Топлификација и нејзиниот штетен и патетичен бизнис план [општа дискусија]

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Мислам дека ви е пореално да барате да се намали паушалот. Како може да не плаќате ништо? Сепак во згради живеете. Дали може некој да рече не сакам вода дома а живее во зграда? Кога живееш во зграда имаш и други обврски спрема влезот и тн. Не знам, ми нема логика.
Мислам дека твоето мислење се базира на тоа што ти веруваш дека една „ политичка опција " за која ти веројатно мислиш дека никогаш не згрешил, стои зад ова.
Меѓутоа не е така
Во населбите Железара, Автокоманда, Маџари и Хиподром дејствува парното на ЕЛЕМ - Подружница енергетика. Таму исклучените не плаќаат ништо, а имаат многу подобро и поефтино греење. А и никаде на друго место исклучените не плаќаат. Плаќаат само исклучените од скопска Топлификација сега преименувана во БЕГ
Се надевам дека ќе ми веруваш дека во населбите Железара, Автокоманда, Маџари и Хиподром е истата „ политичка опција “ за која ти мислиш дека стои зад ова.
Случајот на Топлификација е случај на организиран криминал. А зад одедбите исклучените од Топлификација да плаќаат стојат јатаците на криминалците кои се во власта
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272

Го ценам твоето мислење иако е погрешно. Тогаш кое е објаснувањето на БЕГ официјално зошто се наплаќа и зошто ЕЛЕМ не наплаќа?
P.S. гледам на почетокот од дискусијава си зборел со тој бугарот за парното во софија. Па истото и јас ти го викам треба паушал ама помал. Ама добро ај те разбирам настапувате како искусни преговарачи барате 0 за да дојдете на средина :)
 
Последно уредено:

Зошто е моето мислење погрешно?
Еве директен одговор на твоето прашање што велат БЕГ и Регулаторна зошто исклучените плаќаат
На страницата на БЕГ - снабдување има рубрика најчесто поставувани прашања и таму како прашање три можеш да прочиташ
3. Зошто исклучен потрошувач во колективен станбен објект добива фактура ?
Согласно Правилата за снабдување со топлинска енергија донесени од Регулаторна комисија за енергетика на Република Македонија, сите исклучени потрошувачи во колективните објекти за домување каде распределбата на надоместокот се врши преку еден колективен мерен уред на топлинска енергија, должни се да го плаќаат надоместокот за ангажирана моќност (фиксен дел) од надоместокот за топлинска енергија, кој се определува согласно тарифниот систем за топлинска енергија.
http://beg-snabduvanje.com.mk/faq/
На страницата на лепотаните од регулаторна може да се прочита одговор на истото прашање:
Зошто со новите Правила за снабдување е предвидено исклучените потрошувачи да плаќаат дел од надоместокот за топлинска енергија?

Во објектите за колективно домување, каде што се врши снабдување со топлинска енергија на потрошувачите преку заедничка топлинска подстаница, каде што се врши и мерење на топлинската енергија, исклучените станови од грејната инсталација се пасивни приматели на топлинска енергија поради непоосредниот пренос на топлинската енергија низ ѕидовите и заедничката грејна инсталација на објектот. Поради ова пасивно превземање на топлинска енергија исклучените станови се вклучуваат во распределбата на надоместокот за топлинска енергија на објектот и се задолжуваат со фиксниот дел од истиот. На овој начин се овозможува пропорционално растеретување на надоместокот за испорачана топлинска енергија на приклучените корисници на топлинска енергија и се создаваат услови за економска оправданост на системот за централно греење.
http://erc.org.mk/QandA.aspx

Ете тоа велат тие. Но не им верувај - се работи за зборови на измамници и крадци
 
Член од
20 март 2015
Мислења
38
Поени од реакции
50

Едно нешто не е спорно - фактот дека ова е еден голем криминален проект. За да се сфати целата генеза на проектот потребно е просечниот граѓанин едновремено да биде: правник, економист, машинец за парно, нотар, адвокат, судија, извршител, психолог, аналитичар итн... А тоа не е така. Така е само за криминалците. Тие ги имаат сите набројани професии под своја капа. Ете зошто овде и не само овде некои дискусии се јалови. И тоа е една од нивните цели како да си го тераат "бизнисот" на сметка на граѓаните. А тоа што ние меѓусебе ќе се исколеме - ич не им дреме.
Доколку некого сериозно и искрено го интересира ова криминално сценарио, или макар малку е љубопитен, нека повели секоја сабота во 12 ч. пред Триумфалната порта. Ќе има можност да научи многу корисни работи од искусните страдалници, работи кои и нему можат да му помогнат. Не само околу бег-ОТ туку истите имаат употреблива вредност за други прашања важни за секој граѓанин.
Иронично е ама и симболично - РКЕ се наоѓа токму спроти оваа порта. Изгледа заборавиле дека на крајот секогаш триумфира НАРОДОТ! И да знаете дека на крајот ќе им се случи НАРОДОТ!
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Mинатиот петок бев на едно судење кое ми остави впечаток
Исклучениот раскажа дека умрела мајкаму и дека роднините му позајмиле 30 илјади за да ја погребе.
Извршителите по налог на Топлификација му земале 10 илјади од овие пари пред да успее да ја погребе
Додека ова го раскажуваше исклучениот плачеше - липаше.
Сите бевме потресени а една од судиките-поротници се расплака
 
S

silmarillion

Гостин
Си платив 3.400 денеска за месец Јуни сметка. Чисто онака, лефтерно на 10ти Јули.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Излишни се секакви зборови бидејќи олигарсите и корумпираните регулатори немаат слух за правата на граѓаните и нивната финансиска состојба. Важно е да се притисне и направи голем профит без разлика на тоа дали се загрозувaaт граѓаните како поединци или целина. Пишувајќи го текстот се воздржувам од вулгарни зборови бидејќи не сакам да ширам некултура, иако текстот нема да го читаат мали деца.
Ако имате време прочитај те го целиот текст...
http://m.mkd.mk/48974/kolumni/toplifikacija-parno-ceni-risto-apostolov
Написот е со наслов
Топлификација - монопoлски олигарси вампири
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во вторник 14. 07. 2015, со почеток во 18 часот, исклучените од Топлификавија ќе го одржат својот прв вонреден протест. Овој прв вонреден протест ќе се одржи во Ново Лисиче кај фонтаната посветена на Тоше Проевски.

Вакви вонредни протести, во текот на летото, ќе се одржуваат секој вторник во 18 часот, но на различни локации. Вториот ваков протест ќе се одржи во населбата Капиштец.

На ваквите вонредни протести ќе бидат изнесени факти и докази за криминалот со парното. Се очекува, по протестот, демонстрантите да ги повикаат криминалците да се предадат на органите за кривично гонење.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
18 - тиот протест на исклучените од Топлификација ќе се одржи следната сабота 18. 07. 2015, на вообичаено место и време кај Триумфалната порта, со почеток во 12 часот .

На протестот во сабота ќе се зборува за можноста за поднесување на една жалба од повеќе жалители до Судот во Стразбур. Сите тие кои се и второстепено осудени ќе можат да се приклучат кон оваа жалба. Судот во Стразбур е преоптеретен и постои опасност да ги одбие поединечните жалбите од исклучените поради релативно малата вредност на споровите. Затоа со поднесување на една жалба од повеќе жалители, исклучените од Топлификација сакат да ја избегнат оваа опасност.

„ Бомбата 17“, која ќе биде прочитана на протестот во сабота, е посветена Организацијата на потрошувачи на Македонија и нејзината улога во донесувањето на одредбите според кои исклучените плаќаат.

Како што гледате за утре се предвидени интересни содржини
Но сепак да Ве предупредам дека за утре се очекува температура од 36 степени. Ако имате проблеми со здравјето, подобро не доаѓајте, бидејќи протестите продолжуваат и ќе имате уште многу други можности за протестирање
http://www.ilmeteo.it/meteo-europa/Skopje
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544

Kajgana Shop

На врв Bottom