Споредба на фудбалери. [Овонеделен дуел: Винсент Компани vs Тиаго Силва]

Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.548
Поени од реакции
5.305
секогаш според голови судам јас, не секогаш , но во најчести случаи е така, а и не сум само јас кој мисли дека Видал во Серија А прикажува лоши утакмици, во ЛШ не сум го гледал многу.
Очигледно само Милан си го гледаш ти во Серија А.
Дај ми аргументи, статистики, нешто, докажи како тоа најдобриот фудбалер на Јуве сезонава прикажува лоши игри во Серија А? o_O
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Очигледно само Милан си го гледаш ти во Серија А.
Дај ми аргументи, статистики, нешто, докажи како тоа најдобриот фудбалер на Јуве сезонава прикажува лоши игри во Серија А? o_O

дап, не гледам многу јуве но од тоа што сум го гледал, видал играл доста лошо, ме мрзи сеа да наведувам разни аргументи и статистики.
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.853
Поени од реакции
8.696
Видал свака му част, еден од најдобрите во светот на негова позиција, игра дефанзива, сече напади, одзема топки од противникот, во напад дава голови, вајда во топ 3 во светот на негова позиција, може да се каже и втор, зошто втор? Епа бидејќи на Јаја Туре му нема конкуренција, убедливо најдобриот средњак во моментот, едноставно нема подобар од него, комплетен е во секој сегмент.
 

MiaSanMia

Chipolopolo
Член од
7 април 2012
Мислења
9.974
Поени од реакции
8.682
Туре немал конкуренција,кочите бе деца..

А иначе Видал е јак играч,нема двојба тука.(y)
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.098
Поени од реакции
57.496
секогаш според голови судам јас, не секогаш , но во најчести случаи е така, а и не сум само јас кој мисли дека Видал во Серија А прикажува лоши утакмици, во ЛШ не сум го гледал многу.
И јас сум Питагорејска школа и најчесто пресудувам според бројките
Но овој пат не помагаат многу тие...

Туре Јаја, Видал не е ништо посебно оваа сезона, само од пенали ставал сезонава, ништо повеќе, Јаја Туре имаше неколку проектили за паметење.
Велиш сезонава.
Во ПЛ, Јаја има постигнато 3 гола од пенал
Во Сериа А, Видал постигнал 2


Инаку и јас му давам предност на Јаја. Според мене еден од најдобрите играчи на таа позиција.
За Јаја имав пишано и претходно... како да не е истиот играч што играше во Барселона. :D
Многу посигурно игра во Сити и е еден од главните организатори на играта.
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.863
Поени од реакции
6.370
секогаш според голови судам јас, не секогаш , но во најчести случаи е така, а и не сум само јас кој мисли дека Видал во Серија А прикажува лоши утакмици, во ЛШ не сум го гледал многу.
Па не си само ти , ти и уште 2-3ца незналици како тебе да има преку сила.. Поголема глупост неможеше да тропнеш , Артуро си игра кур ташак со тимовите во Серија А веќе 3 години , и тоа КУР ТАШАК. Секоја втора ебена утакмица на Јуве е избиран за MVP на утакмицата , во топ 3 стрелци е во Јуве во сите 3 сезони досега , има најголем придонес во истите со милиони добиени дуели, одземени топки , изнудени фаули , голови асистенции.... да не ти ставам линк сега од хајлајтси оти ништо чудно да си само еден обичен трол , и да си бараш мајтап... играл лошо он у Серија А , боже мили сачувај од незналици....
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Аман бе дечки, ко Пациенца да го споредуваме со Туре. :)
За Видал имам доста високо мислење затоа што е страшен играч и играч кој што секој тим може да го посакува во своите редови,но Јаја Туре според мене е недопирлив на таа позиција.Значи немам никаква намера да го омаловажувам Видал ама Туре за мене е врвот на таа позиција. :)
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
2.048
Поени од реакции
4.351
Не дека Видал е лош ама не можеме да го споредуваме со Јаја. Можеби најдобар играч кој знае да се гради, има јак и прцизен шут, знае да помине играч, асистира. За играта без топка да не правиме моабет, подобар на тоа поле нема моментално. Ако останат Сити без него тогаш ќе бидат како Јунајтед мометално, без идеја за игра.
 

Mr.47

Juve Fan
Член од
29 јули 2008
Мислења
10.013
Поени од реакции
6.040
Една идеја. Кога ќе се споредуваат играчи, нека имаат исто години, максимум 1-2 разлика. Не коментирам за дуелов, можеби е Јаја боље, ама у овој случај исто и Јаја Туре е постар играч, имал дури 4 години повеќе да се развие, што е многу битно.
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Јаја Туре е подобар од Видал. Сега за сега, сепак Туре е у најдобрите фудбалски години, а Видал тек го чекат тие најдобри фудбалски години.
П.С.Шо ве ебам, Матиќ е мојот човек, Јаја Туре уште му е у џебот.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.025
Поени од реакции
36.796
Видал свака му част, еден од најдобрите во светот на негова позиција, игра дефанзива, сече напади, одзема топки од противникот, во напад дава голови, вајда во топ 3 во светот на негова позиција, може да се каже и втор, зошто втор? Епа бидејќи на Јаја Туре му нема конкуренција, убедливо најдобриот средњак во моментот, едноставно нема подобар од него, комплетен е во секој сегмент.
+1
Да не трошам џабе зборови :D
 

Boom Shaka Lakka

Silence!! .. I kill you!
Член од
29 август 2008
Мислења
10.853
Поени од реакции
8.696
Туре немал конкуренција,кочите бе деца..

А иначе Видал е јак играч,нема двојба тука.(y)

па оваа година нема конкуренција, комплетен средњак, покрај тоа што си ја врши работата во дефанзива, што го има насекаде, знае да ги организира нападите, има визија па може да створи шанса со еден потег, може да даде гол со еден потег, често учествува во акциите за гол, буквално прави се, насекаде по теренот ... и кога би ме прашале кој е најак средњак без размислување би рекол Туре, стварно незнам кој му е конкуренција оваа година, освен Видал па и не гледам некој што е блиску до него, ајде кажи ти доколку мислиш дека на нас "децата" ни треба кочница .. ајде знам дека сакаш да го пофалиш твоите Шваинштајгер и Мартинез :icon_lol:
 
P

pepito*

Гостин
Не можам да гласам стварно, двајцата се многу јаки и во дефанзива и во офанзива.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom