Фан Клуб: Беласица

  • Креатор на темата Soprano
  • Време на започнување

Bibo

Модератор
Член од
9 април 2006
Мислења
4.106
Поени од реакции
3.952
И првава полусезона играа со подмладен тим од лани. Имаат сигурен опстанок, немаат шанси за промоција па ништо чудно вториот дел од сезоната само рутински да го играат и да гледаат да заштедат на трошоци.
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.981
Поени од реакции
6.910
Пролетниот дел на полусезоната ФК БЕЛАСИЦА го игра без никакви реални амбиции , кога ќе се види дека ниту има опасност за испаѓање, ниту пак може да се влезе во повисок ранг, па се игра некако растеретено што даде можност да се видат некој доста добри натпревари барем за второлигашки ранг на македонски фудбал.

ФК Пелистер 3-0 ФК БЕЛАСИЦА

Натпревар на кој Беласица не одигра ама апсолутно ништо, цела игра беше од играчите на Пелистер, Беласица цел натпревар имаше само еден шут кон гол и тоа апсолутно без никаква барем можност да се направи опасност кон голот на Пелистер, прв натпревар на тимот, на гостински терен, против тим кој има амбиции за прва лига, па и по лошите одиграни пријателски, горе доле тоа беше максимумот.

ФК БЕЛАСИЦА 1-1 ФК Беса 1976

Е за овој натпревар и тоа како треба да ни биде мака што не го добивме, една отворена игра на ФК БЕЛАСИЦА, против најсилниот тим во лигата, цело време играње на отворен фудбал, доста шанси, гол, и на крај борбена игра и дечките гинеа до крај, но на крај како да се исплашија од победа, па по притисокот на Беса на крајот од натпреварот по една брканица ,нафрлена топка на втора статива каде немаше апсолутно никој и реализираа и го израмнија резултатот, оваа година дефинитивно најдобро изигран натпревар, штета што не заврши со три бода.

ФК Тетекс 1-2 ФК БЕЛАСИЦА

Прекрасна атмосфера за фудбал во Тетово, жално е се тоа што се случува околу Тетекс и се надевам оваа ќе биде последна година каде ќе се мачат да опстанат на ваков начин, солидно исполнета трибина, луѓето си го сакат клубот , на терен БЕЛАСИЦА не играше премногу, Тетекс го искористи тоа да го отвори резултатот, по што БЕЛАСИЦА притисна и со два еврогола (најдобрите оваа полусезона, па и на сезоната) го свртија резултатот за трета победа на гостувањата оваа сезона после оние во Куманово и Македонска Каменица.

ФК БЕЛАСИЦА 0-0 ФК Башкими

Единствен натпревар на кој не бев присутен сезонава поради работни обврски, но според тие што биле таму тврд натпревар, без фудбалска убавина или нешто посебно да се издвои од него.

ФК Победа 0-0 ФК БЕЛАСИЦА

Гостувањата во Прилеп се секогаш интересни, посебно ако се земе во предвид дека Прилеп и Струмица важеа за најфудбалски градови во државата , сепак овој пат далеку од оние дуели кои сме ги имале низ минатото, слаба посетеност на стадионот, Победа во тотално депресивна ситуација, играчи со искината опрема, на терен две млади екипи кои играа максимално според своите можности, прво БЕЛАСИЦА беше подобра, на крајот направија напори да притиснат Победа да даде гол, но немаа ниту еден посериозен шут кон голот.
Главен моментум кога еден од напаѓачите на БЕЛАСИЦА истрча од центар до 10 метра до голот на Победа, поминати 3-4 играчи во црвенобело и на крај наместо да го заврши цел тој маестрален продор со шут, од што немаше буквално сила по шпринтот или од страв само тој си знае топката ја врати на пеналтик за шпицот , лесна задача за противничката одбрана.


ФК БЕЛАСИЦА 1-1 ФК Осогово

Струмички карневал, струмичко чудо, се е кажано, поголем дел од играчите едвај движеа на теренот, Осогово се обиде тоа да го материјализира, поведоа, секоја прилика ја користена за прекини, БЕЛАСИЦА промаши и пенал, и при крајот израмни, два порази од овакво Осогово годинава, што ќе беа многу, ќе беа многу.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom