Родителска негрижа

Член од
6 јули 2011
Мислења
3.828
Поени од реакции
7.710
Пред да се одлучи еден пар да има деца, треба добро да размисли што значи да се има дете. Родителството не е лесна работа и ако некој нема време за детето, не треба ни да го донесе на свет.
 
D

Daedalus

Гостин
Не е воопшто безвезно бидејки целта е да се докаже на младите а и на родителите дека доколку уште на мали години ги оставаат со компјутери и нинтенда нема да има детство.Постарите генерации го немале тој луксуз и живееле помирен и поубав живот за разлика од сега кога ако некое дете заплаче за нова игричка родителот веднаш мора да му ја купи.Не е лошо да се укаже на грешката.
Имав прилика да отидам на гости кај мојот внук..5 годинки...Зазверено во екранот и не гледа ништо околу него...Кој му зборува,кој дошол да го види.
Ја прашав мајка му за ситуацијата,таа промрморе нешто и наместо да добијам асален одговор ми кажа:Пушти го де.:facepalm:
Детето си било заинтересирано за својата работа и најверојатно затоа не ти обратило внимание. Да местел коцки или да си играл со играчки, најверојатно пак немал да ти одговори. Патем, мислам дека е преувеличувано малку од ваша страна тоа што младите деца се на компјутер.

На мои 6 години имав компјутер и игри, кога уште немаше пентиум и имав нинтендо дома. Исто така излегував надвор и се дружев со другите дечиња. Тоа што сега можат да користат компјутери од мали не значи дека нема да се социјализираат. Поголемиот дел од старите генерации се плашат дека никогаш нема да бидат во тек со новите генерации затоа што новите генерации ќе го носат научниот и технолошкиот прогрес па затоа мрчат како у нивно време било боље, исто како што старите библиотекари зборуваат како читањето вистинска книга е правата ствар а не читање на книга по електронски пат (pdf, ebook исл.)


Друга работа која ме загрижува е тоа што родителите наместо да се грижаат за своите деца додека се мали тие го оставаат на своите баби преку цела недела без притоа да отидат да го посетат,но кога ке направи грешка може да се случи буквално да го претепат од котек без притоа да мисли дека може да остави последица котекот.
Даваш замислен пример на родител кој го остава детето кај неговата баба ама притоа го тепа за најмали грешки.
-Ако бабата и дедото се ок воспитувачи, не мора да бидат неговите биолошки родители близу него за на детето да му е пружена љубов и внимание од неговите баба и дедо. На крај краева тие баба и дедо се родители на неговите родители. Знаат како да се грижат за деца.

Да се надоврзам дека се случувало во некои случаеви со кои сум запознаена родителот наместо да го помине роденденот со своето дете во слаткарница таа е на шопинг со своите пријателки.Уште една лоша работа.
Денешниве родители општо,на помали и поголеми генерации не знаат што праваат своите деца.
Веке спомнавме на темата дека доколку и сака да најде време за своето дете ке го најде но некои и не се обидуваат да го направат тоа...Макар 5 минути може да издвои...Не може да ме убеди некој и да бара изговори дека заради работата е уморен и неможе да го помине со своето чедо.
Зависи од тоа каква работа има. Некои имаат нормална работа од 8 часа, други можеби се на деловни патувања и слично. Се што му треба на едно дете е возрасна особа која ќе се грижи за него и ќе го сака додека е многу мало.
Дали тоа ќе биде татко, мајка, дедо, баба или некој кој го посвоил е ирелевантно.
 
Член од
24 февруари 2012
Мислења
1.012
Поени од реакции
2.154
Детето си било заинтересирано за својата работа и најверојатно затоа не ти обратило внимание. Да местел коцки или да си играл со играчки, најверојатно пак немал да ти одговори. Патем, мислам дека е преувеличувано малку од ваша страна тоа што младите деца се на компјутер.

На мои 6 години имав компјутер и игри, кога уште немаше пентиум и имав нинтендо дома. Исто така излегував надвор и се дружев со другите дечиња. Тоа што сега можат да користат компјутери од мали не значи дека нема да се социјализираат. Поголемиот дел од старите генерации се плашат дека никогаш нема да бидат во тек со новите генерации затоа што новите генерации ќе го носат научниот и технолошкиот прогрес па затоа мрчат како у нивно време било боље, исто како што старите библиотекари зборуваат како читањето вистинска книга е правата ствар а не читање на книга по електронски пат (pdf, ebook исл.)



Даваш замислен пример на родител кој го остава детето кај неговата баба ама притоа го тепа за најмали грешки.
-Ако бабата и дедото се ок воспитувачи, не мора да бидат неговите биолошки родители близу него за на детето да му е пружена љубов и внимание од неговите баба и дедо. На крај краева тие баба и дедо се родители на неговите родители. Знаат како да се грижат за деца.



Зависи од тоа каква работа има. Некои имаат нормална работа од 8 часа, други можеби се на деловни патувања и слично. Се што му треба на едно дете е возрасна особа која ќе се грижи за него и ќе го сака додека е многу мало.
Дали тоа ќе биде татко, мајка, дедо, баба или некој кој го посвоил е ирелевантно.
Си било заинтересирано.Од 24 часа тоа 16 часа го поминува на PlayStation.од утро до мрак.Не го оправдувам долгото време седење пред монитори или телевизори на 5 годишна возраст.А кога имаше играчки друга беше приказната верувај.
Ти си се социјализирал но некои деца од таа возраст наместо да се социјализираат денот го поминуваат дома играјки игрици.Не се сите како тебе верувај.Колку пати имам зборувано со мајка му за тој проблем но не гледа заинтересираност да го реши тој проблем.
Работата не е за мрчење туку реалната слика е таа.Јас на таа негова возраст во мојот пример не знаев што е монитор а не пак видео игра ама барем знаев дека времето го поминував поквалитетно отколку што го поминуваат децата на таа возраст а и верувам дека многу од овде го поминувале истото како што јас...Жмурки,џамлии,ластик.
Подари му сега на некое дете кутија џамлии ке те гледа како паднат од Марс.
Мојот пример не е замислен туку реален ...Сум била сведок на ваква случка...Но работата не е да ги воспитува бабата и дедото туку родителот зошто е негово детето.Во ред е да го остават на нив,но не и да го запоставуваат.
Зависно од тоа каква работа имаат.Тука си во право...Но дали си помислил дека тоа дете може да добие комплекси?
Да добие чувство дека родителот не му посветува доволно внимание?На тие години децата имаат многу работи кои не им се јасни...
Би сакала да кажам пример во врска со тоа но некој следен пат.
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.703
Поени од реакции
19.754
Ете го моментот, што го трубам у миљон теми, лесно е да го напраиш и родиш, ама за да го истераш на прав пат и од него човек да биде, е тука треба време, трпение, зборење, барање начин како да му излезеш во пресрет без да му створиш фрустрации, нема работа неможам уморна сум, чим не си можела зошто си го раѓала, децата бараат внимание, оти коа ќе пораснат тоа внимание ако не им било пружено/дадено, е тек тогаш ќе отиде возот... и после колку и да збориш џабе, оти теле се учи, вол не.
 
Член од
24 јуни 2011
Мислења
522
Поени од реакции
462
Не ги оправдувајте со работата! Зарем вашите родители не одеа на работа, од што живеевте? Имав нинтендо и јас ама се знаеше домашната работа па после играње(ама и тоа беше ретко, се расипувал телевизорот од нинтендото :) ), едвај чекав да одам кај комшиите во песокот(на ден по 5 пати го преместувавме-беше цела приколка), играње со кал(правење куќи, гаражи, канали, реки и сл), кога ќе ми дојдеа деца на гости најчесто вечер одма правевме куќа со ќебиња под маса, си игравме со лего коцките(што мислам дека ептен ми помогна да ја развијам логиката), трчање ваму таму по цел ден, едвај чекав да одам кај баба ми и дедо ми кои живеат во град па да ги соберам сите деца од 2-3 улици да играме криенка и други игри. Мора да признаеме дека се динамични времиња сега, но не треба да заборавиме на традиционалните вредности, има време да седи и на компјутер и да учи а и да помине време во дружење. Моите деца ќе се трудам да ги воспитувам да не бидат зависници од фејсбук но и редовно ќе ги следам што прават на истиот. Се ужаснувам од овие профили и аскови(се опишува како кучка, а кучка не било курва кога се однесува за лице :tapp: ). Се надевам ќе дојде некој крај на светот оти ако остане вака...

П.С со кој памет ги оставаат да гледаат турски серии?!?
 

ION

Член од
27 јули 2011
Мислења
460
Поени од реакции
836
Ми текнува на времето кога бев дете прво-второ одделение.
После часовите одев кај баба ми која живееше поблиску до школото и ги чекав моите од работа да наминат да ме земат за дома.Ми текнува на мајката на една другарка од класот која живееше одма до куќата на баба ми.
Жената не работеше (мажот по цел ден беше некаде на работа), по цел ден беше во пењоар а под него и се наѕираше спаваќицата, носеше машки чорапи и витлери на глава. Витлерите ги носеше нон-стоп (?!?), ама не памтам да ја имам видено без нив. А да, имаше и малце црни бркчиња! Е таа “домаќинка“ по цел ден беше дома или на кафе у комшилук кај уште 2-3 исти тип “клонови домаќинки“ или тие кај неа, одкако претходно ќе го стават тенџерето со грав да се вари 5-6 саати на шпоретот. Ако не беше грав тогаш беше некоја манџа која со саати се вари. Во кујната имаше куп прљави садови. Во бањата имаше купишта алишта за перење (обавезно нешто се киснеше у када) а во дневната на фотељите купишта алишта за пеглање. И постојано се дереше по децата дека пак се извалкале. А децата (другарка ми имаше уште две помали братчиња) по цели денови беа надвор со кришка мармелад или маргарин.
Значи, тогаш немаше турски/шпански/индиски серии, немаше компјутери, немаше мобилни...а сепак имаше родители кои не им обрнуваа внимание на децата. До свеста е на кого колку му фаќа текнувалото.
Денес поретко се гледаат деца на улица заради стравот од брзи коли или педофили или слични работи.
Се чудиме на начинот на кој си играат денешните деца! Мислите дека да имаше тоа време компјутерски игрици ние немаше да ги користиме?
Секоја генерација е различна од претходната според времето во кое живее.Да е жива баба ми сега гарант ќе ме “труеше“ со муабети како се ткае на разбој или зошто секој ден бојлерот го трошам по два пати во денот.
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Нема врска дали имаш многу или малце, ако одвојуваш и се грижиш за детето тоа е тоа..има случаи каде имаат и време и капитал па децата пак им се зафрлени, се зависи до родителот ...
П.С Турските сериии се криви.
 

kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
детето е огледало на родителите!!!
за да едно дете биде згрижено и воспитано најглавна улога ја играат родителите. како втора најважна улога ја играат наставниците. тие две се многу поврзани. едното да не е како што треба, веќе има проблем.
е сега да ги објаснам овие две работи.
првата, родителите. за нив може да се каже: совесни и НЕсовесни. и за двете најголема улога игра РАБОТНОТО ВРЕМЕ. ко божем старото да не чинеше. напротив, многу поарно беше. до 15ч си на раб, и после останува доволно време за СЕ'.
ај прво ќе се осврнам на НЕсовесните. кај нив најмногу доаѓа до израз тоа со работното време. ем што се изгубени во време и простор, него и се враќа од раб во 17-18ч, и што попрво да направи? дали да руча, да види дали треба нешто по дома, или да се истушира, ...... и на крај да седне со детето да му посвети внимание (дали за школо, дали за муабет....). а тоа време ќе биде дури во 20ч. тоа е веќе премногу касно за дете. тоа треба да се спреми, истушира, спреми книги (или да доврши домашна ако има повеќе тој ден). а родителите, пошто се НЕсовесни, ќе си кажат, “ај утре, сега сум преморен/преморена“. и тоа така во недоглед. секој ден се наоѓа изговор. ај еве, нека кажат некои од тука кои се родители, дали некогаш се качувале на водно со децата? или во парк играле? или пак биле на лизгалиште? или ролале, скијале? или правеле муабет за односите помеѓу луѓето? да им се објасни некоја ситуација? било што? јас сево ова од набројаново сум го правел. а и ЌЕ го правам понатаму.
првата група (група во која со гордост спаѓам и јас) без разлика на работното време секогаш ќе најдат начин да влијаат на детето. прост пример. ќерка ми додека беше мала (род 1999), со сила (во почетокот) ја терав да излага и дружи со другарките/другарите. компјутерот и беше достапен откако ќе беа завршени школските обврски, дружбата, муабетот за тоа како поминал денот. сега, иако е 13 год, она со душа чека да може да излезе на улица и игра. ДА, ФБ е присутен, но не како стил на живот. е тоа е отприлика совесен родител. да биде во тек со времето, со техничко-технолошкиот напредок, но да не се изгуби детството. сега, во овие години, ова со мене прави муабет (бара совети) за дрогата, верата, што и како да направи за некоја ситуација која е за неа непозната.........
тоа е едната работа која е потребна за ГРИЖА на детето.
да идеме сега на втората. ОБРАЗОВНИОТ СЕКТОР!!! е тука е уште пострашно. порано, наставниците беа закон. ако приметеа некој проблем, негрижа, одма ги повикуваа родителите на состанок. и нормално, првото повикување беше ко опомена. но ако се повтори, е тогаш и други мерки се превземаа. но тогаш наставниците си ја САКАА работата, со љубов. иако некои од нив и беа ПРЕстроги. но во глобала беше ОК. но сега, откако школството ги претрпе сите можни измени, сега едноставно работи на штета на децата. сега наставникот не смее да превземе никакви санкции кон детето. не е важно дали си игра на моб, дали му звони, дали се дере на сред час и смета на другите деца, наставникот НЕ смее ни да го избрка од час, ни неоправдан да му пише, ни за уво да го потегне. а порано и шамари се јадеа, што и не беше така лошо. трагедијата да биде поголема, родителите идат во школо и кажуваат дека нивното дете е “специјално“ и дека не смеат да му викнат, а камоли да го избркаат од час.
поради оваа причина и наставниците веќе не си ја сакаат прфесијата, него, гледаат да помине денот. ниеднаш немаат повикано родител за совет, забелешка, да се потрудат да соработуваат со родителите (а и родителите со наставниците). страшно!!! пак прост пример, јас 2 год сакав да одржам трибина во училиштето (а и околните училишта) во врска со дрогата. како и што треба да се прави и препознае. и по 2 год пробување, јас се откажав, а не барав ништо како надокнада, него едноставно моето знаење да го споделам и ГРИЖИМЕ заеднички кон децата. идејата се роди откако се примети поголем број на деца кои ја консумираат.
да сумирам, сметам дека треба да се врати старото работно време (до 15ч најкасно), за да се има доволно време и да се одмори после раб човек, а воедно и да остане доволно време за децата. и како два, да им се врати власта, моќта на наставниците, за да не бидеме сами во нивното воспитување.
ретко пишувам долги постови, но се надевам нема да ми замерите затоа што немаше начин пократко да го срочам ова. а има уште :D
 

sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
По правење моабет со повеќе личности видов дека на денешно време родителите помлади си ги занемаруваат своите деца. Прв начин е својата работа и двата родители одат на работа едниот работи 8 часа другиот 12 часа и двајцата кога ќе се вратат се случува едниот оди си одмара и сл. а мајката мртва уморна зима прави јаденје јадат си одмараат и после како и обично сега си седнуваат и двајцата и си гледаат серии од 20ч - до 23 часот и како обчино нормално утре се на работа и си легнуваат и што се случува во меѓувремено каде е нивното дете? нормално во школо до кај 13 часот кога ќе се врати ќе јаде што ќе најде и сл. после тоа знаеме сите ако е машко седнува да игра игри и тоа е тоа а ако девојче нормално фејс и тн. секое различно и каде се тука родителите да обрврнат внимание на своето дете да му покажат љубов дали денеска љубовта се заменува со купувањето на игри, пари давање, со нова облека или во подобро кажано во материјални работи отколку да се посвети внимание?

Еве накратко еден вовед на темата па продолжете вие :)

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=DvkMeoQW8g4

Еве како се започнува детството и почетната негрижа на родителот. Кога највеќе треба да му посвети внимание , тој го учи на сосем погрешни работи. Таткото воопшто не се ни погрижи за тоа што детето направи. И после распрдени биле децата, ова е првиот пример за родителската негрижа према децата уште од најмали нозе. Замисли колку ли само бактерии има тоа куче во устата, а татко му само рече , НЕ НЕ НЕ ТОА ТАКА ... ЛоЛ !!!
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.113
Поени од реакции
8.222
Безвезен е тој муабет, у наше време ова у наше време она. Секој у своето време праел ствари за кои мрчеле минатите генерации. Нема ништо лошо во тоа секоја генерација да си има свои актуелни ствари и хитови кои ја обележуваат истата. Постарите генерации никогаш не може да го разберат тоа што поновите генерации го имаат како интересно и модерно. И ние кога сме биле мали, дома нашите ни кажувале како у нивно време се било поинаку итн итн...

Он топик, воспитувањето на детето е многу битно и многу зависи за која фаза се работи. Кога се помали, потребна им е поголема грижа и нега од родителите. Како што растат, посебно кога влегуваат во своите тинејџерски години, сакаат слобода и почнуваат да се осамостојуваат. Родителите треба внимателно да им пружаат се поголема слобода внимавајќи на нив до нивното полнолетство.
Мислам дека љубовта на родителот лежи во тоа колкава нега и услови му пружа на своето дете за истото да има правилен развој, добро домашно воспитување и помалку стресови.

Се што е важно е детето да не расте во дисфункционално семејство со насилство, алкохолизам или други нездрави работи. Дури и да е растено со еден родител, се додека родителот е уреду, нема гајле.

Иначе одлична тема за муабет.
И уште еден многу важен фактор - кругот на сиромаштијата.
Колку и да се добри родителите, ако немаат пари за егзистенција, првите осуди од страна на детето ќе дојдат и со неговите тинејџерски години.
Тука е тешкиот пат и прашањата за кои нема идеални одговори.

Детето кое нема пари за да излезе и да се дружи (точно, модерните генерации си имаат ,,хитови,, , но модерните генерации подразбираат и Андроид, Адидас, скапа дискотека со скап алкохол, ако е нешто помало подразбира сепак дремење на кафе), ако нема пари за многу работи, ќе почне и многу мало да се снаоѓа како да дојде до пари и до нештата кои ги нема.

Страшниот дел не е вина на родителите (до некаде е, зошто родителите, односно возрасните генерации ја градат државата и законите), а тоа е дека 16 годишно дете не може да најде part-time работа, или било каква чесна работа после часови, за да може да си обезбеди повеќе од тоа што му го обезбедуваат родителите.

Дури и премногу често, се случува од 18 годишното дете да заработува за сметки, а не да заработува да си го плати образованието.

Како родителот да му го објасни ова на детето? Родителот не е виновен. Но во очите на детето е.

Затоа за многу работи се смеам, но за едно нешто постарите генерации се во право - го губиме чувството за човечност, чувството дека ние не сме Андроид.
За јас да се дружам и да бидам прифатена во друштвото, ми беше доволен ластик, кој дури и не се приметуваше дека е купен, ефтина играчка е.
Денес, генерацијата млада бара многу повеќе за дружба.

Дали утре оттуѓеноста на едно дете, неговата апатија, неговото песимистичко гледање на нештата и на светот, неговата желба да тргне по ,,крив,, пат, можеме да ја препишеме на родителската негрижа (не му е обезбедно нели, доволно), или можеби сме сите масовно виновни за истото?
--- надополнето: 13 март 2013 во 05:46 ---
е ова ти е реалноста и мора да се прифати каква таква.
и ти кога ќе бидеш родител ќе видиш како е. по цел ден на работа, ваму, таму, 300 обврски и детето или во градинка по цел ден или на школо или баба/дедо ќе го чуваат.
и јас уште не сум родител и не можам да кажам како да сум 100% убеден баш дека е навистина така, ама како што гледам тоа е тоа.
Е добро де, јас израснав со баба и дедо и градинка, па не бев ич запоставена.
Како и да е, 8 саати е човек на работа, му остануваат уште 16 други. На возрасен човек 6 му се доволни да се наспие. Остануваат 10.
Негово е дали ќе ги искористи со детето, или со сам себе и своите лични и себични интереси.

Е сега... зошто воопшто има деца, ако тие 10 саати има на што попаметно да ги потроши?
--- надополнето: 13 март 2013 во 05:52 ---
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=DvkMeoQW8g4

Еве како се започнува детството и почетната негрижа на родителот. Кога највеќе треба да му посвети внимание , тој го учи на сосем погрешни работи. Таткото воопшто не се ни погрижи за тоа што детето направи. И после распрдени биле децата, ова е првиот пример за родителската негрижа према децата уште од најмали нозе. Замисли колку ли само бактерии има тоа куче во устата, а татко му само рече , НЕ НЕ НЕ ТОА ТАКА ... ЛоЛ !!!
А што очекуваше, да му залепи шамар и више да не му падне на памет?

Таткото со остар тон го опомена детето, сосема доволно.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
П.С со кој памет ги оставаат да гледаат турски серии?!?
Лелее колку ги преувеличувате серииве. Па и во наше време имаше серии, па нас ни никнаа опашки што сме ги гледале? Јас како мала редовно сум гледала шпански серии, па еве ме на магистерски студии, вработена, омажена. Сега не можам да поднесам турски серии. Ми фали нешто дека сум гледала Касандри/Љовисни/... на времето?
--- надополнето: 23 март 2013 во 08:57 ---
Детето кое нема пари за да излезе и да се дружи (точно, модерните генерации си имаат ,,хитови,, , но модерните генерации подразбираат и Андроид, Адидас, скапа дискотека со скап алкохол, ако е нешто помало подразбира сепак дремење на кафе), ако нема пари за многу работи, ќе почне и многу мало да се снаоѓа како да дојде до пари и до нештата кои ги нема.
Ова е комплетно оф топик. Тоа што родителите на детето не можат да му купат ајфон, воопшто не е родителска негрижа. Точно, децава уште од мали почнуваат да бараат мобилни и Адидас, али гледам многу деца надвор кои го немаат тоа, па си имаат нормални животи.

Страшниот дел не е вина на родителите (до некаде е, зошто родителите, односно возрасните генерации ја градат државата и законите), а тоа е дека 16 годишно дете не може да најде part-time работа, или било каква чесна работа после часови, за да може да си обезбеди повеќе од тоа што му го обезбедуваат родителите.
За ова се согласувам. Ако детето не е задоволно ради тоа што нема ајфон, нека си се вработи како келнер или било што, па нека си купи. Но, сметам дека овде не е таков менталитетот. Ниту едно дете од оние кои јас ги познавам не работело во средно, иако на многумина од нив не им стигале пари за одмор, за излагања, за концерти итн. Па поработај во бутик за време на летен распуст, секако умираш од досада.

За јас да се дружам и да бидам прифатена во друштвото, ми беше доволен ластик, кој дури и не се приметуваше дека е купен, ефтина играчка е.
И во наше време имаше нинтенда и плејстејшни. И тогаш се излагаше по кафиќи и сега. И тогаш секое дете сакаше да иде на одмор, и сега сака. А мобилни сега има за евтини пари.

Е добро де, јас израснав со баба и дедо и градинка, па не бев ич запоставена.
Како и да е, 8 саати е човек на работа, му остануваат уште 16 други. На возрасен човек 6 му се доволни да се наспие. Остануваат 10.
Аха, 10. Мене над 2 саати дневно ми идат на пат до работа и назад. Плус утре ќе треба ручеци/пеглање/перење. Плус, на работа сум минимум 9 часа дневно. Зарем на денешницава некој може да каже дека работи 8 часа, секој ден? Каде остануваат тука 10? Многу црне-бело гледате на работиве.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.304
Поени од реакции
78.996
Што праат бре овие?! Видоа нема власт таму и забегаа.
Како бре не ја срамнивме со земја, кога имавме шанса, таа проклета дупка на гоблини?
 

Pinkie Pie

and Deedee
Член од
25 ноември 2009
Мислења
2.011
Поени од реакции
3.246
Не велам дека сум нешто посебно измачена , ама че ви кажам дека мајка ми е за нигде , нека седи цел ден пред телевизор , нека си гледа турски серии, ич муабет на никој нека не ни прај , оти не се трпи.....:mad: цел ден ми го зема лаптопо и портари на фб....и се нешто без веза ти зборува...да сте затворени со незе фазла од 15сати че ме сватите како ми е
 

Keepitreal

И сега ?....
Член од
18 септември 2012
Мислења
386
Поени од реакции
371
Tемава страшно ме влече за јазик. Не дека лечам комлекси на форум или некоја друга глупава работа, али јас од моите 7 сум оставен на самиот себе ..
Коа сум почнал да довршам.. Сам станував, сам си праев јадење, сам терам до училиште а таму срцето ми се кине коа гледам како родителите си ги носаат своите деца за рака на училиште.. Како полни со љубов ги прегрнуваат за да имат убав ден, додека моите не ни знам што им се случува..
Они како да ме забаталите мене, таков впечаток сум добил.
Потоа на моите 10, тогаш прв пат ги запознав поубаво стварите, сватив не е ни малку сјајно дома, Оние кои требаше баш во тие години да ме подучуваат, да ме тераат на убав пат, тие луѓе мои беа презафатени со швалери! Но луѓе сме нели, као што носи редот ке си поплачев дома, малку нерви и така.
Го давам примеров само да кажам мал дел од кои јас сум искусил тоа РОДИТЕЛСКА НЕГРИЖА. Но не се жалам, тоа што така бев оставен самиот на себе, за некоја среќа се претвори во позитивно. Денес знам што е болка, но знам и што е лек. Ќе имам и јас мои деца, а имам и префектна школа како треба да се однесувам со нив . Знам како е коа те тепаат на улица и присилен си самит да се браниш, коа знаеш дека дома и да им кажеш дека те тепаат они ке немаат време за тебе .. Па затоа денес прераснав баш како што тие денови се замислував, но за среќа денес никој ама буквално никој не може да ми рече „ Јас те направив тоа што си сега “ И искрено горд сум на тоа ..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom