Суровата вистина зад огласите за работа

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.180
Поени од реакции
34.389
Освен ако тато и мама не ви осигурале работно место, сигурно барем еднаш сте се нашле соочени со барање огласи за работа. Без разлика во која област барате работа, сигурно за момент ќе си помислите дека државата ни цвета со успешни и прогресивни фирми, а едноставно не ви е јасно како има толку невработени, а толку совршени работни позиции.



Небитно дали барате работа во земјоделство, администрација, ИТ или правниот сектор, сите огласи имаат свој темплејт на составување - исти зборови, исти фрази и исти начини како да ви го „спопикаат“. Добро, секоја чест на исклучоците, чии понудени места ги снемува како леб во Етиопија или се веќе ветени како невеста во Индија.

Но, за да не се најдете пред (уште едно) разочарување, било да е поради тимот со кој би работеле, очекувањата од големината на компанијата или работните обврски, а да не ги ни спомнуваме примањата, треба да знаете како точно да ги протолкувате огласите и да ги тргнете розовите очила кои се чини дека доаѓаат во пакет со огласите.

Еве еден едноставен пример на оглас за работа:

„Компанија (често без наведено име) бара личност која ќе му се придружи на нашиот млад и амбициозен тим. Од потенцијалните кандидати се очекува подготвеност за учење и усвојување на нови знаења, како и високо ниво на самоиницијативност и флексибилност. Ако ги исполнувате наведените услови и барате работа во прогресивна компанија со стимулативни плаќања и можности за напредување, контактирајте нè на...“

Отприлика сите огласи се во овој стил, а не се ни далеку од она што вие би го напишале во вашето мотивационо писмо. Но, за разлика од вас, од кои дел само сакаат да се „продадат“, но поголемиот дел навистина го мислат тоа, еве што сакаат вашите потенцијални работодавци да кажат.



Прва работа што треба да ви ја запали црвената сијаличка е тоа дека се работи за млад и амбициозен тим. Претставата кон која огласувачите се стремат е дека се работи за луѓе со отворени сфаќања, кои ќе направат вистинска револуција во сферата во која работат. Вистината е со малку потемна нијанса - тие се компанија која уште работи за да дојде до буџет од позитивна нула, вработувајќи работна сила која ќе може да работи во лоши услови, за мала или никаква плата чиј рок на исплаќање е недефиниран, само за да се извади од го*ната.

Вториот момент во огласот е подготвеноста за учење и нови знаења кај кандидатите, што треба да го постигне ефектот дека, и да сте млади и неискусни, ќе научите многу од работодавците и ќе стекнете големо искуство. Ова е причината поради која многу би се согласиле и за работа со мал паричен надомест, но вистината е дека во најдобар случај, фразата ја напишале колку да не стои празно место во огласот, а во најлош, дома ќе се враќате со томови книги кои ќе треба да ги читате во вашето слободно време, а тоа никако нема да ви биде надоместено. Всушност, можеби постои и едно „потемно“ сценариото: дека ќе треба да бидете отворени за нови знаења како местење фотокопир или средување документи, наместо работниот опис за кој првично сте аплицирале.


За флексибилност и добар тимски дух се работи

Некаде тука спаѓаат и флексибилноста и самоиницијативноста, заедно со тимскиот дух. Ова значи дека ќе треба да бидете доволно флексибилни и тимски настроени, што без приговор ќе се согласите да ги работите и задачите од кои сите бегаат со километри. Ама, хеј, вие сте флексибилни, така што, нема да ви пречи да се „свиткате“ малку околу исполнувањето на тие „валкани“ работи. А тимскиот дух - тоа значи дека лидерот на тимот на крај ќе си ги присвои сите заслуги, секако доколку проектот ви е успешен. Доколку не, го „јадете“ вие.

Кога би размислиле подобро, дали некаде сте прочитале дека мала компанија со низок степен на успех, која остварува приходи доволно за да си го покрие задникот, а ако има среќа, и платите на работниците, бараат нови вработени? Секако дека не сте прочитале, бидејќи никој нема тоа да го напише, благодарение на ветувањата кои можат да одат во недоглед, а не секогаш до исполнување.

Затоа, нареден пат кога ќе прочитате оглас, пред да почнете да скокате од радост, обидете се да протолкувате што сака така убаво спакувано да ви продаде како работна позиција.

виа Кајгана
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Се бара кафеварачка со претприемачки дух да знае да прави табели во Ексел :icon_lol:.

Баш сега комшивката ми кажуваше влегла топ шест и вика тоа интервјуто кој којзнае каква работа да е, се барало сметководство, продажба на терен, С++, кафе да вари :icon_lol: итн.
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Се бара кафеварачка со претприемачки дух да знае да прави табели во Ексел :icon_lol:.

Баш сега комшивката ми кажуваше влегла топ шест и вика тоа интервјуто кој којзнае каква работа да е, се барало сметководство, продажба на терен, С++, кафе да вари :icon_lol: итн.
какво кафе, турско/еспресо/капучино или обично нес? :D
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.793
Поени од реакции
6.206
.....голем дел од огласите се шаблонски....голем дел превара

....карактеристични огласи....советник за исхрана, велнес тренер, брен менаџер и слично....секогаш се работи за иста компанија која нуди шејкови и слично со зачленување од 150Е и постојано барање нови жртви за да напредувате

....следно странска компанија поради проширување на дејноста бара 10 извршители обука загарантирана....односно одите од врата до врата и нудите кинезарија за висока цена

добрите фирми и оние што навистина бараат добри работници и поштено плаќаат вообичаено во огласот го пишуваат името на фирмата или пак ангажираат агенција за селекција на кандидатите
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Има и такви огласи, односно конкурси за работно место кои постојат само за формално-правно да се истера работата, додека за работното место (или места) е одамна одлучено кој ќе го пополни. Ова најчесто важи за државните институции - здравство, образование и сл.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
во 97% од огласите се бара: „кандидатот да има 2,3 години работно искуство во истата област“

и како јас еве, кога ќе дипломирам да побарам работа !? Сите тропаат дека сакаат млади сили, а бараат истите да имаат работно искуство.

А за оние 3% кои не бараат такво, има мал милион кандидати, треба да имаш среќа или врски да влезеш...
 
Член од
1 февруари 2012
Мислења
163
Поени од реакции
323
За жал денес огласите за работа се само формалност која треба да се исполни за да се запазат некои стандарди, а во позадина стои сосема друго, односно однапред се знае кој ќе го завземе работното место за кое се однесува огласот. Тато, мама, тета и други блиски роднини и пријатели се тука да те подгурнат, без капка пот, низок степен на знаење и просек од факултет да си обезбедиш работно место, а за другите што останува? Од каде да црпат инспирација за унапредување кога однапред се знае дека нема да успееш...
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
110
Поени од реакции
171
Баш прееска најдов оглас кој ме заинтересира, но името на компанијата не е наведено и се двоумам дали да пуштам CV. Арно би било да направам едит, да потенцирам дека немам намера да варам кафе и да купувам бурек.
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
4.927
Поени од реакции
7.865
во 97% од огласите се бара: „кандидатот да има 2,3 години работно искуство во истата област“

и како јас еве, кога ќе дипломирам да побарам работа !? Сите тропаат дека сакаат млади сили, а бараат истите да имаат работно искуство.

А за оние 3% кои не бараат такво, има мал милион кандидати, треба да имаш среќа или врски да влезеш...
за жал тоа го имаат купено од западниот свет и само го препишале колку да напишат нешто без да прочитат што напишале.
 

*LittLe heart*

*најубави очи-ЗЕЛЕНИ*
Член од
14 јануари 2008
Мислења
751
Поени од реакции
289
во 97% од огласите се бара: „кандидатот да има 2,3 години работно искуство во истата област“

и како јас еве, кога ќе дипломирам да побарам работа !? Сите тропаат дека сакаат млади сили, а бараат истите да имаат работно искуство.

А за оние 3% кои не бараат такво, има мал милион кандидати, треба да имаш среќа или врски да влезеш...
Сите токму тоа не засега....после дипломирање како до искуство ако секаде се бара да имаш минимум 2 години работно искуство.
Има и една друга финта кога ќе те прифатат да работиш демек има пробен период од 2-3 месеци без пари и после тоа нормално те отпуштаат. Тоа е типичен пример на екплоатација која е секојдневие во Македонија на самошто излезени дипломци од факултет во потрага по работа.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Единствено, некој кој не толку пристрасно вработува, а вработува вистински, се големите компании, кои немаат ќар да вработат син на братучедката на шефицата. Затоа се и големи компании.
Се останато.... дури ми е смешно да аплицирам за работа, за која сум сигурна дека некој братучед веќе си ја резервирал.
Не дека е така, само тука. Секаде е така. За жал.
--- надополнето: 20 март 2012 во 19:46 ---
Сите токму тоа не засега....после дипломирање како до искуство ако секаде се бара да имаш минимум 2 години работно искуство.
Има и една друга финта кога ќе те прифатат да работиш демек има пробен период од 2-3 месеци без пари и после тоа нормално те отпуштаат. Тоа е типичен пример на екплоатација која е секојдневие во Македонија на самошто излезени дипломци од факултет во потрага по работа.
Кај мајка ми во фирма, секогаш кога вработуваат, најдобрите 3 кандидати работат 90 работни дена пробно, но се платени (не колку што би земале плата) за истото. Од сите 3, на крајот 1 останува.
Но, сигурна сум дека голем дел од фирмите прават срања, 3 месеци работиш, после пак нов оглас.
Но тоа е во штета на компанијата, меѓу другото. Очигледно, нема намера да просперира на било каков начин.
--- надополнето: 20 март 2012 во 19:47 ---
Баш прееска најдов оглас кој ме заинтересира, но името на компанијата не е наведено и се двоумам дали да пуштам CV. Арно би било да направам едит, да потенцирам дека немам намера да варам кафе и да купувам бурек.
Ќе те викнат на разговор, прашај таму да ти потенцираат кои се точно твоите работни обврски. Луѓето остануваат да работат и тоа што не треба, зошто не гледаат друго чаре. Ако тебе не ти е до толку дојдено, ништо не те кошта да провериш.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.281
Еден мој професор еднаш кажа една добра реченица која и ден денеска ја паметам. Немој да се радувате ако на крајот од интервјуто на кое аплицирате за работа кажат дека сте на првите три места. Тие три места се секогаш резервирани за нивните блиски. И после се покажа дека во право е човекот. Баш тоа ми се случи при една прилика.
Во право е ЕlNinho како ќе се вработи човек ако на секој оглас потенцираат искуство од две години. Па тие кога се вработувале каде го стекнуваа искуството или си мислат дека искусни се родени.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom