Топлификација и нејзиниот штетен и патетичен бизнис план [општа дискусија]

Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714
вчера случајно на една зграда налетав на некое писмо кое повикува на колективна тужба против бег... потребно беше матичен број, име презиме и 200 денари за да се приклучи кон граѓанската тужба.. немав баш многу време да го исчитам целиот текст, ама начелно имаше и жестоки зборови во текстот од типот : ВРЕМЕ Е ДА СТАВИМЕ КРАЈ....

имаш нешто со тоа ти или некој друг се организира?
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
па и зошто ви е воопшто топлификација- ?
Има далеку поразвиени земји -каде не постои централно греење
Такви се Англија, Франција, Јапонија, Германија...

Во Германија нема такво централно греење какво што се нуди и постои во МКД.Таму секој се загрева самостојно, Имаат свои котли повеќето приватни куќи, а зградите се опремени со посебни гасови снабдувачи кои ја загреваат водата . Колку гас ќе потрошиш , толку и ќе платиш
чиста сметка- долга љубов
 
Последно уредено:

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601

Не те контрирам, него сакам да знам дали е мојата информација точна или лошо разбрана.
Имено, баш за во Германија слушнав дека околу греењето или користењето на плин било на претплата. Односно, имаш некаква фиксна цена на претплата (за споредба ко со телефоните и бесплатните минути/интернет) и во таа претплата користиш одредено количество на плин/топлина. Се што нема да искористиш е ко во телефонијата, ти пропаѓа. А ако пак потрошиш повеќе, тогаш си доплаќаш ...... некаква си цена ....
Ај не знам дал си ти таму, или треба @leandra да ја повикаме да ни каже, пошто е таму, но сакам да знам што од ова е вистина?
 
@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
^
во германија нема монопол- ко што е во МК случај- туку меѓу производителот на енергија и потрошувачот има услужни компании кои имаат различни цени, со нив склучуваш договор на една година и доколку пред истекот на договорот своевремено не ги известиш за раскинување- по автоматизам ти го продолжуваат договорот на уште една година- веројатно за таква претплата говориш?
Плаќаш однапред , а на крај од годината или ќе треба да доплатиш нешто или ќе ти вратат дел од сумата- зависи колку си трошел
На пример имаш стан од 50 кв .м и за да го отоплиш годишно ти требаат околу 5000 квт.ч - што годишно е околу 300 и нешто евра( во зависност сепак од фирмата со која си склучил договор) е сега , доколку ти од било какви причини си ја намалил топлотната енергија за 500 квт.ч за една година- тогаш ќе платиш помалку некаде 70 евра .
Исто и со електричната енергија-[DOUBLEPOST=1414930494][/DOUBLEPOST]
или треба @leandra да ја повикаме да ни каже, пошто е таму, но сакам да знам што од ова е вистина?
бидејќи ја нема леандра
еве ти линк, каде можеш да ги видиш и споредиш актуелните цени на гас, ел.енергија...цените се со вклучен ддв
http://www.verivox.de
овде го внесуваш поштенскиот код од градот ( пр.за Берлин е 10115, 10119 и бираш колкава квадратура е станот и добиваш листа со голем број понудувачи- компании со кои ти бираш и сакаш да склучиш договор

http://www.verivox.de/gaspreisvergleich/vergleich/#AQAAAAAABTEwMTE1iBMAAAJoMAAAAAAB-----wEAABQAAQD-----AAwAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAMAAAADAAAAAYAAgABAAEBBgAAAAAAAAAAgCZAAA==
 
Супер, значи да сумираме, да не ја грешиме понатаму. Склучуваш договор со ХХХ фирма. На неа и плаќаш месечен надомест, така? Али тој месечен надомест е пресметан од годишните потреби односно се дели на 12 дела? И за крај, ако со последниот месец пресметката НЕ е добра, тогаш се корегира (порамнува) и се доплаќа повеќе ако си потрошил повеќе од предвиденото или пак се намалува ако си под предвиденото?
Ова го прашувам само за греењето
А верувам дека нешто слично е и со ел. енергија, ...........???
П.С. Немачки НЕ разумем :place:
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
TВ Нова - извести
Граѓаните кои се исклучени од парното греење, а мора да плаќаат одредена сума на пари, ќе ги тужат БЕГ и Регулаторна комисија за енергетика. За два дена тие ги собраа потребните потписи со кои се согласија да покренат две тужби, едната кривична, а втората граѓанска парница.
http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=17793
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
Пред неколку минути добив информација дека, нашите сограѓани од Ново Лисиче, денес ги поднеле двете Тужби, против криминалците од Топлификација и Регулаторна
Нека е со среќа
Еве ја и нашата песна - Падај сило и неправдо!
http://www.youtube.com/watch?v=zkRBNyaTmqw
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
Вчера еден мој другар го осудија. Поднесокот го дал на почетокот на самото судење дирекно на рака на судиката. Судиката, му го дала поднесокот на адвокатот и го прашала адвокатот дали веднаш да почне расправата, а тој рекол да. И почнала расправата. Мојот другар велел дека е сиромашен дека топлификација ништо нему дала, дека кај него не поминуваат цевки и тн но го осудија
Не правете ваква грешка
Поднесокот дајте го, пред почетокот на судењето, во архива на шалтер 1 и 2. На самото судење, кажете сте поднеле поднесок кој има нови докази и барања и барате судењето да се одложи се додека судот и тужителот не се изјаснат за новите докази и барања.
Ако запнат веднаш да Ве судат речете дека ќе си одите ако судот и тужителот ги игнорираат Вашите докази. И ако и понатаму инсистираат да се одржи рочиштето станете и напуштете го судењето ( одете си ): Обавезно земете со Вас некој пријател или роднина и тој нека остане да слуша што ќе зборуваат
Немојте да се надевате ако кажете ова или она ќе Ве ослободат. Тие имаат наредба од властодршците сите да не осудат. Немојте да се надевате на милост. Власта застана на страната на криминалците а криминалците немаат милост.
Наша шанса е да одолговлекуваме и да дочекаме подобри времиња
Ако немате поднесок, пишете ми на ПП и ќе ви пратам
Еве уште два поднесоци. Тоа се броевите 8 и 9. Едниот е за спојување на предметите, а вториот е за одлагање поради болест
Уште еднаш - не дозволувајте да Ве осудат на секој начин барајте одлагање
.......................................................................
Број на предметот ( бројот на Вашиот предмет )

ДО ОСНОВНИОТ СУД СКОПЈЕ 2 – СКОПЈЕ

ТУЖИТЕЛ: Снабдување центар ДООЕЛ , Скопје

ТУЖЕН: ( Ваше име и презиме и адреса ), Скопје

ВРЕДНОСТ: ( вредност од Вашиот предмет ) денари

ПРЕДМЕТ: Долг

ПОДНЕСОК број 8 ОД ТУЖЕНИОТ

Со овој Поднесок,Тужениот, се повикува на член 299 од ЗПП и бара спојување на овој предмет со предметот ( Бројот на другиот предмет ) кој пред овој Суд истовремено се води

Член 299 од ЗПП гласи:

(1) Ако пред ист суд течат повеќе парници меѓу исти лица, или во кои исто лице е противник на разни тужители или разни тужени, сите овие парници можат со решение на советот да се спојат заради заедничко расправање, ако со тоа би се забрзало расправањето или би се намалиле трошоците. За сите споени парници судот може да донесе заедничка пресуда.

(2) Советот може да определи заради заедничко расправање пред него, да се спојат повеќе парници и тогаш кога за некои од нив е надлежен судија поединец на истиот суд.

(3) Советот може да определи одвоено да се расправа за одделни барања во иста тужба и по завршувањето на одвоеното расправање да донесе посебни одлуки за тие барања.

Овие два предмети се однесуваат на иста работа – Тужителот бара Тужениот да му плати бидејќи е наводно „ исклучен “. Двата предмети се во иста фаза – сеуште не е почната главната расправа. Во двата предмети ќе се предлагаат и изведуваат исти докази и ќе се сослушуваат исти сведоци. Во двата предмети ќе се врши увид на исто место и за исти работи. Тужениот во двата предмети е ист, а Тужителот е различен. Во едниот предмет Тужител е Снабдување со топлина Балкан Енерџи, ДООЕЛ , Скопје, а во другиот Снабдување Центар, ДООЕЛ , Скопје.

Ако се водат паралелно овие две парници раздвоено, сосема непотребно ќе се зголемуваат трошоците и ќе се успорува расправата и донесувањето на пресудата.

Затоа Тужениот предлага и бара овие два предмети да се спојат во еден, согласно член 299 од ЗПП.

Во Скопје,06. 11. 2014 Тужен, ( Ваше име и презиме )

...................................................................................................

Број на предметот ( бројот на Вашиот предмет )

ДО ОСНОВНИОТ СУД СКОПЈЕ 2 – СКОПЈЕ

ТУЖИТЕЛ: Снабдување центар ДООЕЛ , Скопје

ТУЖЕН: ( Ваше име и презиме и адреса ), Скопје

ВРЕДНОСТ: ( вредност од Вашиот предмет ) денари

ПРЕДМЕТ: Долг

ПОДНЕСОК број 9 ОД ТУЖЕНИОТ

Со овој Поднесок,Тужениот, се повикува на член 280 став 2 од ЗПП и дава оправдување дека, од здравствени причини не е во состојба да присуствува на рочиштето кое закажано ( датум и време кога е закажано рошиптето ) за овој предмет и бара негово одлагање.

Член 280 од ЗПП гласи:

(1) Ако на првото рочиште за главна расправа, како и на некое подоцнежно рочиште не дојде тужителот кој уредно е поканет, а изостанокот не го оправдал, тужбата се смета за повлечена согласно со членот 277 став (1) од овој закон.

(2) Ако на првото рочиште за главна расправа не дојде тужениот, а изостанокот не го оправдал и нема услови за донесување на пресуда поради изостанок, како и кога на некое подоцнежно рочиште ќе изостане тужениот, расправата може да се одржи.

Веќе неколку дена, Тужениот, болува од стомачен вирус и има пролив и температура ( ако имате лекарска белешка или сте болни од некоја сероизна болест напишете ја неа, а ако немате пишете имате пролив па нека дојдат да проверат и помирисаат )

Поради оваа болест, Тужениот не е во состојба да присуствува на рочиштето и бара тоа да се одложи. Истовремено го моли Судот да го извести за новиот термин за одржување на рочиштето.

Во Скопје,06. 11. 2014 Тужен, ( Ваше име и презиме )
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
Денес присуствува на две судења, на едното мене ми судеа, а на другото на една комшивка
Моето судење е одложено на неодредено време, а на комшивката за 20 јануари

Со секое одлагања Вие спасувате, некој друг исклучен кој чека на судење, бидејќи огромен е бројот на парници против исклучени кои чекаат
Затоа борете се , не се давајте, бидете солидарни...... Ние сме однапред осудени, затоа со сите сили треба да се бориме против нашите мачители
И утре и задутре ќе присуствувам на судења и ќе Ве известам
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
Сите судења, на кои присуствував, од претходните два дена се одложени за крајот на јануари и почетокот на февруари.
Еве уште еднаш која ни е тактиката:
Носите поднесок и велите дека доставувате нови докази. Барате пред продолжување на раправата судот и тужителот да се запознаат и произнесат за новите докази и барате одлагање. Ако запнат веднаш да судат, станувате и си одите
 
osa

>>>>>>
Член од
20 јануари 2009
Мислења
816
Поени од реакции
184

dali znaesh kolku e edno rocishte ...mislam cenata .....moja informacija e 4850 ,00 denari ....do koga ima pravo da se nosi"podnesok "so novi dokazi ? neli beshe dostavuvash se ,i posle nema dopolnitelni dokazi nosenje ?
 
Нема цена за рочиште
Адвокатот на тужителот бара да му се плати за секое рочиште 1841 денар и за секој негов поднесок 1534 денар, но зависи колку рочишта судот ќе му признае ( одлагањата не се бројат )
За одлука судот наплатува 480 денари такса
Но ние сметаме дека ќе ги добиеме парниците
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Нема цена за рочиште
Адвокатот на тужителот бара да му се плати за секое рочиште 1841 денар и за секој негов поднесок 1534 денар, но зависи колку рочишта судот ќе му признае ( одлагањата не се бројат )
За одлука судот наплатува 480 денари такса
Но ние сметаме дека ќе ги добиеме парниците
......гледаш ли..... ко у казино, адвокатот секогаш добива..., а ти си се фатил за наука и техника.:)
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.061
Поени од реакции
3.202
Нема цена за рочиште
Адвокатот на тужителот бара да му се плати за секое рочиште 1841 денар и за секој негов поднесок 1534 денар, но зависи колку рочишта судот ќе му признае ( одлагањата не се бројат )
За одлука судот наплатува 480 денари такса
Но ние сметаме дека ќе ги добиеме парниците
Јас можам да се обложам дека нема да добиете ниту една парница (можеби некоја), потоа ќе ви стават да платете и за судски трошоци итн.
Незнам точно до кога ќе ги одлагате рочиштата, ама ако сметате дека ќе се сменела власта се лажете, нема шанси да ве чекаат најмалку до 2022г.
Како и да е ќе ви опнат да си платите за „долгот“ + судски такси + трошоци на адвокатот + извршители + камата или многу ќе се опарат од вас, ништо не ве спасува!!!
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: osa

Kajgana Shop

На врв Bottom