Фан Клуб: Беласица

  • Креатор на темата Soprano
  • Време на започнување

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.980
Поени од реакции
6.899
Оваа сезона ФК Беласица ќе ја почне со натпревар против Брегалница Делчево на 8 Септември во Делчево.Пота следува доста интересен дуел со Рудар на 11 Септември.Оти абер се нема, јас терав бројки на третолигашите па го направив распоредот на ФК Беласица за есенскиот дел.Се надевам некој ќе биде повеќе активен да објавува извештаи од утакмиците, што како се играло, стрелци на голови, и.т.н.
Брегалница - Беласица
Беласица - Рудар
Василево - Беласица
Беласица - Кит Го Пехчево
Mалеш - Беласица
Беласица - Напредок
Баби - Беласица
Беласица - Бирлик
Слога - Беласица
Беласица - Саса
Плачковица - Беласица
Овче Поле - Беласица
Беласица - Работник
Тиверија - Беласица
Беласица - Осогово
 
Последно уредено:
Член од
15 март 2010
Мислења
5.863
Поени од реакции
6.370
Кој е главен конкурент за прво место ? Ваљда Беласица е фаворит, предпоставувам... со кој треба да се води битката ? И ако може некој да даде еден апдејт, колку е Беласица појачана годинава за разлика од лани ? И до каде е проектот на Пинда за реновирање на стадионот ? НЕли објавуваше слики како ќе го направи стадионот....
 
Оваа сезона влегуват првите 3 екипи од 3та лига во 2ра лига Исток, бидејќи се враќа форматот со две втори лиги.Битка нема со кој да си води, бидејќи секако Беласица завршува во првите три.На хартија има солидна екипа за 3та лига, а и останатите екипи се послаби.За стадионот нз, но најверојатно се нема пари, иако се чека од ФФМ бидејќи сакат на секој можен начин да се игра на Младост против Албанија, но поради тоа што стадионот не е под општината туку на приватно лице, УЕФА не дава пари.Ќе видиме што како ќе е.
 
iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
Се додека Беласица ја воде Пинда ( и тие што стојат позади него ) клубот ќе пропаѓа. Беласица некогаш беше веле сила во Македонскиот фудбал под водство на Ванчо Таковски. Во тоа време многу луѓе го мразеа Ванчо, меѓутоа времето и историјата покажаа дека тој беше и остана најдобриот што го водел клубот Беласица. Се додека се врти политиката и личните интереси во спортот, Беласица ќе остане мртов клуб, односно во зомби форма како што беше досега. Не гледам во скоро време некој да направи некои значителни промени или инвестиции во клубот за да се оди напред. Политиката и личните интереси уништија многу работи во државата, а спортот не успеа да остане имун на тие работи.
 
Harry Potter

Imperius
Член од
14 септември 2005
Мислења
2.533
Поени од реакции
1.515
Оваа сезона влегуват првите 3 екипи од 3та лига во 2ра лига Исток, бидејќи се враќа форматот со две втори лиги.Битка нема со кој да си води, бидејќи секако Беласица завршува во првите три.На хартија има солидна екипа за 3та лига, а и останатите екипи се послаби.
не е точно дека 3 одат. можно е да се случи такво сценарио, меѓутоа тоа ќе се знае тек на крај на сезона. местата кои третолигашите ќе ги добијат за Втора Лига зависи од тоа кои екипи ќе испаднат од Втора Лига и кои екипи од Прва Лига ќе паднат во Втора, односно дали тие екипи припаѓаат на Запад или на Исток според новата поделба. моментално само прваците на Трета Лига Југ и Исток имаат загарантирано учество во Втора Лига наредна сезона.

најдоброто сценарио за третолигашите е вакво: во Втора Лига моментално има 4 екипи кои територијално припаѓаат на Исток (Турново, Тиквеш, Вардар и Академија Пандев). доколку две од нив се пласираат во Прва Лига, а две завршат последни во Втора и отпаднат, тогаш наредна сезона ниту една второлигашка екипа ќе нема место бидејќи ќе се исчистат, па дури и 3 од Прва Лига кои припаѓаат на Исток (Победа, Силекс, Брегалница) да отпаднат во Втора, ќе има дури 7 места за третолигашите што значи дека првите 3 од Југ и Исток ќе одат директно, додека 4-то пласираните ќе играат бараж.

најлошото сценарио иде вака: ниту една од Турново, Тиквеш, Вардар и Академија Пандев да не избори пласман во Прва Лига и исто така да не испадне од Втора, а од Прва Лига да испаднат директно Победа и Силекс (пример) и Брегалница да игра бараж кој ќе го загуби, е тогаш во Втора Лига Исток веќе имаш 7 екипи, а 10 места, значи само 3 слободни. и при вакво сценарио повторно победниците на Југ и Исток одат директно, но второпласираните играат бараж.
 
Vetrence

...believe in yourself! :)
Член од
2 јули 2007
Мислења
7.469
Поени од реакции
676
https://www.facebook.com/gol.mkd/posts/882363908565479
И вашиот напаѓач призна дека не е пенал, но платен судија тоа е ...
Чујал ли си за сарказам ? И веќе ка дигат галама за тај пенал и таа утакмица,оти не се излезе до крај со информации как беше цела утакмица,какви стартове има над играчите на Беласица,колко камења и шишиња полетаа кон резервната клупа,влечење пцуење по судиите невиден притисок,а само 3 жолти картони на Брегалница ??? И од таа снимка ако се проценува убаво дали е дали не пенал,значи имате вид подобар од на сокол. Значи играчот игра со гради па топката му ударе у раката и судијата го свире пенало. ;)
 
Член од
5 февруари 2013
Мислења
228
Поени од реакции
102

Ало бре играчот на Беласица си призна дека не е пенал, ако е како во сите лиги во светот кога играч признае дека не е пенал судијата ја менува одлуката... ама овоа ти е купен судија.... Судијата од центарот виде дека има играње со рака а овој помошниов кој е во линија со играчите не успеа да види????[DOUBLEPOST=1473445357][/DOUBLEPOST]Како да играат до крајот нашиве кога судијата го реши мечот уште во првото полувреме???
 
Vetrence

...believe in yourself! :)
Член од
2 јули 2007
Мислења
7.469
Поени од реакции
676
Ало бре играчот на Беласица си призна дека не е пенал, ако е како во сите лиги во светот кога играч признае дека не е пенал судијата ја менува одлуката... ама овоа ти е купен судија.... Судијата од центарот виде дека има играње со рака а овој помошниов кој е во линија со играчите не успеа да види????[DOUBLEPOST=1473445357][/DOUBLEPOST]Како да играат до крајот нашиве кога судијата го реши мечот уште во првото полувреме???
Очигледно незнааш шо е сарказам,а и не очекуваах оти ќе знааш. Си го ладе играчо со вас на линкот со коментарите,а вии се палате как новогодишен огномет. Како го реши кога дојде до 1-2 резултат,2 пп се судеше против Беласица им даде 10 фаули на работ на шеснаесетникот на Брегалница,не санкционираше груби стартови со и БЕЗ топка,исто и во 1 пп на 2 пати имаше удари без топка на играч од Беласица ама судијата само вика НЕЗНАМ НЕ ГЛЕДАМ НЕЗНАМ .... а убаво се гледа на една слика од тие по порталите една од ситуациите. + после тии случки требаше утакмица да биде прекината да бидате казнани МАКСИМАЛНО да не играте дома и да ве исчешат некоо јака казна за друг пат да не ви текне лушпа од сончоглед да фрлате а не па КАМЕЊА и ШИШИЊА.

Шо ќе беше ако некој камен погодеше некој играч ? На клипо се гледа как ШИШЕ го погодува вашио тренер(за среќа ништо посериозно).

Чукнајте се малце у главата,прво размислејте Трајчев,Дуле Андонов и тва број 10 кога требаше да бидат санкционирани и колко,а не да поминат цела утакмица без картон. Спортски поздрав и ка беше таа ..... КУЧИЊАТА ЛААТ,КАРАВАНОТ ВРВИ!
 
Morgan Freeman

Немодератор
Член од
23 април 2010
Мислења
2.922
Поени од реакции
4.370
Некаде прочитав демек Пиндата градел спортски центар надвор од градот, точно е ова или само муабети?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom