Топлификација и нејзиниот штетен и патетичен бизнис план [општа дискусија]

Член од
20 март 2015
Мислења
38
Поени од реакции
50
Нема никаков смисол да ги сечеш цевките.
Подобро придружи се на протестите
Цените на парното се „ напумпани “. Според сегашнава цена на мазутот, месечно за затоплување на 1 м2 станбена површина цената би требало да биде околу 20 денари ( најнова цена на мазутот е 23 денари за килограм )
Ако се исполни барањето на протестите - на криминалците да им се суди, очекувај дека набрзо парното ќе биде повторно посакуван начин на затоплување
Ако ги исечеш цевките ќе имаш големи кавги со соседите. Ако поведеш постапка пред суд да бараш пари - кирија, знаејќи како судат судиите, многу ти е неизвесен исходот. Ризикуваш и да изгубиш (колку и да си во право) ама и да платиш големи трошоци од постапката.

Колку се арогантни и бескрупулозни криминалците говори и фактот дека железарското парно е под притисок и да ја примени истата формула како и овој агава наш. Да не те изненади ако од АД ЕЛЕМ "подлегнат" на истата калолиметарска финта, т.е. да почнат да ги молзат нашите сограѓани од Железарница, Автокоманда итн. Тогаш можеме да очекуваме исклучувања и од таму и зголемување на бројот на протестантите пред РКЕ.
Само со зголемен број и со мудро испланиран и организиран настап можеме да успееме. Ако се деморализираме и се повлечеме - сите заедно сме нае....!
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
БЕГовите распишале „ голема зделка “
Ќе купуваат природен гас до 63.000.000 нормални кубни метри.
Проценетата вредност на договорот без ДДВ е 1.353.000.000 денари.
http://emagazin.mk/vesti/vest/11653?title=golema-zdelka-balkan-enerdzi-bara-da-kupi-priroden-gas-vo-vrednost-od-13-milijardi-denari
И ќе купуваат мазут до 55.000.000 килограми. Проценета вредност без ДДВ е 1.536.040.000 денари.
http://emagazin.mk/vesti/vest/11654

На повеќето од Вас овие бројки не Ви значат много, но се огромни бројки. Секоја од нив е доволна да Топлификација работи неколку грејни сезони
Од друга страна лепотаните од Регулторна за следнава сезона и одобриле вкупен приход од 1.843.395.927 денари
http://www.erc.org.mk/odluki/2015.07.31 - ODLUKA ZA CENA BEG SNABDUVANJE.pdf

Ете видовте....Со што ќе купат толку мазут и гас кога вкупниот приход им е помал од овие нарачки
Еве Ви апла доказ за криминалот на БЕГовите и лепотаните од Регулаторна
Топлификација не мириса, туку смрди на криминал

Ама во Македонија нема полиција да гони криминалци
Највисок дострел на македонската полиција е „ асистирање при подигање на коли со пајаци “
 
Член од
10 август 2010
Мислења
66
Поени од реакции
33
Утре нов 23-ти протест на исклучените од Топлификација
http://plusinfo.mk/vest/37193/slednata-sabota-nov-protest-na-isklucenite-od-parno
ВЕЌЕ е стасано времето КОГА сите треба да побараат НАМАЛУВАЊЕ на сметките за топловодно греење на најмалку 1/2 од сегашните фактури.
А ЗАШТО..ќе праша (можеби) некој?
ЗАТОА што :
http://www.idividi.com.mk/vesti/svet/1017181/index.html напиша:
Нафтата поевтина од 40 долари за барел, најниско ниво во изминатите 6,5 години
:tapp:
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
ВЕЌЕ е стасано времето КОГА сите треба да побараат НАМАЛУВАЊЕ на сметките за топловодно греење на најмалку 1/2 од сегашните фактури.
А ЗАШТО..ќе праша (можеби) некој?
ЗАТОА што :

:tapp:
Eх, мој другару...
Тоа ќе беше да не беше оганизираниот криминал со парното. Затоа јас подготвив упатство за исклучување на цели згради:
..........................................................................................................................
Упатство за исклучување на цела зграда:

Според важечките закони за да се исклучи цела зграда потребно е мнозинството од сопствениците на становите да се согласи.

Тоа е овозможено со Законот за домување кој е објавен во „Службен весник на Република Македонија“ број 99 од 05.08.2009 година.

Во Член 11 Работи на управувањето, од овој Закон став како став 2 точка 1 е наведено:

(2) Покрај одредбите за управувањето од ставот (1) на овој член договорот за заемни односи содржи и:

1) начин, услови и ред на користење на заедничките простории и уредите во зградата;

А во став 3 од истиот член стои

(3) Сопствениците на посебните делови одлучуваат за работите на управувањето на станбената зграда со мнозинство гласови според сопственичките делови.

Што значи, сосема е доволно ако мнозинството на сопственици одлучи инсталацијата за затоплување да не се користи од Топлификација.

Во член 53 став 3 од Правилата за снабдување со топлинска енергија „Службен весник на Република Македонија“ број 97 од 31.07.2012 година гласи:

(3) Доколку сите потрошувачи од исто мерно место писмено побараат исклучување од топлификациониот систем за цела грејна сезона или повеќе грејни сезони истите не се задолжуваат со надоместок доколку за пресметковниот период на мерниот уред не е регистрирана потрошувачка на топлинска енергија.

Што значи доволно е да напишете вакво писмо кое ќе го потпишат повеќе од 50% од корисниците:

До БЕГ( или Скопје Север ) – Скопје

Од граѓани кои живеат во зградата......

Предмет: Писмено известување– според член 53 став 3 од Правилата за снабдување со топлинска енергија

Писмено Ве известуваме дека сите одлучивме да се исклучиме почувајќи од грејната сезона 2015/2016 и натаму.

Ако во зградата има повеќе од 50% исклучени побарајте само тие да го потпишат. Но ако нема, значи ќе морате да убедите некои кои се сега приклучени и тие да се потпишат

Кажете им дека парното е организиран криминал... Дека сега мазутот е за 41% поефтин од минатата година, а цената на парното ја намалија за смешни 0,19%
Кажете им го и ова што го вели @novace
Препорачајте им да ја читаат нашава тема
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
На протестот на исклучените од минатата сабота е прочитано следново упатство како да се однесувате пред судот. Мислам дека ќе Ви користи:
.............................
Одредбите според кои исклучените плаќаат се суштествено спротивни на правото. Тие кои донесоа вакви одредби се „ помочаа “ на правото, на Уставот, цивилизацијата, на човековите права и тн.

Но нас не судат и осудуваат врз основа на тие одредби кои се очигледно спротивни на правото.

Треба да знаете дека најголем процент исклучени судот ги осуди. Ние видовме неколку пресуди во кој судот судел во корист на исклучениот, Ние се радуваме на такви пресуди но тоа се само неколку пресуди и веројатно „ ги пуштиле “, за да покажат дека демек суделе.Судот сите ќе не осуди и само мал број ќе се спаси. Наша единствена реална надеж е судот во Стразбур и со овие наши протести и друго политичко дејствување да издејствуваме укинување на овие срамни одредби

Овој суд не е добар суд. Да беше добар тој воопшто немаше да прифати да суди на исклучените, затоа не му верувајте на судот и не очекувајте помош од судот. Со кое право не тераат да им плаќаме на хохштаплерите? Затоа што некој „ експерт “ рекол да плаќаме? Ако рекол – тој нека плаќа, а нас нека не остават на мира.

Во правото важи - секоја обврска потекнува или од договор или од деликт. Тоа на „Македонски “ се вели „ omnis enim obligatio vel ex contractu nascitur vel ex delicto “

Ние немаме договори со Топлификаци, значи судот нас не казнува. Според членот 66 од Правилата по кој не казнуваат, предвидена е казна за тие: Кои се исклучени и живеат во колективни објекти и кои одбиле да потпишат договор со Топлификација и одбиле да се приклучат.

Немојте да признавате дека сте такви. Тоа мора Топлификација да го докаже. Затоа на судењета одбивајте да ги признаете овие три работи, за да не ве осудат врз основ на вашето признание.

Кога почнува судењето, адвокатот на Топлификација ќе рече: Тужениот е исклучен, тој живее во колективен, тој не потпишал договор со Топлификација и како таков треба да плати.

Вие веднаш кажете дека ова што го тврди адвокатот не е точно и барајте тој да го докаже тоа што го тврди.

Ако ве прашаат дали сте исклучени: речете не знам, не се сеќавам, што значи тоа да бидам исклучен, кога тоа сум бил наводно исклучен

Ако ве прашаат дали во зградата има други кои користат затоплување од Топлификација речете не знам, не се дружам со соседите па да видам на кој начин тие се затоплуваат и не се мешам во туѓ приватен живот

Ако ве прашаат дали имате потпишано договор со Топлификацација, речете не знам не се сеќавам. Можеби имам потпишано, а можеби немам. Кога тоа наводно сум потпишал или не потпишал договор?

Значи немојте да бидете „ чесни “ и да признавате, бидејќи ова не е добар суд.

Држете се храбро, ништо не признавајте и на секој начин гледајте да го одолвлекувате судењето. Барајте спојување на предметите, поднесувајте нови докази барајте смена на судијата, барајте запирање на постапката, приговарајте за надлежноста на судот, приговарајте дек немате пасивна легитимација и на секој друг начин гледајте да ја одолговлечете постапката. Ќе дојде ден кога овие срамни одредби ќе се укинат. А ние тој ден ќе го дочекаме и ќе ја славиме победата.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Денес се одржа 26-тиот протест на исклучените од Топлификација, на кој беше прославена половина година од започнување на протестите
Тие што не присуствуваа многу пропуштија бидејќи и протестот и коктелот приреден во чест на прославата беа супер
Еве како за настанот известија медијумите
http://plusinfo.mk/vest/39696/shest-meseci-protesti-na-gragjanite-koi-plakjaat-parno-iako-se-iskluceni
http://24vesti.mk/shest-meseci-protesti-na-gragjanite-koi-plakjaat-parno-iako-se-isklucheni
http://faktor.mk/2015/09/12/na-poveke-od-20-iljadi-gragani-im-stigaat-smetki-za-usluga-shto-ne-ja-koristat/
 
Последно уредено:
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Утре 23. 09. 2015 Уставниот суд повторно, како точка 7 од дневниот ред ќе го разгледува членот 66 од Правилата според кои исклуичените плаќаат
http://ustavensud.mk/domino/WEBSUD.nsf
7. Член 66 став 1 од Правилата за снабдување со топлинска енергија донесена од Регулаторната Комисија за енергетика на Република Македонија на 30 јули 2012 година („Службен весник на Република Македонија“ брoj 97/2012).
Реферат У.бр.72/2015
Ако го поништи, подготвувајте се за прослава во сабота со која ќе се означи крајот на протестите
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.077
Поени од реакции
3.234
Утре 23. 09. 2015 Уставниот суд повторно, како точка 7 од дневниот ред ќе го разгледува членот 66 од Правилата според кои исклуичените плаќаат
http://ustavensud.mk/domino/WEBSUD.nsf
7. Член 66 став 1 од Правилата за снабдување со топлинска енергија донесена од Регулаторната Комисија за енергетика на Република Македонија на 30 јули 2012 година („Службен весник на Република Македонија“ брoj 97/2012).
Реферат У.бр.72/2015
Ако го поништи, подготвувајте се за прослава во сабота со која ќе се означи крајот на протестите

Ако сте собрале гласови ќе биде, ако пишеш НЕ, уште од сега ти викам дека нема да биде!
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Минатата сабота, на 19. 09. 2015, во организација на Народното движење за Македонија се одржа трибина со наслов „ Како топлата мафија ги осиромаши граѓаните “
Еве снимка од таа трибина, Снимката трае околу еден час, но мислам дека нема да зажалите ако ја погледате
https://www.youtube.com/watch?v=uDbGVWV4Aug#t=1685
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
ВАЖНО СООПШТЕНИЕ
Покрената е иницијатива за собирање на 100 потписи со која ќе се распише граѓанска иницијатива за измена на Законот за енергетика. Со таа измена се предвидува во Законот за енергетика да се вметне одредба исклучените да не плаќаат
Овие 100 потписи се собираат на три места
1. Во барака 1 на Општина Центар - се потпишуваат граѓаните од Центар, Аеодром и Ново Лисиче
2. Во баракта на Општина Карпош која се наоѓа во близина на Германската амбсада - тука се потпишуват граѓаните од Карпош, Тафталиџе, Д. Нерези, Козле и тн
3. Бараките на Општина Кисела Вода - тука се потпишуваат граѓаните кои се на територијата на Кисела Вода

Потпишувањето почна денес.
Јас се потпишав во Општина Центар и сум десети на список
Ви предлагам и Вие да се потпишете. Можеби ќе добиеме и ќе се спасиме
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544

Kajgana Shop

На врв Bottom