Adelaide највеќе ме изненади утакмицава, детево може треба да добива малце повеќе минутажа, како опуштено си изигра, се снајде супер. 98ма е, да поработи малку на физикусот и имаме наследник на тоа што можеше да биде Дијаби. Иначе props за Велбек, прв старт после година и кусур и 2 гола. Ни страв од дуел ни изгубен touch. Вториот гол иако малце на среќа ја бутна меѓу нозе, одлично ја смири предтоа. И не знам дали приметивте ама без Венгер на клупа некако многу помалку комплицираа во нападот и лесно влагаа во шанса. Не знам дали е до Венгер или вчера Саутемптон беа малце дезорганизирани во одбрана, ама со таков напад и во ПЛ би давале по 2 гола минимум на утакмица без проблем.