Топлификација и нејзиниот штетен и патетичен бизнис план [општа дискусија]

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.283
Извршители кај граѓаните кои добиваат сметки за парно, иако не го користат
15.10.2015 | 16:59
Економија
Прочитано: 2410

Извршители тропнаа на вратите на граѓани кои добиле паушални сметки за парно греење, иако не го користат.

Семејството Момировски е исклучено од системот на поранешна Топлификација во 2007-мата, по пет години на нивна адреса добиваат сметки за парно греење од новата компанија Балкан Енерџи Груп. Револтирани се бидејки ниту парно користат а ниту цевки поминуваат низ нивниот стан за да добиваат топлина од нивните соседи.

Во зградата 66 во скопски Карпош седум стана се исклучени од системот за парно греење. Од домот на семејството Момировски, екипата на 24 Вести го посети и станот на 80 годишната Цветанка Шикова.

Таа парно не користи од 2008-мата година, бидејки плаќала високи сметки. Се грее со помош на клима уред и дополнително грејно тело. Парно не користела, сметки стасувале а таа не ги плаќала.

Извршителите сега добија налог за наплата, во следните 6 месеци од нејзината пензијата ќе кратат една третина. Видливо вознемирена, таа не можеше да зборува пред нашата камера, но се надева дека законот ќе биде сменет.

Во тек е и иницијатива за измени на Законот за енергетика. Се бараат измени во однос на плаќањето на услуга што не се користи, но и во Советот на регулаторната комисија да има и член - граѓанин односно потрошувач.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
Ова се зборови на Градоначалникот господин Коце Трајановски:

Денеска на почетокот на грејната сезона ги пуштаме во употреба котелите на гас во СУГС„Арсени Јовков“, каде што учаат околу 2. 000 ученици, дел од проектот за гасификација на две училишта, кој изнесува 15 милиони денари, а го опфаќа и СУГС „Зеф Љуш Марку“. Според пресметките, се очекува да се заштеди околу 50 отсто од финансиските средства кои се трошеле за греење и повраток на инвестицијата за околу 4 години. Досега гасификација е спроведена во две средни училишта, односно во СУГС „Здравко Цветковски“ и во СУГС „Георги Димитров“, а во тек е изработката на проекти за газификација на уште седум средни училишта. Изработката на проекти ќе заврши до средината на следниот месец, кога ќе распише тендер за гасификација на СУГС „ Д-р Панче Караѓозов“, а потоа и на: СУГС „ Марија Кири –Склодовска“,„ Владо Тасевски“, „Панче Арсовски“ и на другите средни училишта коишто локациски се поблизу до постојната транспортна мрежа со гас. Градот Скопје и во иднина ќе продолжи да вложува во гасифиција на средните училишта на Град Скопје“, истакна градоначалникот Трајановски.

http://www.mkd.mk/makedonija/skopje/sprovedena-gasifikacija-vo-dve-uchilishta-vo-skopje

Со еден збор - Коце ги спаси овие училишта од калориметри, ангажирана моќност, „ либерализација “ плаќање двојни цени, мамење и ограбување, неквалитет и што уште не.
Алал да му е!
 
Член од
20 март 2015
Мислења
38
Поени од реакции
50
Извршители кај граѓаните кои добиваат сметки за парно, иако не го користат
15.10.2015 | 16:59
Економија
Прочитано: 2410

Извршители тропнаа на вратите на граѓани кои добиле паушални сметки за парно греење, иако не го користат.

Семејството Момировски е исклучено од системот на поранешна Топлификација во 2007-мата, по пет години на нивна адреса добиваат сметки за парно греење од новата компанија Балкан Енерџи Груп. Револтирани се бидејки ниту парно користат а ниту цевки поминуваат низ нивниот стан за да добиваат топлина од нивните соседи.

Во зградата 66 во скопски Карпош седум стана се исклучени од системот за парно греење. Од домот на семејството Момировски, екипата на 24 Вести го посети и станот на 80 годишната Цветанка Шикова.

Таа парно не користи од 2008-мата година, бидејки плаќала високи сметки. Се грее со помош на клима уред и дополнително грејно тело. Парно не користела, сметки стасувале а таа не ги плаќала.

Извршителите сега добија налог за наплата, во следните 6 месеци од нејзината пензијата ќе кратат една третина. Видливо вознемирена, таа не можеше да зборува пред нашата камера, но се надева дека законот ќе биде сменет.

Во тек е и иницијатива за измени на Законот за енергетика. Се бараат измени во однос на плаќањето на услуга што не се користи, но и во Советот на регулаторната комисија да има и член - граѓанин односно потрошувач.

Вообичаено за овој форум е да кликнеме кога нешто ни се допаѓа. И тоа е ОК. Во оваа прилика нема да го сторам тоа, туку напротив, ќе кажам дека ова што го читам ВООПШТО НЕ МИ СЕ ДОПАЃА!!! Како да ми се допадне сознанието дека една госпоѓа во повозрасни години е измалтретирана, навредена, измамена и ограбена од познатите криминалци и нивни сервилни сокрвопијци? Јас ПРОТЕСТИРАМ против ова што и се случило на госпоѓата и против истата работа што им се случува на повеќе илјади граѓани.
Му предлагам на администраторот да воведе можност да се изјаснам дека нешто и НЕ МИ СЕ ДОПАЃА!!!!
Барам ваша поддршка.[DOUBLEPOST=1445652137][/DOUBLEPOST]

Барам ваша поддршка.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
Здружението на исклучените „ Но Пасаран “ подготвува кривична пријава во врска со екстремно висиките сметки за парно за декември 2008.
Затоа Ве замолува, на еден лист, во еден примерок, да направите фотокопии од сметките за парно за ноември и декември 2008 и да ги доставите на протестот кој ќе се одржи во сабота
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
Еве еден напис во кој се вели:
„ Исклучените од парно обвинуваат дека БЕГ ја користи монополската улога, блискоста до партијата на власт, и преку познат систем на адвокати, нотари, извршители и судии се обидува да ги ограби граѓаните. “
http://plusinfo.mk/vest/47526/isklucenite-od-parno-nikako-da-dojdat-do-pravdata
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.283
СДСМ ќе бара парно да не плаќаат повеќе граѓаните кои не го користат
Објавено: 14:40, 18/11/2015 Прегледано: 27 пати.

Пратеничката група на СДСМ и коалицијата ќе поднесе предлог до Собранието за промена на Законот за енергетика со цел оние граѓаните што се исклучени од системот за парно греење да немаат повеќе обврска да ги плаќаат сметките за парно, ниту, пак, казните за неплатени сметки.

Со предлогот би се променил членот 28 од Законот со што, преку Правилникот за снабдување со топлинска енергија би се гарантирало граѓаните да не плаќаат за парно што не го користат.

-Луѓето кои не користат парно до сега мораа да плаќаат сметки, па уште и тужби и извршители поради неплатени сметки. Овие проблеми на граѓаните се дело на актуелната власт. Со дополнувањето на Законот за енергетика кое го предлагаме, бараме правото на граѓаните кои не користат парно да не плаќаат сметки и тоа да се гарантира во Правилникот за снабдување со топлинската енергија што Регулаторна комисија ќе има законска обврска да го донесе – изјави координаторот на социјалдемократите во парламентот, Горан Сугарески.

Веќе неколку месеци пред Регулаторна комисија протестираат граѓани кои мораат да плаќаат за парно греење само затоа што цевките на системот поминуваат низ нивните станови. Тие со недели бараат да им се поништи обврската да плаќаат за услуги кои не ги користат, но нивните барања се целосно игнорирани од властите.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
Не барајте политика во " случајот Топлификација "
Од 1677 поста колку до сега се напишани во оваа тема, јас веројатно напишав половина
Ако ги следевте знаете дека „ случајот Топлифкација “ е случај на организиран криминал.
А криминалците не се политика.
Затоа повелете оваа сабота и следните саботи, во 12 часот кај Триумфална, на протестот на исклучените.
Штом Собранието го усвоји овој закон. ќе организираме општо народна веселба.
 
Последно уредено:
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.543
Сепак ја користат политиката, како параван.
Можеби може и така да се каже
Јас го велам малку поинаку:
Криминалците имаат јатаци во власта.
Овие од Топлификација тоа го имале и сега и порано. Тие стално тврделе дека не се политички обоени, нив политика демек не ги интересирала, но постојано имале јатаци. Дури и во времето на СФРЈ тие имале јатаци
 
Kajgana Shop

На врв Bottom