Немам лично искуство сеуште но, од муабети што имам слушнато за авионскиот билет, Карнивал не го плаќа билетот само на првиот договор. На останатите договори плаќа билет кој е повратен. Немам слушнато ситуација кога некоја компанија платила билет само во еден правец.
Како и да е, останатите компании плаќаат авионски билет и првиот пат. Повеќето почнаа тоа да го практикуваат а, ништо чудно и Карнивал да почнал.
А за данок појма си немам. Другари што заминуваат по неколку договори ми немаат ништо спомнато за тоа. Мислам дека не се плаќа ама ете ако знае некој сигурно, нека каже.