Топлификација и нејзиниот штетен и патетичен бизнис план [општа дискусија]

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Денови судот осуди голем број исклучени.
Вечера и мене ме осудија. Не ми дадоа ниту да зборувам
Учигледно дека властодршците, дале налог што побрзо сите да не осудат
Сега не е време за жалење и плачење туку за борба
Еве песна со која 1941 се повикани Русите во борба
https://www.youtube.com/watch?v=8Y4_2Qa0QQs
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во темата за дедо Кољо @leandra напиша прекрасен пост кој гласи:
„ Тоа е тоа. Очигледно беше дека дедото финансиски неможе да го издржи судењето, а од друга страна он е од едно друго време во кое се верувало во правдата. За жал денес правда нема во суд идеш да им платиш за такси, адвокати, нотари и извршители. Затоа секој втор тужи во Стразбур.

Адвокат + притисок во јавност = отфрлање на обвинението

Поздрав до Горан Ман ака Таруно патем ако чита “
http://forum.kajgana.com/threads/Дедо-Љубе-од-Којково-може-да-оди-во-затвор-затоа-што-го-бранеше-семејството-од-разбојници.76764/page-9#post-7144190

Овие зборови: во суд идеш да им платиш за такси, адвокати, нотари и извршители.- верно зборуваат што им се случува на нас исклучените. Највисоката власт не прати во суд за да не пљачкосуваат адвокатите извршителите и судиите
Тоа треба на сите да ни биде јасно.
Затоа....
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
@mitrevojvodata
На сите препорачувам, со давање на поднесоци, што подолго да го одолговлекуваат судењето. Но ако те судат препорачувам во завршниот збор да кажеш дека: Точноста на фактурите не е докажана и дека членот 66 не важи, а членот 53 не се однесуваа за тебе.
Подоле имаш текст на завршен збор. Можеш да ги прочиташ на самото судење, или да го дадеш напишан на самото судење, или да кажеш дека завршен збор ќе дадеш писмено во рок три дена.
Еве како би гласел тој завршен збор:
......................................
Број на предметот ( бројот на Вашиот предмет )

ДО ОСНОВНИОТ СУД СКОПЈЕ 2 – СКОПЈЕ

ТУЖИТЕЛ: Снабдување центар ДООЕЛ , Скопје

ТУЖЕН: ( Ваше име и презиме и адреса ), Скопје

ВРЕДНОСТ: ( вредност од Вашиот предмет ) денари

ПРЕДМЕТ: Долг

ПОДНЕСОК број 14 ОД ТУЖЕНИОТ – ЗАВРШНИ ЗБОРОВИ

Во овој Поднесок број 14 дава завршен збор.

Останувам на наводите изнесени во Приговорот и Поднесоците и уште додавам:

1.За точноста на Фактурите кои Тужителот ги достави не е доставен ниту еден доказ дека се точни, ниту дека се точни податоците наведени во нив. Според член 21 од Тарифниот систем за продажба на топлинска енергија тие суми треба да се еднакви, а не се. Ова е очигледен доказ дека Тужителот мами.

2. Членот 66 од Правилата нема правно дејство уште од 01. 10. 2012, што го утврди Уставниот суд на Република Македонија во точка 14 од Решението У.бр. 125/2012, донесено на 22. 05. 2013.

3. Членот 53 став 2 од Правилата, воопшто не се однесува на мене, туку на тие кои се опишани во став 1 од членот 53 – тие кои се исклучуваат според овие Правила. Јас сум исклучен пред донесувањето на овие Правила. Според Уставот законите и прописите немаат повратно дејство

Затоа барам Судот да пресуди во моја корист


Во Скопје,05. 03. 2014 Тужен, ( Ваше име и презиме )
 
Член од
5 март 2015
Мислења
2
Поени од реакции
2
Prijatel a sto znaci ako mi imaat dostaveno fakturi vo grejna sezona na koi pisuva potroseni 0 kw?
Podocna koga mi gi dostavuvaat istite fakturi komplet gi ima istite fakturi so presmetani kw,znaci imam isti fakturi na ednite ima potroseni kw na drugite pisuva 0 kw? sovet?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Утре, сабота, 07.03.2015, со почеток во 13 часот - во Ново Лисиче, кај фонтаната посветена на Тоше Проевски, ќе се одржи Состанок на кој ќе се договориме за почетокот на протестите против ситуацијата со Топлификација - ПОВЕЛЕТЕ
..................................................................................

@mitrevojvodata
самиот поим „ ангажирана моќност „ е измама, а ова што ти го наведуваш е уште еден доказ за измамата
Направи копии од овие фактури и достави ги до судот како доказ дека Топлификација мами
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Состанокот, кој е закажан во 13 часот, во Ново Лисиче, ќе се одржи

За тој состанок претходно се известени граѓаните, известени се медијумите и пријавен е во полиција, и никаков смисол, ниту можност нема да се одлага поради временската ситуација
Сега надворешната тепература е + 3 степени. Ако сакате да присуствувате - Облечете се потопло, понесете чадор и повелете[DOUBLEPOST=1425739521][/DOUBLEPOST]Состанокот во Ново Лисиче заврши успешно
Посетеноста беше неверојатно голема со обзир на исклучително неповолните временски услови
Одиме на протести![DOUBLEPOST=1425755326][/DOUBLEPOST]24 - Вести известија за нашиот состанок во Ново Лисиче
http://24vesti.mk/protest-plakjame-za-parno-nemame
 
Последно уредено:
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
На страниците на Локално и ТВ Нова се објавени написи во кои може да се прочита за Протестите на исклучените
http://novatv.mk/index.php?p=1&navig=8&cat=2&vest=20771
http://lokalno.mk/gragjanite-so-protesti-protiv-nezakonskite-merki-na-regulatorna-komisija-share-od-nova-objaveno-na-08-03-2015-195640-vladata-da-gi-povleche-neustavnite-i-nezakonski-merki-so-koi-gragjanite-sht/
Можете да прочитате барањата:
- Владата да ги повлече неуставните и незаконски мерки
- да престанат судењата и извршувањата на пресудите кои се вршат против исклучените
- од сабота 21. 03. 2015, ќе почнеме со протести, насочени против Владата
-протести ќе траат се до исполнување на ова барање
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
На 11. 03. 2012, пред точно три години јас ја отворив оваа тема
Да ни е честита тригодишнината!
Во тие моменти Регулаторна се подготвуваше да наметне плаќање на исклучените
Ете 1524 постови на 102 страни се пред Вас
Во тие постови е опишан криминалот на Топлификација, но и упоноста на властодршците да го одбранат и прикријат криминалот
И каква ситуација?
Ситуацијата е жалосна. Губиме Гнасните криминалци не судат и го пленат нашиот имот... Единствено ни останаа протестите како начин на борба
Затоа за десетина дена започнуваме со протести
Не чека тешка борба. Но ние ќе се бориме се до конечната победа
Нека Ве охрабрат овие стихови со кои Русија се дигна против фашизмот

Вставај, страна огромнаја,
Вставај на смертныј бој
С фашистској силој тёмноју,
С проклјатоју ордој.
https://www.youtube.com/watch?v=JQPmwzMopJw
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Tоплификација драстично ја зголемила добивката
http://emagazin.mk/vesti/vest/6971
Остварената нето добивката на компанијата по оданочување за период 01.01.-31.12.2014 година изнесува 29.194 илјади денари, наспроти остварената нето добивка за 2013 година во износ од 4.160 илјади денари.

Вкупните приходи се во износ од 260.010 илјади денари и се поголеми за 12% од вкупните приходи остварени во минатиот период кои се во износ од 232.186 илјади денари.

- See more at: http://emagazin.mk/vesti/vest/6971#sthash.hO6OK8Pa.dpuf
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Утре, почнуваат протестите на исклучените од Топлификација - извести Дневник
Протестот почнува во 12 часот, а ќе се одржува секоја сабота во исто време и место - Плоштад Пела ( Триумфална порта )
http://dnevnik.mk/?ItemID=428E9DDAD8DCEA4E809801334B48CB52

Јас ќе учествувам во овие протести
 
Член од
20 март 2015
Мислења
38
Поени од реакции
50
Почитувани сопаталци,

Прв пат се јавувам да споделам со вас некои од моите искуства. Тоа што го среќавам на овој форум влева верба, оптимизам и храброст дека ќе успееме во заедничките напори да си ги заштитиме нашите права. Доста не молзеа и не цицаа разни белосветски но и наши домашни крвопијци.

Побарав од судот да ги спои сите тековни парници во една раководејќи се од начелата на економичност и на ефикасност. Судот прифати две од нив да ги спои а другите не од причина што како тужител се појавува Снабдување а не бег-ОТ. Значи, оваа алатка функционира во пракса а од друга страна одзема време 2,3 или повеќе месеци.

Направив уште нешто.
Таму каде како полномошник на тужителот се појавува адвокатската канцеларија Ч&М, забележете дека во горниот дел на поднесоците доминира огромно нивно лого. Во дното на секоја страница од поднесоците постои список од триесетина лица со многу ситни букви.

Побарав од судот да донесе решение со кое ќе ги игнорира сите нивни поднесоци вака креирани, дека нема да ги уважи и да ги задолжи претходно доставените со овие белези да ги преработи - да ги избрише. Зошто?

1. Секое правно лице запишано во Централниот регистар има свое полно име а може да користи и скратено име. Никаде во добиеното решение не стои право да се користи никакво ЛОГО!
2. За имињата - многу ни е гајле кој се работи во таа фирма. А и вистина да работат - што ни е гајле нам а и на судот!? Тоа си е внатрешно прашање на фирмата. Побарав тие лица ако се вработени и ако се неопходни за спорот, СИТЕ нека добијат полномошна, а јас САМИОТ ќе се справам со сите 50!!!
3. Кои им се целите - зошто го прават тоа:

а) да не заплашат нас! Испраќаат порака до нас - зар не гледате колку сме на број, колку сме стручни и опасни за вас? Ветар и магла - ја научиле "песничката" напамет и постојано ја верглаат од една во друга судница. Многу пари земаат за малку музика,
б) воедно, оваа ситуација ја злоупотребуваат за да направат маркетинг. Демек, толку се јаки што доколку утре имаме потреба од адвокатска услуга - да ги избереме токму НИВ! Та нели се многу јаки?! Значи, ние ЖРТВИТЕ повторно да станеме ЖРТВИ во нивниот бизнис!!!

Му обрнав внимание на судијата дека:

1) она што е содржано во точките а) и б).
2. судот е должен да ни обезбеди еднакви права во текот на парницата, зашто тоа е наше легитимно уставно и законско право,
3) највисок авторитет претставува државата, во случајов СУДОТ во име на државата. Со своето чинење адвокатската канцеларија му го одзема авторитетот на судот, дека се става над него и дека свесно или несвесно и судот може да потпадне под овој вид на притисок,
4) вршат недозволен маркетинг злоупотребувајќи ги токму просториите на судот! Ако им е до маркетинг - имаат многу можности каде да го направат тоа. Доколку се навистина толку големи, нека одвојат пари да си го платат тој маркетинг! А бидејќи досега не сме виделе нивна реклама ама баш НИКАДЕ - значи и не се толку опасни како што сакаат да се прикажат.

Му предочив на судот дека, доколку не го прифати моето барање, од мене ќе биде изнудено следното: во иднина, на сите мои поднесоци, не во долниот дел туку на половина страница или на 3/4 страници ќе бидат содржани имиња на лица - граѓани кои ми даваат поддршка во правната битка против бег-ОТ! И дека тој список ќе биде значително подолг од нивниот список. Кај мене ќе има не десетици, туку стотици или илјадници имиња!!! Па, така, нека се замисли судот, на што ќе наликува списот од предметот. Како на телефонски именик - само без броевите! Е па, дали ќе му се бендиса мојот настап - нека цени самиот суд. А нема да му биде сеедно, зашто дури и да го изгубам спорот, списот ќе се разгледува и во Апелација, и од Врховниот суд, а богами и Стразбур.

Простете, сега морам да прекинам. Ми излезе итна работа. Ќе се јавам повторно да се доискажам.

Поздрав до сите и - НЕ СМЕЕМЕ ДА СЕ ПРЕДАДЕМЕ!
 
Член од
20 март 2015
Мислења
38
Поени од реакции
50
Здраво,

Да се доискажам:

Уште нешто за адвокатите. Оние што претходно ги спомнав, вистина се голема бројка. Но тие се ангажирани заради големиот обем на работа, т.е. многуте пари што се дрпаат од нас. Не е дека се баш некој квалитет. Точно е дека се повикуваат на истите законски и други одредби, Одлуката на УС итн. Тоа многу убаво го опиша нашиов член на форумов "Смрт за пајаците" (моја забелешка). Му честитам за одличните анализи но и сугестии, предлози, за огромниот вложен напор. Секоја чест Пајаку!

Нешто за судиите и адвокатите:
На крајот од една друга расправа (патем речено се одложи) во неврзан муабет со судијата и адвокатот, и двајцата отворено рекоа дека се против ваквите законски решенија, одлуката на УС, но и против оваа пракса, т.е. вака да се решаваат предметите - на наша штета. Препознав грижа на совеста ама и нерешителност, исплашеност ... Судијата буквално вака рече: - Јас МОРАМ да донесам таква пресуда!!! НЕ дека баш морам, јас имам право и на свое слободно судиско уверување. Ама сепак ќе донесам таква пресуда!!!

И судиите се само луѓе. Се плашат, дерман немаат од големите притисоци. Страшна работа и за нив. Уште го додадов следното - Жалам што досега не видовме никого од правната фела (судија, адвокат, нотар, извршител, правник ...) да излезе во јавноста и да отворено да го изнесе својот став дека е ПРОТИВ овој арамилак. Истото важи и за сите оние нивни здруженија, асоцијации и слично. Исто така реков - Сите оние кои имаат можност да сторат нешто а тоа не го чинат, туку исплашени МОЛЧАТ - свесни или не за тоа, со своето однесување всушност стануваат СОУЧЕСНИЦИ во овој криминал! Не им се допадна тоа што го слушнаа, но целта ми беше да ги поттикнам да почнат и поинаку да размислуваат, а потоа некој од нив СИГУРНО ќе постапи така. Зашто, и кај нив има луѓе кои не се плашат, не прифаќаат притисоци, се залагаат за својата професионална и лична чест, достоинство и сл.

Ова погоре изнесеното се случи пред да станам член на овој форум, па навистина многу пријатно ме изненади сознанието дека "некој си таму" судија, во меѓувреме донел спротивна пресуда од другите!!! И веднаш ќе додадам дека еден од "моите" судии ми делува токму според "нашиов" посакуван калуп, па чинам уште што не проговори да каже - дај да ја завршиме работава во твоја полза, не одолговлекувај! Не ме зафаќа еуфорија, туку мудро ќе следам се и ќе тактизирам на мој начин. Сакам да го замолам "Пајакот", доколку има можности, да не информира - дали позитивната одлука е обжалена до Апелација? Зашто ако не е, тогаш таа станува правосилна, па ќе биде прекрасно да го добиеме само нејзиниот број, а натаму веќе е ЛЕСНО! Ќе им пропадне бизнисот арамиски за час, преку ноќ! Кога тоа ќе се случи - Ве канам сите на кафе! Јас честам!

Гледам дека на форумов има и револтирани (со право) и недоволно упатени, и исплашени ...

Порака до сите вас - Верувајте во победа! Не се колебајте! Не плашете се! Бидете храбри зашто не сте сами! Да излеземе во сабота во 12 ч. во огромен број! Овие нема да се откажат од мрсното залче ако ние не им го загорчиме! Немилосрдни се, многу подмолни, расипани ... Еве и зошто, мое искуство:

Кога решив да се исклучам од системот побараа да го расчистам долгот што го имав. Го платив до денар. По толку години ми стигнува судско извршно решение за тој долг, а потоа и решение од извршител, а овој последниот "накалемил суми" - да ти се заврти во главата. Деновиве ќе одам кај него на една КАВГА, хи, зашто цела среќа е што уплатницата ја чувам. Да видам што ќе сторам па ќе ви пишам.

Друга работа. Би ве замолил, почесто јавувајте се, пишувајте, соопштете што има ново, пренесете информации и од други, прашувајте - да разменуваме што повеќе информации.

Ова што ние го правиме е сосем легално. Ова не е ништо ново во светот. Впрочем, општо познато е дека кога институциите на системот се дисфункционални, започнува граѓанското општество да се организира, а притоа широк е спектарот на модели преку кои ќе се реализира тој отпор, а се во интерес и заштита на онеправданите граѓани и нивните права и интереси.

Ќе се огласам повторно да споделам и други искуства со вас.

А на арамиите им порачувам - на крајот ќе го добиете мојот аватар!
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Сакам да го замолам "Пајакот", доколку има можности, да не информира - дали позитивната одлука е обжалена до Апелација? Зашто ако не е, тогаш таа станува правосилна, па ќе биде прекрасно да го добиеме само нејзиниот број, а натаму веќе е ЛЕСНО! Ќе им пропадне бизнисот арамиски за час, преку ноќ! Кога тоа ќе се случи - Ве канам сите на кафе! Јас честам!
На таа пресуда Топлификација ( Чукиќ и Марков ) поднесоа жалба до Апелација. Но Апелација сеуште не одлучила по таа жалба
 

Kajgana Shop

На врв Bottom