Родителска негрижа

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
По правење моабет со повеќе личности видов дека на денешно време родителите помлади си ги занемаруваат своите деца. Прв начин е својата работа и двата родители одат на работа едниот работи 8 часа другиот 12 часа и двајцата кога ќе се вратат се случува едниот оди си одмара и сл. а мајката мртва уморна зима прави јаденје јадат си одмараат и после како и обично сега си седнуваат и двајцата и си гледаат серии од 20ч - до 23 часот и како обчино нормално утре се на работа и си легнуваат и што се случува во меѓувремено каде е нивното дете? нормално во школо до кај 13 часот кога ќе се врати ќе јаде што ќе најде и сл. после тоа знаеме сите ако е машко седнува да игра игри и тоа е тоа а ако девојче нормално фејс и тн. секое различно и каде се тука родителите да обрврнат внимание на своето дете да му покажат љубов дали денеска љубовта се заменува со купувањето на игри, пари давање, со нова облека или во подобро кажано во материјални работи отколку да се посвети внимание?

Еве накратко еден вовед на темата па продолжете вие :)
 
Член од
15 јули 2012
Мислења
571
Поени од реакции
832
Па ова не е негрижа, сигурно нема родителот да ја остави работата и да дреме дома со детето. Од што ќе живеат, од родителска љубов? Искрено, не гледам ништо лошо во тоа да јадеш што најдеш во фрижидер после школо и седнуваш на компјутер. Подобро така, него доаѓаш дома и некој ти виси над глава со книгите и наоѓаш некоја манџа за јадење :pos:се шалам :D ако сака родителот и покрај обврските може да најде време за детето :)
 

DéJà Vu

hehehehe
Член од
6 мај 2012
Мислења
813
Поени од реакции
446
џабе прајме муабет. ние самите сме си криви. од училиште дома, игри,фејсбук, излези прошетај и вкревет. родителот ко ќе се врати од работа колку и да е уморен ќе најди начин да поразговара со детето. не вервам дека родител ако е изморен нема да биди заинтереисран за своето дете и ќе го остави на цедило. А за то шо викаш дека родителската љубов се заменува со игри,пари, облека и слично не е баш така секаде. најчесто то се случува кај фамилиите со јак буџет и капитал.
 
Член од
24 февруари 2012
Мислења
1.012
Поени од реакции
2.154
Па ова не е негрижа, сигурно нема родителот да ја остави работата и да дреме дома со детето. Од што ќе живеат, од родителска љубов? Искрено, не гледам ништо лошо во тоа да јадеш што најдеш во фрижидер после школо и седнуваш на компјутер. Подобро така, него доаѓаш дома и некој ти виси над глава со книгите и наоѓаш некоја манџа за јадење :pos:се шалам :D ако сака родителот и покрај обврските може да најде време за детето :)
Членот не мислеше на тоа...Погрешно си сфатила дејче.
Сакаше да каже дека кога ке завршат со работа тие го занемаруваат своето дете со своите пријателки,со гледање на серии без притоа да го прашат како го поминал денот,дали има некој проблем или дали јадело доволно...
Прочитај го воведот одново можеби ке сфатиш за што се работи.
Велиш ако сака,но постојат родители кои не го практикуваат тоа.Сега што правиме?:)
 

sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
По правење моабет со повеќе личности видов дека на денешно време родителите помлади си ги занемаруваат своите деца. Прв начин е својата работа и двата родители одат на работа едниот работи 8 часа другиот 12 часа и двајцата кога ќе се вратат се случува едниот оди си одмара и сл. а мајката мртва уморна зима прави јаденје јадат си одмараат и после како и обично сега си седнуваат и двајцата и си гледаат серии од 20ч - до 23 часот и како обчино нормално утре се на работа и си легнуваат и што се случува во меѓувремено каде е нивното дете? нормално во школо до кај 13 часот кога ќе се врати ќе јаде што ќе најде и сл. после тоа знаеме сите ако е машко седнува да игра игри и тоа е тоа а ако девојче нормално фејс и тн. секое различно и каде се тука родителите да обрврнат внимание на своето дете да му покажат љубов дали денеска љубовта се заменува со купувањето на игри, пари давање, со нова облека или во подобро кажано во материјални работи отколку да се посвети внимание?

Еве накратко еден вовед на темата па продолжете вие :)
Овде имало по сочни факти :) Најпрвин , кога станува збор за гејсбук ( намерно Г ) значи највеќе што ме иритира се 7 до 14 годишници на оваа социјална мрежа. Па добро каде им е главата? Јас за фејсбук дознав во 4-та година средно, а некои дечурлана имаат фејсбук веќе од нивната 5-та година ( па тоа дете уште во количка го возат ). Родителите си мислат дека тие деца ќе имаат иднина на фејсбук , и на компјутер. Ќе ги видиш утре, ај на кафе , не бе каков кафич ај на фејсбук ќе си праиме муабет ... и потоа истите ќе се видат на улица , еиии кај си бе те неам видено 3 - 4 години шо праиш заврши ли факултет ? Па нормално освен преку слики каде ќе го видиш / ќе ја видиш другарот / ка ти , освен на слики на фејсбук сликан/а во домашното ВЦ ? Мене искрено ми е многу жал за поновиве генерации бидејќи ни самите не се свесни дека од дома не излегуваат и муабетот најпрво со комшиите а потоа и со подалечните пријатели им останува само за на фејсбук, додека ние ( 93-та и постарите ) кисневме надвор играјќи жмурка , брканица , фудбал и т.н.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Не е никакво оправдување родителите имале многу работа. И јас кога бев мала моите имаа многу работа, приватен бизнис ама секогаш одвојуваа време за мене и ме извадија на прав пат. Ама се знаеше, кога треба да учиш ќе учиш, кога ќе треба да си играш ќе си играш. Е сега компјутер немав ама имав нинтендо на кое играв откако ќе си напишев домашна и со тоа ми створија навика која до ден денес ја следам. Додека не ги завршам обврските од факултет не играм на PC.
 

.Sky.

Заменик министер без титула
Член од
15 февруари 2013
Мислења
6.857
Поени од реакции
7.241
sankerce

Јас на нивните години на 5-6 одд играв на улица фудбал маало на маало, џамлии, карти, монопол, па вечерта знам игравме граница брканици и тн. тоа за мене беше еден вид најубавите денови кои ќе ги паметам сега кога ќе прошетам низ мојата улица не гледам ниту едно дете се прашувам каде отидоа ти е стварно вистински детски денови денеска се смета дете на 1 одд на 6то веќе не е дете :facepalm: во 5 одд почнуваат да пушат цигари а веќе во 7мо почнуваат да дуваат и тн. ептен е лошо ... а тоа е се зарадите родителите кои не водат грижа ... :)
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Па ова не е негрижа, сигурно нема родителот да ја остави работата и да дреме дома со детето. Од што ќе живеат, од родителска љубов? Искрено, не гледам ништо лошо во тоа да јадеш што најдеш во фрижидер после школо и седнуваш на компјутер. Подобро така, него доаѓаш дома и некој ти виси над глава со книгите и наоѓаш некоја манџа за јадење :pos:се шалам :D ако сака родителот и покрај обврските може да најде време за детето :)
Да знаат твоите шо глупости тресеш на форумов, ќе ти го искључат интернетот засекогаш. Не за друго, дека Македонија се сака со дела.
 

sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
sankerce

Јас на нивните години на 5-6 одд играв на улица фудбал маало на маало, џамлии, карти, монопол, па вечерта знам игравме граница брканици и тн. тоа за мене беше еден вид најубавите денови кои ќе ги паметам сега кога ќе прошетам низ мојата улица не гледам ниту едно дете се прашувам каде отидоа ти е стварно вистински детски денови денеска се смета дете на 1 одд на 6то веќе не е дете :facepalm: во 5 одд почнуваат да пушат цигари а веќе во 7мо почнуваат да дуваат и тн. ептен е лошо ... а тоа е се зарадите родителите кои не водат грижа ... :)
Иста е ситуацијата и кај мене , у маало се броевме околу 30 души ( тоа памтам последен пат беше во 2-ра година средно ). Денеска тие луѓе неможам да ги договорам да излеземе на кафе, или се зафатени ( демек у некој бизнис ) или дома пијат кафе пред компјутер играјќи Dota, WoW и така натаму да не набројувам. А највеќе косата ми се крева , кога ќе видам дете едвај 3-то одделение на улица со најновиот мобилен што вчера излезе а јас уште немам слушнато за него. Е тоа е ВРВ ! И да знаеш дека веќе тие игри ( џамлии , жмурка , брканица ) отидоа во историјата. Среќен сум што не сум дел од овие генерации затоа што најубавите години ги поминав на улица ( од 6-тата кога веќе почнаа поактивно да ме изнесуваат моите надвор и да ме запознаваат со другари/комшивчиња на моја возраст па се до 18-тата година )
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
Некои ќе речат времето им е ограничено и неможат да постигнат да му пружат внимание на детето а и тие што имаат време да се праша дали правилно го воспитуваат , тука се праат многу големи грешки кои понатака се одразуваат на детето а и на самите родители .
Исто така децата се занемаруваат кога во бракот на родителите владе несллога или кога се разведени , децата си зимаат за слобода и прават што сакаат . Во сите западни држави децата се ставаат на прв план сите социјални установи будно ги следат и си имаат посебни бесплатни советувалишта , само овде кај нас е штуро и труло и никој не му е грижа дали утре ќе има здрава младина .
 
D

Daedalus

Гостин
Безвезен е тој муабет, у наше време ова у наше време она. Секој у своето време праел ствари за кои мрчеле минатите генерации. Нема ништо лошо во тоа секоја генерација да си има свои актуелни ствари и хитови кои ја обележуваат истата. Постарите генерации никогаш не може да го разберат тоа што поновите генерации го имаат како интересно и модерно. И ние кога сме биле мали, дома нашите ни кажувале како у нивно време се било поинаку итн итн...

Он топик, воспитувањето на детето е многу битно и многу зависи за која фаза се работи. Кога се помали, потребна им е поголема грижа и нега од родителите. Како што растат, посебно кога влегуваат во своите тинејџерски години, сакаат слобода и почнуваат да се осамостојуваат. Родителите треба внимателно да им пружаат се поголема слобода внимавајќи на нив до нивното полнолетство.
Мислам дека љубовта на родителот лежи во тоа колкава нега и услови му пружа на своето дете за истото да има правилен развој, добро домашно воспитување и помалку стресови.

Се што е важно е детето да не расте во дисфункционално семејство со насилство, алкохолизам или други нездрави работи. Дури и да е растено со еден родител, се додека родителот е уреду, нема гајле.

Иначе одлична тема за муабет.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
1.852
Поени од реакции
1.382
Епа дојди ми мајки од 2009 па нагоре а.л.а. Бијонсе. На 12 години ќерка и ќе биде генерален застапник на Спортекс, а синот 90 левел паладин.
 
Член од
24 февруари 2012
Мислења
1.012
Поени од реакции
2.154
Безвезен е тој муабет, у наше време ова у наше време она. Секој у своето време праел ствари за кои мрчеле минатите генерации. Нема ништо лошо во тоа секоја генерација да си има свои актуелни ствари и хитови кои ја обележуваат истата. Постарите генерации никогаш не може да го разберат тоа што поновите генерации го имаат како интересно и модерно. И ние кога сме биле мали, дома нашите ни кажувале како у нивно време се било поинаку итн итн...
Не е воопшто безвезно бидејки целта е да се докаже на младите а и на родителите дека доколку уште на мали години ги оставаат со компјутери и нинтенда нема да има детство.Постарите генерации го немале тој луксуз и живееле помирен и поубав живот за разлика од сега кога ако некое дете заплаче за нова игричка родителот веднаш мора да му ја купи.Не е лошо да се укаже на грешката.
Имав прилика да отидам на гости кај мојот внук..5 годинки...Зазверено во екранот и не гледа ништо околу него...Кој му зборува,кој дошол да го види.
Ја прашав мајка му за ситуацијата,таа промрморе нешто и наместо да добијам асален одговор ми кажа:Пушти го де.:facepalm:
Друга работа која ме загрижува е тоа што родителите наместо да се грижаат за своите деца додека се мали тие го оставаат на своите баби преку цела недела без притоа да отидат да го посетат,но кога ке направи грешка може да се случи буквално да го претепат од котек без притоа да мисли дека може да остави последица котекот.
Да се надоврзам дека се случувало во некои случаеви со кои сум запознаена родителот наместо да го помине роденденот со своето дете во слаткарница таа е на шопинг со своите пријателки.Уште една лоша работа.
Денешниве родители општо,на помали и поголеми генерации не знаат што праваат своите деца.
Веке спомнавме на темата дека доколку и сака да најде време за своето дете ке го најде но некои и не се обидуваат да го направат тоа...Макар 5 минути може да издвои...Не може да ме убеди некој и да бара изговори дека заради работата е уморен и неможе да го помине со своето чедо.
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
е ова ти е реалноста и мора да се прифати каква таква.
и ти кога ќе бидеш родител ќе видиш како е. по цел ден на работа, ваму, таму, 300 обврски и детето или во градинка по цел ден или на школо или баба/дедо ќе го чуваат.
и јас уште не сум родител и не можам да кажам како да сум 100% убеден баш дека е навистина така, ама како што гледам тоа е тоа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom