Топлификација и нејзиниот штетен и патетичен бизнис план [општа дискусија]

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Денес добив три писма со наполно иста содржина од „ моите сакани “ од БЕГ - Топлификација
Еве што велат „ моите сакани “

Во врска со Вашиот допис, Ве известуваме следново:
Снабдување со топлина БАЛКАН ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје работи согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија објавени во Службен весник на РМ бр.97/12 на 31. 07. 2012 и измените на истите објавени во Сл.весник на РМ бр. 109/13. Согласно подзаконскиот акт Снабдувачот има обврска да им доставува фактури на исклучените потрошувачи кои живеат во колективен објект за надоместок за ангажирана моќност ( фиксен дел ) каде распределбата на надоместокот се врши преку еден колективен мерен уред и тоа го прави согласно насокоте од Правилата. Бидејќи спаѓате во категоријата исклучен потрошувач кој живее во колективен објект каде распределбата на надоместокот се врши преку еден колективен мерен уред, согласно законските акти должни сте да го плаќате надоместокот за ангажирана моќност ( фиксен дел ) и затоа Ве молиме во најскор можен рок да ги подмирите фактурите кои Ви ги имаме доставено.
Во врска со податоците на кои приговарате и ги негирате што се однесуваат на грејната површина, бројот на потрошувачи, како инсталираната и ангажираната моќност Ве известуваме дека Заедницата на сопственици на Вашиот објект е единствено легитимно тело за претставување на колективниот објект во кој домувате и само легитимен представник од истата може да ги добие и приговара на податоците на кои Вие приговарате.
Што се однесува до пресметката, Ве известуваме дека истите се изработени согласно законските и подзаконските акти кои ги има донесено Регулаторната комисија за енергетика односно согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија и Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија
Воедно Ве известуваме дека доколку повторно ни се обратите за иста проблематика ќе сметаме дека веќе Ви е одговорено со претходните дописи

Раководител на Подружница Центар
Мр. Емилија Јакимовска Мишева
 
ION

Член од
27 јули 2011
Мислења
460
Поени од реакции
836

Гледам они се повикуваат на правила од законот кој не не „ферма„ ни 2% нас исклучените :(
И сега чаре за ова?Кој е твојот (нашиот) следен чекор?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Гледам они се повикуваат на правила од законот кој не не „ферма„ ни 2% нас исклучените :(
И сега чаре за ова?Кој е твојот (нашиот) следен чекор?
Ние чекаме да не тужат. Се е подготвено, нема од што да се плашиме
Ова го постирав да видите со каков „ ум “ се
Топлификација ни „забранува“ да приговараме, само да им платиме.
Сите треба да знаете со топификација раководат „ визионери “ кои немаат врска се техника, што се вели за техника се „ дупе “
Но ете 30 години седат таму и само си измислуваат некакви закони - како можат да ни забранат да приговараме? Главниот „визионер“ кој за техника е „ дупе “ цел живот измислува некакви „правила“ „ закони “ и тој е најверојатно автор на ова писмо. Тој само тоа знае да работи, од кога се вработи како приправник само ова го прави и тој мисли дека по тие негови „ закони “ ќе судат судовите
За жал јавната власт застана на негова страна,
Но законите се на наша страна
Ќе видиме.... јас воопшто не се плашам
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
По најавите дека ќе се спроведе гасификација на Скопје, веднаш се јавија двајца експерти Универзитетскиот професор Константин Димитров и конуслтантот за енергетика Митко Андреевски
Едниот од нив е многу близок на визионерите од Топлификација, а другиот не го познавам.
Тие се „ склдисуваат “ за судбината на Топлификација
http://24vesti.mk/eksperti-gasifikacijata-na-skopje-nema-da-odi-lesno
 
blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
По најавите дека ќе се спроведе гасификација на Скопје, веднаш се јавија двајца експерти Универзитетскиот професор Константин Димитров и конуслтантот за енергетика Митко Андреевски
Едниот од нив е многу близок на визионерите од Топлификација, а другиот не го познавам.
Тие се „ склдисуваат “ за судбината на Топлификација
http://24vesti.mk/eksperti-gasifikacijata-na-skopje-nema-da-odi-lesno
Во општина Чаир имаше истражување за мислењето и заинтересираноста на граѓаните и приватните сопственици за воведување на гас во општината. Истражувањето беше под капа на самата општина во соработка со Топлификација. Немој да мислиш дека Топлификација ќе изгуби нешто ако се донесе гас. И она ќе има замешано прсти и веројатно добар дел ќе оди преку неа. На кој начин, како ќе го направат тоа, не знам. Битно знам дека нема да остане она незамешана во ова.
 
pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
Пред неколку минути се вратив од БЕГ ( позади Градската библиотека ). Бев да ја вратам последната фактура. Се распрашав дали тужеле. Ми рекоа дека не тужеле, но дека ќе тужат.
Ако некој добие решение од нотар, веднаш нека јави. Како што знаете приговорите се подготвени и ни сме спремни за секаква борба.

Не барајте логика во сметките на Топлификација. Самиот поим „ ангажирана моќност “ е измама. Се што прави Топлификација е измама. Битно е да не им плаќате, бидејќи не ќе можете да си ги повратите парите.
Кратко траеше радоста. БЕГ ми испрати задоцнета новогодишна честитка со која ме известија дека сметката за декември (онаа од 0 денари) била погрешна и да очекувам нова фактура, корегирана. Чекам да видам со колку ќе ме "почастат".
Да си каже човек дека ич не го читаат форумов, м? :)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Кратко траеше радоста. БЕГ ми испрати задоцнета новогодишна честитка со која ме известија дека сметката за декември (онаа од 0 денари) била погрешна и да очекувам нова фактура, корегирана. Чекам да видам со колку ќе ме "почастат".
Да си каже човек дека ич не го читаат форумов, м? :)
Јави што ќе те „ почастат “
Но битно е да не им платиш
Тие ќе се закануваат... Ќе праќаат „ последни опомени “, на кои ќе удараат сини печати, црвени печати, зелени печати...
Нека праќаат...
На крајот ќе мораат да ги излижат го*ната кои сами ги посраа.
Нив ги подржуваат поединци од највисоката јавна власт. Нив ги подржуваат бројни поединци и од власта и од опозицијата Сите знаете дека мажот на една регулаторка го вработија во Топлификација. Но на се има крај, па и на такви. Правдата е спора но никој не останал неказнет.
Sera tamen tacitis poena venit passibus. - Иако споро, казната стигнува со тихи чекори
Затоа Ви препорачувам не им плаќајте. А тие кои почнале да плаќаат, нека престанат. Парите што сте ги платиле не ќе можете да си ги повратите.
Инаку, и јас мислам дека оваа тема ја читаат „ визионерите “ од Топлификација. Не само тие, ја читаат и обичните вработени, кои сега живеат во невиден мобинг.
Главниот „ визионер “ има пет илјади евра месечна плата, а на нив им „ фрла трошки “ и ги малтретира.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во пост #1309 на истава страна напишав за изјавата на двајцата експерти Универзитетскиот професор Константин Димитров и конуслтантот за енергетика Митко Андреевски
Се обидов со пребарувачот да пронајдам кој е конуслтантот за енергетика Митко Андреевски
Најдов две личност со ова име
Во Плусинфо пронајдов дека на 30. 10. 2013 СДСМ избрал претседатели на своите совети и дека Со Советот за енергетика и комуникации ќе раководи Митко Андреевски
http://www.plusinfo.mk/vest/112109/SDSM-izbra-postari-i-ponovi-rakovoditeli
А во Стар Дневник од 18. март 2006, пронајдов податок за извесен Митко Андреевски, кој бил унапреден во советник на Премиерот, и кој 2600 пати се јавувал во емисијата Чуму
http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2724&stID=52291
Кој е всушност Митко Андреевски, дали се работи за иста личност или се работи за коинциденција со имињата, а всушност се различни личности
Оваа прашање е битно за нас
За неговото експертско мислење пишува и Фактор
http://faktor.mk/archives/94737?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=dali-gasot-kje-go-zameni-parnoto#
и таму тој вели:
Секаде каде што има топлификациски систем, ако се постави гасификационата мрежа по истиот модел, односно со тарифник според кој комерцијалните и општествените објекти плаќаат повеќе од домаќинствата, тогаш многу корисници ќе се откажат од парното, ќе има енромно исклучување, со што ќе се наруши стабиноста на топлификацискиот систем, објаснува Анреевски.
Очигледно тој не знае кои се причинити за масовното исклучување на граѓаните од системот на Топлификација, односно не знае дека Топлификација од 2008 година го наметна неточното „мерење со калориметри “ и наплата на „ ангажирана моќност “ и на тој начин ги покачи цените за 300%. И незнае дека граѓаните масовно се исклучуваат за да се спасат од измамата и грабежот.
Јас сакам да му напишам писмо за ова. Затоа ми е важно да дознам кој е конуслтантот за енергетика Митко Андреевски
Затоа Ве молам, ако знаете кој е тој, да ме известите

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во пост 1306 го ставив писмото кое го добив од беговите од Топлификација
Вчера одговорив на ова писмо
Тој мој одговор е со 1500 зборови и да не Ве мачам цел да го читате ќе го постирам само завршниот дел
..........................
Зошто јас Вас да Ви плаќам? Јас од Вас ништо не сум добил, ниту Вие за мене нешто сте сториле, несториле или трпеле, па сега јас возвратно да Ви платам. Како не Ви е срам да барате да Ви платам?
Јас не сакам да Ви плаќам! – тоа повеќе пати го повторив, затоа тужете ме, нема никакви изгледи јас да го променам мојот став и со ништо не можете да не заплашите и натерате да Ви плаќам. Едноставно не сакам да имам било какви односи со Вас.
Но мислам дека безкорисно и бесмислено е да Ве убедувам и да Ве повикувам на Вашиот морал и совест. Затоа го велам следново:
Член 120 став 1 од Законот за енергетика ( Службен весник на Република Македонија бр.16/2011) гласи: „ (1) Потрошувачите на топлинска енергија приклучени на системот за дистрибуција во подрачјето на кое е воспоставен систем за топлинска енергија имаат право на слободен избор од кој снабдувач ќе бидат снабдувани. “

Ниту Вашите одлуки ниту одлуките на Регулаторната комисија за енергетика не се посилни од Законот за енергетика. Се повикувам на член 120 од Законот за енергетика, со кој ми е гарантирана слободата во изборот на снабдувач и изјавувам дека не сум Ве одбрал Вас како снабдувач. Затоа веднаш престанете да ме вознемирувате и заплашувате праќајќи ми фактури, опомени, закани и слично. Ако сметате дека не сум во право – тужете ме. Вие немате право да ме малтретирате и угнетувате – туку, повелете - тужете. Мене ми е смачено од Вас и од Вашите фактури, дописи, опомени, заплашувања и закани.
.................................
Ете гледате еден од аргументите е член 120 од Законот за енергетика
Затоа им порачувам на сите исклучени - не им плаќајте. Јавната власт изеде големо „ го*но “ помагајќи ги криминалците од Топлификација и газејќи ги нашите човекови права.
Но ние ќе победиме. Затоа не се плашете, Законите се на наша страна..
Не се давајте, ако сега потклекнете цел живот ќе се каете
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Вечерва ме информираа дека Нотарот Златко Николовски праќал решенија на некои исклучени.
Од него решенија добиле неколку исклучени од Ново Лисиче
Да повторам:
На овие решенија, кој сака може да вложи приговор.
Приговорите се подготвени и кога сакате повторно ќе го постирам или ќе го пратам на ПП
А кој не сака да се бори и сака да се предаде - нека му плати
Oва е за мене и моето Семејство ќе биде голема и славна борба. Ние го браниме нашиот Дом од измамниците и крадците. Тие измамници и крадци ги подржува највисоката јавна власт, тоа на сите треба да им е јасно
Срам да им е, арам да им е!
Но ние ќе се бориме и никогаш нема да се предадеме.
Поздрав за сите кои ќе продолжат да се борат со една победничка песна
http://www.youtube.com/watch?v=zkRBNyaTmqw
ДО КОНЕЧНАТА ПОБЕДА !
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Порака за исклучените!

Деновиве криминалците од БЕГ - Топлификација, повторно праќаат опомени и се закануваат дека ќе доставеле предлог за донесување на решение кај нотар.
И јас добив таква опомена...
Со ваква опомени само застрашуваат и затоа не им плаќајте. Зошто да им плаќате? Што се добиле од беговите па сега возвратно да им платите?
Највисоката јавна власт изеде големо го*но со тоа што застана на страната на криминаците? Таа нека им плати, ако толку и се мили

Денеска ме известија дека многу наши побарале помош од Народниот правобранител и дека таму биле одбиени.
Службениците во канцеларијата на Народниот правобранител ги упатувале во Регулаторна.
Како што ми рекоа утре од 9 до 12 часот представници на регулаторна ќе ги примат граѓаните кои се исклучени а не сакат да им плаќаат на беговите.
Јас нема да одам кај лепотаните од регулаторна, бидејќи ги мразам, а и што ќе ми кажат тие кои ова го направија.
Мислам дека и вие не треба да одите - бидејќи само ќе губите време.
Важно е не се плашете од арамиите... не им плаќајте на беговите... ако толку сака власта самата нека им плати
Ќе дојде и наш ден ... ќе пееме - падај сило и неправдо
http://www.youtube.com/watch?v=gm6nNoipWFs
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
(не)уставниот суд ја одби и петата жалба за плаќањето од исклучените. Се работи за Решение број У.бр 80/2013 кое може да се погледа на страницата на судот
http://www.ustavensud.mk/domino/WEBSUD.nsf

Од понеделник ќе се вложи нова жалба. Инаку во уставниот суд сега има уште 4 жалби кои чекаат на судење.
Но како што гледате јавната власт не попушта, но и ние не попуштаме
Ние ги браниме нашите домови од измамници и крадци, а тие подржуваат криминалци
Власта е вода, а ние сме камен - крајот се знае. Ние ќе ја пееме песната „ Падај сило и неправдо “

Во образложението на ова Решението се вели:

Во однос на одредбата од членот 53 став 2 од Правилата, Уставниот суд на Република Македонија веќе одлучувал и со наведеното Решение У.бр.125/2012 од 22 мај 2013 година, одлучил да не поведе постапка за оценување на уставноста. Судот анализирајќи ја спецификата на колективните објекти за домување и пасивното преземање на топлинската енергија при нејзиното поминување низ вертикалните цевки, укажал дека: „корисникот на топлинска енергија во колективен објект не е во субординарен (подреден) однос со останатите корисници, туку станува збор за меѓусебно поврзана зависност во користењето на топлинската енергија, како и од аспект на трошоците. Имајќи го предвид наведеното, според Судот, неспорно произлегува заклучок дека во колективните објекти за домување, и исклучените потрошувачи од топлинскиот систем објективно користат одредена топлинска енергија поради неможноста тоа да се отстрани, од каде произлегува и основаноста на обврската за истата да платат, пропорционално на потрошената енергија, а не да ја користат на сметка на неисклучените потрошувачи. Тоа значи дека исклучените потрошувачи, со оспорениот член 53 став 2 од Правилата, се задолжуваат да платат за услуга која, поради техничките карактеристики на пренос на топлинска енергија, особено изразени во колективните објекти за домување каде распределбата на надоместокот се врши преку еден колективен мерен уред, и покрај исклучувањето од системот, сепак ја плодоуживаат услугата, поради што основано се задолжени да платат за користењето на истата“.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во Плус инфо најдов напис во кој директор на топлификација некој Меканџиев вели:
Дневно, по околу 200 нови предмети доставуваме на извршување до извршителите преку кои очекуваме да ги наплатиме долговите. Оваа постапка, навистина е непопуларна, но и ние сме притиснати од банките кои го бараат она што „Топлификација“ им го должи - вели Макенаџиев.
http://www.plusinfo.mk/vest/126525/Toplifikacija-ushte-vrakja-pari-za-preplateno-parno-vo-2012
Ете како лихварите печалат.
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.344
Во Плус инфо најдов напис во кој директор на топлификација некој Меканџиев вели:
Дневно, по околу 200 нови предмети доставуваме на извршување до извршителите преку кои очекуваме да ги наплатиме долговите. Оваа постапка, навистина е непопуларна, но и ние сме притиснати од банките кои го бараат она што „Топлификација“ им го должи - вели Макенаџиев.
http://www.plusinfo.mk/vest/126525/Toplifikacija-ushte-vrakja-pari-za-preplateno-parno-vo-2012
Ете како лихварите печалат.
Топлификација струмичани ја држат, а?
Хаџимишев беше директор, може и уште е, Макенаџиев гледам, портпарол...
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Топлификација струмичани ја држат, а?
Хаџимишев беше директор, може и уште е, Макенаџиев гледам, портпарол...
Хаџимишев сеуште ја држи Топлификација и се друго
Не сум знаел дека е од Струмица, мислев дека е од Неготино или Кавадарци
Сега на Балкан енерџи главен е некој Методија Стојчев економист по занимање. Да не е и тој од Струмица?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom