Суровата вистина зад огласите за работа

Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.786
Поени од реакции
4.432
сум бил на безбројни интервјуа, ма незнам веќе каде не, се барало со и без искуство, се барало да се докажеш и да решиш вистински проблем, пробна работа од 1 месец........
се на се, работодавците бараат висококвалитетен кадар за 9-10 000 преку сила
конкретно јас сум во ИТ секторот, аплицирав за работа во дизајнерска компанија некаде кај стаклара, ми дадоа еден куп материјали како „испит“ као дај да видиме шо ќе напрајш, и по една недела кога отидов со решенијава ми викаат „честито вработен си“ викам полека, јас сум веќе во работен однос како што знаете и за да работам кај вас треба да земам подобра плата, ми викаат за почеток 10000, викам за почеток пикнете си ги десетте бона во газот
премногу се арогантни оние фаци што ги водат интервјуата, мислат дека светскиот мир го поклонуваат на простата раја
 
аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
2.522
Целосен оглас: СЕ БАРА РАБОТНИК
за во штала со работно искуство
до 40 годишна возраст.
контакт: 072/214-220

гледајки низ огласиве наиодв на нешто крајно смешно. да му е*ам матер и за во штала ти бараат работно искуство...
 
Член од
16 март 2012
Мислења
3
Поени од реакции
1

Не звучи убаво но сигурна сум дека ќе добиеш подостоинствена плата.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.794
Поени од реакции
21.204
Целосен оглас: СЕ БАРА РАБОТНИК
за во штала со работно искуство
до 40 годишна возраст.
контакт: 072/214-220

гледајки низ огласиве наиодв на нешто крајно смешно. да му е*ам матер и за во штала ти бараат работно искуство...
па баш за таму треба искуство. со жива стока работиш. една грешка и можеш да направиш штета колку што неможиш ни да замислиш. друга работа е што ако како неискусен на пример погрешно се поставиш према животното и ако те заака со копитата. ке одиш накривен цел живот.
незнам што си мислите дека само за во канцеларија треба искуство. другите работи се гола вода.
а што ако работиш на пример во некоја фабрика на преса, а немаш појма како се работи. и ја заебиш машината што вреди 100000 евра или си ја смачкаш раката.
или во некоја фирма каде се бара искусни шофери за камиони, а ти вчера си положил и ти дадат камион од 50000 евра.
демек по ваше работа со компјутер е најсложеното нешто што треба да го знаете, се друго од нога се учи. не ке да е баш така, ама има време ке научите.
 
deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
941
Незнам како е за другите стркуи ама во ИТ индустрија ако те бива ќе имаш и работа и добра плата (500+) и нема да зависиш од шефот пошо кога и да ти текне одма други ќе те примат. Ова е ако стварно те бива.
Е сега финтата е што сите мислат дека се преквалификувани и дефицитарни, ако е така ондак нека се стават во ситуација како во 3 на полноќ им се јавува шефот и им кажува дека има поголем проблем со софтверот и мора одма да се интервенира.
Факт е дека никогаш нема да го добиеш тоа што е на хартија и тие 500 евра што сакаш да ги заработиш чинат како да си работел за 800 евра (мора и фирмата да има ќар од тебе).
 
Член од
8 август 2008
Мислења
447
Поени од реакции
17
Колку и да збоорите во македонија моментално освен ИТ секторот php,js итн програмери, останатите без врски се на минималец плата, ако немаш врски никад нема да зимаш повеќе од 12000 денари плата, ма што и да имаш завршено, + ако си ептен со звезда роден можда ќе успееш без врски. А како што наведоа 75% од огласите се превара, ќе кажам и пример. Читам оглас за бренд менаџер, во реномирана компанија која нуди производи за здрава исхрана, викам ај ќе пуштам цв и мотивационо писмо. И чудно одма респонс на маил во петок(мислам беше) на интервју. Осеќав дека нешто ми мирисаше на превара, ама викам ај ќе видам што е поентата. И очекувам интервју во четири очи со менаџер, директор итн некој друг вработен одреден за вработување. И чим отидов (ај да не ја наведувам фирмата), ми викаат а вас кој ве покани? Кажувам име на таа што ми го пушти маилот, и ми викаат почекајте ќе има презентација за што е работата. Ајде чекам, дојдоа уште 1-2ца. Читам едно ливче за пополнување и се чудам, дали користите наши производи, дали ќе работитите привремено, или со целосно време. Дали здраво се храните итн. Чим го видоа другите 2ца одма си отидоа. И почиња презентацијата, и типката што презентираше ми презентира што е здрава храна, кои се производите, за нивниот систем на реферии a.k.a пирамидален систем. Што е велнес трејнер. Како се заработува. Колку скокнале акциите на компанијата во америка итн. И и викам момента малку нели барате вие бренд менаџер. Она вика да па ова е бренд менаџер. И викам а вие знаете што значи бренд менаџер и што му е работата на него. Она врти со очите и вика моменат ќе викнам еден од менаџерите на повисоко ниво. И доаѓа типацот и ми вика да молам. Му кажуем абе брале вие што барате тука бренд менаџер или велнес траинер(продавач од врата на врата или на пријатели). И замислете типацот ме убедуваше дека бренд менаџер и велнес траинер е исто. Ајде културно си се изнасмеав во себе да не му биде ептен во фаца, и ми вика ќе ве оставам да го пополните формуларот, само да ви кажам дека првин треба да купите наши производи од 2500 денари за да ги осетите какви биле. Реков благодам не и си отидов.
Државава треба да ги затвори сите пирадимални системи. Ептен превара прават. Па сега вие одлучете дали во македонија има саглам луѓе кои сакаат на саглам начин да вработат човек за вистинско работно место, не да бара менаџер, а да му биде сметководител, поштар, кафекувар, ИТ сектор и лична секретарка. Ете дами и господа тоа е македонија со нивните 2-3 години работно искуство. Многу лупнав зелени вечерва но барем си кажав што мислам :)
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
556
Ниту на 20% од овие огласи нема да те викнат.

Јас сум бил на некои си 20 интервјуа во различни фирми (струка хемија). Примија луѓе кои ги знам, кои имаат послаби референци од мене во 80% од случаите. На крај си викам: “дај да си го заглупавам малку СиВито“ или “дај да не зборам толку течно англиски на интервју“. Комедија.

Еднаш само бев примен на работа после интервју и тоа веројатно затоа што сум бил првиот на интервју и после мене ваљда не ни викале други. А и за таму морав да имам инсајдер - да не ми кажеше другар ми во кој момент да им однесам СиВи ништо од работата.
 
Член од
25 октомври 2010
Мислења
735
Поени од реакции
704
Да споделам и ја еден мој пример со барање работа.
Читам оглас у еден дневен весник се барат лица со лиценца за обезбедување , се јавувам на огласот ми закажаа интервју после 2 дена , и нормално идам у Скопје у агенцијата за обезбедување влеггувам подавам документи и од старт овој шефот ми вика.. Аман бе се провинцијалци се пријавувате.Толку ме навреди у пи*ку матер, му викам а што не сте напишале у огласот за провинцијалци забрането или не важи. Треснав врата и никад не се вратив
 
Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Да споделам и ја еден мој пример со барање работа.
Читам оглас у еден дневен весник се барат лица со лиценца за обезбедување , се јавувам на огласот ми закажаа интервју после 2 дена , и нормално идам у Скопје у агенцијата за обезбедување влеггувам подавам документи и од старт овој шефот ми вика.. Аман бе се провинцијалци се пријавувате.Толку ме навреди у пи*ку матер, му викам а што не сте напишале у огласот за провинцијалци забрането или не важи. Треснав врата и никад не се вратив
Изгледа не си бил доволно модерен и софистициран :icon_lol:

http://forum.kajgana.com/threads/Релација-Скопје-Провинција.60435/page-20#post-5012679
 
Член од
25 октомври 2010
Мислења
735
Поени од реакции
704

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Темава ме потсети на моето прво интервју за работа пред едно добри пет години. Закажувам интервју идам таму, гледам човеков што ги прави интервјуата седи на компјутер и штрака нешто. Вика седнете само да довршам овде, ќе го направиме интервјуто. И се ќе беше океј ако не речеше: Абе играм една игрица овде, морам да ја завршам?:facepalm::pos::pos:Човекот си играше игри на компјутер и ти фино лепо, требаше да го почекаш да си доигра за да започне интервјуто.

Тогаш мислев дека таквите пациенти се исклучок, ама ќе да биле правило. Нормалните сопственици се исклучок кај нас, среќа што имам запознато и такви, иначе отиде секоја надеж за местово.
 
Tranquilis

Putting Macedonia on the map.
Член од
10 август 2011
Мислења
526
Поени од реакции
657
Никој не те прашува дали сакаш ти луѓе со партиски книшки или нејќеш. Ти се јавуваат и ти кажуваат дека имаат неколку добри дечки што немаат пари, ако ги нејќеш тек тогаш ќе видиш што значат инспекции.
Ова од една доста позната личност, според тоа што го кажуваше он, поголемиве македонски фирмички и оние на кои им оди добри не сакаат да ги фалат во јавност(имало некој проект, да не навлегувам...), зашто само полошо им правеле со тоа...
Ова е еден од пострашните аспекти на бизнис окружувањето во Македонија.

Гледајќи вакви теми преполни со мрчење, ми доаѓа да се правам паметен и да препорачам да земат кредит и да отворат своја фирма. Ама кога ќе ме потсетат на погорниот коментар.. =(

Туку, не сите огласи во весници се лажга. Мојата моментална работа беше објавена на 6ти декември 2006-та во Дневник. По три рунди тестови и интервјуа ме примија, и се уште сум во истата компанија. Единствена забелешка е што јас сум единствениот во менаџментот кој доаѓа од надвор од ЕУ. =)

Би било одлично кога ваквите теми би се пренасочиле конструктивно, кон тоа како да се презентираш подобро и создадеш квалитетни работни односи. Разбирам дека сите имаме по некое лошо искуство и многу е згодно да се олесниме тука, но факт е дека почетоците не се лесни.

Ако веќе ве експлоатираат без пари во мали и сомнителни фирми, обидете се да волонтирате во поголема и докажана фирма одредено време (на пример 3 месеци) во насока во која навистина сакате да се развивате. Само немојте да се лажете дека е лесно да се продадете за квалитетна волонтерска позиција, без разлика што не е платена.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Темава ме потсети на моето прво интервју за работа пред едно добри пет години. Закажувам интервју идам таму, гледам човеков што ги прави интервјуата седи на компјутер и штрака нешто. Вика седнете само да довршам овде, ќе го направиме интервјуто. И се ќе беше океј ако не речеше: Абе играм една игрица овде, морам да ја завршам?:facepalm::pos::pos:Човекот си играше игри на компјутер и ти фино лепо, требаше да го почекаш да си доигра за да започне интервјуто.

Тогаш мислев дека таквите пациенти се исклучок, ама ќе да биле правило. Нормалните сопственици се исклучок кај нас, среќа што имам запознато и такви, иначе отиде секоја надеж за местово.
Незнам дали имам јас пишано на темава за едно од моите први искуства на интервју. Влегувам во една голема компанија која до ден денес котира високо во бизнис секторот.
На самиот влез ме пречекува едно големо куче не се разбирам од раси, наоштрено да ме јаде. И излегува од таму секретарката вели не се плаши влези овде почекај. Седнувам гледам фино средено и гледам уште едно куче како си влегува и си се шета. Си викам стисни заби ваљда нема да ме изедат. Од таа канцеларија на секретарка, ме повикуваат во друга канцеларија на секретарка. Таму се појавува трета секретарка да ме спроведе, изгледот нема да го коментирам го подразбирате. Се вртам наоколу само жени во канцелариите и стасувам до главниот менаџер и ми вели седи што ќе се напиеш и слично. Со мене на интервју беа уште две девојчиња, он фино лепо си седна меѓу нас, не гушна и ни вели ајде почнете претставете се со онаков манијачки поглед. И девојчињава се уплашија, мене сеуште не ми беше јасно дали се заебава човекот или таков му е стилот. Додека збореше едното стана директоров и ја заклучи вратата викам нема бегање сега, крај на програмата. Иде и повторно гушка, јас станав и му викам доста беше од интервјуто изгубив желба за работа. Среќа го остави клучот на врата за да може да си излезам. По мене и двете девојчиња излегоа трчанка. Надвор неможевме да се собереме од смеа, до ден денес кога ќе се присетам на тој вол ми се креваат цревата, сфативме зошто само жени работат и зошто има три секретарки :)
 
Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475

Тоа е животот и машко и женско на крај го јаде стапот а нема подобра работа од самовработување само да ни дадат услови а вака ставаат говеда со хормонални пореметувања за директори
 
Член од
10 јануари 2011
Мислења
1.658
Поени од реакции
3.322
Освен ако тато и мама не ви осигурале работно место, сигурно барем еднаш сте се нашле соочени со барање огласи за работа. Без разлика во која област барате работа, сигурно за момент ќе си помислите дека државата ни цвета со успешни и прогресивни фирми, а едноставно не ви е јасно како има толку невработени, а толку совршени работни позиции.

Небитно дали барате работа во земјоделство, администрација, ИТ или правниот сектор, сите огласи имаат свој темплејт на составување - исти зборови, исти фрази и исти начини како да ви го „спопикаат“. Добро, секоја чест на исклучоците, чии понудени места ги снемува како леб во Етиопија или се веќе ветени како невеста во Индија.

Но, за да не се најдете пред (уште едно) разочарување, било да е поради тимот со кој би работеле, очекувањата од големината на компанијата или работните обврски, а да не ги ни спомнуваме примањата, треба да знаете како точно да ги протолкувате огласите и да ги тргнете розовите очила кои се чини дека доаѓаат во пакет со огласите.

Еве еден едноставен пример на оглас за работа:

„Компанија (често без наведено име) бара личност која ќе му се придружи на нашиот млад и амбициозен тим. Од потенцијалните кандидати се очекува подготвеност за учење и усвојување на нови знаења, како и високо ниво на самоиницијативност и флексибилност. Ако ги исполнувате наведените услови и барате работа во прогресивна компанија со стимулативни плаќања и можности за напредување, контактирајте нè на...“

Отприлика сите огласи се во овој стил, а не се ни далеку од она што вие би го напишале во вашето мотивационо писмо. Но, за разлика од вас, од кои дел само сакаат да се „продадат“, но поголемиот дел навистина го мислат тоа, еве што сакаат вашите потенцијални работодавци да кажат.

Прва работа што треба да ви ја запали црвената сијаличка е тоа дека се работи за млад и амбициозен тим. Претставата кон која огласувачите се стремат е дека се работи за луѓе со отворени сфаќања, кои ќе направат вистинска револуција во сферата во која работат. Вистината е со малку потемна нијанса - тие се компанија која уште работи за да дојде до буџет од позитивна нула, вработувајќи работна сила која ќе може да работи во лоши услови, за мала или никаква плата чиј рок на исплаќање е недефиниран, само за да се извади од го*ната.

Вториот момент во огласот е подготвеноста за учење и нови знаења кај кандидатите, што треба да го постигне ефектот дека, и да сте млади и неискусни, ќе научите многу од работодавците и ќе стекнете големо искуство. Ова е причината поради која многу би се согласиле и за работа со мал паричен надомест, но вистината е дека во најдобар случај, фразата ја напишале колку да не стои празно место во огласот, а во најлош, дома ќе се враќате со томови книги кои ќе треба да ги читате во вашето слободно време, а тоа никако нема да ви биде надоместено. Всушност, можеби постои и едно „потемно“ сценариото: дека ќе треба да бидете отворени за нови знаења како местење фотокопир или средување документи, наместо работниот опис за кој првично сте аплицирале.

За флексибилност и добар тимски дух се работи

Некаде тука спаѓаат и флексибилноста и самоиницијативноста, заедно со тимскиот дух. Ова значи дека ќе треба да бидете доволно флексибилни и тимски настроени, што без приговор ќе се согласите да ги работите и задачите од кои сите бегаат со километри. Ама, хеј, вие сте флексибилни, така што, нема да ви пречи да се „свиткате“ малку околу исполнувањето на тие „валкани“ работи. А тимскиот дух - тоа значи дека лидерот на тимот на крај ќе си ги присвои сите заслуги, секако доколку проектот ви е успешен. Доколку не, го „јадете“ вие.

Кога би размислиле подобро, дали некаде сте прочитале дека мала компанија со низок степен на успех, која остварува приходи доволно за да си го покрие задникот, а ако има среќа, и платите на работниците, бараат нови вработени? Секако дека не сте прочитале, бидејќи никој нема тоа да го напише, благодарение на ветувањата кои можат да одат во недоглед, а не секогаш до исполнување.

Затоа, нареден пат кога ќе прочитате оглас, пред да почнете да скокате од радост, обидете се да протолкувате што сака така убаво спакувано да ви продаде како работна позиција.

виа Кајгана
Пократок опис би бил "модерно робовладетелство"! :tapp:
--- надополнето: 16 мај 2012 во 16:41 ---
Незнам дали имам јас пишано на темава за едно од моите први искуства на интервју. Влегувам во една голема компанија која до ден денес котира високо во бизнис секторот.
На самиот влез ме пречекува едно големо куче не се разбирам од раси, наоштрено да ме јаде. И излегува од таму секретарката вели не се плаши влези овде почекај. Седнувам гледам фино средено и гледам уште едно куче како си влегува и си се шета. Си викам стисни заби ваљда нема да ме изедат. Од таа канцеларија на секретарка, ме повикуваат во друга канцеларија на секретарка. Таму се појавува трета секретарка да ме спроведе, изгледот нема да го коментирам го подразбирате. Се вртам наоколу само жени во канцелариите и стасувам до главниот менаџер и ми вели седи што ќе се напиеш и слично. Со мене на интервју беа уште две девојчиња, он фино лепо си седна меѓу нас, не гушна и ни вели ајде почнете претставете се со онаков манијачки поглед. И девојчињава се уплашија, мене сеуште не ми беше јасно дали се заебава човекот или таков му е стилот. Додека збореше едното стана директоров и ја заклучи вратата викам нема бегање сега, крај на програмата. Иде и повторно гушка, јас станав и му викам доста беше од интервјуто изгубив желба за работа. Среќа го остави клучот на врата за да може да си излезам. По мене и двете девојчиња излегоа трчанка. Надвор неможевме да се собереме од смеа, до ден денес кога ќе се присетам на тој вол ми се креваат цревата, сфативме зошто само жени работат и зошто има три секретарки :)
Ти па одма да се налутиш и да избегаш пошо тебе не те гушкал ;) ...си имала лошо влијание врз другите девојки...тие може ќе останеле...срам да ти е...Требало да причекаш може и тебе ќе те гушнел ;). Расиипувач нана зазабави...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom