандев.Па ете нека си побарат средба, баш да образложат зошто го направија овој гнасен чин оваа сезона.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom