- Член од
- 20 септември 2011
- Мислења
- 8.146
- Поени од реакции
- 8.544
Eве уште еден поднесок
(Бројот на Вашиот предмет)
ДО ОСНОВНИОТ СУД СКОПЈЕ 2 – СКОПЈЕ
ТУЖИТЕЛ: Снабдување со топлина Балкан Енерџи, ДООЕЛ , Скопје
ТУЖЕН: (Ваше име и презиме) од Скопје
ВРЕДНОСТ: ( вредност од Вашиот предмет) денари
ПРЕДМЕТ: Долг
ПОДНЕСОК број 6 ОД ТУЖЕНИОТ
Со овој Поднесок, Тужениот, се повикува на член 205 став 1 од ЗПП и како релевантен доказ предлага да се изведе Писмо кое Светлана Јаневска, член на Регулаторната комисија за енергетика го упатила до Собранието на Република Македонија.
Ова писмо е пресретнато на интернет страницата на Регулаторната комисија за енергетика и фотокопија од ова писмо се доставува во прилог на овој Поднесок.
Со овој доказ Тужениот докажува дека Сопругот на членот на Регулаторната комисија за енергетика, Светлана Јаневска, бил вработен како продавач во Топлификација.
Во петиот пасос од ова писмо, овој Суд може да прочита дека Светлана Јаневска признава дека нејзиниот сопруг е вработен во Топлификација.
Петиот пасос гласи ( цитат ): „ Мојот сопруг е вработен на работно место, продавач, во една од нерегулираните фирми на Топлификација АД, а тоа е Одржување АД Скопје, друштво кое не се занимава со енергетска дејност и кое не поседува лиценца издадена од Регулаторната комисија за енергетика и на ниту еден начин не е поврзано со моето членување во Регулаторната комисија за енергетика. ( завршен цитат )“
За Тужениот е од голем значај овој Суд да го прифати и изведе овој доказ, бидејќи со него се докажува она што Тужениот го мисли, кои се вистинските причини поради кои Регулаторната комисија за енергетика, во Правилата за снабдување со топлинска енергија, вметнала одредби според кои исклучените треба да и плаќаат на Топлификација. Тужениот мисли и е уверен дека Регулаторната комисија за енергетика ги вметнала одредбите според кои исклучените треба да плаќаат, за да и се „ заблагодари “ на Топлификација што го вработила сопругот на регулаторката.
Инаку според Законот за енергетика не е предвидено во правилата да се предвидуваат обврски за исклучените. Самите Правила за снабдување со топлинска енергија се донесени врз основ на член 28 од Законот за енергетика. Член 28 од Законот за енергетика во целост гласи ( цитат ):
„ Член 28 - (1) Регулаторната комисија за енергетика за секој вид енергија и природен гас донесеува одделни правила за снабдување со електрична енергија, топлинска енергија и природен гас.
(2) Со правилата од ставот (1) на овој член поблиску се уредуваат општите услови и начинот на снабдување, како и меѓусебните права, обврски и одговорности на снабдувачот, потрошувачот на соодветен вид енергија или природен гас и операторот на соодветниот систем, а особено:
1) условите, начинот и рокот на склучување на договорот за продажба на соодветниот вид енергија или природен гас,
2) начинот на пресметка, фактурирање и наплата на испорачаната енергија или природен гас и услугите за користење на преносните, односно дистрибутивните мрежи,
3) условите и начинот на обештетување на потрошувачот во случај на намалена испорака или прекин,
4) потрошувачите на кои не може да им се прекине испораката и начинот на обезбедување на гаранции за намирување на трошоците за потрошената енергија или природен гас од страна на овие корисници,
5) начинот и постапката за промена на снабдувачот по избор на потрошувачот и право на корисникот без надоместок да го промени снабдувачот,
6) квалитетот на испорачаната енергија или природен гас пропишан во соодветните мрежни правила,
7) квалитетот на услугите што ги обезбедува снабдувачот,
8) минималните услови и начин за организациона поставеност и техничка опременост за обезбедување на комуникација со потрошувачите заради обезбедување на пропишаниот квалитет на услугите што ги обезбедува снабдувачот,
9) начинот и постапките за комуникација и размена на информации помеѓу снабдувачот и операторите на соодветните системи заради обезбедување на пропишаниот квалитет на енергијата или природниот гас и услугите што ги обезбедуваат операторите,
10) условите и постапката за исклучување на потрошувачите од преносните, односно дистрибутивните системи во случај кога потрошувачите не ги исполнуваат обврските уврдени со закон, пропис и договор,
11) начинот, формата и роковите за поднесување на извештаите кои што снабдувачот е должен да ги достави до Регулаторната комисија за енергетика,
12) неопходните информации што снабдувачите се должни да им ги обезбедат на потрошувачите преку соодветните сметки, како и информациите што треба да бидат јавно достапни, а се од интерес за сите потрошувачи и
13) заштитата на потрошувачите.
(3) Регулаторната комисија за енергетика ќе донесе Правила за снабдување во краен случај со електрична енергија за домаќинства и мали потрошувачи и Правила за снабдување во краен случај за природен гас.
(4) Покрај одредбите од ставот (2) од овој член, Правилата за снабдување во краен случај со електрична енергија за домаќинства и мали потрошувачи треба да содржат и одредби со кои поблиску ќе се уредат начинот и постапката според кои домаќинствата или малите потрошувачи можат да се стекнат со правото да бидат снабдувани преку снабдувачот во краен случај со електрична енергија. ( завршен цитат ) “
Од овие одредби е очигледно дека Регулаторната комисија воопшто немала надлежности, во правилата, да предвидува било какви обврски за исклучените. Во став 2 јасно стои дека правилата се однесуваат на снабдувачите и потрошувачите. Исклучените не се потрошувачи што значи на нив не се однесува ниту една одредба од правилата. Од друга страна, во став 2 се наброени 13 точки за кои ќе се донесуваат одредби во Правилата, а меѓу ови е 13 точки нема одредба со која се предвидува да се наметнуваат било какви обврски за исклучените.
Тужителот а и Регулаторната комисија за енергетика тврдат дека овие одредби ги потврдил Уставниот суд на Република Македонија. И тоа не е вистина и представува груба манипулација со угледот на Уставниот суд.
Одлуката У.Бр. 125/2012-0-1 на Уставниот суд на Република Македонија, која се однесува на Правилата, е објавена на страна 51 во Службениот весник на Република Македонија број 102/2013 од 18 јули 2013. и секој може да ја прочита. Овој Суд може да ја прочита оваа Одлука и да види дека Одлуката У.бр. 125/12 се однесува на членовите член 13 и член 53 став 1 од Правилата за снабдување со топлинска енергија и овие членови се укинати со оваа Одлука. Член 13 се однесуваше на обврските на управителите на зградите да ги „ кодошат “, односно да ги пријават своите соседи, кои нелегално користат топлинска енергија, а член 53 став 1 се однесуваше на обврската, тие кои се исклучуваат да бараат согласност од соседите. За одредбите од член 66 и член 53 став 2 од Правилата нема ниту збор, ниту тие членови некаде се спомнуваат во Одлука У.бр. 125/12. И не само тоа, во целиот текст на оваа Одлука ниту еднаш не се спомнуваат обврските исклучените или нешто што барем асоцира на тоа. Во Одлуката У.бр. 125/12 никаде не се споменува ниту Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија, кој патем кажано е донесен по Одлуката У.бр. 125/12. Очигледно дека Тужителот мами и „ блефира “ кога тврди дека со оваа Одлука се „ потврдувале Правилата “; се „ потврдувала обврската “ и се „ потврдува примената на Тарифниот систем “. И не само што Тужителот мами кога тврди дека со Одлуката У.бр. 125/12 се потврдувале Правилата и Тарифниот систем, туку тој манипулира со угледот на Уставниот суд, тврдејќи дека Уставниот суд ги потврдил овие одредби.
Член 51 став 2 од Уставот гласи: „ Секој е должен да ги почитува Уставот и законите “, но не пишува дека секој треба да ги почитува правилата кои ги донела Регулаторната комисија за енергетика. Од доказот кој е предложен со овој Поднесок, се потврдува мислењето на Тужениот дека одредбите според кој исклучените треба да плаќаат се донесени за да Регулаторната комисија за енергетика се „ реваншира “, затоа што Топлификација го вработила сопругот на регулаторката. Тужениот не сака да плаќа за да и „ заблагодари “ на Топлификација за тоа. На Тужениот, со член 8 од Уставот, му е гарантирано дека нема да подлежи на било какво ограничување на слободата освен на оние ограничувања што е предвидени со Уставот и со закон. Со член 16 од Уставот, на Тужениот, му е гарантирана слободата на мислење, совест и уверување.
А М А Н Д М А Н XXV став 1 од Уставот на Република Македонија гласи: 1. Судската власт ја вршат судовите. - Судовите се самостојни и независни. Судовите судат врз основа на Уставот и законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот.......
Член 2 став 1 од Законот за судови гласи: „ Судовите судат и своите одлуки ги засноваат врз основа на Уставот, законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот....
Затоа Тужениот бара, овој Суд, да побара од Тужителот да наведе врз кои закони тој го заснова своето побарување. А ако нема такви закони, Тужениот бара, овој Суд, да се прогласи за ненадлежен и да ја отфрли тужбата
Прилог: Писмо
Во Скопје на 28. 09. 2014 Тужен, ( Ваше име и презиме )
прилог
Почитуван Претседателе, Ви го доставувам ова писмо како демант на изнесените тврдења на 45 седница која се одржа на 01.11.2012 година во Собранието на Република Македонија. Имено, на истата седница на која се водеше расправа за Интерпалацијата на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, пратениците Јани Макрадули и Миле Андонов во своите дискусии наведоа дека мојот сопруг бил член на менаџерскиот тим Топлификација АД Скопје кој заработил 19 милиони денари, дека има акции во Топлификација АД и дека бил член на управниот одбор на Топлификација АД Скопје. Сите наводи изнесени од овие двајца пратеници се неточни и претставуваат бескорпулозни лаги и измислици од најдолен вид. Мојот сопруг Димче Јаневски, ниту е дел од менаџерскиот тим на Топлификација АД Скопје, ниту пак поседува акции во Топлификација АД Скопје. Како доказ ја приложувам и Потврдата број 08-6530/2 издадена од Централниот депозитар за хартии од вредност АД на ден 02.11.2012 година, според која Димче Јаневски никогаш не бил имател на хартии од вредност ( акции, обврзници, и др). Мојот сопруг е вработен на работно место, продавач, во една од нерегулираните фирми на Топлификација АД, а тоа е Одржување АД Скопје, друштво кое не се занимава со енергетска дејност и кое не поседува лиценца издадена од Регулаторната комисија за енергетика и на ниту еден начин не е поврзано со моето членување во Регулаторната комисија за енергетика. Се што сум постигнала во мојата кариера, сум постигнала благодарејќи на мојата професионалност, етичност и стручност и нема да дозволам никому со лажни конструкции да си поигрува со мојот углед. Претходно споменатите пратеници со нивните лажни и неточни обвинувања предизвикуват емотивни шокови кај моите најблиски. Тие кои што вчера од собраниската говорница ги изнесоа овие лажни тврдења и клевети, ако имаат храброст и аргументи за тоа што го говорат, нека излезат и истото нека го потврдат надвор од собраниската говорница каде што не важи имунитет за изречена клевета. Затоа, во сите понатамошни расправии и дискусии, барам да не се злоупотребува моето име и името на мојот сопруг. Во спротивно ќе бидам принудена да ги превземам сите правни мерки кои што ми стојат на располагање за да го заштитам мојот углед и угледот на мојот сопруг. Ве молам за сето ова да бидат известени пратениците Јани Макрадули и Миле Андонов, бидејќи јас не присуствував на вчерашната седница и немав можност директно да одговорам на овие обвинувања. Со почит, Прилог: Потврда бр. 08-6530/2 од 02.11.2012 Член на Регулаторна комисија за енергетика Светлана Јаневска

Attachments
-
128,6 KB Прегледи: 1