Топлификација и нејзиниот штетен и патетичен бизнис план [општа дискусија]

Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Eве уште еден поднесок, број 12:
....................................
Број на предметот ( бројот на Вашиот предмет )

ДО ОСНОВНИОТ СУД СКОПЈЕ 2 – СКОПЈЕ

ТУЖИТЕЛ: Снабдување центар ДООЕЛ , Скопје

ТУЖЕН: ( Ваше име и презиме и адреса ), Скопје

ВРЕДНОСТ: ( вредност од Вашиот предмет ) денари

ПРЕДМЕТ: Долг

ПОДНЕСОК број 12 ОД ТУЖЕНИОТ

Со овој Поднесок број 12, Тужениот, се повикува на член 226 од ЗПП и бара и предлага како сведок да се сослуша Драган Меканаџиев, од Скопје, долгогодишен висококотиран раководител од Топлификација и фирмите кои произлегоа од Топлификација. Господинот Меканаџиев, ќе сведочи дека пред 2009 година Топлификација наплатувала само од исклучените станови во кој никој не живеел и дека Правилата за снабдување со топлинска енергија кои Регулаторната комисија за енергетика на крајот на јули 2012, не се донесени по барање на Топлификација и дека на Топлификација и нанесуваат штета.

Во прилог на оваа барање, Тужениот доставува две изјави на господинот Драган Меканаџиев, кои се забележани во медијумите и во кои се содржани фактите за кои сведокот ќе сведочи пред овој Суд

Првиот Прилог е напис од весникот Вест од 22. 07. 2008. Што значи написот потекнува пред времето кога Топлификација го наметна неточниот начин на мерење наречен „ мерење со калориметри “ и пред да Уставиот суд ги укине одредбите според кои исклулените плаќале 50%. Во овој напис може да се прочита, а тоа сведокот ќе го сведочи пред Судот следново: „ ( цитат ) Бројот на исклучени корисници на АД "Скопје-Север" по најавите за поскапување на парното греење секојдневно се зголемува, додека од "Топлификација" велат дека се уште немаат барања за исклучување од потрошувачите. Директорот на "Скопје-Север" Драган Макенаџиев вели дека секојдневно имаат нови најави за откажување на греењето, бидејќи потрошувачите се плашат оти нема да можат да го издржат најновото поскапување. .....За стан со четири радијатори по 1 август ќе се плаќа околу 2000 денари месечна сметка.
Големиот интерес за исклучување од мрежата на "Скопје-Север", според Макенаџиев, може да доведе до исклучување на цели згради, бидејќи на друштвото нема да му биде рентабилно во една зграда да затоплува само еден или два стана.

Директорот на "Топлификација" Димитар Хаџимишев вели дека засега имаат само најави дека потрошувачи сакаат да се исклучат, но нема конкретни барања, бидејќи повеќето од нив немаат друг избор за греење. Цените за исклучување на парното, според Хаџимишев, се прифатливи за граѓаните, и вообичаено се пониски од една месечна сметка за греење.
"Цените за исклучување со исти со оние на 'Скопје-Север'. Оние станари кои ќе се исклучат, понатаму немаат обврска да плаќаат никакви надоместоци или сметки на 'Топлификација'. Износот од 50 отсто од сметката го плаќаат само оние сопственици чии становите се празни, ненаселени. Значи, ако во станот има станари кои се греат на друг начин, тие немаат никаква обврска кон нас", објаснува Хаџимишев. ( завршен цитат ) “

Вториот Прилог е напис од весникот Нова Македонија од 24. 12 . 2012, година, значи потекнува неколку месеци подоцна од кога Регулаторната комисија за енергетика ги донесе Правилата за снабдување со топлинска енергија. Во изјавата кој е забележена во овој напис сведокот изјавува дека одредбите спред кои исклучените треба да плаќаат, на Топлификација и нанесуваат штета, а истото тоа сведокот ќе го сведочи пред Судот. Во написот може да се прочита: „ ( цитат ) Драган Макенаџиев, портпарол на „Топлификација“, вели дека претставници на компанијата учествувале во подготовката на правилата за снабдување со топлинска енергија, донесени на седницата на Регулаторната комисија за енергетика на 30 јули 2012 година.

- Не беше наша идејата за донесување на одредбите од членот 53 став 1, имајќи го предвид претходното искуство што го имавме со наплата на 50 отсто за исклучените станови, а која одлука падна на Уставен суд, со одлуката од 16 февруари 2009 година - вели Макенаџиев.

Тој додава дека некои корисници поради неплаќање на фактурите се исклучени по присилен пат од страна на „Топлификација“. Преостанатите се исклучени по барање на самите корисници (некои од нив поради незадоволство од начинот на кој ја вршиме функцијата, а најчесто поради немање финансиски средства).
- Од тие причини сите овие корисници стануваат проблематични за плаќање на делот од фиксните трошоци, кои сѐ до донесувањето на овој правилник се распределуваа на оние корисници што во моментот ја користат нашата услуга. Со други зборови, на „Топлификација“ начинот на фактурирање за исклучени објекти ѝ носи повеќе штета отколку корист - вели Меканаџиев.

Тој вели дека постои отпор од оваа група граѓани, кој го искажуваат усно на шалтерите на компанијата, а и по пат на писмени реакции.

- Во нив се укажува на апсурдноста на задолжување со фиксниот надомест, за услуга што не е добиена, спротивно на законот за облигациони односи, апсурдноста да се задолжуваат и становите со едноцевен систем, апсурдноста да се задолжуваат и становите на поткровје, апсурдноста да се задолжува врз основа на раскинат договор за снабдување, непочитување на Уставот во делот на слободата, правата и сопственоста, неуставноста во делот на ретроактивноста на обврската за плаќање. За сите овие рекламации од страна на фирмите што се занимаваат со снабдување со топлинска енергија писмено е информирана Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија - вели Меканаџиев. ...

На веб-страницата на „Топлификација“ долго време стоеше известување од управниот одбор на компанијата за условите, начинот и постапката за исклучување и повторно вклучување на парното греење, во кое, меѓу другото, се велеше: „корисникот на топлинска енергија кому по негово барање ќе му биде исклучено греењето на станот во објект приклучен на топлификацискиот систем на ‘Топлификација‘ ќе биде целосно ослободен од плаќање надоместок за топлинска енергија, доколку по исклучувањето живее во истиот стан, затоа што се претпоставува дека исклучениот стан ќе биде загреван со друг извор на топлинска енергија и со тоа нема да влијае врз нормалното загревање на преостанатите станови во објектот“.

Меканаџиев вели дека оваа информација давала појаснувања за случаи пред донесувањето на правилникот од страна на Регулаторната комисија за енергетика.

- Тоа требаше да се тргне од веб-страницата на „Топлификација“ веднаш по стапувањето во сила на правилникот. По наша вина тоа е сторено многу подоцна - вели Меканаџиев. ( завршен цитат ) “

Листа на прилози: Прилог 1 и 2



Во Скопје,08. 12. 2014 Тужен, ( Ваше име и презиме )
.......................................
Прилозите симнете ги од овие адреси:

http://star.vest.com.mk/default.asp?id=154550&idg=8&idb=2430&rubrika=Makedonija

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=122412829284&id=10&setIzdanie=22763
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.066
Поени од реакции
3.212
22,892 ден/кг e новата цена на мазутот
http://erc.org.mk/odluki/ND-C 12 01 2015 - ODLUKA ZA CENI NA ND (со образложение).pdf
Кога парното ќе поефтини?
Утре сабале.:pos:

Патем да кажам дека за џабе ви се поднесоците, има да се начекате додека да се смени власта, поточно кажано нема шанси да одолговлекувате до најмалку 2022 година.:yid:
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Денес како исклучен добив сметка од 1215 денари. Таа е повисока од претходната која изнесуваше 959 денари
Истовремено моите приклучени соседи добија сметки со износ 0 денари
Дали и кај Вас се случува нешто слично?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Ми се јавија повеќе исклучени и сите ме известија дека исклучените добиле повисоки сметки од приклучените
Ова ќе го потенцираме на нашите протести, но истовремено е доказ дека не сме некакви „ Пасивни корисници “. Бидејќи ако активните ништо не потрошиле како можат да потрошат „пасивните“
Затоа ископирајте една Ваша фактура и една фактура од приклучен сосед со помала вредност.
Јас ќе подготвам деновиве поднесок околу ова и тоа ќе биде јак доказ за пред суд
Борете се - не се предавајте - ќе им дојде крај на нашите мачители
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Денес уште две судења се одложија со истата постапка -
Неколку минути пред судењето се доставува на шалтер поднесок со нови докази и на почетокот на судењето се известува судот дека се доставени нови докази
Држете се строго до оваа процедура. Немојте порано да ги доставувате поднесоците, бидејќи ако ги доставите на шалтер неколку часа порано можат ги однесат до судијата.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Вчера уште еднаш истата постапка и пак одложување за средината на март
Разговарав со еден од адвокатите кои ги застапуваат БЕГовите. Сите предмети кои до сега се пресудени во Скопје 2 се пресудени во корист на БЕГовите
Затоа давајте поднесоци и одлагајте се додека со протести не ги укинеме овие одредби. Како што знаете протестите ќе почнат во втората половина на февруари
Ако некој е осуден, поднесувајте жалби
Текстот на жалбата е подготвен и кој сака нека пише на ПП и ќе му го ставам на располагање. Само треба име да ставите
До сега Апелација нема потврдено ниту една пресуда!
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Во Дневник е објавен напис дека сметките за парно за декември се многу пониски
http://dnevnik.mk/?ItemID=E31F2C33EECD56428344516BC80E75BF
Но, во последната реченица е објавена и изјава дека парното нема да поефтини
Ова е грабеж. Цената на мазутот е преполовена од 44 денари за кг на 21,3 денари за кг. - а парното не поефтинува
Затоа ги повикувам и сите приклучени да се приклучат на протестите на исклучените кои ќе започнат во втората половина на февруари..
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Поевтинува парното во Скопје - Сметки помали за 500 денари!
Ова е наслов на вест објавена на Сител и напишан со големи букви.
http://sitel.com.mk/poevtinuva-parnoto-vo-skopje-smetki-pomali-za-500-denari
А во самиот напис со мали букви стои:
„ Поевтино парно, но од август “

Ете како не мамат
Мазутот во јуни чинеше 41,871 денари, а сега чини 21 денар, а тие малку ќе го поефтинувале парното, ама не сега, туку дури во август
Има ли крај на спрегата криминалци + клептократи?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
ДОНЕСЕНА Е ЕДНА ПРЕСУДА ВО КОРИСТ НА ИСКЛУЧЕН
Можете да ја погледате
Пресудата ја донел Судијата Артан Лимани
Исклучениот ангажирал адвокат и вешто лице.
Имам контакт телефони и за адвокатот и за вештото лице. Кому му се потребни нека пише на ПП и ќе му ги ставам на располагање.
Ова е доказ дека има и чесни судии, кои не се уплашиле од властодршците.
 

Attachments

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.223
Поени од реакции
78.804
Утре сабале.:pos:

Патем да кажам дека за џабе ви се поднесоците, има да се начекате додека да се смени власта, поточно кажано нема шанси да одолговлекувате до најмалку 2022 година.:yid:
До април ќе треба. Оваа година.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Eве уште еден поднесок број 13. Со претходните поднесоци постигнавме добар успех, адвокатите на Топлификација повеќе не се повикуваат на Уставниот суд, Со овој поднесок ги оневозможуваме да се повикуваат и на Правилата. Затоа само напред - копирајте ставете ги Вашите податоци и поднесувајте
..............................
Број на предметот ( бројот на Вашиот предмет )

ДО ОСНОВНИОТ СУД СКОПЈЕ 2 – СКОПЈЕ

ТУЖИТЕЛ: Снабдување центар ДООЕЛ , Скопје

ТУЖЕН: ( Ваше име и презиме и адреса ), Скопје

ВРЕДНОСТ: ( вредност од Вашиот предмет ) денари

ПРЕДМЕТ: Долг

ПОДНЕСОК број 13 ОД ТУЖЕНИОТ

Во овој Поднесок број 13, Тужениот, ги цитира членовите 66 и 53 од Правилата за снабдување со топлинска енергија ( Службен весник на Република Македонија број 97/2012 ) и член 28 од Законот за енергетика ( Службен весник на Република Македонија број 16/2011 ). Тужителот тврди дека наводно треба да му плати врз основа на овие одредби, но од овие одредби воопшто не произлегува нешто такво.

Правен основ за донесување на Правилата за снабдување со топлинска енергија е член 28 од Законот за енергетика.

Членот 28 од Законот за енергетика во целост гласи ( цитат ):

„ (1) Регулаторната комисија за енергетика за секој вид енергија и природен гас донесеува одделни правила за снабдување со електрична енергија, топлинска енергија и природен гас.

(2) Со правилата од ставот (1) на овој член поблиску се уредуваат општите услови и начинот на снабдување, како и меѓусебните права, обврски и одговорности на снабдувачот, потрошувачот на соодветен вид енергија или природен гас и операторот на соодветниот систем, а особено:

1) условите, начинот и рокот на склучување на договорот за продажба на соодветниот вид енергија или природен гас,

2) начинот на пресметка, фактурирање и наплата на испорачаната енергија или природен гас и услугите за користење на преносните, односно дистрибутивните мрежи,

3) условите и начинот на обештетување на потрошувачот во случај на намалена испорака или прекин,

4) потрошувачите на кои не може да им се прекине испораката и начинот на обезбедување на гаранции за намирување на трошоците за потрошената енергија или природен гас од страна на овие корисници,

5) начинот и постапката за промена на снабдувачот по избор на потрошувачот и право на корисникот без надоместок да го промени снабдувачот,

6) квалитетот на испорачаната енергија или природен гас пропишан во соодветните мрежни правила,

7) квалитетот на услугите што ги обезбедува снабдувачот,

8) минималните услови и начин за организациона поставеност и техничка опременост за обезбедување на комуникација со потрошувачите заради обезбедување на пропишаниот квалитет на услугите што ги обезбедува снабдувачот,

9) начинот и постапките за комуникација и размена на информации помеѓу снабдувачот и операторите на соодветните системи заради обезбедување на пропишаниот квалитет на енергијата или природниот гас и услугите што ги обезбедуваат операторите,

10) условите и постапката за исклучување на потрошувачите од преносните, односно дистрибутивните системи во случај кога потрошувачите не ги исполнуваат обврските уврдени со закон, пропис и договор,

11) начинот, формата и роковите за поднесување на извештаите кои што снабдувачот е должен да ги достави до Регулаторната комисија за енергетика,

12) неопходните информации што снабдувачите се должни да им ги обезбедат на потрошувачите преку соодветните сметки, како и информациите што треба да бидат јавно достапни, а се од интерес за сите потрошувачи и

13) заштитата на потрошувачите.

(3) Регулаторната комисија за енергетика ќе донесе Правила за снабдување во краен случај со електрична енергија за домаќинства и мали потрошувачи и Правила за снабдување во краен случај за природен гас.

(4) Покрај одредбите од ставот (2) од овој член, Правилата за снабдување во краен случај со електрична енергија за домаќинства и мали потрошувачи треба да содржат и одредби со кои поблиску ќе се уредат начинот и постапката според кои домаќинствата или малите потрошувачи можат да се стекнат со правото да бидат снабдувани преку снабдувачот во краен случај со електрична енергија. “ ( завршен цитат )

Од подцртаните зборови на став 2 од членот 28 јасно произлегува дека одредбите од Правилата се однрсуваат на снабдувачите и потрошувачите на соодветен вид енергија.

Тужениот не е потрошувач. Тој се исклучил долго време пред донесување на овие Правила. Според ова ниту една одредба од ваквите Правила не се однесува на Тужениот.

Тужителот се повикува на член 66 став 1 и 2 од Правилата за снабдување со топлинска енергија, меѓутоа членот 66 нема два става, туку има четири става. Членот 66 од Правилата за снабдување со топлинска енергија во целост гласи ( цитат ):

„ (1) Со денот на влегувањето во сила на овие Правила сите претходно исклучени потрошувачи од системот за дистрибуција на топлинска енергија кои се дел од колективните објекти за домување се должни да склучат договор за снабдување со топлинска енергија со соодветниот снабдувач и да се приклучат на системот за дистрибуција најдоцна до 01.10.2012 година. (2) Сите исклучени потрошувачи на топлинска енергија кои нема да склучат договор за снабдување со топлинска енергија со соодветниот снабдувач и да се приклучат на системот за дистрибуција најдоцна до 01.10.2012 година, должни се да го плаќаат надоместокот за ангажирана моќност (фиксен дел) од надоместокот за топлинска енергија, кој се определува согласно тарифниот систем за топлинска енергија. (3) Снабдувачот е должен да им достави договор за снабдување со топлинска енергија на сите исклучени потрошувачи во колективни објекти за домување најдоцна до 01.09.2012 година. (4) Трошокот за приклучување на потрошувачите од став 1 на овој член е на сметка на дистрибутерот. ( завршен цитат ) “

Очигледно според став 3 од овој член Тужителот имал обврска да му достави договор на Тужениот. Но тој таа обврска не ја исполнил. Од друга страна членот 66 се наоѓа во поглавието Преодни и завршни одредби и нивното правно дејство е завршено на 01. 10. 2012, што го утврди Уставниот суд на Република Македонија во точка 14 од Решението У.бр 125/2012 од 22. 05. 2013.

Полномошникот на Тужителот се повикува и на член 53 став 2 од Правилата за снабдување со топлинска енергија. Членот 53 од Правилата за снабдување со топлинска енергија во целост гласи ( цитат ):

„ (1) Во колективните објекти за домување каде распределбата на надоместокот се врши преку еден колективен мерен уред може да се врши поединечно исклучување на потрошувачите по нивно барање, по претходно добиена согласност од вкупниот број на потрошувачи на тој колективен објект. (2) Исклучените потрошувачи од став 1 на овој член се задолжуваат со плаќање на надоместокот за ангажирана моќност (фиксен дел) од надоместокот за топлинска енергија, кој се определува согласно тарифниот систем за топлинска енергија. (3) Доколку сите потрошувачи од исто мерно место писмено побараат исклучување од топлификациониот систем за цела грејна сезона или повеќе грејни сезони истите не се задолжуваат со надоместок доколку за пресметковниот период на мерниот уред не е регистрирана потрошувачка на топлинска енергија. ( завршен цитат )“

Очигледно ставот 2 се однесува на потрошувачите опишани во став 1, а тоа се тие кои се исклучуваат според овие Правила. Тужениот се исклучил многу порано, кога важеле некои сосема други правила. Според Уставот, законите и прописите немаат повратно дејство, така да одредбите од став 2, воопшто не се однесуваат на Тужениот.

Од овие одередби е јасно дека Тужителот, во овој предмет, сосема неосновано се повикува на членот 28 од Законот за енергетика и членовите 53 и 66 од Правилата. Затоа Тужениот предлага и бара овој Суд да го отфрли тужбеното побарување.



Во Скопје,08. 12. 2014 Тужен, ( Ваше име и презиме )
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Денес ме праша еден наш сограѓанин дали да прифати Топлификација да му стави некакви распределители.
Категорично му кажав - не!
Се работи за уште една измама која ја прават хохштаплерите од Топлификација.
Можете да ги прашате тие што веќе ставиле такви распределители - добиваат уште повисоки сметки.
Треба да знаете дека системите за далечинско греење не постојат општи стандарди какви што постојат за струјата. Сите знаете дека струјата ја добиваме со 220 V и 50Hz. Иста таква струја добиваат граѓаните и во други земји. Низ цела Европа и во Германија, и во Франција и во Русија струјата е со 220 V и 50Hz
Но кај далечинското затоплување од град до град се разликуваат системите. За секој систем посебно се бира начинот на мерење
Во Скопје се користи систем со дирекно мешање на водата во подстаниците и со централна регулација на температурата на водата.
Таков систем никаде на друго место, за големи системи не се корист, и во скопскиот систем не е можно да се користи начинот на мерење со распределители
Значи немојте да се излажете - ако не ми верувате, најнапред прашајте ги тие кои веќе ставија „ распределители “
 
Член од
13 ноември 2014
Мислења
4
Поени од реакции
5
Zdravo na site, na fb e startuvana grupa protiv izvrshiteli, zosto i nie da ne napravime takva ili da se priklucime kon nivnata i da mu dademe masovnost na ova?
Mi trebaat vashite mislenja, blagodaram.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544

Kajgana Shop

На врв Bottom