Топлификација и нејзиниот штетен и патетичен бизнис план [општа дискусија]

Член од
9 јули 2014
Мислења
4
Поени од реакции
9
Вистинска адреса за оваа претставка би требало да биде Судскиот совет на РМ. Бидејќи согласно Законот за судски совет на РМ, член 31 став 1 алинеја 16, „постапува по претставки и поплаки на граѓаните и правните лица за работата на судиите и судовите“. А Судскиот совет по претставката, постапува согласно Законот за постапување по претставки и предлози.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Вистинска адреса за оваа претставка би требало да биде Судскиот совет на РМ. Бидејќи согласно Законот за судски совет на РМ, член 31 став 1 алинеја 16, „постапува по претставки и поплаки на граѓаните и правните лица за работата на судиите и судовите“. А Судскиот совет по претставката, постапува согласно Законот за постапување по претставки и предлози.
Одлична идеја.... Дали, можеби знаеш каде се нивните канцеларии?
Секое правно средство што ни стои на располагање ќе го искористиме, Дали има уште некоја друга можност?
 
Член од
9 јули 2014
Мислења
4
Поени од реакции
9
1. Адресата на Судскиот совет на РМ е Димитрије Чуповски Б.Б. - Скопје (Адресава е од златна книга - http://zk.mk/sudski-sovet-na-rmб ). Но ако се испраќа преку пошта претставката доволно е само да се напише Судски Совет на РМ, 1000-Скопје и секако, препорачано да оди.


2. Друга опција е можно да барате пристап до информациите од слободен карактер согласно член 4 и член 12 од Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер. Согласно член 15 од истиот закон можеш и преку електронска пошта да ги побараш, а ако не ти одговорат(ќе ги барате одговорите во писмена форма), во рок од 30 дена имате право на жалба до Комисијата за заштита на правото слободен пристап до информациите од јавен карактер ( http://www.komspi.mk/ ) , врз основа на член 28 став 2 од законот . Ако го имате испратено прашањата до Регулаторна по е-маил ( http://www.erc.org.mk/pages.aspx?id=21 ) , ќе треба да го испечатите барањето и заедно со жалбата, лично или преку пошта, да се испрати до комисијата. Рокот на Регулаторна за одговарање е 30 дена, доколку не одговорат на барањето во рок од 30 дена, имате право на жалба до комисијата. Ако ви одговорат на барањето, али не целосно, или не ви одговорат правилно, што моја претпоставка е дека ќе се случи, а не ви одговорат во вид на решение или заклучок со право на жалба до комисијата во рок од 15 дена, веднаш, наредниот ден по можност, жалбата да се испрати до Комисијата.



- Прашања што јас би ви препорачал да ги прашате:

1. Дали членот 66 од правилата за снабдување со топлинска енергија(Сл. Весник на РМ 97/12) е сеуште во правниот поредок на РМ. Доколку не е, кога престанал да важи одговорете ми, и тоа за секој став поединечно.

2. Дали точката 14 од Решението на Уставниот суд бр125/2012 од 22-05-2015 година се однесува на членот 66 од правилата за снабдување со топлинска енергија(Сл. Весник на РМ 97/12.

3. Во однос дека член 53 став 1 и 2 од правилата за снабдување со топлинска енергија(Сл. Весник на РМ 97/12), има ретроактивно дејство, дали истиот член може да се подведе под член 52 став 4 од Уставот на РМ, кој гласи „„Законите и другите прописи не можат да имаат повратно дејство, освен по исклучок, во случаи кога тоа е поповолно за граѓаните.“. Доколку вашиот одговор е дека не може, наведете ми го одредбите од Уставот, законите или подзаконскиот акт, на кој се повикувате за истиот одговор.

4. Дали може да создава регулаторната комисија, дополнителни права и обврски кој ги нема во член 28 од Законот за енергетика. Доколку може, одредбите од Устав, закон или подзаконски акт, кој ве овластуваат за истоте.

5. Небото е лимит на прашањата што можат да се постават, само внимавајте прашањата де се во делокругот на работата на регулаторната комисија.



Напомена:Јас претпоставувам за да ве збуни регулаторната комисија, може да ви одговори согласно правилата за снабдување на топлинска енергија член 52(Службен весник бр. 97/2012 и 109/13). Со правилата за изменувања на правилата за снабдување со топлинска енергија, Сл. Весник бр 109/13, членот 53 став 1 се менува и членот 53 станува 52, а членот 66 станува 65. Тука многу внимателно и затоа инсистирајте стриктно одговорот да се однесува на Сл. Весник 97/12 но не и со измените од 109/13.

Рокот на решавање на жалбата од страна на Комисијата согласно член 28 став 3 од законот е 15 дена. Ако не ви одговори после 15 дена имате право на тужба до Управен суд согласно член 8 и 22 од законот за управни спорови.



6. Претставка против Балкан Енерџи до Регулаторната комисија, ако ви одговори негативно Регулаторната, имате право претставка до државен пазарен инспекторат против Регулаторната.

7. Право на претставка до Народниот правобранител

8. Кривична пријава до јавното обвинителство против „непознато/и лице/а вработен/и во Регулаторната комисија за енергетика на РМ“ поради основно сомнение за извршено кривично дело - злоупотреба на службена должност“. – Ќе ги ставите точката 14 Решението на Уставниот суд, член 66 став 3, дека го брани Балкан Енерџи, поради неизвршување на неговата обврска, доставување на договор. Дека членот е надвор од правниот поредок и Лиценцата кога ја има Балкан Енерџи добиено. Забраната за повратно дејство согласно член 52 став 4 од Уставот, а регулаторната дозволува да наплатува, дополнително може да направиш сублимат од сите поднесоци што ги имаш напишано до сега и во вид на кривична пријава да основно јавно обвинителство да ги поднесете, бидејќи Наместо вас, Регулаторната го брани Балкан Енерџи.

Зошто ја спомнав кривичната. За волја на вистината, не верувам дека ќе ја процесуираат, но не верувам исто така и дека ќе ја отфрлат. Веројатно ќе ја чуваат во фиока некое време. Но порано или покасно ќе мораат да ја процесуираат кривичната пријава. Некој ќе оди во затвор од таму. Прашање е само кога. Правосилноста на пресудата по кривичната пријава во иднина ќе ви биде основ за барање за повторување на постапката пред Врховен суд во граѓанска постапка. После тоа се ќе биде само формално, парите ќе треба да ви се вратат и се она друго што следува.
 
Последно уредено:
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
@picard_mk
Ти благодарам - советите се многу корисни
Исклучените имаат поднесена Приватна кривична тужба ( потишана од преку 200 граѓани ) во Судот Скопје 1. Таа Тужба е за повреди на човекови права по член 137 од КЗ. Тужени се БЕГ и Регулаторна
Јас ќе гледам следната недела да се поднесе претставка до Судскиот совет
До Регулаторна дадовме преставка уште во септември минатата година, нивниот одговор можеш да го прочиташ во прилогот.
Нешто ќе те замолам.
Ние протестираме секоја сабота во 12 кај Триумфалната порта
На тие протести се држат говори за правната ситуација и што можеме да сториме. Ако можеш, не мора оваа, некоја наредна сабота намини, па можеш и да им се обратиш на присутните.
 

Attachments

Член од
20 март 2015
Мислења
38
Поени од реакции
50
Браво! Искрени честитки за деталната елаборација во врска со нашиот проблем. Вистина може многу да се научи но и да се стори со ваша помош.
Ќе се осврнам во делот на надлежностите на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.
Според моите богати искуства токму со оваа комисија а во врска со една друга проблематика, јас имав околу десетина жалби по основ не давање информации од јавен карактер од страна на правен субјект - имател на такви информации.

Повеќе пати бев и лично во комисијата, во зградата на МТВ на 14 кат. Односот на комисијата беше крајно коректен и строго професионален. Не можам да кажам како би се однесувала комисијата по овие наши прашања.

Добив исто толку решенија со кои СЕ ЗАДОЛЖУВА имателот на информацијите да ми ги достави бараните информации. И отстрана гледано се е СУПЕР!!!

Арно ама, откако пак не ги добив бараните информации, се повикав на прекршочните одредби, со цел комисијата да му изрече глоба на имателот и на тој начин да го остварам моето законски гарантирано право!!! БАДИЈАЛА!

ЗОШТО? Е па, вака. Оваа комисија ја назначува Собранието и таа е дел од законодавната власт, а не од извршната власт. НИКАДЕ во овој или друг закон нема да најдете одредба со која оваа комисија или друг државен орган е надлежен за спроведување на казнените одредби.

Ова практично значи дека можам да имам и многу повеќе од 10 решенија, ама се ми е ЏАБЕ! Нема кој да го казни, т.е. да го спроведе решението на комисијата.

Ова како состојба беше присутно до пред 2-3 години. Не ми е познато дали во меѓувреме дошло до измени во тој закон.

За ова прашање писмено се обратив до Државниот управен инспекторат. Оттаму презедоа некои мерки да го дисциплинираат, но по друг основ а не според одредбите од цитираниот закон. Отворено ми рекоа дека немаат законски овластувања да го спроведуваат тој закон. Оваа состојба одлично ја знајат и во комисијата, па на мое барање да иницираат измена на законот и да се определи орган што ќе го спроведува, добив одговор дека иако вработените веќе го иницирале, сепак тоа е во доменот на политиката.

Да скратам, во тој период имаше голем број барања од овој вид на разно-разни партии, бизнис заедници и други кругови, но се се сведе на истата причина - нема кој да го спроведе!?

Добив само морална а не и вистинска сатисфакција. Всушност, ова е само навидум давање права на хартија. Демек, ете имаме и таков закон. Во пракса - неприменлив, целосно нефункционален. Зошто е тоа така? Тоа се ноторни факти, но тука нема простор да бидеме задоволни од ефектите на овој закон, зашти нив ги НЕМА!

Дај боже да се сменило нешто во меѓувреме, ама голем скептик сум.

Се гледаме утре на протестот.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
На Плусинфо е објавен напис за протестите
http://plusinfo.mk/vest/20939/-utre-kje-se-protestira-za-smetkite-za-parno
Интересен е коментарот на еден читател кој гласи:
jas

jas licno ne se slagam so ovoj protest zosto dodeka vo mojata zgrada okolu 40% od stanarite se otkazaa a mnogu cevki ni pominuvaat niz stanot mnogu,mnogu golemi mi bea smetkite a pogotovo vo leto koga bese usoglasuvanjeto.Stanovite sme gi kupile so instalacija za parno greenje a imase i poevtini bez greenje,bez lift pa mozele da si odberat i takvi.Na primer ne koristam lift no jas imam obvrska da plakam za negovo odrzuvanje i toa go pravam bez ikakvo ogorcuvanje.......toa e zaednica vo koja se morame da delime

Може ли некој да му одговори?
 
Член од
20 март 2015
Мислења
38
Поени од реакции
50
На Плусинфо е објавен напис за протестите
http://plusinfo.mk/vest/20939/-utre-kje-se-protestira-za-smetkite-za-parno
Интересен е коментарот на еден читател кој гласи:
jas

jas licno ne se slagam so ovoj protest zosto dodeka vo mojata zgrada okolu 40% od stanarite se otkazaa a mnogu cevki ni pominuvaat niz stanot mnogu,mnogu golemi mi bea smetkite a pogotovo vo leto koga bese usoglasuvanjeto.Stanovite sme gi kupile so instalacija za parno greenje a imase i poevtini bez greenje,bez lift pa mozele da si odberat i takvi.Na primer ne koristam lift no jas imam obvrska da plakam za negovo odrzuvanje i toa go pravam bez ikakvo ogorcuvanje.......toa e zaednica vo koja se morame da delime

Може ли некој да му одговори?

Без намера да му контрирам на граѓанинот, ќе го изнесам мојот личен став а дали тој ќе го прифати е негово право.

1. Право на слободен избор - тој посочува дека има разна понуда на пазарот на станови. Секој самиот за себе одлучува каде и каков стан ќе купи - поблизу (подалеку) од центарот, видот и квалитетот на станот, местоположбата и ориентацијата, цената ... и уште голем број други критериуми. Станот е производ кој се продава а и парното е производ во вид на услуга (знак на еднаквост = ). Оттука, заклучокот е дека и двајцата имаме право на слободен избор дали нешто ќе купиме и ќе користиме или пак не,

2. Облигаторен однос - согласно со ЗОО и купувачот на станот и корисникот на услугата се должни да склучат договор со продавачот, односно давателот на услугата, за меѓусебно воспоставување на должничко доверителски однос. Во пракса, купувачот на станот има право АКТИВНО да учествува во креирање на текстот од договорот, па ако тоа не му одговара на купувачот тој слободно ќе одлучи да не го купи станот. Наспроти ова бег-ОТ ни нуди КОНЕЧЕН текст во кој НЕМАМЕ право да учествуваме во неговиот конечен текст. Класичен ДИКТАТ и подредена позиција на корисникот во однос на давателот на услугата, но истовремено и понеповолна позиција од купувачот на станот. Во нашиот случај НЕ ПОСТОИ ДДО зашто сите ние сме го РАСКИНАЛЕ договорот со давателот на услугата, токму поради неквалитетното греење и високата цена. На криминален начин НАСИЛНО ни се наметнува ДДО,

3. Несоодветно е да се споредуваат ЗОО и Законот за домување. Навидум тие се компатибилни. Но не е баш така. Скоро сите ние исклучените од парно греење плаќаме пари за топлотната потстаница!? Апсурдно? Па и не е! Мене не ми пречи. Еве и зошто - според ЗД секоја зграда е ДОЛЖНА да донесе Договор за заемни односи. Во минатото тоа се нарекуваше Статут. Со овој ДЗО се уредуваат односите помеѓу сопствениците внатре во зградата. Како тие одлучиле (мнозинството) така се должни да плаќаат СИТЕ сопственици на становите. Луѓето имаат чуден табиет и многу често се зафаќаат да се расправаат дури и за 1 денарче! Целта на ЗД е да обезбеди целосна функционалност на зградата и задоволување на потребите на СИТЕ станари. Никој не може да измери кој станар или неговото семејство, неговите посетители и гости и сл. потрошиле струја за светло, за лифт, за хигиена и за ред други трошоци. Според авторот на текстот нему не му треба лифт, на оној најгоре не му треба чистачка, на оние подолу не им треба покрив итн итн ... Еден ден СИГУРНО ќе му затреба лифт. Кога тој или некој од неговите ќе подостари или ќе снеможе од болест и сл. Токму од овие причини секој станар, по мое, треба да попушти малку од својот табиет. Пред се поради НЕГОВИТЕ лични потреби и интереси .,

4. Се согласувам дека МОРАМЕ се да делиме!!! Да, ама само за заедничките потреби, за заедничките уреди, инсталации, опрема и друго. Но НЕ СМЕ ДОЛЖНИ и во пракса е така - НЕ СМЕ ДОЛЖНИ да ги делиме автомобилите, храната, намештајот и сл. Секој има право на свој СЛОБОДЕН ИЗБОР! Секој од нас има свој вкус, различни афинитети, различен буџет, начин на планирање и трошење на буџетот, избор на облека и се друго.,

5. Нека се обиде авторот да се стави на наше место - насилно да му се наметне обврска без никакво право! Не само правниците, туку и малите деца знајат - секоја обврска гарантира некакво право, а уживањето на некое право ЗАДОЛЖИТЕЛНО наметнува обврска. Тоа е од правната теорија а така треба и МОРА да биде во пракса. Кај нас практиката покажува нешто сосема спротивно - НЕМАМЕ право да одлучиме за себе, МОРАМЕ (така стои во општопознатите документи) да потпишуваме Договори со бег-ОТ, ако не сакаме ни се одзема правото сами да одлучиме, со други зборови - имаме само ОБВРСКИ а немаме никакви ПРАВА! бег-ОТ е регистриран како ДООЕЛ, најобична приватна фирма. Како и повеќе десетици илјади други фирми. Нека размисли авторот - што ќе стори ако некое друго ДООЕЛ утре му наметне да МОРА да купува негови производи или услуги, на пример да МОРА да купи МЕРЦЕДЕС! А се тоа зашто газдата на тој ДООЕЛ е близок со власта или е во нејзе. Или да му се навртат повеќе такви фирми!? Кај ќе му биде (а и на сите граѓани) - кај ќе ни биде крајот?

6. Една од најлошите работи е и судството. Кутрите судии кои се изложени на страшниот притисок што го доживуваат од криминалците наспроти сопствениот внатрешен притисок да судат праведно и правично за да ја исполната својата мисија на делители на ПРАВДА, а не делители на НЕПРАВДА! Нека си претпостави авторот ситуација во која нему ќе му биде пресудено да плати нешто за што објективно не е должен да плати. Вообичаено, во судските постапки се пресудува некој некому да плати за нешто што се случило но поминало, завршило, има свој крај и преостанува само да се надомести штетата. Судот ќе пресуди и толку е - КРАЈ! Е па, овде НЕМА КРАЈ. Ако не се сосече сега - не само ние, туку и нашите деца, внуци, правнуци ама и наследниците на авторот ќе плаќаат во недоглед,

7. Порака до авторот - нека размисли и сам нека заклучи, кој има интерес постојано да не с'ска едни на други да си ги вадиме очите, да се кавгаме со соседот до нас, да си го расипеме секојдневниот живот занимавајќи се со работи кои ни носат само штета, додека оној подбуцнувачот во нас гледа само жртви за негово лично богатење без никаква пружена услуга и без никаква грижа на совеста.


Верувам дека на авторот му е позната изреката - Подобро ужасен крај отколку ужас без крај! Нека не заборави, ако ова им успее на криминалците да остане на сила во државава, тоа ќе ги осили уште толку, па затоа нема да бидеме изненадени дека по ова сценарио ќе уследи НОВО во малку поинаква форма на криминал преку која повторно ќе се ЦИЦААТ пари од граѓаните. Значи, и од него ќе почнат да лапаат. Овој нивни проект треба да се гледа и низ призма на еден голем тест за народот. Ако помине ова - горниот нека ни е на помош!
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
ВАЖНО ЗА ИСКЛУЧЕНИТЕ!
Вчера па протестот слушнав важно предупредување
Деновиве БЕГ-овите доваѓаат во становите на исклучените и пишуваат некакви записници дека корисникот е исклучен ( пломбиран )
Го тераат исклучениот да го потпише таквиот записник.
Предупредувањето е НЕ ПОТИШУВАЈТЕ, такви записници
Тој ваш потпис е доказ дека сте исклучени и тие тоа ќе го искористат на суд
Значи не потпишувајте и не ги примајте да влезат. Тие се криминалци и наши душмани - тие за добро не доаѓаат!
За ова известете ги вашите соседи, роднини и пријатели
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
На Плусинфо е објавен напис за протестите
http://plusinfo.mk/vest/20939/-utre-kje-se-protestira-za-smetkite-za-parno
Интересен е коментарот на еден читател кој гласи:
jas

jas licno ne se slagam so ovoj protest zosto dodeka vo mojata zgrada okolu 40% od stanarite se otkazaa a mnogu cevki ni pominuvaat niz stanot mnogu,mnogu golemi mi bea smetkite a pogotovo vo leto koga bese usoglasuvanjeto.Stanovite sme gi kupile so instalacija za parno greenje a imase i poevtini bez greenje,bez lift pa mozele da si odberat i takvi.Na primer ne koristam lift no jas imam obvrska da plakam za negovo odrzuvanje i toa go pravam bez ikakvo ogorcuvanje.......toa e zaednica vo koja se morame da delime

Може ли некој да му одговори?
..проблемот е многу едноставен.., граѓанинот е во право.., но под услов, ако ( неточно, но заради практичност ќе ја крстам) Топлификација.... е Јавно Претпријатие .., што значи непрофитно од јавен општ интерес , контролирано од Владата или пак акционерско друштво кое го поседуваат сите корисници, за свои потреби.., скапи или ефтини тие ќе си се договараат.
Тогаш кој не сака "парно", никој не го тера , но ќе мора да си побара стан кој не е во системот. За да биде економичен и рационален системот мора да работи на својот оптимален , читај: скоро најголем капацитет.
Е сеа , во реалноста компанијата е приватна и прави бизнис. Значи излегла на пазарот каде нема морално , ако сакаме да останеме на демократската страна , онаа која не пропагира монопол и насилна или друга принуда за купување на даден производ.
Јасен е проблемот на компанијата..за да направи профит мора да има некоја цена која пие вода. Со помалку купувачи таа оди нагоре , а со тоа прави услови се помалку такви да се заинтересирани и можат да си го допуштат производот. Компанијата ги гаси печките и затвара портите...или проба со хокус-покус, малку принуда и многу шурување со власта да мути. Тоа е веќе друга работа за која немам одговор.
Останува да видиме дали демократијата, слободниот пазар итн. се само приказна за мали деца или нешто има во тоа.... ;) :)
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Eве уште еден поднесок:
Вие знаете дека исклучените имаат поднесено кривична тужба против БЕГ-овите и лепотаните од Регулаторна.
Со овој поднесок бараме да се прекине постапката во предметот каде БЕГ нас не тужи, се додека не се заврши постапката по кривичната тужба.
Инаку ако некој сака да ја потпише оваа тужба, а до сега не ја потпишал, тоа може да го стори во сабота, за време на одржување на протестите. Потребно е фотокопија од лична карта и 200 денари
.....................................................
Број на предметот ( бројот на Вашиот предмет )

ДО ОСНОВНИОТ СУД СКОПЈЕ 2 – СКОПЈЕ

ТУЖИТЕЛ: Снабдување центар ДООЕЛ , Скопје

ТУЖЕН: ( Ваше име и презиме и адреса ), Скопје

ВРЕДНОСТ: ( вредност од Вашиот предмет ) денари

ПРЕДМЕТ: Долг

ПОДНЕСОК број 15 ОД ТУЖЕНИОТ

Со овој Поднесок,Тужениот: Се повикува на член 11, член 201 став 3 и член 203 став 5 од ЗПП и истакува Барање овој Суд да донесе Решение за прекин на постапката додека не заврши постапката пред Основниот суд Скопје 1 по кривичната приватна тужба кои повеќе од двеста граѓани, меѓу кои е и Тужителот, ја поднесоа против Тужителот и Регулаторната комисија за енергетика.

Образложение:

Во своите досегашни Поднесоци Тужениот повеќе пати истакна дека тој во оваа Парница не брани ништо друго освен своите природни и незастариви човекови права кои му се гарантирани со Уставот. Во оваа парница Тужениот веќе истакна Барање овој суд, во примена на правото да ги заштити неговите човекови права. Дали тоа ќе се случи, односно дали овој Суд ќе ја изврши основната задача и смисол на своето постоење, да ги штити човековите права, ќе се види на крајот од оваа парница.

Но повредата на човековите права, представува кривично дело кое е опишано во член 137 од Кривичниот законик.

Затоа преку двеста граѓани, меѓу кои е и Тужителот, пред Основниот суд Скопје 1., на 03. 11. 2014, истакнаа Приватна кривична тужба против Тужителот БЕГ и Регулаторната комисија за енергетика, за повреди на човековите права. Во прилог, поради обемноста, се доставува само првата страна од оваа Приватна кривична тужба. А, ако овој Суд побара, ќе се достави и целиот текст. По ова Приватна кривична тужба Основниот суд Скопје 1, се уште не се изјаснил, а пресудата по оваа Приватна кривична тужба е значајна за оваа Парница.

Заради оваа причина Тужениот истакнува Барање овој Суд, врз основ на член 11, член 201 став 3 и член 203 став 5 од ЗПП и да донесе Решение за прекин на постапката додека не заврши постапката пред Основниот суд Скопје 1 по кривичната приватна тужба.

Прилог: Прва страница од Приватна кривична Тужба.


Во Скопје,15. 04. 2015 Тужен, ( Ваше име и презиме )
 
Член од
20 март 2015
Мислења
38
Поени од реакции
50
Едно прашање:

Во воведот од текстот стои дека е поднесена кривична пријава против бег-От и РКЕ.
Во текстот на поднесокот стои дека тужител е Снабдување центар ДООЕЛ , Скопје.

Прашање: Дали овој поднесок ќе се однесува и на двата субјекти или пак само еден од нив, т.е. кој е тој еден ако е еден?

Однапред благодарам за одговорот.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Едно прашање:

Во воведот од текстот стои дека е поднесена кривична пријава против бег-От и РКЕ.
Во текстот на поднесокот стои дека тужител е Снабдување центар ДООЕЛ , Скопје.

Прашање: Дали овој поднесок ќе се однесува и на двата субјекти или пак само еден од нив, т.е. кој е тој еден ако е еден?

Однапред благодарам за одговорот.
Се однесува за двата
А Вие во адресата ( број на предмет, тужен, тужител ) наведете за кој се работи
 

Kajgana Shop

На врв Bottom