епа тогаш, преку Мајоми. Имаш неколку опции според тоа што напиша, Guest Service, Youth Staff, и Purser, ако е слободна опција сеуште, небитно дали е повисока позиција или не, аплицирај секако. Мој совет е да отидеш кај нив и да си направиш со нив муабет.
А за одење на брод, мој совет е да бидеш сериозна. За секој што сака да отиде да работи на брод. Не во смисла на поставеност према луѓе и говор, туку дека ако сакаш да отидеш, да пресечеш со сите долгогодишни планови и да се посветиш на тоа. Од лично искуство зборам, се ашкав неколку години, ај сега ај после, додека не ми пукна филм и се одлучив да одам. За недела дена се враќам на NCL да го работам четвртиот договор.