Топлификација и нејзиниот штетен и патетичен бизнис план [општа дискусија]

Член од
12 март 2009
Мислења
19.812
Поени од реакции
15.735
Ајде малку да се спуштат сите на земја. Централно греење има секаде во светот и колку што знам во колективни станбени згради не е воопшто ни предвидено исклучување. Дали некој од ангажираните адвокати воопшто видел како е надвор, еве до Србија да појдел. Не е работата само до парите, еве имаше пример на зграда на улица Владимир Комаров каде 100% се исклучија и имаат 24/7 проблеми со струјата, ќе се запалат. А дека се троши топлина во заедничките простории, пред се скалиштето, се троши и таа треба сите да ја сносат како тие што се грејат преку централниот систем, така и исклучените. Патем, не плаќаат надомест само исклучените станари, туку и инвеститор за непродадените станови. Има нови згради каде само 50% од становите се продадени.
Друго што држи е немање методологија за мерење на потрошена топлина по стан, високи трошоци за одржување а наспроти монопол на Топлификација односно сега Бег.
Затоа мислам погрешно е поставено ако се бара во колективна зграда исклучените да не плаќаат ништо, а држи да се бара воведување на антимонополска контрола на приходите и општо намалување на ставките, како за исклучените така и за тие што се корисници.
Едно од решенијата на проблемот би било со гасификацијата на градот, ако не по стан а барем со гасификација до зграда, да може куќниот совет на тендер да бара понуди од повеќе понудувачи за греење на зградатата, а во која веќе постои топлотна подстаница сопственост на зградата..
Јас очекувам дека ќе има масовни одкажувања од далекуводното греење од еден друг аспект, далекуводното греење наметнува во зградите високи притисоци а што е многу опасно, како за старата дотраена инсталација а така и за најновите згради каде од економски причини се форсират алупласт цевките а кој не се препорачливи за голем притисок, т.е. имаат краток век на траење.
Да додадам уште нешто, јас уште лани им предложив во барањата и тужбите да се оспори регулативата дека за откажување на ЦЕЛА зграда од греење треба да има 100% согласност од станарите. Зошто, секогаш операторот ќе најде барем ЕДЕН стан кој ќе бара да има централно греење и со тоа ќе го држи монополскиот статус. Значи треба да се бара ова одредба да се преформулира во согласност на просто мнозинство станари од колективната станбена зграда.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
@Ireal
Ајде и јас да те „ спуштам на земја “
Ти очигледно не ја познаваш ситуацијата. А си можел барем да ја следиш темава
Случајот Топлификација е случај на организиран криминал. Група хохштаплери ги ограбија Скопјани
А власта наместо ги гони криминалците ги гони исклученити, кои се спасија од измамата и грабежот.
Тоа се должи на фактот што власта е неспособна и килава, а краен дострел на нашава полиција е „ асистирање при подигање на коли со пајаци “
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.812
Поени од реакции
15.735
Види, комшијата беше исклучен, се бунеше ама си плаќаше надоместок. Сега пред неколку месеци се врати на парно. Е сега и тој вика дека и исклучените треба да плаќаат. Јас кажувам како е секаде, а друго се мерилата, скапо е се и греењето и надоместок за исклучените. На форумот на Македонска берза, тие што имаат акции на TPLF ги подржуваат присилните наплати кој ги спроведува Топлификација. Зборот ми беше дека ништо нема да направат во Стразбург бидејќи погрешно е поставена работата. А договор со Топлификација и подоцна со БЕГ скоро никој од старите нема потпишано но тоа не те ослободува од ништо поради законот за Домување.
 
А

Атлантист

Гостин
Види, комшијата беше исклучен, се бунеше ама си плаќаше надоместок. Сега пред неколку месеци се врати на парно. Е сега и тој вика дека и исклучените треба да плаќаат. Јас кажувам како е секаде, а друго се мерилата, скапо е се и греењето и надоместок за исклучените. На форумот на Македонска берза, тие што имаат акции на TPLF ги подржуваат присилните наплати кој ги спроведува Топлификација. Зборот ми беше дека ништо нема да направат во Стразбург бидејќи погрешно е поставена работата. А договор со Топлификација и подоцна со БЕГ скоро никој од старите нема потпишано но тоа не те ослободува од ништо поради законот за Домување.
Секаде греењето е комунална услуга зад која стои градот, само ние спроведовме сомнителна приватизација на Монопол. А полошо од државен или општински монопол е само приватен монопол кој што и понатаму ја корумпира власта за да добие екстра цени за својата "услуга" . Не заборавај дека голем дел од исклученте се исклучија не поради високата цена него поради никаквата услуга, а тие и пред тоа се грееја / догреваа на струја. А уште почудна беше целата кампања на провладините медиуми пред неколку години кои се ставаа на страната на исклучените, но тоа била само нивни интерни пресметки. Се појави БЕГ, офшор фирма регистрирана на Кипар и кампањата запре.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.812
Поени од реакции
15.735
по мене монополот не држи, лошо е и ако биде градска комунална услуга. Тие нема да имаат акции или екстра профит, ама со неработење може лесно да стане за нас корисниците и бетер. Мислам дека е најдобро е да има конкуренција меѓу далечинско водно греење и локално каде ќе се користи истата топлинската подстаница но со гасен котел. Со ова би се тргнале и проблемите со нечистата вода и високиот притисок. Но се разбира за ова треба да се решат многу проблеми, почнувајќи од домувањето, се уште има станбени згради и без куќен совет и без управител. Со децентрализацијата на станбената зграда од системот може самиот куќен совет да си се изјасни за методологија на мерење на потрошена топлина. Патем, да нагласам дека по ЕУ нормативи се забранува колективен греен систем без мерење на потрошена топлина по корисник а од императивот за заштеда на топлина. Кај нас до скоро имаше станбени згради без водомери, се наплаќаше се уште по член. Гледам јас во двор му течи чешмата, абе зошто не ја праиш ?? Немам време а ионака по член се плаќа кај нас, а овие горе скопјаништава се тука само месец два во лето, па малку иде сметка за вода:D
 
Член од
20 март 2015
Мислења
38
Поени од реакции
50
Добро е! Ме радува што отпочна поширока дискусија. Само со размена на мислења и информации можеме да ја постигнеме целта. Еве и зошто:

Сметам дека сме сите согласни да имаме КВАЛИТЕТНО греење по ПРИФАТЛИВИ цени. Тие се двете основни работи. Не поаѓам само од моите лични потреби и интереси.
Проблемите настанаа уште многу поодамна кога некои структури во државната Топлификација увидоа дека можат да дрпаат убави пари за себе, а сето тоа со кумување на тогашната власт. Уште полошо се случи со продажбата на Топлификација, т.е. откако стана АД. Општо познати се фактите кои станаа мнозински акционери, но и вработените добија пристоен број на акции, т.е. и тие го омрсија мустаќот. Дури и оние вработените без свои акции беа презадоволни од огромните плати.
Сетете се само на страшната кампања што ја водеше Латас на темата топлификација, пред 3-4 години. Откако се смени сопственичката структура, т.е. откако ни дојде бег-ОТ и почна да ја цица рајата, Латас не сме го виделе или чуле НИКОГАШ повеќе да проговори на оваа тема. Не треба многу мудрост зошто го направи тоа - јасно е како бел ден. И не само тој, имаше и други новинари што ја одработија таа кампања.

Не се земам само себе си за пример, но имаше многу како мене - неквалитетна услуга, високи цени, потценувачки и навредлив однос итн. Е, тоа не може така. И почнаа да не репаат по сите основи, само удри-мавај, единствена цел им беше и сеуште им е тоа главната работа - по секоја цена да не ИСЦИЦААТ!

По дефиниција организиран криминал претставува здружување на најмалку 2 луѓе кои се во институциите на системот, па од таа позиција со злоупотреба на службената положба стекнуваат огромна финансиска и друга добивка. Па видете бре луѓе, во оваа ујдурма се вклучени лица од законодавната власт (Собранието - тие ги носат законите), извршната власт - сите владини институции и на крај како ШЛАГ и "независната" судска власт. Тоа што го прават првите двајца, третиот да ги "покрие", демек тие пресудиле според закон. А најголема трагедија е што и Уставниот суд е инволвиран во целава работа. Зар мислите дека ние подобро ги владееме законите од судиите? Секако дека не. Ама и тие се исплашени и за себе лично и своите семејства. За среќа, има и такви кои не трпат никакви притисоци. Честитки за таквите. Зашто тие одлично знаат дека ако сега не постапат правилно, сега кога ние имаме мака и бараме правдина, утре кога ним ќе им се случи неправдина - од кого да побараат помош?!

За да дојдеме до целта МОРАМЕ да се бориме, чунки - башка чаре јок! И во таа функција е отворен е овој форум.
Ние можеме да имаме различни мислења, но треба да се раководиме од нашите цели. А тука мораме да бидеме ЕДИНСТВЕНИ!
Арамиите одлично ја познаваат психологијата на масите, па оттука ги избираат најсоодветните методи за да внесат кавги меѓу нас. Најдобра потврда за тоа е - комшијата те краде! И отпочнуваме меѓусебна караница која знае да прерасне и во тепачка и трајно нарушени односи! Не заборавајте - кога двајца се караат - третиот (читај = бег-ОТ користи). Не наседнувајте на тие провокации.

Не наседнувајте и на прикаските каде и како било или кој што рекол или чул. Тоа се повторно прикаски со иста цел - да не разединат и скараат. А ние ја налапуваме мамката и се однесуваме според познатата - да му умре козата на комшијата!

Дајте да се сконцентрираме на темава, да го зголемиме бројот на членови на форумов, но уште повеќе да го зголемиме бројот пред РКЕ што утре ќе излезе во 12 часот. Секоја сабота да имаме повеќе стотици или илјадници грашани. Дајте да се организираме во голем број да присуствуваме во судниците кога ни судат. Дајте да се договориме и за други форми на организиран отпор и протест. Да го привлечеме вниманието на домашната но и странската јавност. Дајте да го смениме незаинтерираниот однос на некои граѓани, зашто утре и кај нив во комшии ќе заигра мечката. Дајте ... Дајте уште многу други работи да направиме за да се надмине овој огромен проблем, кој за последици има празни џепови, празни стомаци, големи дупки во семејните буџети, кусок за храна, лекови и што уште не? Ова се наспроти оние со преполни џепови, обдуени дебелогазовци, вообразени госпоѓи со примитивни и надмени манири, разгалени дечиња што возат страшно скапи возила, снобови, неспособни за ништо друго освен за уживање во раскалашен живот, преполн со алкохол, многу големо фалбаџиство, најскапи дроги, избегнување на своите врсници зашто не се од кремот итн итн итн

Не смееме да дозволиме да настанат недоразбирања меѓу нас, паталците. Да не бидете изненадени доколку има инфилтрирани членови кои ќе ги следат работите за да знајат што планираме итн, а се со цел да се подготвени за попречување на нашите цели. Знам сигурно дека тоа нема да го постигнат. Сепак ние сме НАРОДОТ, а како такви МНОГУ СМЕ ЈАКИ! Тие се ништожниците - не ние!

Затоа утре во 12 - во масовен ЈУРИШ пред РКЕ.

Поздрав.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544


Oва е фотографија од вчерашниот протест на исклучените од Топлификација
И покрај лошото време имаше повеќе од 50 протестанти
Следната сабота се очекува убаво време
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.290
Поени од реакции
78.940
Врховниот суд, го одби барањето на исклучените од Топлификација
Прегледај го приврзокот 118042
Суд?
Македонија?

Имавте книшки коа отидовте на суд?
А сфаровски носевте?

Која беше судијката?
кафекуварката на шефот на ДБК или другарка на братутчетка ѝ?

Како може да идете на суд за ова, коа Топлификација е фирма на фамилијата, а судијките ги поставува главата на фамилијата?
 
Член од
20 март 2015
Мислења
38
Поени од реакции
50
Поздрав,

Толкувањето на одговорот на Врховниот суд треба да се смести во рамки на надлежноста на судот. Поточно, граѓанинот кој се обратил до Врховниот суд со поплака за работата на судот (судијата) очигледно не ги познава надлежностите на судовите. Редоследот оди вака:

1. првата пресуда ја донесува основниот суд,
2. против таа пресуда дозволена е жалба до апелацискиот суд,
3. апелацискиот суд може да ја потврди пресудата на основниот суд, може да ја врати на повторно судење кај основниот суд со конкретни насоки за основниот суд што да направи при повтореното судење (во пракса најчесто застапена пресуда) и третата опција е да ја смени првостепената пресуда,
4. кога апелацискиот суд ќе донесе пресуда дека ја потврдува првостепената пресуда или пак ја сменил истата, ТОГАШ незадоволната или пак двете странки имаат право на жалба до Врховниот суд,
5. доколку жалбата против пресудата на апелација содржи и елементи на повреда на законот од страна на судијата (дали во основниот или пак апелација), тогаш Врховниот суд ќе го истражува и ова прашање и ќе се произнесе во својата пресуда,
6. значи, граѓанинот не може да го прескока текот на постапките кои се со закон пропишани. Евентуално, граѓанинот претходно (додека течела постапката пред основниот суд) можел да се поплаче до претседателот на основниот суд или пак да побара изземање на судијата (замена со друг судија за водење на спорот). Исто така, граѓанинот имал право да се обрати и до Судскиот совет, до Собранието кое ги именува судиите и до министерството за правда, за секој од нив во рамките на своите законски надлежности преземе некакво дејство.

Сметам дека е потребно да се каже ова а во иднина мислам дека не треба да се објавуваат документи со слична содржина, т.е. такви кои ни го одвлекуваат вниманието од централното прашање.

Дури би предложил, доколку некој има намера да се обрати до некоја институција во врска со нашиов предмет, претходно овде да го постави прашањето - можеби ќе му помогнеме залудно да не троши време, пари, нерви ...

И на крај - НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ! САБОТА - 04.04.12 часот - пред РКЕ на ПРОТЕСТ! Повикајте ги сите кои сакаат и можат да дојдат и да дадат поддршка.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
@Бег-ова Чорба
Нашите предмети никогаш нема да дојдат до Врховен суд, бидејќи се работи за предмети со мала вредност
Инаку од Врховниот суд е побарано за заземе став
Еве како е тоа направено:
............
До Врховниот суд на Република Македонија


Од група од 770 граѓани од Скопје, чии список и потписи се доставуваат во прилог


Предмет: Претставка - БарањеВрховниот суд, да заземе став, околу ова погрешна примена на правото кое Основниот суд, Скопје 2, го направил во предметите против исклучените од Топлификација.


Во летото 2012, Регулаторната комисија за енергетика, донесе некакви Правила според кои тие кои се исклучиле од Топлификација, се присилуваат да склучат договор за облигационен однос и повторно да се приклучат, ако тоа го одбијат, се казнуваат неограничено долго да плаќаат за некаква „ ангажирана моќност “.

Регулаторната комисија за енергетика тоа го стори со донесување на Правилата за снабдување со топлинска енергија. Правилата за снабдување со топлинска енергија број 01 – 1302/1, кои Регулатрната комисија за енергетика ги донесе на 30.07.2012 година, се објавени во Службениот весник на Република Македонија број 97/12.

Член 66 од овие Правила се однесува на граѓаните кои се исклучиле од Топлификација и тој член во целост гласи ( цитат):

„Член 66

(1) Со денот на влегувањето во сила на овие Правила сите претходно исклучени потрошувачи од системот за дистрибуција на топлинска енергија кои се дел од колективните објекти за домување се должни да склучат договор за снабдување со топлинска енергија со соодветниот снабдувач и да се приклучат на системот за дистрибуција најдоцна до 01.10.2012 година.

(2) Сите исклучени потрошувачи на топлинска енергија кои нема да склучат договор за снабдување со топлинска енергија со соодветниот снабдувач и да се приклучат на системот за дистрибуција најдоцна до 01.10.2012 година, должни се да го плаќаат надоместокот за ангажирана моќност (фиксен дел) од надоместокот за топлинска енергија, кој се определува согласно тарифниот систем за топлинска енергија.

(3) Снабдувачот е должен да им достави договор за снабдување со топлинска енергија на сите исклучени потрошувачи во колективни објекти за домување најдоцна до 01.09.2012 година.

(4) Трошокот за приклучување на потрошувачите од став 1 на овој член е на сметка на дистрибутерот. ( завршен цитат ) “

За оцена на уставноста и законитоста на овие одредби поднесени се иницијативи до Уставниот суд на Република Македонија.

Уставниот суд ги отфрли иницијативите да се оцени уставноста и законитоста на одредбите од член 66 од Правилата за снабдување со образложение дека правното дејство на овие одредби е завршено на 01. 10. 2012 и дека тие одредби не се повеќе во правниот систем на Република Македонија.

Уставниот суд тоа го направи во точка 14 од Решението У.бр. 125/2012 кое е го донесе на 22. 05. 2013.

Точка 14 од Решението У.бр. 125/2012 во целост гласи ( цитат ):

„ 14. Со член 66 став 1 од Правилата, кој е систематизиран во главата 15. Преодни и завршни одредби, се пропишува дека со денот на влегувањето во сила на овие Правила сите претходно исклучени потрошувачи од системот за дистрибуција на топлинска енергија кои се дел од колективните објекти за домување се должни да склучат договор за снабдување со топлинска енергија со соодветниот снабдувач и да се приклучат на системот за дистрибуција најдоцна до 01.10.2012 година.

Според ставот 2 на овој член, сите исклучени потрошувачи на топлинска енергија кои нема да склучат договор за снабдување со топлинска енергија со соодветниот снабдувач и да се приклучат на системот за дистрибуција најдоцна до 01.10.2012 година, должни се да го плаќаат надоместокот за ангажирана моќност (фиксен дел) од надоместокот за топлинска енергија, кој се определува согласно тарифниот систем за топлинска енергија.

Тоа значи дека со овие одредби се воведува задолжителна обврска за сите претходно исклучени потрошувачи од системот за дистрибуција на топлинска енергија кои се дел од колективните објекти за домување, во еден преклузивен рок да склучат договор за снабдување со топлинска енергија со соодветен снабдувач и да се приклучат на системот за дистрибуција, а во спротивност се должни да плаќаат надоместок за ангажирана моќност (фиксен дел) од надоместокот за топлинска енергија.

Поаѓајќи од ваквата цел на одредбите, кои по својата природа се преодни одредби кои имаат темпорален карактер, кој се исцрпел по определениот краен рок за нивната примена (01.10.2012 година ), Судот оцени дека оспорените одредби ја исцрпеле својата содржина и дејство и веќе не се во правниот поредок, односно дека постојат процесни пречки за постапување по иницијативата и дека се исполнети условите од член 28 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија за отфрлање на иницијативата во овој дел. ( завршен цитат )“

Без обзир што Уставниот суд утврди дека „ дека оспорените одредби ја исцрпеле својата содржина и дејство и веќе не се во правниот поредок “, Топлификација секој месец праќа фактури до исклучените. Дел од исклучените ги плаќаат ваквите фактури. Главна причина зошто ги плаќаат фактурите е да избегнат непријатности, малтретирања и понижувања.

Но огромен број на граѓани не ги плаќаат. Таквите исклучени, Топлификација ги тужи, а Основниот суд Скопје 2 веќе им се суди. Сите пресуди кои Судот досега ги донесе се во корист на Топлификација, а на штета на исклучените.

Тие пресуди се засновани токму на членот 66 од Правилата и токму на Решението У.Бр 125/2012 на Уставниот суд.

Во прилог се доставува Пресудата ХПЛ1-П-1341/14, која Основниот суд Скопје 2, ја донесе и објави на 18. 11. 2014.

Во Последниот пасос од страна три, кој продолжува на страна четири од ПресудатаX ПЛ1 - П - 1341/14 гласи ( цитат ):

„ Во конкретниов случај побарувањето на тужителот не е спротивно на законот и уставот како и подзаконските акти, имајќи предвид дека тужителот постапувал согласно правилата за снабдување со топлинска енергија ( Службен Весник на РМ бр. 16/11 и бр. 136/11 ). Чл. 66 ст. 2 од истите, каде е наведено дека сите потрошувачи кои нема да склучат договор за снабдување со топлинска енергија со соодветниот снабдувач и да се приклучат на системот за дистрибуција најдоцна до 01. 10. 2012 година, должни се да плаќаат надоместок за ангажирана моќност т.н. фиксен дел од надоместокот за топлинска енергија кои се определува сигласно тарифниот систем за топлинска енергија. Побарувањето е и во согласност на член 53 ст. 2 од истите правила, кое е нешто е одобрено и со одлуката на Уставниот суд на Република Македонија У. бр. 125/2012-0-0 од 22. 05. 2013. Од тука произлегува дека постапувањето на тужителот не е спротивно на законските одредби, бидејќи правилата по кој постапување биле предмет на оцена на Уставниот суд така што наводите дека не можат да се применуваат одредби ретроактивно и на претходно исклучените корисници се јавуваат како неосновани. ( завршен цитат ) “

Односно, оваа Пресуда, не е заснована на Уставот на Република Македонија, законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот, туку само на противуставните Правила донесени од страна на Регулаторната комисија за енергетика. Иако со правила никако не можат да се уредуваат права и обврски за граѓаните и правните лица. Од друга страна ако се погледаат одредбите на член 28, од Законот за енергетика ( Службен весник на Република Македонија број 16/2011 ), каде е наведено што можат и треба да содржат мрежните правила кои ги донесува Регулаторната комисија за енергетика, ќе се види дека со ваквите мрежни правила не е предвидено да се уредува било што кое се однесува на исклучените, односно на оние кои престанале да бидат потрошувачи на енергија. Во став 2 од членот 28 е наведено дека одредбите на мрежните правила се однесуваат само на на снабдувачот и потрошувачот на соодветен вид енергија, а исклучените, од моментот на исклучување, не се потрошувачи на енергија.

Ставовите 1 и 2 од членот 28 од Законот за енергетика во целост гласи ( цитат ):

„ (1) Регулаторната комисија за енергетика за секој вид енергија и природен гас донесеува одделни правила за снабдување со електрична енергија, топлинска енергија и природен гас.

(2) Со правилата од ставот (1) на овој член поблиску се уредуваат општите услови и начинот на снабдување, како и меѓусебните права, обврски и одговорности на снабдувачот, потрошувачот на соодветен вид енергија или природен гас и операторот на соодветниот систем, а особено: и тн. ( завршен цитат ) “

Но Основниот суд Скопје 2, својата Пресуда ХПЛ1-П-1341/14, ја засновал токму на одредбите од член 66 од Правилата за снабдување со топлинска енергија.

Уште еднаш со зголемување на буквите и ќе потенцираме дека Основниот суд Скопје 2 Пресудата ХПЛ1-П-1341/14 ја заснова токму на членот 66 и токму на Решението У. бр. 125/2012-0-0, донесено од Уставниот суд:

....тужителот постапувал согласно правилата за снабдување со топлинска енергија..... Чл. 66 ст. 2 од истите, каде е наведено дека сите потрошувачи кои нема да склучат договор за снабдување со топлинска енергија со соодветниот снабдувач и да се приклучат на системот за дистрибуција најдоцна до 01. 10. 2012 година, должни се да плаќаат надоместок за ангажирана моќност ..... кое е нешто е одобрено и со одлуката на Уставниот суд на Република Македонија У. бр. 125/2012-0-0 од 22. 05. 2013.....

Затоа бараме Врховниот суд, да заземе став, околу ова погрешна примена на правото кое Основниот суд, Скопје 2, го прави во предметите против исклучените од Топлификација.

Писмениот одговор на оваа Претставка, пратете го на име: Мирко Станојевиќ, ул. В.С. Бато бр.87/2-10, Скопје



Листа на прилози:

Список со имиња и потписи на граѓани од Скопје

Пресудата ХПЛ1-П-1341/14
 

Kajgana Shop

На врв Bottom